-
Министерство за врвна среќа
0500,00 денПриказната во „Министерство за врвна среќа“ полека и мајсторски се ткае низ сиромашните квартови на Делхи и низ рајските пејзажи на Кашмир. Рој раскажува за ликови кои на прв поглед се чинат маргинални и кои во други приказни веројатно би останале заборавени, но овде полека се претвораат во јунаци. Раскажувајќи за немирот и болката, за среќата и надежта, Рој гради епски портрет на современа Индија, но и грандиозна слика на нашето денешно општество.
Варирајќи од љубовна приказна до историски роман, од семејна сага до политичка сатира, „Министерство за врвна среќа“ е дело какво што се среќава сосем ретко, роман во својот чист и моќен облик. -
Минхен
0390,00 денХју Легат, британски дипломат во подем на служба во улицата „Даунинг“ бр. 10, е личен секретар на претседателот на владата Невил Чембрлен. Паул фон Хартман работи во Министерството за надворешни работи на Германија – а тајно е припадник на антихитлеровското движење на отпорот. Тие двајца биле пријатели на Оксфорд во дваесеттите години, но оттогаш немаат никаков контакт. Сега, затоа што Хју стигнува со авион како придружба на Чембрлен, а Хартман патува во Хитлеровиот воз од Берлин, нивните животи повторно ќе се вкрстат во Минхен, со навидум катастрофални последици. Роберт Херис прикажува настани со голема историска важност. На сцена ги извадил Хитлер, Чембрлен, Мусолини и Даладје и ги поставил во срцето на напнат, динамичен шпионски трилер за предавството и совеста, лојалноста и измамата, што се случува во периодот на судбоносната минхенска конференција во септември 1938 година.
-
МИР СО СЕКОЈ ЧЕКОР
0280,00 денБудниот ум ќе се погрижи за сѐ, како што сонцето се грижи за вегетацијата.
Мир со секој чекор, ремек-дело на современиот мудрец и духовен учител Тич Нат Хан, ни ги открива древните холистички учења за практична примена при секојдневните проблеми.
Обземени од виорот на современиот живот, забораваме дека духовниот мир и среќaта ни се на дофат на раката. Доволно е само да живееме во склад со здравиот разум, да го забавиме темпото и со буден ум да уживаме во секој миг. Сѐ што правиме е поетски чин или уметничко дело, доколку тоа го правиме со буден ум. Будниот ум е темел на среќниот живот и него можеме да го одржуваме низ секојдневна медитација. А медитацијата – свеста за сопственото тело и дух по пат на свесно дишење, можеме да ја изведуваме и додека миеме садови, јадеме или чекаме пред семафорот.
Кога имаме буден ум и внатрешен спокој, се исполнуваме со љубов, сочувство и алтруизам. Со нивна помош создаваме атмосфера на мир и хармонија, која понатаму се шири од индивидуалецот на семејството, од семејството на заедницата и на крајот – на целиот свет.
Мир со секој чекор е книга која нè учи како да го смениме својот светоглед… таа ни отвора видици кон похуман начин на живот. Паблишер викли
-
Мирисот на листовите чај
0500,00 денСместена во дваесеттите години на минатиот век, приказната ја следи младата Англичанка Гвен, која има среќа да ја сретне љубовта на својот живот – русокосиот сопственик на плантажа од Цејлон (денес Шри Ланка). Таа доаѓа со пароброд на островот за да стапи во брак што ветува долг и мирен живот среде високите зелени ридови со чај. Но Лоренс е постојано на работа, а неговата млада сопруга мора сама да ја истражува плантажата.
Талкајќи по забранетите места, Гвен наоѓа заклучена врата, премолчено минато. Гвен наскоро ќе остане бремена, а нејзиниот сопруг е пресреќен. По породувањето таа се соочува со страшната одлука што мора по секоја цена да ја скрие од Лоренс. Кога вистината ќе излезе на виделина, дали сопругот ќе може да ѝ го прости на Гвен тоа што го направила?
-
Мисија: обнови го градот!
0290,00 денНЕВЕРОЈАТНА АВАНТУРА ВО КОЈА ЗАЕДНО СО ЏЕРОНИМО СТИЛТОН ЌЕ СМИСЛУВАТЕ ИДЕИ И ЌЕ ПРОНАОЃАТЕ НАЈРАЗЛИЧНИ РЕШЕНИЈА КАКО ПОЛЕСНО ДА ФУНКЦИОНИРА ГРАДОТ ВО КОЈШТО ЖИВЕЕТЕ!
