-
ПРЕКРАСЕН СВЕТУ, КАДЕ СИ
0500,00 денЕмоционална драма што се чита во еден здив
Ретки се длабоките пријателства како она на младата романсиерка Алис и Ејлин, уредничка во книжевно списание во Даблин. Нивните семејни и љубовни врски се полни со подеми и падови, страст и очај, нежност и навреди, целосна близина и недоречености. Нивната преписка покажува длабоко разбирање и на минатите случувања и на современите луѓе – како се чувствуваат, како и за што размислуваат. Тие се растргнати меѓу глобалните и интимните проблеми, градејќи ставови врз основа на сериозни анализи, но честопати и од непроверени информации на Интернет.
Алис и Феликс, Ејлин и Сајмон – две љубовни двојки кои се привлекуваат и одбиваат, се зближуваат и оддалечуваат. Загрижени за своите животи, за времето што ги гази, за случувањата во семејствата и светот… што преживуваат зад затворените врати на своите соби? Наоѓаат ли начин да веруваат дека овој свет – единствениот што го имаме – е навистина прекрасен? Сали Руни со оваа книга создава уметност додека сè друго се распаѓа.
„Филозофска и романтична трагикомедија за начините на кои луѓето се сакаат и се повредуваат меѓусебно.“
Киркус ривју
„Сали Руни создаде свој личен стил. Сончев и остар.“
Вог
-
Прекрасен труп
0350,00 денРоман во кој е прикажана морничава и канибалистичка иднина на светот.
Поради вирус што ги напаѓа животните, а е смртоносен и за луѓето, сите животни мора да се убијат. Светот се соочува со потребата да го замени пазарот со месо од животинско потекло со човечко. Се создаваат нови закони за одгледување и за преработка на месо, со што се легализира човекојадството и општеството се дели на луѓе што јадат луѓе и луѓе што се за јадење.
Маркос Техо е раководител во кланицата „Криг“ во која се колат луѓе што се посебно одгледани за да служат за исхрана. Тој е привремено разделен од сопругата, се грижи за таткото болен од деменција, и се труди да не мисли како заработува за живот. Еден ден, жена одгледана за исхрана ја сокрива во домашната плевна. И покрај тоа што знае дека каков било личен контакт со неа значи смртна казна, искушенијата ќе го наведат да ги прекрши правилата.
Во такво бездушно и застрашувачко општество, брутално, но и суптилно, алегорично, но реалистично, со моќта на фикцијата, авторката поттикнува чувства и покренува прашања што се актуелни.
Што се случува со односот на другите луѓе кога еден ден може да станат наша храна?
-
Прекрасна грешка
0450,00 денПрвиот пат кога го запознав Кејн Вест, беше во бар.
Тој забележа дека гледам накај него и погрешно го протолкува
моето муртење, мислејќи дека го меркам.
Кога се обиде да разговара со мене, јас го пресеков – му кажав што мислам за неговиот лажлив, прељубнички, его-манијакален задник.
Видете, прекрасниот кретен си отиде на вечера со мојата најдобра пријателка – намамувајќи ја во неговиот кревет, без ни да помисли да спомне дека е оженет.
Тој си го заслужи секој дел од моето пердашење, дури и малку му беше, во споредба со тоа што тој го направи.
Особено кога таа мрзлива насмевка му го украси неговото совршено лице, како одговор на мојот бесен монолог.
Само што, испадна дека, човекот кој штотуку го направив партал, не е вистинскиот човек.
Упс. Моја грешка.
Засрамена, избегав без извинување.
И онака никогаш повеќе немаше да го видам згодниот странец, нели?
Така си мислев… додека следното утро не влегов на час.
Па, здраво професоре Вест, јас сум вашиот нов асистент.
Ќе работам под Вас… фигуративно кажано.
Иако буквалното толкување можеби и не е толку лоша работа – да работиш „под“ професорот Вест.
Ова има да биде интересно… -
ПРЕКРАСНА КАТАСТРОФА
0450,00 денАби Абернати е добра и пристојна девојка. Запишувајќи се на факултет во друг град, заедно со својата најдобра другарка, верува дека сеништата од мрачното минато ги оставила зад себе. Но набрзо сфаќа дека новиот почеток не е толку едноставен колку што очекувала.
Згодниот Тревис Медокс е токму од оној тип на момци што таа сака по секоја цена да ги одбегне. Зашто премногу ја потсетува на татко ѝ и на мрачното и опасно минато. Тој ноќе заработува борејќи се, а прекуден заведува девојки. Заскокоткан од нејзиното одбивање, Тревис ја наговара да се обложат ‒ доколку тој изгуби, ќе мора да се откаже еден месец од заведувањето, а доколку таа изгуби, ќе мора да живее исто толку време во неговиот стан. Меѓутоа Тревис не е ни свесен дека ја нашол сродната душа.
