Филтер по цена
Жанр
Автори
  • Одберете си сопствен среќен крај: Топло ладно лето

    Одберете си сопствен среќен крај: Топло ладно лето

    0

    На последниот училиштен ден, Френки Џонс може да очекува долго, топло, здодевно лето во коешто ќе може да другарува само со нејзината гитара. Но ненадејно…
    Френки добива шанса да замине за Лондон. Сака да оди, но ова патување значи и повторна средба со Џек – момчето кое ѝ го скрши срцето. Дали им претстои обновување на романсата? Или конечно Френки ќе докаже дека може да го преболи?
    Татко ѝ на Френки ја поканува да го помине распустот со него на плажа. Но набрзо таа дознава дека на патувањето треба да се придружат и новата девојка на татко ѝ и нејзината ќерка Ели. Френки се разочарува. Дали ќе успее воопшто да помине време со татко ѝ или ќе мора постојано да е со Ели, нејзината нова (не)пријателка.
    Во оваа приказна од типот„одбери ја својата патека“, ВИЕ сте одговорни за одлуките на Френки и од вас зависи како ќе заврши оваа приказна. Следете го срцето до крајот или вратете се и одберете поинаков пат.

    250,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Одбивна среќа

    Одбивна среќа

    0

    Што би се случило ако погледнеме подалеку од видливото?

    Неодолива збирка од 11 раскази со семејна, еротска, фантастична и хорор тематика. Гиљермо Мартинес балансира на работ помеѓу разумноста и лудилото, помеѓу фаталноста и случајноста, помеѓу соништата и кошмарите, нè запознава со духовната бездна на неговите ликови, кои се соочуваат со необични, дури и екстремни ситуации. Се појавуваат сладострасни професори и заводливи студентки, овенати барски дами и голобради заводници, сенилни и мрачни баби и уморни татковци, тенисери, болничари, имагинарни книжевни величини, криминалци и жртви, обичен свет.

    Покажувајќи ги слепите точки во односите меѓу луѓето, Мартинес успева да нè стресе кога гледаме како она што ни е најсакано е на чекор да стане чудно, и како, во одредени околности, го допираме дното без да знаеме како сме стигнале дотаму.

    Сите овие приказни се раскажани со „поглед со кој апсурдното, ужасното, фантастичното и чудното се третираат со апсолутно мајсторство“, се вели во одлуката на жирото на хиспаноамериканската награда за најдобар расказ „Габриел Гарсија Маркес“, доделена првпат токму на – Гиљермо Мартинес.

    Наградениот расказ „Мајка заштитничка“ е адаптиран во филмот „Син“ во 2019 година во продукција на „Нетфликс“.

    300,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Одбраната на Лужин

    Одбраната на Лужин

    0

    Зад перипетиите од животната приказна на генијалниот јунак во книгата, надарениот и безумен руски шахист Александар Иванович Лужин, на читателот постепено му се открива постојаната и најважна тема од творештвото на Набоков  развојот и повторувањето на тајните петна во човечката судбина. Шаховската одбрана што тој ја разработува полека станува алегорија за одбрана од самиот живот во кој неговата трауматизирана болна свест проѕира нечии злонамерни дејствија, слични на шаховските потези. Во настаните од сопствениот живот Лужин ги гледа последиците од кобните влијанија на својот невидлив противник  судбината, и, откако нема да успее да ги одгатне нејзините скриени шеми, го избира единственото можно решение излегување од играта…

    „Одбраната на Лужин“ е третиот роман од т.н. руски период на Владимир Набоков со кој овој автор изгради силно литературно име и кој го смести во првите редови на писателите од руската емиграција.

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Оддел Д

    Оддел Д

    0

    Студентката на медицински факултет Ејми Бренер треба да ја помине ноќта во заклучен психијатриски оддел.

    Ејми е преплашена од ноќните смени во Одделот Д, одделот каде што се чуваат пациентите со ментални нарушувања. Постојат многу специфични причини што таа никогаш не сака да ја работи ноќната смена во тој оддел. Причини коишто никој не смее да ги дознае.

    Како што часовите минуваат, така Ејми станува сѐ поубедена дека нешто ужасно се случува во тие строго обезбедени и изолирани ѕидови. Кога пациенти и вработени почнуваат да исчезнуваат без трага, станува повеќе од јасно дека сите во одделот се во смртна опасност.

    Најголемиот кошмар на Ејми е да ја помине ноќта во Одделот Д. А сега можеби и никогаш нема да може да побегне од таму.

