-
Зулејха ги отвора очите
0450,00 денПриказната започнува во мало татарско село во 1930 година. Микрокосмос во кој жената е објект на постојано понижување. Но ова не е патријархален роман. Ова е женски роман во најубавата смисла на зборот. Бидејќи главен херој е зеленооката Зулејха. Жена што ќе го посведочи убиството на сопругот од страна на комунистите и жена што ќе го преживее прогонството на Сибир. И така засекогаш ќе го напушти родниот микрокосмос.
Таа е принудена на мачно патување со товарен воз до најоддалеченото место на бреговите на реката Ангара во Сибир. Животните услови во руската тајга носат сосема поинаква тежина. Многумина не ја преживуваат долгата зима. Тоа е средина составена од: селани, интелектуалци, криминалци, чесни луѓе, муслимани, православни, атеисти, Татари, Руси и Германци. Во групата на Зулејха има еден напорен доктор, еден сликар, еден пар, еден криминалец, но и – Игнатов, убиецот на нејзиниот сопруг. Заедно започнуваат да градат нов живот, далеку од своето минато. Заедно мора да создадат – љубов!
Зошто Зулејха ги отвора очите? Токму за љубовта, за мајчинството, за слободата, за борбата за живот.
Романот е добитник на двете најважни книжевни награди во Русија – „Големата книга“ и „Јасна Полјана“.
-
Ѕвездено дете
0500,00 денЅвездан е дете кое живее меѓу ѕвездите. А кога живееш меѓу ѕвездите, животот ти е исполнет со нив.
Ѕвездан е вистински мајстор за ѕвезди: ги поправа кога ќе престанат да светат, пловејќи меѓу нив со своето бротче. Исплашен од помислата некоја ѕвезда да не падне, Ѕвездан доаѓа до едно големо откритие… што понатаму ќе го одведе до нешто сосема, сосема неочекувано…
„Ѕвездено дете“ е нежна, ѕвездена приказна за желбите, стравовите, осаменоста и љубовта.
-
Ѕвончиња во снегот (Браќата О’Нил #1)
1420,00 денНа времето, Кајла Грин го обожавала Божиќ. Сега, единствената божиќна желба ѝ е „најмагичниот период од годината“ да помине што е можно побрзо. Па, кога должноста ја повикува во снежниот Вермонт да склучи договор со нов клиент, Кајла е благодарна за можноста да ги избегне празниците и оваа година.
Џексон О’Нил го оставил зад себе успешниот бизнис за да се врати дома и да го спаси скијачкиот ресорт на неговото семејство – тој ресорт и семејството му се најважното нешто на светот и не може да дозволи сѐ да биде уништено. Сега, кога тој ангажира маркетинг-експерт, Кајла Грин, да работи со него и да го истакне Снежниот Кристал на мапата, успехот е на повидок. Искрата меѓу нив доволна за да ги напојува сите божиќни сијалички во Вермонт е само дополнителен бонус.
Кајла можеби е експерт за нејзината работа, но таа дефинитивно е надвор од својот елемент во близина на Џексон, особено во (за неа) неподносливата божиќна атмосфера во идиличниот Вермонт. Снег, санки со хаски, накитени елки и божиќни ѕвончиња на сите страни… ѝ доаѓа веднаш да се спакува и да побегне од таму. Но, можно ли е Џексон да биде оној кој ќе ја натера Кајла повторно да се вљуби во Божиќ?
-
И јас сум Сирма
0390,00 денИ јас сум Сирма“ не е роман, туку нешто меѓу сага и еп. Станува збор за збирка приказни што „авторката“ ги има собирано во изминативе шеснаесет века. Таа вели дека сè што напишала e вистина, но искрено мислам дека некои делови се пренесени со прекумерна доза на патриотизам. Особено кон соседите. Но… таков е нејзиниот табиет: горд, искрен, чесен, мил, полн со емпатија. Напати ме потсетува на некого: на мајка ти, баба ти, на мајка ми… но најмногу од сè ми личи на Македонија. Двете делат иста судбина, со секој здив, со секој збор, со секоја реченица. „Авторката“ не ја познавам лично, но имам чувство дека цело време е тука некаде, на дофат. Кога издавачот ми го прати текстот да напишам рецензија, не наидов на ништо што не ми е познато. Имав впечаток дека секоја страница од оваа историска читанка ја има некаде во нашите гени.
-
И на небо и на земја
0200,00 денИ на небо и на земја првпат се појавува во 1962 година, две години по инаугурацијата на Петре М. Андреевски во македонската книжевна историографија.
Како што сугерира и насловот на оваа стихозбирка, писателот нè внесува во својот свет на дуалности, каде што гравитациска сила е метафората.
Зајмувајќи ги темните и светлите нишки на фолклорот, тој плете асоцијативни слики за македонскиот пејзаж и за луѓето, за патилата и болките на човекот во потрагата по лебот среде неизвесноста на природата. Но, пее и за радоста заради совладувањето на сушите, на поплавите и пожарите, со непатетичен тон и незанесено, што ги прави неговите песни подлабоки и посуштински.