-
МИСЛИ И ЗБОГАТИ СЕ
1400,00 денМисли и збогати се е можеби најважната книга за успехот некогаш напишана, и поради неа Наполеон Хил се смета за татко на целата мотивациска литература што се пишува и денес.
Хил посветува цели 25 години со намера да ја открие тајната за стекнување на богатство и да одговори на прашањето Што е она што те прави победник? Резултат на истражувањето на карактеристиките и особеностите на преку 40 милијардери, Хил развива 13 принципи во форма на филозофија за личен развој и успех. Книгата се темели на тврдењето дека секоја индивидуа која има желба, верба и истрајност, може да стигне до зацртаната цел без разлика колку недостижно и да изгледа. Ако можеме да научиме да мислиме како милијардер, тогаш може и да почнеме да се однесуваме така, и на крајот да станеме еден од нив.
Нарекувајќи ја „најдобрата формула за успехот“, оваа книга е досега продадена во повеќе од 70 милиони примероци. Следејќи ги овие правила и совети, успехот во бизнисот но и во секоја друга сфера од животот станува извесен. Не го оставајте успехот за утре, прочитајте уште денес!
Во текот на изминатите дваесет и пет години уживам во среќа и благосостојба повеќе отколку што заслужува секој човек, но ме полазуваат морници кога ќе си помислам каде би бил денес и што би правел да не дојдев во допир со филозофијата на Наполеон Хил. Тоа ми го смени животот. Ог Мандино, Најголемиот трговец на светот
-
Мисли и збогати се: Практични чекори
0400,00 денНишто не е невозможно кога желбата е поткрепена со цврста верба.
За многу луѓе успехот изгледа лесен и достапен. Тие не работат повеќе од вас, ниту се поинтелигентни или поостроумни. Која е нивната тајна? Наполеон Хил ја знае, а сега и вие можете да ја откриете.
„Мисли и збогати се“, продадена во над 20 милиони примероци, е бизнис-класика без која не може да се замисли овој вид литература, а и безброј успешни луѓе. Книгава, пак, што ја држите в раце изобилува со практични чекори и трансформативни методи со чија помош лесно и брзо од идеја ќе стигнете до немерлив успех.
Секој кој има јасна замисла, зацртана цел и горлива желба да ја претвори во реалност, решително ќе работи да си го оствари сонот и да стане успешна и среќна личност. Секому во животот му се појавува можност за пресвртница. Треба само да ја насетите и да запомните дека практичните сонувачи никогаш не се откажуваат! Нема исклучоци. Сè што умот може да замисли и во што верува – може и да го оствари.
-
Мистериозниот град под калето
0590,00 денДали си подготвен за една суперавантура, стотици години наназад низ историјата во нашиот главен град, Скопје? Да истражуваш, да се бориш и да се криеш, да бидеш вистински јунак? Оваа книга нема да ја читаш по вообичаен редослед. Низ страниците ќе се соочиш со многу предизвици. Ќе се запознаеш со Скопје и со јунаците од неговото минато кои се споменуваат и до ден-денес, бидејќи со своите дела, храброста и јунаштвото оставиле печат зад себе. А сега, ти си на ред да станеш јунак. Додека се движиш низ страниците на оваа книга, мораш да бидеш многу храбар и мудар. Ако се случи да се изгубиш, не предавај се, обиди се повторно. Книгата секогаш ќе те врати на вистинскиот пат! Со помош на оваа авантура ќе научиш еден дел од историјата што е значаен за нашиот главен град. Тоа е периодот кога градот Скопје бил под османлиска власт. Ќе посетиш многу објекти значајни за тоа време и кои до ден-денес постојат за да нè потсетуваат дека Скопје е град со многувековна традиција.
-
МИСТЕРИОЗНИОТ ОСТРОВ
0250,00 денОд еден до целата љубопитност на светот, колку сакаш да знаеш што има на мистериозниот остров?
Ако одговорот е: многу, тогаш и ти си истражувач како Стела и Сани.
Ним не им бега нути една трага.
Собирање докази или пловење по море?
Овде ти избираш како ќе ја читаш приказната.
