Филтер по цена
Жанр
Автори
  • СЕРОТОНИН

    СЕРОТОНИН

    0

    „Моите верувања се лимитирани, ама жестоки. Верувам во можноста за ограничено царство. Верувам во љубовта“, напиша неодамна Мишел Уелбек.

    Нараторот на Серотонин безрезервно би се согласил со тоа. Приказната што ни ја раскажува нè води низ една Франција што ги гази своите традиции, ги банализира своите градови, ги уништува своите села што се на работ на бунт. Тој ни го раскажува својот живот на инженер агроном, ни раскажува за своето пријателство со еден аристократ земјоделец (незаборавен лик – негов сосем спротивен двојник), за неисполнетите идеали од нивната младост, за надежта, можеби безумна, дека повторно ќе најде една жена што ја загубил… Овој роман за суровоста на светот во кој нема добрина, нема солидарност, каде што мутациите веќе никој не може да ги контролира, е исто така и роман за каењето и жалењето.

    Серотонин е огромно огледало поставено пред нашиот свет: она што го гледаме во одразот е застрашувачко.“ Ле соар

    450,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Сестринството Теа во опасност

    Сестринството Теа во опасност

    0

    Теа Стилтон
    Таа е многу интересна девојка!
    Сигурна и сериозна, работи како специјален репортер за „Глувчеви вести“.
    Секогаш е во потрага по интересни вести и е подготвена да оди на авантуристички патувања од кои се враќа
    со сензационални статии и фотографии. Таа е брилијантна и секогаш подготвена да им помогне на другите. Теа е одличен пријател на другите глувчиња, но нејзината најистакната особина е женската солидарност!

    Сестринството Теа брои пет членови, студенти од колеџот Глушфорд на Островот на китовите. Тие се палави, забавни и сакаат да станат вистинити репортери! Меѓу лекциите и пријателствата, љубовта и слатката завидливост, животот на колеџ е навистина возбудлив!

    250,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Сестрите Романови

    Сестрите Романови

    0

    Приказна за историска вистина, за изгубените животи на ќерките на царот Николаj и Александра.

    17 јули 1918 година. Четирите девојки се симнале по дваесет и трите скалила во подрумот на една куќа во Екатеринбург. Најстарата имала дваесет и две години, најмладата седумнаесет. Заедно со родителите и со тринаесетгодишниот брат, сите четири се бездушно убиени. Виновни се за тоа што биле ќерки на последниот цар и царица на сите Руси.
    Во книгата „Сестрите Романови“ познатата авторка на биографии, Хелен Рапапорт, им нуди на читателите досега најавтентична приказна за големите кнегињи Олга, Татјана,
    Марија и Анастасија. Црпејќи материјал од нивните необјавени писма, дневници, документи од приватни архиви, насликала впечатлив портрет на нивниот живот во последните денови од династијата Романови. За првпат нивните животи се прикажани од детството, па сè до младешките вљубувања, прикажани се нивните сништа, надежи и напорниот
    соживот со нивната болна мајка и братот хемофиличар, потоа и траумите што им ги носи Револуцијата.

    „Хелен Рапапорт насликала привлечен портрет на проколнатите големи кнегињи.“ – Пипл магазин
    „Едноставно неверојатно… Вака треба да се пишуваат историските книги.“ – Алисон Вир

    550,00 ден
    Додај во кошничка
  • Сета боја зад црнината

    Сета боја зад црнината

    0

    Уметниците живеат за да го пронајдат времето. Но него го нема. Времето е секавица!

    Што се крие зад темнината? Во каква боја уметникот Фјодор Вјаземски ја потопува четката за да го наслика животното платно?

    Во оваа книга се крие цел еден живот. Приказна раскажана на самиот заод на Фјодор, во мигот кога вообичаено се води последната битка со илузиите.

    Раскажан во прво лице еднина, овој роман е посветен на уметноста во време кога е осудена на прогон, кога се смета за „луксуз“ и не е сигурно дека ќе опстои дури и во музеите, тие ризници на спомените. Изложувајќи се на бесот на протестантите поради својот бунтовен новинарски напис во заштита на уметноста, Фјодор мора да го спасува голиот живот. Ги напушта родниот дом и мајка си и со тешко срце заминува за Париз, каде што успева да се вработи како библиотекар. Еден ден ненадејно налетува на својата младешка љубов Олга – средба што ќе го разбие монотоното секојдневие и ќе означи вистински пресврт во неговиот живот…

    „Чудесно е чувството кога ќе се наиде на дебитантско дело со високи уметнички вредности. Васја Мицковски напишал раскошен роман за љубовта и убавината, за нераскинливото пријателство со сите бои во природата и во животот. Златно камче во мозаикот на уметноста, единствената која може да го победи времето.“

    Виолета Танчева-Златева

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Сето тоа ќе ти го дадам

    Сето тоа ќе ти го дадам

    0

    Мрачни семејни тајни, убиства, измами и вечната потрага по вистината сместени во прекрасно опишаниот лозарски крај на Галиција.

