-
Сиракот од Бергамо
0400,00 денДесетина години откако е затворен најголемиот полициски случај во историјата на Италија, злото повторно чука на врата.
Две години Калин е сокриен под таен идентитет во Лугано со своето семејство. Тој е четириесетгодишен оперативец од тајната полиција на Италија, кој повторно е активиран откако е пронајдено безживотното тело на неговиот поранешен шеф во пензија, Флорини. Покрај обесеното тело е оставена порака, а неговото име се наоѓа на неа. Сега мора да балансира помеѓу семејството и темните опасности кои демнат од минатото.
Жедта за одмазда на убиецот е посилна од сè. Калин, заедно со агентот Џенаро, се впуштаат во комплексна истрага и навлегуваат во врзоп кој се обидуваат да го одмотаат и да го откријат серискиот убиец кој брутално убива невини жртви во Бергамо. Тој не само што остава иста порака по секое грозоморно дело туку изгледа како секогаш да е еден чекор пред нив…
-
Сирената со очила
0350,00 денАтланта живее во светилник на мал остров на крајот на светот. Кога не разговара со Камила, селската учителка, или не ги слуша џез-плочите на татко си, нејзиниот поглед е упатен кон бескрајниот хоризонт на морето. Меѓутоа, еден ден, на Ветровит Камен пристигнува чуден гостин, кој ќе ја поведе во авантура на која можат да ѝ позавидат дури и славните морнари, предци на девојчето…
Јунаци во романот на Маќаш Дунајчик се мистериозни птици, духови светски патници и вљубени китоловци.
-
Сите ја сакаат Марта
1320,00 денМарта е девојка каква што најчесто постои само во книгите и на филмовите. Девојка која им помага со тешките кеси на бремени жени. Девојка која им помага на стари бабички да преминат улица. Девојка која е секогаш ведра, љубезна и насмеана, прекрасно воспитана и културна со сите. Девојка која ја знаат сите во градот и за која сите имаат само убав збор, никогаш лоша мисла ниту поглед попреку. Но набрзо по нејзината матура, се случува нешто ужасно. Марта е убиена. Градот е во шок. Никој не може да поверува. Но како е можно? Кој би можел да го стори тоа? Та нели сите ја сакаат Марта. Зошто тогаш некој би ја убил девојката ангел?
Млад детектив од главниот град е испратен на југот на земјата да се обиде да го реши со години старото убиство и конечно да им даде малку мир на родителите на Марта, нејзините брат и сестра, но и сите жители на малиот град кои со цело срце ја сакале младата мила девојка. Но кога тој попатно почнува да развива симпатии кон сестрата на починатата девојка, работите дополнително се комплицираат… -
Сите лета потоа
0500,00 денШест лета за вљубување – еден миг за разделба. И еден викенд за исправка.
Персефони Фрејзер наместо да ги минува летата на езерскиот брег од своето детство, живее во стан во големиот град, излегува со пријателките и ги држи сите на безбедна оддалеченост од сопственото срце.
Но тоа се менува по еден телефонски повик кој ја тера да поита назад во Берис Беј и во орбитата на Сем Флорек – човекот без кого мислеше дека не ќе може да живее.
Перси и Сем биле неразделни шест лета: замаени попладниња крај вода, топли летни ноќи работејќи во ресторан во период исполнет со книги – тој со учебници по медицина, таа пишувајќи кратки хорор-приказни. Нивното пријателство прераснало во нешто повеќе, нешто од кое застанува здивот, за потоа експлозивно да заврши.
Кога Перси се враќа кај езерото за да присуствува на погребот на мајката на Сем, нивната меѓусебна поврзаност е толку очигледна. Сè додека Перси не успее да се соочи со одлуките што ги донела, двајцата нема да дознаат дали меѓусебната љубов ќе им биде поголема од грешките во минатото.
Шест години и еден викенд: широк, сеопфатен поглед кон љубовта, кон луѓето и кон одлуките што нè обележуваат засекогаш.