Прекрасна катастрофа е книга која маѓепсува со жесток сексапил и зашеметувачка страст. Љубовна приказна која ги истражува и најмрачните аспекти во љубовта на младите, нивните односи со пријателите и семејствата.
„…Мојата нова омилена љубовна приказна со мазохистички шмек.“ Најтли ридинг ривју
-
Прекрасната самотија
3500,00 денЕрнт Олбрајт, поранешен воен затвореник, се враќа од војната во Виетнам како сосема променет, непредвидлив и насилен човек. Кога губи уште едно работно место, носи импулсивна одлука: решава да го пресели семејството на север, во Алјаска, каде што ќе живеат далеку од модерното општество, во дивината на најдалечната американска граница.
Тринаесетгодишната Лени, девојче кое созрева во турбулентно време и кое е заробено во вртлогот на страсната и бурна врска на нејзините родители, се осмелува да се надева дека новата земја ќе води до подобар живот за нејзиното семејство. Таа е очајна да припаѓа некаде. Нејзината мајка, Кора, ќе направи сѐ и ќе отиде дури и на крајот на светот за човекот што го сака, па макар и тоа значело да го следи во непознатото.
На почетокот се чини дека Алјаска ќе биде одговор на нивните молитви. Во дивината наоѓаат страшно независна заедница полна со силни мажи и уште посилни жени. Долгите сончеви денови и дарежливоста на локалното население надоместуваат за неподготвеноста на Олбрајтови и нивниот недостаток на ресурси. Но со наближувањето на зимата во Алјаска почнува да настапува темнина и кревката психичка состојба на Ернт дополнително се влошува, па семејството почнува да се крши. Убавината надвор почнува да бледее во споредба со опасностите внатре во домот. Во нивната мала колиба покриена со снег, под превезот на ноќта долга 18 часа, Лени и нејзината мајка ја откриваат ужасната вистина: дека се препуштени сами на себе. Во дивината, нема кој да ги спаси ако не се спасат самите.
„Прекрасната самотија“ е неверојатна приказна која ќе ве остави будни цела ноќ; приказна за љубовта и загубата, борбата за преживување и дивината која живее во природата, но и во човекот.
-
ПРЕЉУБА
0380,00 денПровокативен и фасцинантен, Прељуба е длабоко интроспективен роман за тоа како една жена се соочува со неспокојот на своите средни години – и последиците од нејзините одлуки врз личниот живот.
Однадвор, се чини дека Линда има сè: кариера на почитуван новинар, приврзан сопруг, сакани деца и прекрасен дом во Женева. Но без оглед на овие погодности, нејзе ѝ здодева рутината на стабилниот живот и се чувствува бескрајно осамена. Кога еден пријател од минатото се враќа во нејзиниот живот, таа е преплавена од импулси и пориви кои со години лежеле скриени во неа. Заробена од копнежот по страсна љубовна врска, Линда тргнува по патека што никогаш не ни сонувала дека ќе ја минува, и се соочува со своите демони ризикувајќи да го уништи удобниот живот што го создала за себе и своето семејство.
Со мајсторски водено раскажување и изнијансирани карактери, Пауло Коелјо ги поведува читателите на уште едно возбудливо патување низ лавиринтот на човечките односи и емоции.
Кликнете тука за да го прочитате првото поглавје и да се уверите зошто не смеете да го пропуштите ова вистинско ремек-дело!
-
Преминот не е осветлен
0250,00 денToa врнежливо саботно утро на вратата се појави едно накиснато дванаесетгодишно момче, барајќи стара хартија. Вратата ја отвори мајка му на Игче и токму од тој момент Соколе Најденовски од Домот за деца без родители стана дел од нивните животи, а врсниците Игче и Соколе стануваат и најдобри другари.
Но, набрзо откриваат дека во Домот не постои никаков Соколе Најденовски! Тогаш, кое е тоа момче и кој е всушност Соколе? Дали навистина ова дете е од Домот? Што е со необичните предмети што Соколе ги чува во домот на Игче, што е со мистериозните јавувања кај сосетката, со татко му на Соколе и со кршливиот мост до куќата на Олга Коленова?
„Преминот не е осветлен“ е трилер исполнет со мистерија и авантура, но и топла приказна за животот и за пријателството…
-
Пресвртна година
0500,00 денСите кои сонувате за големи нешта – зачекорете и патот самиот ќе се појави
Секој ден може да стане пресвртен. Секоја година е годината што може да ви го промени животот. Бријана Вист не може да го стори тоа за вас. Ниту нејзините мудри зборови. Но тие можат да ве охрабрат и како стар пријател да ве насочат оддалеку и длабоко однатре.