    Познатиот писател Мануел Ортигоса добива известување дека неговиот сопруг Алваро Муњис де Давила загинал во сообраќајна несреќа во Галиција кога всушност требало да биде на службен пат во Барселона. Се упатува таму и открива дека истрагата за случајот е затворена, а човекот со кој бил во брак петнаесет години криел од него дека потекнува од богато благородничко семејство и дека тој му е единствениот наследник.

    Растргнат помеѓу болката од загубата и од сознанието за двојниот живот, сака да избега веднаш по погребот. Но го задржува Ногеира, полицаец во пензија, кој се сомнева во околностите за смртта на Алваро исто како и за друг смртен случај во неговото семејство, за кој мисли дека бил прикажан како несреќен случај. Заедно со свештеникот Лукас, кој му бил најдобар пријател на загинатиот од детството, го наведуваат Мануел да започне истрага за ненадејното патување на Алваро во Галиција и за неговиот таен живот. Ја почнуваат потрагата по вистината во место во кое старите обичаи и верувања се длабоко вкоренети и место што крие многу тајни.

    650,00 ден
    Додај во кошничка
  • Сечи-лепи 1

    Сечи-лепи 1

    0

    Во овој комплет ќе пронајдете листови со делови за сечење и лепење, со кои вашето дете ќе може да создаде различни форми.

    Со усовршување на вештината за користење ножички, се подобруваат фините моторни вештини на детето, а се зголемува и неговата креативност.

    Забавувајте се и креирајте заедно!

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • Сечи-лепи 2

    Сечи-лепи 2

    0

    Во овој комплет ќе пронајдете листови со делови за сечење и лепење, со кои вашето дете ќе може да создаде различни форми.

    Со усовршување на вештината за користење ножички, се подобруваат фините моторни вештини на детето, а се зголемува и неговата креативност.

    Забавувајте се и креирајте заедно!

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • Сечилиште

    Сечилиште

    0

    По дваесет и пет години, семејството конечно се собира во малото балканско гратче во кое некогаш владеела среќа и напредок, сѐ додека над нив не се надвила сенката на војната. Сега ненадејно се вратиле: најстариот син Владимир, истакнат професор по економија, снаата Хелена и внукот Давид. Бабата Надија и дедото Клемент одвај дочекале да ги видат. На семејната вечера се појавува и синот Игор, воен репортер, кој се обвинува себеси за семејната трагедија.

    Од аперитивот до дижестивот, Игор Штикс нѐ води низ напната и интересна семејна историја која секако дека е обременета со политиката на XX и XXI век. Во неа важна улога игра и прадедото Оскар, кој како млад австроунгарски војник учествувал во Октомвриската револуција, а на крајот завршил во логор во текот на Втората светска војна. Ноќ во која се откриваат долгопотиснатите тајни, во која се заменуваат судири и одмазди, во која станува очигледно дека минатото не може да се врати, но дека може од неговите стеги да се извлече со човечност и со непосредност. Ноќта завршува како и секоја друга, со изгрејсонце, но дали е тоа нов почеток или само уште едно ново разминување?

    Сечилиште“ на Игор Штикс ги допира сите оние резови и рани кои војната ги остава кај луѓето а и тие меѓу себе, се занимава со емоциите и неможноста минатото и личностите од нашиот живот да се отсечат со ножици.

    250,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Сивиот човек

    Сивиот човек

    0

    Книгата по која е направен најскапиот и најгледаниот филм во историјата на НЕТФЛИКС
    Корт Гентри е добар човек. Но, исто така, тој е поранешен врвен американски разузнавач и неверојатен професионален убиец. На оние што го демнат од сенка, тој им е познат како Сивиот човек. Тој е легенда во мистериозниот свет, се префрла од една на друга работа, екогаш во акција, постигнувајќи го невозможното… Потоа наеднаш исчезнува. И тој секогаш погодува во целта. Секогаш. Но, има сили на светот што се поопасни од Гентри. Сили како што се на пример парите. И моќта. Има агенти, мафијаши, професионални убијци, држави кои сакаат да го елиминираат. Од Иран, Сирија, Украина, Франција, Албанија, Нигерија, Англија, од сите страни на светот. Некои не веруваат во неговите способности. За едни е мит, а за други минато. Но, Корт Гентри ќе докаже дека за него, нема разлика помеѓу убивањето за да се заработува за живот и убивањето за да се остане жив.