-
Сите недовршени нешта
0590,00 денНоа е на врвот од писателската кариера. Со милионските тиражи и обезбедените права за филмување на неговите книги, не постои нешто што кралот на фикцијата го нема постигнато. Но никако не смее да ја пропушти неверојатната можност да го доврши романот на големата Скарлет Стентон, која отсекогаш му била идол. Меѓутоа, едно е да смисли соодветен крај за делото што легендарната авторка го оставила недовршено, а сосем друго е да се спогоди со нејзината прекрасна, тврдоглава и цинична правнука… што ќе се покаже како уште поневозможна мисија.
Џорџа Стентон почнува одново да го гради својот живот по ужасниот развод во кој губи речиси сè. Иако сака само да се скрие од светот во куќата на прабаба ѝ во Колорадо, принудена е да се соочи со арогантниот (и мошне згоден) писател, кој полека ја стекнува нејзината доверба.
Но додека ги читаат писмата и ракописот на Скарлет, почнуваат да сфаќаат зошто таа никогаш не ја довршила приказната за нејзината врска со пилот од Втората светска војна. Џорџа е убедена дека љубовта нема среќен крај, па и покрај неоспорната хемија меѓу неа и Ноа, решена е да не ги повтори грешките на Скарлет – дури и по цена да ја уништи неговата кариера.
-
Сите нејзини демони
0390,00 денВо срцето на Јужна Австралија, во напуштен ресторан среде паркот Драј Крик, полицијата наоѓа тело – обезглавено, совршено распарчено, внимателно завиткано – спакувано како нешто што никогаш не требало да биде пронајдено. Детективката Оливија Вест е назначена да го води случајот што не ѝ дава сон – и не ѝ остава простор за грешка. Таа не знае дека тоа што го гледа е само почеток на нешто многу пострашно.
Телото не можат да го идентификуваат. Времето на смртта е нејасно. А поврзаноста со местото – непостоечка. Додека Лив се обидува да собере какви било траги, случајот неочекувано ескалира: полицијата открива уште десет тела и мрежа од настани што води далеку од границите на Аделаида. Притисната од јавноста, Лив мора да го фати серискиот убиец пред темнината да ја проголта – не само професионално, туку и неа лично.
Шокантен психолошки трилер за злосторства кои не се забораваат, за тајни кои се пренесуваат од генерација на генерација и за демоните што се кријат во секој од нас. Ова не е само приказна за убиства. Ова е приказна за спас… ако преживееш доволно долго да го пронајдеш.
-
-55%
Сите опустошени места
1Original price was: 550,00 ден.249,00 денCurrent price is: 249,00 ден.1946 година. Три години по катаклизмичниот настан кој им ги разнишува животите од корен, мајка и ќерка бегаат во Париз со куфери полни срам и страв, не знаејќи колку е всушност тешко да му се побегне на минатото.
Речиси осумдесет години подоцна, Гретел живее живот кој е далеку од нејзиното трауматично детство; мирен и удобен, и покрај нејзиното мрачно и вознемирувачко минато. Таа не зборува за бегството од нацистичка Германија, не зборува за тешките повоени години во Франција, но најважно, не зборува за татко ѝ, командант на еден од најозлогласените логори на Рајхот.
Кога во нејзината зграда во Лондон се вселува нов пар, појавувањето на нивниот деветгодишен син Хенри ѝ враќа спомени кои повеќе би сакала да останат закопани. Но посилно е од неа, па Гретел се спријателува со момчето. Една вечер, таа е сведок на вознемирувачка, насилна расправија помеѓу прекрасната мајка на Хенри и неговиот арогантен татко. Соочена со изборот помеѓу сопствената безбедност и неговата, Гретел се враќа на слични крстопати како многу одамна. За да му помогне на момчето, треба да ги открие тајните кои ги чува целиот свој живот. Но овој пат може да донесе поинаква одлука од претходно – без оглед на цената која ќе треба да ја плати за храброста…
-
Сите сите песни паф
0400,00 денНајголем дел од моите рани дела во стих се во манир на книжевна игра, со хумор и автоиронија. Во тие алатки најдов засолниште, начин да се приближам до поезијата без да ѝ пријдам директно да ѝ се доближам со насмевка, со приказна, со закачка, со игра на зборови и со интертекстуални релации. Сметав дека така, можеби, ќе го надминам стравот: ако ѝ се насмееш на сериозноста, ако поиграш со тотемите, некои сенки ќе бидат оттргнати.