-
И не биди млад мајмун
0180,00 денЖивотот на главниот „јунак“ на овој роман, Симон (Шими) Апостолов, е пред распаѓање. Бракот со неговата сопруга, Агна, е речиси готов, нема работа и вплеткан е во различни криминални активности. Сепак, како судбината да му овозможува шанса за подобро утре кога Богдан Еврич ќе му понуди работа во неговото кафуле и сопругата ќе му соопшти една убава вест. Но, за време на неговата смена, во кафулето се водат сомнителни разговори помеѓу една жена и тројца мажи, а еден од нив не припаѓа на тоа друштво – еден од нив е на страната на законот.
Краток, динамичен и со многу допирни точки до нашето актуелно општествено секојдневие, најновиот роман на Велко Неделковски, „И не биди млад мајмун“, буквално ќе ве остави без здив. Напишан како сценарио за криминалистички филм, со многу напнатост и постојана акција, овој роман ќе ве „зароби“ во неговата приказна и ќе ве „пушти“ дури откако ќе го прочитате.
-
И не остана ниту еден
0380,00 денОсум луѓе, кои меѓу себе не се познаваат и немаат никаква врска еден со друг, се поканети да дојдат како гости на Војничкиот остров од страна на извесни г. и г-ѓа Овен. По пристигнувањето таму, дознаваат дека домаќините се отсутни, но тука се г. и г-ѓа Роџерс како нивна послуга. Отсечени од копното и во неповолни временски услови, што секако придонесува за една морничава атмосфера, секоја од овие личности ќе биде обвинета за сторено злосторство преку гласот на грамофонската плоча во текот на првата заедничка вечера. Дополнително, во секоја соба каде што се сместени гостите, како украс стои врамената детска песничка „Десет мали војници“ во која тие еден по еден исчезнуваат низ низа несреќни случаи. Што ќе се случува со гостите на островот кога стиховите од песничката ќе станат злокобна најава и за нивната сопствена смрт? Секоја страница од романот е исполнета со неизвесност, возбуда и брилијантен расплет.
Романот „И на крајот не остана ниту еден“, објавен во 1939 година, се смета за ремек-дело на Агата Кристи. Воедно, таа изјавува дека ова е романот со кој и таа самата е најзадоволна како бил напишан. Инаку, оригиналниот наслов на ова дело е „Десет мали црнци“, кој на американскиот пазар фигурирал како „Десет мали Индијанци“, но во поново време за наслов на книгата е прифатен последниот стих од детската песничка.
-
И тогаш, таа исчезна…
0490,00 ден„И тогаш, таа исчезна…“ ќе ве внесе во една емотивно разорувачка приказна на една мајка во потрага по вистината за она што се случило со нејзи ната ќерка.
Ели Мек беше совршената ќерка. И тогаш, таа исчезна… Десет години по исчезнувањето на Ели, нејзината мајка, Лорел Мек, се обидува повторно да живее нормално откако во кафуле ќе запознае еден шармантен човек. Пред да сфати што, всушност, се случува, таа се запознава со ќерките на Флојд, а помалата, Попи, ќе ја остави Лорел без здив.
Затоа што тоа мало и прекрасно девојче Попи е речиси копија на Ели.
А сега, неодговорените прашања што таа толку силно се обидуваше да ги остави зад себе, повторно ќе почнат да ја прогонуваат. Каде е Ели? Дали таа избегала од дома, како што се сомневаше полицијата, или ѝ се случило нешто многу страшно?
„Нема да можете да ја оставите оваа книга која е ‘чисто совршенство’“ – „Буклист“
НИКОЈ НЕ ИСЧЕЗНУВА ТУКУТАКА!!! -
ИГБАЛ, МОЈАТА ТАЈНА
0280,00 денИм се восхитувам на децата што имаат разбирање за возрасните, а ги почитувам возрасните што ги разбираат децата и умеат да ги (про)читаат книгите за деца. Оваа што ја држите в раце им е наменета и на едните и на другите. – Авторката
Кој е мистериозниот Игбал? Зошто животот на Бреза, откако ќе го сретне, станува двоен? Едниот вообичаен, како на врсниците на прагот од деца кон младинци. Другиот, што го минува насамо со Игбал, магично волшебен како возбудлива, чудесна авантура. Која е причината што Бреза него го чува во длабока тајност? Еден ден добива писмо од далечниот Кашмир. Загатката продолжува.
Игбал, мојата тајна од авторката на романот за деца Момчето Молња и на шест книги за возрасни, меѓу кои наградените романи Каменот од Твојот ден – хималајска приказна, Индиго Бомбај и Манастир Фуентерабија.
-
Игра на душата (Мирен Тригс #2)
0550,00 денВо 2011 година, грозоморно злосторство го тресе Њујорк – 15-годишно девојче е пронајдено распнато во една приградска црква откако било прогласено за исчезнато.
Мирен Тригс, истражувачката новинарка од „Менхетн прес“, одлучува да го истражува случајот откако добива мистериозен плик со фотографија од друго исчезнато девојче со едноставна порака: „Џина Пеблс, 2002 година“. Заедно со Џим Шмоер, нејзиниот поранешен професор по новинарство, ја следат трагата за девојчето од фотографијата додека истовремено го истражуваат и скорешното распнување. Истрагата ги води до една религиозна институција чии членови извршуваат ритуали далеку повознемирувачки отколку што си замислувале.
