Филтер по цена
Жанр
Автори
  • СЛИКАТА НА ДОРИЈАН ГРЕЈ

    СЛИКАТА НА ДОРИЈАН ГРЕЈ

    0

    Генијот трае подолго од убавината.

    Восхитен од својот штотуку насликан портрет, Доријан Греј си ја нуди душата во замена за вечна младост и убавина. Сакајќи да ги вкуси сите плодови на животот, тој тајно им се препушта на ниските страсти, додека пред очите на високото општество останува џентлмен достоен за восхит. Само портретот ги носи трагите од неговите гревови. Фаустовскиот пакт со ѓаволот во замена за вечна младост и убавина не му е туѓ ни на нашето време. Но тој неминовно води во пропаст. Додека Доријан позира, и пред уметникот и во животот, се урива целата стварност и неговиот портрет станува огледало на неминовната преобразба. Така тој прераснува во симбол на новото време кое одбива да ја прифати неизбежноста на стареењето, икона на лажниот култ на денешниот човек кој е во трескава трка по вечната младост.

    „Сликата на Доријан Греј“ е еден од најсубверзивните романи на 19 век и еден од најактуелните во нарцистичкиот 21 век. „Оскар Вајлд е најопасниот производ на модерната цивилизација.“

    Андре Жид

    300,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Сликата што не е на продажба

    Сликата што не е на продажба

    0

    Миа и Јан. Навидум едноставни и обични, но исправени пред многу предизвици. Приказна за вртлозите на животот кога душата е сместена во две тела, а тие не можат да најдат мир. Дали за да ги победиш тагата и празнината, како две сестри близначки, треба да инсистираш на сопствената замисла за животот и љубовта или исполнетоста може да се постигне и со толеранција и компромис? Подеднакво незадоволни, а среќни?! Нелогично звучи, но дали е (не)возможно? Каде да се најде патот – во единството на спротивностите или во парадоксите на созревањето, кога дури отпосле ќе сфатиш дека довербата одамна не постои, дека си грешел, а сè можело да биде поинаку. Или иднината ќе остане неоткриена, љубовта ќе остане тајна, а зборот ТЕ САКАМ ќе биде погрешно разбран, или постои надеж?! Кој мудрец може да ги посоветува Миа и Јан кога е доволно доцна, а сепак навреме, да го отворат куферот на неостварените желби?

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Слики зборови и лаги

    Слики зборови и лаги

    0

    Кратка билингвална книга во која кое се надополнуваат и се спротивставуваат зборот и сликата, есејот и фотографиите. Излагањето на Манчевски, презентирано на конференцијата Филм и вера во Ватикан во 2011, е основа на рефлексиите на авторот, во кои тој размислува за природата на вистината видена во уметничкото дело – колку е важно делото да биде верно на фактите и како вербата на уметникот се отсликува во делото.

    300,00 ден
    Прочитај повеќе
  • СЛИКИЧКИ „СВЕТОТ НА БИБИ“

    СЛИКИЧКИ „СВЕТОТ НА БИБИ“

    0

    Една кесеичка „Светот на Биби“ содржи 5 сликички

    29,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Слобода од познатото

    Слобода од познатото

    0

    За да се гледа не се потребни ни философија ни учител. Никој не мора да ви каже како да гледате. Едноставно гледате.

    Нашиот свет е полн со насилство и страдање и потребна му е промена. Но како таа да се постигне? Кришнамурти нè поттикува активно да (се) истражуваме и да излеземе од стапицата на познатото за да можеме да постигнеме промена во себе, а со тоа и промена во мислењето и однесувањето на целото човештво.

    Што е освестеноста и како да се постигне, во што е суштината на човековата потрага, што е љубовта, зошто се плашиме од смртта, зошто страдаме и зошто нашиот ум е несреќен?… се само дел од поважните теми што ги обработува Кришнамурти покажувајќи како луѓето можат радикално и брзо да се ослободат од тиранијата на очекуваното, без разлика на својата припадност. Големиот учител ни нуди изобилна духовна ризница од која читателот ќе црпи со задоволство и благодат.

    „Кришнамурти ми изврши длабоко влијание и ми помогна да ги надминам самонаметнатите ограничувања на мојата слобода.“

    Дипак Чопра

    „Еден од најголемите мислители на сите времиња.“

    Далај-лама

    280,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Случајот Чернобог

    Случајот Чернобог

    0

    На почетокот на 1980-тите младите психијатри Јан Леви и Татјана Фауст добиваат задача да напишат теза за феноменот Елеонора Чернобог, случај што со децении неуспешно се провлекувал по психијатриски установи и за кој ниеден психијатар не успеал да постави вистинска дијагноза.