ТЕ ЧЕКАМЕ ВНАТРЕ! -
Мистериозниот случај во Стајлс
0380,00 денДејството на овој роман се одвива во Англија за време на Првата светска војна на имотот Стајлс Корт, каде што живеат повеќе членови од семејството на Емили Инглторп. Таа го има наследено имотот од нејзиниот прв сопруг, покојниот господин Кавендиш.
Едно утро Емили ја наоѓаат мртва, со голема веројатност дека била отруена, што само по себе веднаш станува мистерија. Се работи за очигледно убиство, но со оглед на тоа што нејзината соба е заклучена однатре, не се знае кој успеал да го стори злосторството.
За Херкул Поаро мотивот за убиството на Емили Инглторп е нејзиното богатство, а осомничени се речиси сите од домаќинството: нејзиниот млад сопруг Алфред Инглторп, посиноците Џон и Лоренс Кавендиш, како и Мери, сопругата на Џон, Синтија, штитеничката на Емили, и Евелин, нејзината верна придружничка.
Романот „Мистериозниот случај во Стајлс“, објавен во 1920 година, е првиот роман на Агата Кристи во кој се среќава ликот на Херкул Поаро, каде што тој на брилијантен начин ќе успее да поведе истрага и да го реши ова убиство
-
Митот за нормалното
0690,00 денТраумата не е она што ви се случува вам, туку она што се случува во вас.
Во револуционерната книга „Митот за нормалното“ Габор Мате докажува дека нашата емоционална состојба и меѓучовечките односи се во тесна врска со здравјето и болеста. Според овој реномиран лекар, и покрај сета наша стручност и технолошкиот напредок, западната медицина сѐ уште не му пристапува на човекот како на целокупна личност, туку се сосредоточува само на болеста. Нашите лекари го занемаруваат фактот дека целата денешна култура на живеење го изложува телото на стрес, го оптоварува имунолошкиот систем и ја разнишува емоционалната рамнотежа.
По четири децении богато клиничко искуство, Мате согледал дека она што се сфаќа како нормално е погрешно, зашто го занемарува влијанието на доживеаните негативни искуства и на стресот. Во некој момент од животот потиснатите трауми испливуваат на површина во форма на болест. Токму затоа, медицината треба да ја согледа поврзаноста на умот и телото и да прифати дека тие се цврсто испреплетени и дека нашиот целокупен систем има едно име – телоум.
Напишана заедно со неговиот син Даниел, оваа е најамбиоциозната, можеби и најважната современа книга за здравјето. Таа е водич кон исцелувањето и претставува неодложен повик за спас на современиот човек.
„Книга во која читателите можат да најдат засолниште и утеха во моменти на длабока лична и општествена криза, која може да послужи како компас кога ќе се изгуби ориентацијата.“
– Естер Перел, психотерапевт, автор и водител на поткастот Од каде да почнеме?
Габор Мате нѐ води на епско патување за да откриеме како нашата емоционална благосостојба и социјалната поврзаност (т. е. начинот на кој живееме) се тесно испреплетени со здравјето, болестите и зависностите.“
– Бесел ван дер Колк, автор на Телото памети
„Мудро, промислено, прецизно и креативно: интелектуално и сочувствено истражување за тоа кои сме и кои можеме да станеме. Битно четиво за секој човек.“
– Тара Вестовер, авторка на Образована
-
Михаел Шумахер: Врвот на величественоста
0300,00 денМожете да го сакате или да го мразите – но статистиката зборува во негово име: седумкратен Ф1-шампион, рекордна 91 гран-при победа, единствен возач во историјата што во една сезона (2002) не завршил ниту една трка под третото место. Накратко: уште пред четириесеттата година од својот живот, Михаел Шумахер е една од најголемите легенди на најбрзиот спорт.
Во „Врвот на величественоста“, Џејмс Ален, некогашниот коментатор за Формула 1 на ITV и актуелен кореспондент за BBC News F1 и BBC Radio 5 Live, во ексклузивна соработка со најблиските соработници на Шумахер, ни ја открива двојната историја на создавањето на оваа легенда: онаа за благодарниот и хуман татко и пријател и онаа за екстра-талентираниот, препреден и суров шампион.
Книгава е дополнета со разговор со авторот Џејмс Ален, направен специјално за ова издание и првпат објавен овде, на македонски јазик. Во моментот на печатење, македонското издание е најосовременетата биографија за Михаел Шумахер на кој и да е светски јазик.
