-
Изопачени игри
0520,00 ден(Серијал TWISTED #2)
Сериозниот, арогантен и секогаш намуртен елитен телохранител Рис Ларсен има две правила: прво, да ги заштити своите клиенти по секоја цена и второ, да не се вплеткува емотивно, никогаш. И никогаш претходно не бил во искушение да ги прекрши тие правила… сѐ додека не ја запознае неа.
Бриџет фон Ашеберг. Принцеза тврдоглава подеднакво како него, со скриен оган кој ги претвора неговите правила во пепел. Ден по ден, чекор по чекор, ги руши неговите одбранбени ѕидови и го соочува со вистината што повеќе не може да се одрекува: има дадено заклетва дека ќе ја штити, но сака само да ја уништи. Да ја земе. Бидејќи таа е негова. Негова принцеза. Неговото забрането овошје. Секоја негова фантазија.Принцезата сонува за слобода да живее и да љуби човек по свој избор. Но наеднаш е соочена со политички брак и трон кој никогаш не го ни посакувала. Затоа не смее да копнее по човекот кој не може да го има. Нејзиниот телохранител. Нејзиниот заштитник. Оној кој ќе ја уништи. Нивната љубов, неочекувана и забранета, може да уништи кралство… и да ги осуди на пропаст двајцата. -
Изопачени лаги
0590,00 денУбиствено шармантен и доволно паметен за да го крие тоа, Кристијан Харпер е монструм во совршено скроен дизајнерски костум како вистински џентлмен. Не се оптоварува со морали, уште помалку со љубов, но не може да негира дека нешто необично го влече кон жената која живее на катот под неговиот. Таа му ги буди најмрачните копнежи, таа е единствената сложувалка што тој не може да ја реши. И кога му се укажува шанса да ѝ се доближи, ги прекршува сопствените правила нудејќи ѝ зделка што знае дека нема да може да ја одбие.
Секој монструм има слабост. А таа е неговата. Неговата опсесија. Неговата зависност. Неговиот единствен исклучок.
Слатка, срамежлива и интровертна и покрај славата на социјалните медиуми, Стела е романтична душа која го чува своето срце во кафез. Благодарение на тоа што работи две работи, нема ниту време, ниту желба за романтична врска. Но опасност од минатото ја втурнува во рацете – и куќата – на најопасниот човек кој го познава, па за првпат по долго време паѓа во искушение да си дозволи да чувствува. Затоа што, иако е ладен, Кристијан прави таа да се чувствува заштитено, страстно, посакувано. Но нивната љубов е полна со тајни и лаги… а кога вистината конечно ќе излезе на површина, може да уништи сѐ.
-
ИКИГАИ
0420,00 денНајдобро чуваната тајна на јапонската долговечност се нарекува икигаи. Значењето на тој збор може да се опише на различни начини, но сите тие водат кон едно – причина за живот! Јапонците велат дека секој има свое икигаи. Кога ќе го пронајдете, имате сè што ви е неопходно за долг и среќен животен пат.
Идејата за оваа книга се раѓа од средбата меѓу Ектор Гарсија, кој 12 години живее во Јапонија и проникнал во јапонската култура и битот, и популарниот шпански романсиер и психолог Франсеск Миралјес. Тие нè водат во „селото на стогодишниците“ во северниот дел на јапонските острови Окинава. Нè запознаваат со некои од најстарите жители на планетата, кои ни ги предаваат своите поуки за вечна младост – начинот на исхрана, физичката активност, позитивниот светоглед и заемното помагање.
Икигаи ни ги открива тајните на прочуената јапонска долговечност кои понекогаш нам, на луѓето од Запад, ни изгледаат неразбирливо и недостижно. Овој водич за една нова култура на живеење е збогатен со најпознатите јапонски вежби за долга младост и ќе ви покаже дека секој човек може да ужива во долг живот полн со оптимизам и среќа.
Зошто не и вие?