Ако сте во пресвртен период, ако сè уште го премостувате просторот меѓу местото каде што сте сега и каде што сакате да бидете – запомнете дека личноста што сакате да станете е веќе внатре во вас.
Патувањето што оваа книга ќе ви го приреди го убедува вашиот ум да дејствува постојано и доследно до она што вашето срце знае дека сака да го направи. Книга со 365 дневни лекции и медитации што ќе станат дел од вашето секојдневие. Ова е вашиот референтен водич што ќе ви помогне да се соочите со сите предизвици што ви стојат на патот и ве спречуваат да го остварите посакуваното.
Интерактивна и привлечна книга за лични промени и преобразби. Со нејзино читање и збогатување на своите сознанија, ќе достигнете значаен напредок. Секој следен ден ќе ве натера да застанете пред невидливата порта на можности што досега не сте ја забележале. Не плашете се да влезете внатре, во просторот од кој се раѓа сиот ваш живот.
Зборовите на Бријана Вист допираат директно во душата.
Хода Котоб во Пипл
-
Пресметка #2 Детската куќа
0400,00 денМалата Вака седи на студените скали пред своето ново училиште. Родителите веројатно заборавиле да ја земат. Немајќи избор, останува на скалите да чека. Но не е сама. Ѝ се придружува девојче од нејзиното одделение, кое веднаш го препознава поради необичната појава: му недостигаат два прста на едната рака. Девојчето дава предлог. Вака да го искористи телефон во домот на девојчето, а потоа ќе одат да си играат во собата на Вака. Но, откако ќе влезе во нивната куќа, веќе никогаш нема да излезе.
Дванаесет години подоцна, во истото училиште е пронајдено писмо со иницијали на луѓе што треба да умрат во 2016 година. Како овие настани повторно ги спојуваат детективот Хулдар и психологинката за деца Фреја? Каква е оваа пресметка?
По „ДНК“, втора книга од серијата „Детската куќа“.
-
Престанете да размислувате прекумерно
0320,00 денЗачекорете по патот кон смиреноста и уживајте во сегашниот момент
Дали сте често растревожени и под стрес? Не можете да заспиете постојано вртејќи ги низ глава настаните од денот и развивајќи безброј сценарија за иднината?
Прекумерното размислување е најголемата причина за несреќа, а и за многу болести. Со него влегувате во еден бескраен циклус на негативни мисли и го преоптоварувате умот со работи што никогаш нема да се случат или да имаат пресудно значење за вашиот живот. Тоа е исцрпувачки процес кој ви предизвикува дополнителен стрес, а не ги решава реалните проблеми.
Ник Трентон ни покажува како да влијаеме врз умот за да стекнеме поголема контрола врз своите мисли, да ги разбиеме негативните мисловни модели и да почнеме позитивно да размислуваме. И конечно, наместо постојано да се жалиме од минатото и да се плашиме од неизвесната иднина – да се фокусираме на сегашноста и да уживаме во секој момент од животот.
Прекумерното размислување не може да ви донесе позитивни резултати. Па тогаш зошто да бидете негов затвореник? Ослободете го умот од затворот што самите си го градите.
-
Престара за ова
0490,00 денТивкиот и повлечен живот на една жена,пензиониран сериски убиец,е нарушен од неочекувана посетителка. За да ја заштити својата тајна, и останува само една опција – Уште едно убиство.
-
Претседателот исчезна
0420,00 денПолитички трилер каков што може да напише само претседател на САД.
Претседателот исчезна. Цел свет е во шок. Причината за неговото исчезнување е многу пострашна отколку што можете да замислите.
Благодарение на зачудувачките детали кои можат да му бидат познати само на претседател на САД и неизвесноста каква што може да создаде само писател како Џејмс Патерсон, пред нас е најавтентичниот и највозбудливиот политички трилер на декадата.
-
Пријатели, љубовници и големото ужасно нешто
0700,00 денОмилената ѕвезда од „Пријатели“ нè носи зад сцената на хит-серијата и на неговата борба со порокот во овие искрени, забавни и разоткривачки мемоари што испраќаат моќна порака за надеж и упорност.
„Здраво, се викам Метју, иако можеби ме знаете и по друго име. Пријателите ме викаат Мети. И требаше да сум мртов.“
Вака започнува приказната на познатиот актер, која води од детските амбиции за слава сè до зависноста и закрепнувањето од неа. Тој нè запознава со: петгодишниот Метју, кој патувал од Монтреал до Лос Анџелес, врвејќи ја траекторијата помеѓу неговите разделени родители; со четиринаесетгодишниот Метју, кој веќе бил познат во цела Канада; и со дваесет и четиригодишниот Метју, кој ја зграбил посакуваната улога како водечки член на актерската екипа од пилот-серијата која првично била наречена „Пријатели како нас“.