    520,00 ден
    Додај во кошничка
  • Оддел за рак

    Оддел за рак

    0

    АКО НЕКОЈ ЧОВЕК САКА ДА БИДЕ СРЕЌЕН – ТОГАШ ЌЕ БИДЕ СРЕЌЕН И ТАА СРЕЌА НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА МУ ЈА ПОМАТИ.

     

    „Оддел за рак“ е длабока студија за современите канцерогени болести на телото и душата, и на човекот и на државата – и двете еднакво смртоносни. Величествен роман во кој е сумирано огромно количество човечки страдања и историски настани, ремек-дело на светската литература.

    Две години по смртта на Водачот, сите „жители“ на одделот означен со злокобниот број 13 се само дел од механизмот сè уште проникнат од сталинизмот. Дојдени од различни краишта на големата советска земја и од различни сталежи, секој од нив ја раскажува својата животна приказна – според замислата на Солженицин, „секој херој станува главен кога дејството стигнува до него“. Препуштени на безмилосната судбина,тие се осудени на немоќно одбројување на деновите што се обидуваат да го ублажат со своите зборови. Соочени со приближувањето на крајот, пациентите од одделот за рак прераснуваат во олицетворение на денешната ситуација и на стравовите на современиот човек, немоќен и беспомошен пред лицето на смртта.

     

    „Без сомневање еден од најголемите руски романсиери.“

    Сандеј тајмс

    „По својата структура, романот неверојатно потсетува на катедрала: во него има огромни пространства, мноштво сводови и неколку димензии – белетристичка, духовна, социјална.“

    Хајнрих Бел

    „Солженицин е една од најголемите фигури на времето, како писател, како етичар, како херој.“

    Едвард Кранкшо

    500,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Оди, постави стражар

    Оди, постави стражар

    0

    Една брилијантно напишана книга за американскиот Југ, за една млада жена која спознава дека нејзиниот татко не е совршен, не е бог.

    Јунаците може да паднат, а понекогаш тоа е и неопходно.

    „Оди постави стражар“ е книга за паднатите идоли и за одземањето на илузиите. Книга за промената и за тоа колку им е на луѓето тешко да се разделат од своите идентитети и да продолжат понатаму, кон иднината.

    А чуварот на секој човек е токму неговата совест.

    700,00 ден
    Додај во кошничка
  • Одмазда

    Одмазда

    0

    Правдата е како вода. Секогаш си го наоѓа патот.

    Уште еден грабеж на банка во центарот на Осло и нова жртва. А мотивот на маскираниот ограбувач е крајно бизарен… Случајот му е доделен на вишиот инспектор Хари Хуле. Тој добива и нова партнерка, ќерка на легендарен полицаец кој и самиот загинал од ограбувач на банки… Во меѓувреме, сликарката Ана – старата љубов на Хари – е најдена мртва во нејзиниот заклучен стан, токму ноќта по неговата посета…И само што ќе ги затворат случаите како решени – нов грабеж на банка, нова жртва и нови, неочекувани докази. Единствениот кој може да помогне е озлогласениот Раскол, кој во меѓувреме им се предава на властите…
    Дали навистина одмаздата е таа што ги движи луѓето? И што се случува кога двајца браќа ќе се вљубат во иста жена?

    „Така се пишуваат криминалистички романи – читателот да го полазат морници, да го чекаат изненадувања на секој чекор“. Vasterviks-Tidningen

    500,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Одмаздата на богомилката

    Одмаздата на богомилката

    1

    Две жени. Едно минато. Безброј тајни.

    За колкумина од оние што ги познавате можете да сте сигурни дека љубовта или болката не го бојадисале нивниот живот, во бои зависно од чувствата што ги одбележале. Во „Одмаздата на богомолката“, Оља Петрушевска-Томева нѐ води низ мрачен и сензуален лавиринт од емоции, каде љубовта и болката се вечни сопатници. Сара е силна, но длабоко повредена жена, чие детство е обележано со загуба, насилство и молк. Нејзината глад за правда и одмазда ја турка низ светот, од темните тајни на родниот град до блескавите фасади на меѓународниот бизнис. Кога се враќа дома, минатото ја пречекува со отворени раце-старата болка, заборавените пријателства, нераскажани вистини. Повторната средба со самата себе, средбата со сестра  ѝ Ева, нерешените убиства, мистериозниот инспектор и незаменливиот пријател Филип, единствениот маж нејзиниот живот – сите се дел од мозаикот што полека се составува. Или можеби само така изгледа..

    Дали крајот е навистина крај? Или е само уште еден почеток?