    Денот кога стигнуваат во поправниот дом каде што Елеонора е оставена од родителите е денот кога животите на тројцата се менуваат. Од научнички аспект недоверливи кон телекинеза, психијатрите доаѓаат со намера да ја земат Елеонора на Институтот за психијатрија.

    Нејзините претскажувачки зборови и телекинезата всадуваат страв, но и уште поголем интерес кај Јан и Татјана. Институтот и тезата на психијатрите се само параван за експериментите што државата сака да ги врши над девојката. Татјана по секоја цена сака да ја спроведе кај оние што ја бараат.

    Триесетина години подоцна, една млада режисерка е решена да сними документарец за „Случајот Чернобог“ зашто има многу прашања во врска со телекинеза и психокинеза, превидувања за иднината, комуникација со оној свет и претскажувачки соништа, кои само Јан Леви може да ѝ ги одговори.

    Дали Мона ќе го сними документарецот, или патем ќе го загуби умот кога ќе почне да гледа привиденија?

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Сменете го размислувањето сменето го животот

    Сменете го размислувањето сменето го животот

    0

    За да постигнете нешто што не сте постигнале досега, ќе мора да размислувате на начин на кој не сте размислувале досега. Во раце ја држите мапата што ќе ви го покаже патот до успехот. Оваа книга нуди ефикасен систем за промена на вашиот умствен софтвер. Најпознатиот светски мајстор за мотивација и саморазвој, Брајан Трејси, повторно ни открива моќни методи за личен и професионален развој. Ова е уште една воодушевувачка книга полна со мудрост. Сè почнува од вашите мисли, дури и оваа книга. Со нејзина помош ќе ја промените свесноста за своите потенцијали и ќе почнете да се искачувате по скалилата на моќта. Ќе ви ги открие принципите на упехот и како да ги применувате. Започнете го внатрешниот дијалог меѓу себе, Трејси и вашите амбиции и гледајте како тоа ќе ви го промени животот.

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Смешни љубови

    Смешни љубови

    0

    Смешни љубови е збирка раскази напишани во периодот од 1960 до 1968 година, кога е и објавена, но набргу потоа, по руската инвазија на Чехословачка истата година, е забранета.

    Главна тема на расказите, како што луцидно навестува и насловот, е љубовта, при што акцентот само навидум е ставен на нејзиниот физички аспект, додека под површината на односите се наѕираат смешните недоразбирања и комичните ситуации во кои се вплеткуваат протагонистите – неретко во мрежата што самите ја сплетуваат за другиот, за партнерот во играта…

    300,00 ден
    Додај во кошничка
  • Смирени родители, среќни деца

    Смирени родители, среќни деца

    0

    Пионерски водич за тоа како да се воспитаат одговорни, способни и среќни деца.

    Приодот на д-р Лора Маркам, подеднакво едноставен и ефектен, се темели врз најновите истражувања за развојот на мозокот и врз опсежни искуства од клиничка работа со родители. Нејзината порака гласи: Ако ја јакнете меѓусебната емоционална поврзаност со вашето дете, создавате вистинска и трајна промена. Кога ја имате таа суштествено важна поврзаност, не треба да му се заканувате на детето, да му додевате, да го молите, да го „поткупувате“ – дури ниту да го казнувате.Овој исклучителен водич ќе им помогне на родителите подобро да ги сфатат сопствените емоции, но и да ги контролираат, така што ќе можат да дејствуваат во односот со детето со здрави граници, со емпатија, со јасна комуникација, и така да воспитаат самодисциплинирано дете. Во примерите „чекор по чекор“ се содржани решенија и реченици кои се веќе тестирани со деца и се наменети за родители на деца од најрана возраст до возраста на основното училиште.
    Ако сте изморени од „битки за моќ“ со детето, од неговите испади и од тоа да трагате по вистинската „последица“ за него, не барајте натаму. Овде ќе ги откриете практичните средства и начини со кои на еден позитивен и докажан начин ќе го преобразите стилот на вашето родителство.

    600,00 ден
    Додај во кошничка
  • Смола

    Смола

    0

    Лив умрела кога имала шест години. Барем така гласи официјалната верзија.