Во извонредната приказна што само тој може да ја раскаже, Метју Пери го открива растуреното семејство во кое израснал, желбата да биде препознаен, и празнината што не можела да се пополни дури и кога неговите најголеми соништа биле остварени. Исто така, тој детално ги опишува мирот што го нашол во трезвеноста и чувството додека траела сеприсутноста на „Пријатели“, споделувајќи приказни за колегите од серијата, но и за други ѕвезди што ги запознал по тој пат. Искрен, самосвесен, и со хуморот како заштитен знак, Пери сликовито ја прикажува својата доживотна битка со пороците и како тие се родиле и покрај тоа што навидум имал сè.
„Пријатели, љубовници и големото ужасно нешто“ сe незаборавни мемоари кои се и интимни и ни ги отвораат очите, како подадена рака за секој што води некоја битка. Непоколебливо искрена, трогателна и бурно смешна, ова е книгата што фановите долго ја очекуваа.
-
Приказна за бојата
0250,00 денСонување во облаци. Одење по месечина. Летање. Слободно зачекорете во светот на фантазијата преточена во цртежи што ќе ве релаксираат и мотивираат. „Приказна за бојата“ е оригинална македонска боенка за возрасни и содржи 106 страници, кои ја поттикнуваат креативноста и се одлична можност за будење на уметничкиот дух и за пополнување на слободното време.
-
Приказна за едно семејство
0390,00 денОсумдесетти. Летата во Бари минуваат со џагорот на децата кои се бркаат низ лавиринтите од тесни улички поплочени со камен, чаршафите што се сушат на терасите поигруваат на ветрот, а мирисот на домашните кујни продира и во најскриените агли. Марија расте заедно со своите двајца постари браќа, Џузепе и Винченцо. Таа е мало девојче со карактеристичен изглед: голема уста и две речиси ориентални очи што сјаат како блескави сечила. Живее целосно втопена во безвременската атмосфера на стариот град, скриена во својот мал свет полн со омаловажувања – свет од кој е многу тешко да се излезе.
Единствените охрабрувања што ги добива во периодот од детството до адолесценцијата доаѓаат од Микеле, син на едно од најнесреќните семејства во старото Бари. Пријателството помеѓу Марија и Микеле станува сè посилно и посилно, и покрај отвореното непријателството помеѓу двете семејства и ударите што ги нанесува животот. Сè додека тие чувства помеѓу нив двајца – силни, а истовремено нежни – не прераснат во љубов. Љубов која, и покрај тоа што е забранета, не им дозволува да го мразат светот околу нив.
Писателката Роза Вентрела е новинар, историчар, а нејзините дела ја обработуваат состојбата на жените низ историјата. Нејзините романи редовно го привлекуваат вниманието на книжевната критика и објавувани се на многу јазици ширум светот.
-
Приказна за изгубеното девојче
0600,00 денКнигите се пишуваат за да се каже она што се мисли, а не за да се прикрива вистината.
Четврта, завршна книга од Неаполскиот серијал. Величествено финале на најголемата книжевна сага на 21 век.
Брилијантната Елена и нескротливата Лила веќе се во зрели години. Низ сите голготи што им ги приреди судбината, нивното пријателство беше центарот на гравитацијата околу кој се движеа нивните животни приказни. И кога се чини дека сите лекции се научени и сите болки се веќе преболени, се соочуваат со најголемата загуба.
Двете жени се бореа да избегаат од маалото во кое пораснаа. Елена се омажи и се пресели, објави неколку книги, но се врати во Неапол за да биде со мажот што го сака. Од друга страна, Лила никогаш не успеа да се ослободи од своето минато. Иако сиот живот се обидуваше да го избегне, сега станува незапирлив водач во тоа окружување и успешен претприемач. Сѐ до кобниот ден…
Наспроти заводливата и опасна заднина на Неапол, приказната за пријателството е раскажана со неповторлива искреност и красноречивост. Сите четири дела од оваа сага создаваат незаменлива приказна која со секое навраќање им носи на читателите нови откритија.
„Неверојатен завршеток на најбараната сага за силната пријателска врска меѓу две жени, од горчливото детство во Неапол до нивните зрели години.“
Паблишер викли
„Беспрекорен, зачудувачки книжевен еп.“
Њујорк тајмс
„Секој треба да ги прочита книгите на чии корици стои името Феранте.“
Бостон глоуб