    Овој психолошки роман со елементи на трилер и длабоки емотивни слоеви ќе ве натера да се прашате колку навистина познавате некого-па дурии самите себе.

    370,00 ден
    Додај во кошничка
  • Одмаздата на богомолката

    Одмаздата на богомолката

    0

    ЗА ДВЕТЕ НАЈГОЛЕМИ ЧОВЕКОВИ СОПАТНИЦИ ВО ЖИВОТОТ: ЉУБОВТА И БОЛКАТА.
    За колкумина од оние што ги познавате можете да сте сигурни дека љубовта или болката не го бојадисале нивниот живот, во бои зависно од чувствата што ги одбележале? Ако се замислиме, ќе сфатиме дека всушност на секој возрасен човек љубовта и болката се навистина најчестите сопатници во животот.

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Одмотајте го клопчето на анксиозноста

    Одмотајте го клопчето на анксиозноста

    0

    Бестелсер на „Њујорк тајмс“ и на „Волстрит џорнал“

    Како да ги прекинете циклусите на загриженост и страв и да се излечите со помош на науката

    Живееме во еден од најанксиозните периоди во човечката историја. Соочени со општествени проблеми, како што беше ковид-пандемијата, или со лични проблеми што нè наведуваат на алкохол, цигара или храна, ние постепено ја губиме контролата.

    Денес речиси сè се подведува под анксиозност, од вознемиреност до паника. Таа поттикнува низа зависни однесувања, од прекумерно јадење до неразумно користење на социјалните мрежи. Д-р Бруер нè учи да го мапираме својот мозок за да ги откриеме нејзините предизвикувачи, да ги смириме со едноставната и моќна практика на љубопитност и да ја надминеме користејќи свесност и други докажани алатки.

    Со над 20-годишни истражувања и практична работа со илјадници пациенти за надминување на анксиозноста, д-р Бруер создал потврдена програма погодна за секој од нас – за да можеме вистински да го живееме животот.

    „Најтешко во борбата против секоја лоша навика е соочувањето со анксиозноста што ја предизвикала. Авторот ни нуди револуционерна програма со одлични совети и корисни упатства што секој може да ги следи за да се чувствува подобро.“

    Би Џеј Фог, доктор по психолошки науки

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Океј сме

    Океј сме

    0

    Марин не прозборела со никој од нејзиното минато од моментот кога го остави зад себе. Никој не ја знае вистината за тоа што се случило во последните недели. Дури ни нејзината најдобра другарка Мабел. Но, и илјадници километри подалеку од брегот на Калифорнија, на колеџот во Њујорк, Марин сè уште го чувствува влечењето на животот и трагедијата што се обидува да ги преброди.

    Сега, месеци подоцна, сама во празен студентски дом во текот на зимскиот распуст, Марин чека. Мабел ѝ доаѓа во посета, а таа ќе биде принудена да се соочи со сè што премолчила и конечно да ѝ се спротивстави на осаменоста што се вдомила во нејзиното срце.

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Оклопно срце

    Оклопно срце

    0

    Две жени се пронајдени мртви во Осло, удавени во сопствената крв. Полицијата е збунета од убодните рани што ги имаат во устата, зашто се нанесени однатре…

    Одделението за крвни деликти ја праќа Каја Сулнес во Хонгконг, за да го пронајде единствениот норвешки експерт за сериски убијци. Легендарниот полицаец склон кон алкохол се крие во милионскиот град од сеништата од поранешните истраги, сеќавањето на љубената жена и од собирачите на долгови. Но бројот на жртви расте и Хари Хуле неволно се вклучува во истрагата по мистериозното оружје на новиот сериски убиец, која ќе го однесе во срцето на темнината – Белгиско Конго. А патиштата на сите жртви се вкрстуваат во еден планински дом во Норвешка, каде што многу лесно може да се остане заробен во снежните лавини…

    „Овој роман нуди вистински задоволства, три неверојатни пресврти и последни 150 страници што прелетуваат додека да трепнеш.“ УСА тудеј

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Оливија и Снегулка

    Оливија и Снегулка

    0

    Оливија е многу среќна поради тоа што е во Академијата за еднорози. Се надева дека нејзиниот мил еднорог, Снегулка, ќе ја открие магичната моќ пред доделувањето на дипломите!

    Сите се зафатени со украсување на Академијата за еднорози за свечената прослава, но изгледа дека некој се обидува да ја уништи забавата. На Оливија и Снегулка останува да ја спасат ситуацијата – и училиштето!