-
Младиот Кастро: како се создаваше еден револуционер
0480,00 денОваа книга претставува интимен, ревизионистички портрет на раните години на Фидел Кастро и покажува како еден млад Кубанец ја водел својата земја во револуција и го преобликувал светот.
Книгата ќе ви го промени начинот на размислување за Фидел Кастро. Досега, биографите го третирале животот на Кастро како обвинители, пребарувајќи низ неговото минато во потрага по докази за осудување на оваа личност што не ја сакаат или не ја разбираат. А тоа неретко може да резултира со лошо прикажување на историјата и незадоволителна биографија.
„Младиот Кастро“ ги предизвикува читателите да го остават настрана често карикатуралниот приказ на брадосана, антиамериканска вжештена глава со пура во устата и да откријат како Кастро станува диктаторот, кој изгледа како трн в око на американските претседатели речиси половина век.
-
Млеко и мед
0300,00 денКнигата „Млеко и мед” од авторката и илустраторка Рупи Каур е најпродаваната колекција на поезија и проза според Њујорк Тајмс. Продадена е во повеќе од еден милион копии низ светот и преведена е на повеќе од 30 јазици.
„Млеко и мед” е збирка поезија за љубовта, загубата, траумата, малтретирањето, зацелувањето и женственоста. Поделена на четири поглавја и секое поглавје има друга цел, се справува со различен тип болка, лекува друг тип болка во срцето .„Млеко и мед” ги води читателите на патување низ најгорчливите моменти во животот и наоѓа слатки нешта во нив – затоа што слатки нешта има насекаде, само ако сте желни да ги побарате.
-
Млечни заби
0300,00 денДури и животот во пустелија може да зазелени, ако ни цути нашата внатрешна градина.
Што останува кога заминуваме, кој се сеќава на нашиот изминат пат?, се прашува Скалде во куќата полна со тишина и тајни. Таа го знае светот само од раскажувањето на мајка ѝ Едит. Ретко ја преминува границата на домот, ретко се среќава со далечните соседи. Светот е застрашувачко место. Никогаш нема видено сино небо, нивното село е покриено со магла. Некогаш имало снег и дожд, зелена трева и дрвја полни со овошје, но сега земјата е сува е неплодна.
Ненадејно, во оваа пустелија пристигнува девојчето Мајзис. Од каде? Никој не знае. Токму таа е причината поради која Скалде одбива да ја слуша мајка си и заканите од соседите. Љубопитството и пркосот ѝ стануваат позначајни од безбедноста.
Извонреден и освестувачки, дебитантскиот роман на Хелене Буковски зборува за тоа што значи да се живее со разорните влијанија на климатските промени и да се биде мајка отпадник од општеството. Дистописка приказна во која секој посведочен момент и изговорен збор се стежнати од важноста на тивкиот, внатрешен свет на ликовите што живеат на крајот од светот.
„Модерна бајка – топла, но не сентиментална. За познати, а сепак мистериозни работи. Неколку дена живеев во старата куќа покрај шумата со Скалде, Едит и Мајзис и на крај сосила бев извлечкан од вратата. Ретко кои ликови толку ми прираснале за срце.“
Филип Винклер
Оваа книга е дел од едицијата „Нашите приказни“ која е кофинансирана од Прорамата на Европската унија „Креативна Европа“.
-
Модар накит
0250,00 денФилиз е девојче израснато во мало курдско село во Анадолија. На дванаесет години го запознава неколку години постариот Јунус и се вљубува во него. Сонува за заеднички живот во Западна Европа. Набрзо тајно и без дозвола од родителите се венчава со него, но кратко по венчавката се уриваат нејзините соништа дека ќе носи фармерки и ќе живее среќно во Германија. Наместо фармерки носи бурка, раѓа три деца и доживува физичко и психичко малтретирање од сопругот и од свекрвата. Ниту по мигрирањето во Австрија, животот не ѝ се променува. Дури откако ситуацијата ќе ескалира, на Филиз ѝ успева навидум невозможното: да се ослободи од постојаната тортура во домот.
Базиран на вистински настани, овој роман е одраз на една вистинска ситуација преземена од денешнината. Во рамките на оваа потресна приказна за семејното насилство, метафората на „модриот накит“ дејствува впечатливо и моќно.