    Една вечер таткото ќе го турне нивниот чамец кон брановите и ќе гледа како се распарчува од карпите. Потоа ќе ја пријави својата ќерка како исчезната. Службената потера трае долго и безуспешно. Но, зад шутот пред работилницата на нејзиниот татко се крие Лив. Живее сама во мракот, треперејќи пред секој неочекуван шум. Татко ѝ тврди дека на ваков начин нема да мора да оди на училиште. Нема да мора да ги напушти родителите и да се соочи со светот кој е полн со опасности и лоши луѓе.

    Неизмерно трогателната и напната приказна прикажува што се случува кога некого премногу сакате, а желбата да го заштитите се претвора во нешто што таа личност неповратно ќе ја повреди.

    „Смола“ ги доби четирите најважни крими-награди во Скандинавија и доживеа светска препознатливост. „Гардијан“, „Телеграф“ и „Дејли експрес“ ја прогласија за еден од најдобрите романи во 2018 година. Досега е преведена во 31 земја, а во 2019 година е адаптирана во филм.

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Смрт на Нил

    Смрт на Нил

    0

    На една вечера во Лондон, славниот детектив Херкул Поаро ја забележува убавата Жаклин де Болфор како танцува со својот свршеник Сајмон Дојл, а силен впечаток му остава нејзиниот вљубен поглед во него. Следниот ден Жаклин оди во посета кај блиската пријателка и богата наследничка Линет Риџвеј во надеж дека таа ќе му понуди работа на Сајмон. По само три месеци, Сајмон ја прекинува свршувачката со Жаклин и стапува во брак со Линет.

    Нововенчаната двојка заминува на меден месец во Египет, каде што истовремено се наоѓа и Поаро. Во хотелот каде што се сите сместени, тој посведочува една немила средба помеѓу двојката Дојл и Жаклин, по што му приоѓа Линет и му се доверува дека откако се венчале со Сајмон, Жаклин де Болфор постојано ги следи во чекор, нешто што за нив станува неподносливо. Иако свесен дека нема да постигне многу, Поаро се обидува да ја вразуми Жаклин да престане да ги прогонува, велејќи ù да не си го отвора срцето пред злото. Таа не го слуша, туку напротив, му вели дека постојано фантазира за тоа како ја убива Линет. Случајот добива трагичен тек кога за време на крстосувањето по реката Нил се случува убиство, но тука е Херкул Поаро за да го реши.

    Романот „Смрт на Нил“, објавен во 1937 година, во истиот миг станува бестселер. Се работи за роман што ја обработува темата на љубовниот триаголник, како и љубомората и предавството, па така станува и еден од најомилените на публиката. Ова дело на Агата Кристи било адаптирано за театарската сцена, а исто така има и неколку филмувани верзии, како и адаптација за радиодрама на каналот Би-би-си 4.

    380,00 ден
    Додај во кошничка
  • Смртта на Иван Илич, Кројцерова соната, Отец Сергиј

    Смртта на Иван Илич, Кројцерова соната, Отец Сергиј

    0

    „Смртта на Иван Илич“ (1886)

    Од детството, па сè до крајот на неговиот живот, Иван Илич честопати се соочува со клучното прашање: „Како живеев?“ Токму ова прашање ја сублимира сржта на раскажувачкиот глас на Толстој кој мајсторски нè поттикнува да го ставиме прстот на чело и да размислиме за нашите постапки кон самите себе, кон нашите блиски, но и кон животот.

    „Кројцерова соната“ (1889)

    Преку разговорот на Позднишев со непознат странец во возот, читателот се запознава со причините кои го навеле во бран на љубомора и гадење да ја убие својата сопруга. Покрај острата општествена критика за нееднаквоста на половите, Толстој поставува негативен став и кон сексуалноста, сметајќи дека таа кај човека ги побудува животинските нагони и поттикнува на злосторства, нешто што може да се спречи единствено со апстиненција. Делото го носи името на истоимената соната за виолина и пијано на Лудвиг ван Бетовен.

    „Отец Сергиј“ (1911)

    Младичот Степан Касацки доживува морална навреда, по што закрила бара во руското православие и се замонашува. Во наредните години неговиот живот станува потежок, проследен со искушенија, по што тој почнува живот на пустиник. Една вечер го посетува жена чија појава го поткопува самотниот живот на јеромонахот. Соочен со соблазна, отец Сергиј го напушта манастирот и ја бара Пашенка, по што се среќава со потешки подвизи, кои стануваат мерило на неговата вера во Бога.