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • Оние што си заминаа и оние што останаа

    Оние што си заминаа и оние што останаа

    0

    Мајка! Колку моќно звучи тоа. На овој свет веројатно нема ништо посилно од мајчинството. Дури ни оние што заминале од своето родно место, во потрага по подобар и поудобен живот, далеку од своето огниште не можат да ја раскинат оваа врска. Луѓето постојано се во потрага по поубава средина, може да се каже отсекогаш и од секаде. Но, во седумдесеттите и осумдесеттите години од минатиот век, Исламската револуција предизвикува неверојатен егзодус и исе­лување на Иранците низ светот. Речиси не останува некое градско семејство, а да не е распарчено и да нема некој од тоа семејство што не заминал од татковината. Од својот дом. Долги години живеат разделени, без можност да се видат или да бидат во некаков контакт. Разделбата е до тој степен, што дури има браќа и сестри што не се разбираат и само варијациите на правописот од нивните презимиња е сè што останало од нивната некогашна цврста врска.
    Оваа книга ја раскажува приказната за семејното обединување на мајката и нејзините шест деца со нивните сопружници по триесет години разделба. На почетокот, сите се возбудени, полни со љубов и се запознаваат со новите членови на семејствата. Се сеќаваат на златните денови од нивното детство. Се гостат со вкусните персиски јадења по кои копнеат додека се во странство.
    Но, наскоро ќе почнат да се појавуваат несогласувања за политичките и општествените прашања. Тензиите се зголемуваат и тајните ќе испливаат на површината. Оние што заминаа имаат бледи сеќавања на убавите денови од младоста. Оние што останаа имаат замисла дека светот од другата страна е совршен. Ниту двете страни немаат вистинска претстава за животот далеку од нивните очи.
    Сега останува само едно нешто што ги врзува двете страни и може да ги натера да зборуваат, да си ги кажат маките и да се обидат да се запознаат одново: Нивната Мајка.

    Уште еден бестселер на Паринуш Сание, авторката на светски поз­натите хит-романи „Запишано во ѕвездите“ и „Го сокрив мојот глас“, објавени на македонски јазик во 2017 и 2018 година.

    430,00 ден
    Додај во кошничка
  • Опијатите на лепословието

    Опијатите на лепословието

    0

    Венко Андоновски (1964) е еден од нашите најчитани писатели. Добитник е на сите значајни домашни награди за проза и драма, како и на неколку меѓународни признанија. Професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, критичар и теоретичар, овој пат под критичка лупа ги става своите дела.

    Оваа книга е моја лична теорија за романот, расказот и драмата, книга во која не само што пишувам за своите дела туку и откривам некои свои „мали тајни“ на пишувањето. Во неа тврдам дека љубовното мелодрамско е брашното, трилерот е квасецот, апсурдот е месото, а гледните точки и „блендата“ на раскажувањето се зачините во тој „рецепт“ за „мојот специјалитет“ – романот. Говорам и за невидливите огледала поставени на тајни места, во кои се огледува текстот, пропаѓајќи вртоглаво во самиот себе. Говорам и за „температурата“ на текстот и како јас ја одржувам, како ја качувам или ја спуштам, а ја изнесувам и тезата дека температурата на текстот влијае врз температурата на душата кај читателот. Оваа книга е мој личен „прозен готвач“ и се надевам дека ќе им помогне и на други писатели кои се бараат себеси – да се пронајдат, зашто секој си смислува свој личен рецепт и има свој личен стил до кој самиот доаѓа. А ќе им помогне и на читателите – ќе им покаже како да читаат лепословија.

    Венко Андоновски

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Опкружени со идиоти

    Опкружени со идиоти

    0

    Дали понекогаш имате чувство дека сте опкружени со идиоти? Не разбирате никого, не успевате да се договорите со партнерот, со колегите, роднините, соседите… Не сте единствени!
    ***
    Книгата Опкружени со идиоти ви помага да сфатите како, навистина, функционираат многу нешта во човековото однесување и размислување. Покрај брилијантниот опис на различните типови личности, класифицирани според боите, Томас Ериксон внесува и малку хумор и го прави тоа на забавен начин.
    Кога ќе ја разберете психологијата на различните личности, ќе го приспособите и својот начин на комуникација, ќе успеете подобро да се разбирате и да соработувате со луѓето што се разликуваат од вас.
    На тој начин и животот ќе ви биде поубав и помалку комплициран.
    ***
    Авторот ви гарантира дека по читањето на оваа книга, бројот на идиоти околу вас драматично ќе се намали.

    399,00 ден
    Додај во кошничка