    „Овој роман е како добро наострен нож: безмилосен и смртоносен.
    Сивиот човек на Марк Грини е Борновиот идендитет за новиот
    милениум… Никогаш досега еден убиец не бил толку реален, а сепак
    толку смртоносен. Погодува како куршум во гради… Книга што не се
    пропушта.“
    — Џејмс Ролинс
    „Силен, брз и непобедлив – токму таков каков што треба да биде еден
    трилер.“
    — Ли Чајлд
    „Приказната е возбудлива, а убиствата се толку експлозивни, што при
    вртењето на страниците, ни дава чувство како да играме некоја врвна
    видео игра.“
    — Њујорк Тајмс

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Сидарта

    Сидарта

    0

    Мудроста човек може да ја најде и да ја живее, со неа можат да се прават чуда!

     

    „Сидарта“ е еден од најдобрите алегорични романи на светот. Приказна за духовното патување на едно момче кое има сѐ, но постојано чувствува дека нешто му недостига. Затоа и заминува во потрага по вистината, по аскетски пат кој го носи до одрекување од богатството, задоволството, привилегиите, кој првин го фрла во очај, а потоа го лекува со надеж.

    Барањето значи да се има цел, а наоѓањето значи да се биде слободен, отворен, без цел. Сидарта успева да се извлече од желбите и барањето, да стигне до духовно исполнување кое до ден-денес инспирира, воодушевува и влијае врз безброј генерации мислители, читатели, писатели и обични гости на овој свет.

    Нобеловецот Херман Хесе е синтеза на различни филозофии – источните религии, Јунговите архетипови, западниот индивидуализам и една неповторлива творечка мисла – сите обединети во единствена визија за животот изразена преку еден лик во потрага по вистината. Со оваа книга тој во наследство не ни остава само класика туку и непресушна мудрост за смислата на постоењето.

    250,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Силвервју

    Силвервју

    0

    „Силвервју“ е роман од британскиот автор Џон ле Каре кој постигна светска слава со романот „Наследство на шпионите“. Џулијан Лондсли се откажува од неговата високоплатена работа во Лондон и отвора книжарница во мало англиско приморско гратче. Една вечер, само неколку месеци по почетокот на неговата нова кариера, Џулијан е посетен од непознат човек. Едвард, полски имигрант кој живее во Силвервју, голема куќа на крајот од градот, изгледа дека знае многу за семејството на Џулијан и е премногу заинтересиран за внатрешните работи на неговиот нов бизнис. Кога на вратата на шефот на шпионите ќе се појави писмо со предупредување за опасно истекување информации, истрагата го води во ова тивко место покрај морето… „Силвервју“ е фасцинантна приказна за средбата меѓу невиноста и искуството и јавната должност и личниот морал. Во ова последно ремек-дело на најголемиот хроничар на нашето време, Џон ле Каре прашува што ѝ должиме на државата што веќе не ја препознаваме.

    360,00 ден
    Додај во кошничка
  • Силјан штркот

    Силјан штркот

    0

    Во село Мало Коњари имаше еден чоек многу чесен и кроток, на име Божин.

    Тој имаше само еден син на име Силјан; имаше Божин и една ќерка.

    Силјан беше многу гален и од татка и од мајка, чунки од многу синои Божиноj само Силјан беше останал жив, та од тоа беше гален многу и беше го ожениле уште на шеснаесет години и на седумнаесетте години му се роди на Силјана едно дете машко, му го викаа Велко.

    150,00 ден
    Додај во кошничка
  • Силмарилион

    Силмарилион

    0

    Фасцинантна сага за човештвото кое го изгубило земскиот рај

    Силмарилион е еден од најраскошните светови во историјата на фантазијата, митолошки канон што Толкин го создавал целиот свој живот. Тоа е збирка од восхитувачки историски записи проткаени со приказни за создавањето, за љубовта и предавството, за пријателството и моќта.

    Силмарилион дава поширока слика на Средна Земја, во која се сместени дејствата на Хобитот и Господарот на прстените. На романите што му претходеле им дава длабочина, ги пополнува празнините и нуди историски контекст на Толкиновиот свет и легендариум. Оваа книга ја раскажува приказната за старите дни, за првата доба, кога во Средна Земја живеел Моргот, првиот господар на темнината, а елфите од висок род војувале против него за да ги вратат Силмарилите, скапоцености кои ја содржеле чистата светлина на Валинор.