Жарко Кујунџиски„Уникатен наслов за средба со поетското писмо на овој исклучителен писател и како заокружена целина ги разоткрива неговите поетски хоризонти, кои во постојани промени сведочат за неговиот лирски светоглед. Неговата поезија е гласот на тој светоглед, начин за поврзување на елементи на искуство од различни времиња и традиции кои откриваат комплексно дело во поетскиот јазик, поради што звучната димензија на неговите песни добиваат живот, сила и автентичност. Преку луцидна јазична разиграност и самосвесна поетска основа, Жарко Кујунџиски ги открива слоевите на воспоставените мислења и преживеаните конвенции, поради што неговата книга поезија не е само духовита и возбудлива туку и интелектуално провокативна.“
Славе Ѓорѓо Димовски„Поезијата на Жарко Кујунџиски е жива и жарка, автентична и автоиронична, реална слика на егзистенцијата, критички настроена кон секојдневието, напати со хармсовски урнебесни каламбури, остра и остроумна – токму како што кажуваат почетните букви од неговото име. Тој твори искрено и интуитивно, како што и единствено може да се пишува поезија. И во историските и библиските и во темите од секојдневието, и кога пишува за дома, за родниот град и за светот, и кога зборува за малиот човек и малите народи и за светското наследство со кое е на на ’ти‘, видливо е дека е ’киднапиран од Музите‘, дека е поклоник на ’тихата реч‘ што се излева од ’превојот на мислата‘.“
Виолета Танчева-Златева„Како на луда железница, читателот се пробива меѓу младешките фасцинации, различните влијанија, стилови, поетики и теми околу кои Кујунџиски го гради јадрото на својот уникатен поетски универзум. Некогаш е минималист, некогаш наративен и екстензивен во изразот, но секогаш неговите зборови имаат прободувачка моќ или осветлуваат некои темни ќошиња на човековиот дух, во кои не секој се осмелува да погледне. Читајќи ја ’Сите сите песни паф‘, лесно можеме да го замислиме поетот како трча бос во цик-цак стил низ градските улици и плоштади, вешто избегнувајќи ги куршумите на повторливоста и предвидливоста.“
Иван Шопов„Инспирацијата на песните од оваа збирка на Жарко Кујунџиски извира од неограничениот простор на слободата која вообичаено (свесно или несвесно) се препознава во форма на игра, играта со звуци, зборови, стихови и слики – од митски до историски и религиски. Поезијата на Жарко Кујунџиски е субверзивна по однос на владејачките конвенции на поезијата врамена во идеалот на сеопштата симболичност (метафоричност), длабоката сериозност, интимност и универзалност. Пред читателот е книга која заслужува внимание и побудува љубопитство и задоволство во читањето.“
Катица Ќулавкова -
Сите стравови на светот
0490,00 ден„Телата ги пронајдоа во вторник“ – Така започнува еден од најинтригантните и најветувачките трилери за 2021 година; комплексна и заплеткана приказна за мрачната судбина на семејството Пајн.
По ноќ помината на забава, студентот Мет Пајн се враќа во својата соба во студентскиот дом, а таму го чекаат трогателни вести: речиси целото негово семејство – мајка му, татко му и помалите брат и сестра – ги пронашле мртви од труење од гас за време на нивниот одмор во Мексико. Локалната полиција тврди дека се работи за несреќен случај, но ФБИ имаат други сомнежи, само не сакаат да му кажат на Мет зошто.