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Снеговите на Килиманџаро и други приказни

    Снеговите на Килиманџаро и други приказни

    0

    „И токму во тој момент сфати дека ќе умре. Одеднаш го преплави мислата; не како наплив на вода или ветар, туку на ненадејна смрдлива празнина, а необично беше што хиената се прикрадуваше нечујно по работ.“

    Во збирката „Снеговите на Килиманџаро и други приказни“ можете да ги прочитате едни од најпознатите и највлијателните раскази на Ернест Хемингвеј. Од „Убијците“, првиот зрел расказ на Хемингвеј, преку автобиографскиот „Татковци и синови“, минималистичкиот „Чисто, добро осветлено местo“, па сè до мајсторските долги раскази „Снеговите на Килиманџаро“ и „Краткиот среќен живот на Френсис Мекомбер“, авторот нè води низ Европа, Африка и Америка низ неговиот уникатен свет, полн со насилство, љубов и чест. Прекрасни во својата едноставност, оригиналност и писателско мајсторство, расказите во оваа збирка го претставуваат еден од најдобрите светски раскажувачи во неговото најдобро издание.

    300,00 ден
    Додај во кошничка
  • Снеговите на љубовта

    Снеговите на љубовта

    0

    Една снежна ноќ, додека во блескавата Москва одекнуваат нотите на Чајковски, младиот царски офицер Сеит на бал ја запознава занесната благородничка Шура. Волшебниот миг во кој погледите им се сретнуваат засекогаш ќе ја смени нивната судбина. Потполно маѓепсани еден од друг, двајцата млади знаат дека за нив никогаш не може да постои никој друг, без разлика на сѐ што ги разделува.

    Од живописната Јалта на крајот на XIX век, до волшебната раскошна Москва и Цариград, оваа трогателна приказна ги следи Сеит и Шура, што во опасниот виор на историски превирања се борат само за едно – правото на своја љубов.

    Првата светска војна, руската револуција, страдање, пекол… Сепак, нивните срца ќе сторат сè, за да останат посилни од татнежите на топовите.

    Според безвременската и легендарна сага на Нермин Безмен, напишана по вистинити настани, снимена е една од најскапите и најпопуларните телевизиски серии која под наслов „Снеговите на љубовта“ беше прикажувана и кај нас…

    199,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Снеговите на љубовта - книга втора

    Снеговите на љубовта – книга втора

    0

    Од време на време Сеит повторно води боемски живот. Се забавува со убави жени, пие вотка. Отвора луксузни ресторани со музика и танчарки во Пера – срцето на Истанбул, како и во летувалишта на островите и бреговите на Мраморно Море. Читателот ќе дознае за што разговарал таму со турскиот претседател и војсководец Ататурк, додека на подиумот деца, врвни танчари, изведуваат казашки танци…

    Таму ги доживуваат најубавите љубовни мигови со Мурка.

    Деновите на удобниот живот и раскошните забави се далеку. Со Мурка и со ќерките се борат со немаштија, болести… Во родната Алушта на Крим, болшевиците го убиваат татко му Мирза Еминов и ја искоренуваат целата негова фамилија.

    Светот влезе во Втората светска војна…

    Со Мурка доживуваат и други семејни трагедии, кога умира нејзината најмлада сестра, а ќерката Леман, миленичка на Сеит, (мајка на авторката Нермин Безмен) има несреќен брак. Нејзиниот маж ја изневерува на најподмолен начин…

    Сеит е разочаран, предвреме остарен и му се враќаат спомените за првата љубов Шура…

    199,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Снеговите на љубовта - книга прва

    Снеговите на љубовта – книга прва

    0

    На бродот за Париз, заедно со Шура замина и минатото на Курт Сеит, сите соништа што никогаш нема да се остварат и татковината во која веќе не ќе може да се врати, фамилијата и пријателите што веќе никогаш нема да ги види. Иако и натаму го следат спомените на бурната љубов, Сеит запловува во брачните води со младата Мурка и сега за таа детинеста, срамежлива, ама и љубоморна жена го поврзуваат длабоки чувства. Сепак, нивниот однос е преполн со издигања и падови, затоа што погледите на животот доста им се разликуваат. Сеит копнееше за Америка, а Мурка пак не сака да се оддели од семејството, а тука се и ноќите што Сеит поради природата на својата работа ги поминува надвор од куќата и сенката на Шура што од време на време се појавува над нив.

    Читателот во вториот дел од „Снеговите на љубовта“, документарна сага од брилијантната авторка Нермин Безмен, емотивно ќе ги доживее новите драматични доживувања на главниот јунак…

    Романот во делови „Снеговите на љубовта“ е плод на долготрајното истражување на авторката и веднаш по објавувањето ја освои пошироката публика.

    199,00 ден
    Прочитај повеќе