    Потпирајќи се на своите длабоки познавања од Библијата и митологиите на многу народи, Толкин создал ремек-дело кое се смета за еден од најчитаните и најинтригантните романи во светската книжевност.

    550,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Син

    Син

    0

    Точно е тоа што го велат луѓето: кога долго време трагаме по вистината, оној ден кога конечно ќе ја откриеме настапува најтешкиот дел. Што да се направи со неа?

    Која е вистината што се крие зад таинствената насмевка на деветгодишниот Гилјермо? Момче со сини очи кое еден ден сака да биде Мери Попинс. Момче кое не ги сака грубите машки игри и се дружи единствено со Насија, девојчето доселено од Пакистан, кое му се доверува дека е веќе свршена за еден свој возрасен роднина. Саканиот син кој секој четврток добива писмо од својата отсутна мајка, со која никогаш не може да се види и да се слушне…

    На учителката Соња Гил и неговиот непристапен татко ѝ личат на санта мраз под која трепери нешто таинствено, злокобно. Заедно со училишниот психолог Марија, тиесе обидуваат да ја  одгатнат детската душа и психа. Чекор по чекор, трпеливо навлегуваат во чудниот свет на Гил. Преку неговите многузначни цртежи и искрените есеи, тие на крајот ќе ја откријат тажната вистина и ќе сфатат зошто тој толку копнее да биде Мери Попинс.

    380,00 ден
    Додај во кошничка
  • Синевина

    Синевина

    0

    Трезвена и вознемирувачка приказна за потрагата по изгубените врски и за значењето на водата – најважниот ресурс на планетата.

    Годината е 2017. Норвежанка Сигне отсекогаш се залагала за зачувување на природата, а нејзината борба продолжува и денес. На речиси седумдесет години повторно ќе се качи на својата едрилица „Синевина“, со необичен товар, да се впушти во опасно патување до Франција за да го најде човекот што некогаш го сакала.

    Франција, 2041. Давид и неговата мала ќерка Лу преживуваат во свет опседнат со суша и глад. Бегалци среде хаосот без вода, откриваат стара едрилица во дворот на напуштена куќа длабоко на копното. Ова ненадејно откритие станува симбол на надеж и врска со минатото, додека нивната судбина постепено се испреплетува со онаа на Сигне.

    Приказна за храброст, љубов и непокорноста на човечкиот дух, романот ја истражува ранливоста на природата и луѓето, последиците од климатските промени, изборите што ги правиме, како и нивното влијание врз иднината. Жедта во романот не е само за вода, туку и за дом, иднина и за сигурно пристаниште.

    Меѓународен бестселер, објавен во дваесет земји, номиниран за Наградата на норвешките книжари, Синевина“ е инспиративна и длабоко вознемирувачка приказна која нè потсетува дека сè уште имаме можност да го направиме вистинскиот избор и да го зачуваме најважниот ресурс.

    Прочитај повеќе
  • Синџирот

    Синџирот

    0

    Кога една мајка е мета на опасна група луѓе, таа мора да стори злосторство за да ја спаси својата киднапирана ќерка – или да ризикува да ја изгуби засекогаш. Тоа е приказната на овој „интензивен и оригинален“ трилер (Стивен Кинг), кој ги освои наградите „Бери“ и „Макавити“ и беше прогласен за најдобар роман на годината според ITWA.

    Тоа е нешто што родителите го прават секое утро: Рејчел Клајн ја остава својата ќерка на автобуската станица и се упатува кон своите обврски. Но, еден повик од непознат број менува сè: тоа е повик од жена што ја информира дека Кајли е киднапирана и единствениот начин Рејчел повторно да ја види е да ги следи точно нејзините упатства, да плати откуп и да најде друго дете за киднапирање. Ова не е обично киднапирање: јавувачот е мајка, чиј син е однесен, и ако Рејчел не стори како што ѝ е речено, момчето ќе умре.

    „Вие не сте први. И сигурно нема да бидете последни.“ Рејчел сега е дел од Синџирот, бесконечна и генијална шема што ги претвора жртвите во криминалци. Правилата се едноставни, моралните предизвици невозможни. Најдете ги парите брзо, пронајдете ја својата жртва и потоа извршете ужасен чин за кој сте мислеле дека не сте способни пред само дваесет и четири часа.

    Но, она што го знаат умовите што стојат зад Синџирот е дека родителите ќе направат сè за своите деца. Kиднапирањето е само почеток.

    500,00 ден
    Додај во кошничка