Трагедијата завршува на сите наслови страници затоа што на семејството Пајн не му е првпат да го привлече вниманието на новинарите. Постариот брат на Мет, Дени, отслужува доживотна казна за убиството на неговата девојка од тинејџерските денови, па благодарение на тоа, целото семејство е прочуено. Иако илјадници се убедени дека Дени е неправедно осуден, Мет чува тајна за брата си, која никогаш ја нема споделено со никого: ноќта кога се случило убиството на девојката, Мет видел нешто што го тера да верува дека брат му навистина е виновен за злосторството. И сега кога смртните случаи во Мексико почнуваат да стануваат сѐ посомнителни, како да се поврзани со случајот на Дени, Мет мора да ја открие вистината за убиството поради кое брат му завршил во затвор – и притоа да се соочи со сите свои најголеми стравови на светот.
-
Сите твои совршености
6400,00 денКолин Хувер се надминува себеси со моќна приказна за еден разнишан брак и едно старо, речиси заборавено ветување што би можело да го спаси.
На совршената љубов на Квин и Грахам ѝ се заканува нивниот несовршен брак. Спомените, грешките и тајните што се трупале низ годините сега ги влечат на различни страни и уште повеќе ја зголемуваат дистанцата меѓу нив. Единственото нешто што би можело да ги спаси е токму онаа работа што ги има донесено до работ на пропаста.
„Сите твои совршености“ е срцепарателна, емотивна и моќна приказна за пар чија потенцијална иднина се држи на шарките на ветувањата дадени во минатото. Додека без престан ги голтате страниците, ќе се прашувате: Може ли една силна љубов со совршен почеток да живее цел живот меѓу двајца несовршени луѓе?
Ако ви се допадна нејзината „Ова завршува со нас“, тогаш сигурно ќе ве освои и нејзиното најново ремек-дело.
-
Сите цвеќиња во Париз
10420,00 денДве жени се поврзани низ времето во градот Париз, поврзани со мистериозен дневник и шокантни тајни кои се протегаат од Втората светска војна до сегашноста.
Кога Керолајн се буди во една болница во Париз и не се сеќава на своето минато, се разочарува кога дознава дека со години водела тажен, осаменички живот во стан покрај Сена. Кога полека почнуваат да ѝ се враќаат некои бледи спомени од маж и мало детенце, се заколнува дека ќе ја состави сложувалката за својот живот, иако од некоја причина се чувствува како да е во опасност. Полека се спријателува со главниот готвач во едно пријатно ресторанче во близина за да не се опседнува со минатото, како и со една шокантна мистерија од пред неколку декади…
Во Париз, окупиран од нацистите, млада вдовица, Селин, си живее мирен живот со татко ѝ, локален цвеќар, и нејзината ќерка, Кози. Кога еден безмилосен германски офицер дознава дека семејството има еврејско потекло, тој почнува да ја уценува Селин, принудувајќи ја да му стане љубовница само за нејзиниот татко да биде безбеден. Тројцата почнуваат да кројат план за бегство, но нивната мисија скршнува во лош правец и саканиот татко и ќерка на Селин ги снаоѓа лоша судбина. Крајно вознемирена, Селин се плаши од најлошото. Но набрзо дознава дека Кози се искраднала и ја следела до станот каде што таа е заробена. Мотивирана како никогаш претходно, Селин сега мора да се бори да ја крие и заштити личноста што ја сака повеќе од сè.
Паралелната нарација се вкрстува кога Керолајн го наоѓа дневникот на Селин скриен во плакар и дознава дека ѕидовите на нејзиниот стан кријат мрачни тајни.
-
Сјаење
0500,00 денСјаење претставува олицетворение на современиот хорор-роман и дава прониклив увид во едно растурено семејство, во мрачните ходници на душата и во човековата слабост. Талентот на Стивен Кинг не бил поблескав во ниту една книга.