-
Илон Маск: „Тесла“, „Спејс Екс“ и потрагата по фантастична иднина
0600,00 денЗа едни гениј на векот, за други луд научник, Илон Маск несомнено успева да го привлече вниманието не само во технолошката индустрија туку генерално на целиот свет. Со докажана натпросечна интелигенција, човекот што стои зад „Тесла“ и „Спејс екс“ во исто време го величаат и го осудуваат за неговиот опсесивен, често нетолерантен перфекционизам.
Илон Мaск е амалгам на легендарните пронаоѓачи и индустријалци: Томас Едисон, Хенри Форд, Хауард Хјус и Стив Џобс. Но, повеќе од кој било друг, Маск ги посвети сета своја енергија и огромно богатство да измисли иднина што е исто толку богата и далекосежна како и онаа на визионерите од златната доба на научната фантастика.
Оваа исклучителна биографија напишана од Ешли Венс мошне објективно успева да го долови човекот што многу често е споредуван со фамозниот Тони Старк, не дозволувајќи самиот Маск да се меша во содржината. Опфаќајќи ги неговите детски години, па сè до електричниот автомобил и ракетите, Венс проникнува во умот на најинтригантната фигура во Силициумската Долина, откривајќи детали не само за функционирањето на неговите компании туку и за неговиот личен живот.
Духовитиот стил, живописното раскажување и интервјуата лично со Маск и со луѓето што биле со него во неговите најважни моменти се она што прави оваа книга да биде прочитана во еден здив.
-
Има ли сè уште секс во градот?
0350,00 денДваесет години по објавувањето на светски популарниот бестселер „Сексот и градот“, Бушнел малку го преобликуваше пејзажот – животот не се случува исклучиво на Менхетн. Сè совршено приспособила на приказната за луѓето кои ја поминале педесеттата година од животот, но кои и понатаму излегуваат, се забавуваат, лудуваат…
Авторката по малку сатирично ги коментира врските и односите помеѓу мажите и жените во средните години додека се движат во технолошки модернизираниот свет. Без разубавување и мошне духовито ги коментира различните феномени на 21 век. Љубовта и животот ги согледува низ различни перспективи – низ бракот и децата, разводот и загубата, а се осврнува и на мошне агресивните притисоци врз жените да останат млади и убави колку и да ги чини тоа.
Оваа книга е совршен приказ за состојбата на современото општество и логично продолжение на една од најреволуционерните книги на 20 век.
-
Има нешто магично во Сен Тропе
0350,00 денАвантура исполнета со напнатост, страст и измама, а потоа следат една голема кражба на уметнички дела, едно убиство и едно прогонство.
Пет меѓународни туристи, што не се познаваат меѓусебно се среќаваат во малиот Хотел од соништата сместен на крајбрежјето на Сен Тропе. Хотелот од соништата им изгледаше како совршено место за одмор на приватниот детектив од Малибу, Мек Рејли и неговата девојка Сани Алварез. Од самиот почеток Мек и Сани ќе се вклучат во решавање на проблемите на останатите членови од групата на измамените туристи, откривањето на мистеријата околу украдените уметнички дела и убиството наспроти убавините и гламурозноста на сончевиот Сен Тропе.
-
Имаш пчела на носот
0300,00 денСТЕЛА: Обвинета сум за хакирање на целата документација во гимназијата. Сите оценки се избришани. Нема шанси да докажам дека не бев јас. Вљубена сум во еден, а тој во онаа што ја избриша документацијата, и нема шанси да ме засака. Како да излезам од ова?
САНИ: Ме претепаа пред зградата на Наде, само затоа што ја сакам. Ми ја скршија и гитарата, а не е моја. Ме обвинија дека ѕиркам на физичко во женската соблекувална. А јас само сакав да ја сретнам Наде. Како се најдов во сето ова?
Исти души, исти гајлиња. Ова е роман во кој самите треба да го допишете крајот.
Прв роман за младинци од авторот на романите Вештица, Ќерката на математичарот и Папокот на светот.