Двајцата партнери се соочени со три прашања:
Што ѝ се случило на Џина?
Кој ја пратил фотографијата?
И колку далеку води оваа мрачна игра на душата?Некои тајни се закопани со причина, а нивното растајнување би можело да ги чини живот.
-
Игра со именки
0180,00 денСо оваа шарена сликовница во рима, ќе влезете во игривиот свет на именките.
Преку прекрасните слики и зборовите во боја, ќе научите како да ги препознаете и како да ги употребите.
Именките навистина лесно се учат и лесно се помнат!
Со среќа!
-
ИГРАТА НА ЖИВОТОТ
0250,00 денПредметот на играта на животот е јасно да го видиме сопственото добро и да ги избришеме сите ментални слики на злото. Во оваа инспиративна книга Флоренс Сковел Шин, на неформален, пријателски и хумористичен начин, ни ги пренесува безвременската порака и принципите на успехот покажувајќи ни како со користење на афирмации да ги промениме својата состојба и околностите и да научиме дека животот не е борба, туку игра, игра на давање и примање.
Книгата „Играта на животот и како да ја играш“ за првпат ја здогледала светлината на денот во 1925 година. Оттогаш има инспирирано илјадници луѓе низ целиот свет, со вистината што ни ја открива – дека љубовта и добрата волја ги отстрануваат сите препреки на нашиот пат.
-
Играчот
0450,00 денГо запознав Броди Истон во машката соблекувална. Требаше да го направам моето прво интервју како спортски новинар.
Познатиот квотербек реши да се разголи. Не, не ми ги раскажа своите тајни, не ми ја разголи душата. Самобендисаниот играч реши да ја тргне крпата врзана околу половината во моментот кога му го поставив првото прашање. А интервјуто одеше во живо!
Но јас не излегувам со играчи – згодни и самозадоволни момци на кои паметот им е само во сексот. Не затоа што сум една од малкуте жени кои работат во светот на професионалниот спорт.
Нема поголем играч од Броди Истон. Секоја жена копнее да го смени. Но нему му беше потребна девојка за која вреди да се промени. Излезе дека јас сум таа девојка.
Просто како грав, нели? Но никогаш не е толку едноставно. Постои цела една приказна меѓу Си беа еднаш и Си живееја среќно до крајот на животот. А оваа е нашата.
-
Идентитет
0250,00 денИдентитет е еден од поновите романи на Кундера. Објавен е во 1997 година на француски јазик.
Делото претставува интересна анализа на еден пар, при што се занимава со идентитетот на мажот и жената воопшто, односно со прашањето колку и дали е неговата промена во одредени услови можна.
Секој следен пасус во овој кус роман открива нови стојалишта, аспекти, вистини околу идентитетот.
Дали можеме самите да го смениме својот идентитет? Дали промената на околностите во животот го менува нашиот идентитет на сопрузи, родители, љубовници…
-
Иднината на умот
0600,00 денМичио Каку е професор по физика на њујоршкиот Градски универзитет, соосновач на теоријата на поле на струни и автор на научни книги, меѓу кои Хиперпростор, По Ајнштајн, Физика на невозможното и Физика на иднината. Бил домаќин на научни телевизиски емисии на Би-би-си, Дискавери и Саенс Ченел. Неговите емисии можат да се чујат на 130 радиостаници ширум светот. Пишувал за најугледните светски списанија и гостувал на најгледаните телевизии.
Во оваа книга, професор Каку на лесно разбирлив начин ни ги презентира досегашните сфаќања и откритија поврзани со човековиот ум и неговите ограничувања, но уште повеќе и неговите потенцијали. Во возбудлива низа од историски раскажувања и уверливи објаснувања, авторот нуди фасцинантна перспектива во разбирањето на мозокот, мислите, чувствата, стравовите и долгата низа несвесни пориви кои во голема мера ги формираат одлуките што ги носиме секојдневно. При тоа, професор Каку не уверува дека нашиот ум, и покрај тоа што не е целосно разбран, е секако разбирлив.
Мичио Каку е оптимист за идниата на човештвото. Воодушевено раскажува за најновите технички, експериментални и дијагностички постигнувања што нудат извонреден увид во неистражените пространства на човековиот ум. Истовремено, однапред се радува на откритијата што допрва не чекаат во блиската иднина – забележувајќи јасен историски тренд, професор Каку нуди уверлива визија за човештво во блиската иднина – човештво кое со помош на технологијата ќе стане уште похумано и уште подобро.
-
Изабела и Облак
0250,00 денИзабел сака да се трка околу Академијата за еднорози со нејзиниот прекрасен еднорог, Облак. И едвај чека нејзиниот еднорог да ја открие неговата магична моќ!
Некој фрла лоша магија на Волшебното езеро. Изабел и Облак ќе мораат да научат да си веруваат еден на друг впуштајќи се во опасна авантура за да го спасат училиштето…