Џек Торенс, неговата жена Венди и синот Дени се вселуваат во хотелот „Видиковец“, бидејќи Џек ја добива работата на чувар во зимскиот период. Неколку месеци отсечени од цивилизација, Џек се обидува да се избори со алкохолизмот и со нападите на бес додека ја пишува новата театарска претстава. Но, силите на темнината што престојуваат во хотелот „Видиковец“ – кој има долга историја на насилства – сакаат да го земат Дени заради неговите силни прекогнитивни способности и да се послужат со слабостите на Џек за да го зграпчат момчето…
Хорор-романот Сјаење е за прв пат објавен во 1977 година. Во 1980 година, според романот, снимен е и филм, во режија на Стенли Кјубрик, а со Џек Николсон во главната улога. Овој филм се вбројува меѓу најдобрите на сите времиња. Подоцна, во 1997 година, истиот е адаптиран и во минителевизиска серија.
-
Сказна за глупавото глувченце
0130,00 денГлупавото глувче мало
Вели уште незаспано:
– Неубав е гласот твој,
И многу е силен тој!
-
-
Скандал на пролет (Wallflowers #4)
1420,00 денОткако Дејзи Боуман не успева да си најде маж три сезони во Лондон, татко ѝ ѝ се заканува дека ако таа самата не си пронајде маж ВЕДНАШ, тогаш тој лично ќе ѝ пронајде, без разлика дали ѝ се допаѓа изборот или не. А неговиот избор дефинитивно не ѝ се допаѓа затоа што станува збор за најладниот, најнепривлечниот и најздодевниот маж на светот – Метју Свифт.
Дејзи е ужасена. Боуманови никогаш не признаваат пораз и таа одлучува да направи сè што треба за да се омажи со некој… кој било друг, освен Свифт. Но завршува шокирана кога одеднаш го сретнува Метју и сфаќа дека тој веќе не е непривлечниот маж од пред неколку години, не е слабото одбивно момче на кое се сеќава… Напротив, неговиот шарм почнува да ја разоружува и Дејзи полека почнува да сфаќа дека постои шанса човекот кој отсекогаш го мразела да е оној вистинскиот, човекот од нејзините најлуди соништа.
Но баш кога таа конечно почнува да попушта, наидува на отпор и тајни и скандали од страна на Метју. Нешто што може да ја уништи дури и најсилната љубов на светот, љубов каква што нема дури ни во најлудите фантазии на нејзината романтичарска душа.
-
Скандалозни страсти
0430,00 денМоже ли еден гусар да разбере дека вистинското богатство лежи во срцето на една жена?
Сајланс Холингбрук е сиромашна, убава и љубезна дама – и пред девет месеци направи страшна грешка. Побара помош од гусарот за да си го спаси мажот и притоа се согласи на спогодба што ќе ја чини брак. Таа ноќ беше толку многу повредена што дури остана во сиропиталиштето во кое му помагаше на својот брат Винтер. Но, нејзиниот мир имаше краток рок на траење.
„Шармантниот“ Микеј О’Конор е најнемилосрдниот гусар во Лондон. Тој е неодоливо привлечен и интелигентен и успеа да се пробие на врвот на лондонското подземје.
Кога неговата вонбрачна ќерка, чија мајка е умрена, ќе му ја остават за да се грижи за неа, Микеј не може да одолее на поривот детето да го остави на куќниот праг на Сајланс…
Ова е третата од неколкуте романтични и секси љубовни романси што авторката Елизабет Хојт ги објави по 2010 година. Најпребирливите читатели неодамна имаа можност од оваа серија на македонски јазик да ги прочитаат историските љубовни романси „Опасни намери“ и „Забранети задоволства“. Во романот „Скандалозни страсти“ ќе се потсетат и на тие настани и на главните ликови.
„Роман што ја враќа вербата во магијата на љубовта“, Романтик тајмс.