-
Името ми е Вивиен Ли
0250,00 денРоманот, како што наведува авторот, е пишуван според вистината на една тинејџерка, па оттука приказната произлегува од денешното време.
Главните ликови се тинејџерката наречена Вивиен Ли и нејзината другарка по име Вероника. Првата преку својата необична љубов кон „Норвежанецот од Љубојно“, запаѓа во незгодни, но и во духовити ситуации. Сето тоа се слева во еден богат сплет на случки и настани кои се вградуваат во структурата на приказната која е врзана со денешново време.
Вивиен Ли, и покрај тоа што не е надарена за пишување, поради својата заљубеност во таинствениот „Норвежанец од Љубојно“, последна надеж и „терапија“ ѝ е да напише љубовна приказна. Таа цело време, криејќи од родителите, ќе се измачува да пишува не верувајќи дека тоа ќе ѝ успее, а на крајот, без да биде сигурна во она што го пишува, ќе го создаде романот.
-
Името на розата
0400,00 денДебитантското остварување на Умберто Еко, „Името на розата“, е историско- детективски роман сместен во средновековен италијански манастир, исклучително популарна и умешна комбинација на семиотика и медиевалистика, книжевна теорија и врвен раскажувачки талент.
Приказната почнува при крајот на ноември 1327 година, кога во еден бенедиктински манастир пристигнува англискиот францисканец Вилјем од Баскервил во придружба на својот ученик и искушеник Адсон од Мелк. Манастирот е потресен од необјаснивата смрт на младиот собрат Адолфо, чие мртво тело е само првото од неколкуте што во околината создаваат атмосфера дека се ближи апокалипсата и дека набрзо ќе дојде антихристот. Доволно световни за да смеат да си дозволат да бидат логични, надминувајќи низа пречки – од строг библиотечен надзор па до посета на Инквизицијата – Вилјем и Адсон тргнуваат во потрага по вистинскиот причинител за смртта на калуѓерите.
Продадена во повеќе од педесет милиони примероци ширум светот и преведена на над четириесет јазици, „Името на розата“ е добитник на највисокото книжевно признание во Италија, наградата „Стрега“, и е прогласена за една од стоте најдобри книги на дваесеттиот век според реномираниот француски весник „Ле Монд“.
-
Инспиративна вистина
0350,00 денКнига за духовното издигнување, личните победи и враќањето на вистинскиот пат
Луѓето пишуваат бидејќи никој не слуша.
Од многутемина кои се соочуваат со анксиозноста, малкумина се тие кои ќе проговорат и ќе напишат некој ред, помагајќи им на другите и будејќи ја свеста на пошироката јавност. Но, може ли млад човек да говори за овие теми? Дали е потребно многу поголемо животно искуство за да се даде одговор на овој проблем?
Староста не е од пресудно значење. Важен е интересот, искуството, зрелоста и вештините на личноста. Ова е спознавање на себеси, дел од развојот и растот на секоја личност. Ова е емоционален отскок на индивидуата, непријатен по својата манифестација, но важен за заокружувањето на тој процес.
Книгата „Инспиративна вистина“ е наменета за општата јавност, за читателската публика која трага по разбирливи одговори во кои може да се пронајде и со кои може да се идентификува. Да се избере вистинскиот јазик за пренесување на мислите за оваа појава е комплицирано прашање, но играјќи на картата на искреноста, би рекле дека е најдобриот пат оваа книга да допре до секој читател.
Зошто „Инспиративна вистина“?
- Книга која ќе ви помогне да се запознаете себеси и да се фокусирате на остварувањето исклучителни резултати.
- Приказна за духовното издигнување, личните победи и враќање на вистинскиот пат.
- Надминете ја илузијата за однапред изгубените битки, активирајте се за победа!
- Поздравете се со празнината, зрачете со вистинската вредност!
- Не очекувајте надворешна слобода без внатрешен мир! Оваа книга нуди решение да ја остварите таа цел.
-
-
-
-
-
-