Филтер по цена
Жанр
Автори
  • Закопана вистина

    Закопана вистина

    1

    ВО СЕГАШНОСТА…
    Софија има прекрасни родители кои ѝ пружиле сѐ што можеле и секогаш се грижеле да има убаво детство, среќен живот и родителска љубов. Тие исто така уште од рана возраст биле искрени со неа и таа знае дека била посвоена како бебе. Но тоа никогаш не можело целосно да ја пополни празнината во неа и да го изгасне копнежот да ја открие вистината за своето потекло, да дознае кои се нејзините биолошки родители и зошто се откажале од неа. Но се плаши дека таа вистина е премногу длабоко закопана и дека можеби никогаш нема да ја открие…

    ВО МИНАТОТО…
    Пред повеќе од дваесет и пет години, Наташа и Александар се запознаваат во Охрид и помеѓу нив веднаш се раѓаат силни симпатии, а набрзо и уште посилни емоции. Но Александар има тежок живот, особено по смртта на неговиот татко; сега тој е мажот во куќата и мора да се грижи за неговата мајка и неговата помала сестра. Иако навистина ја сака Наташа, кога во неговото семејство продолжуваат да се нижат трагедии, тој не може да си дозволи да ја стави нивната љубов на прво место.

    300,00 ден
    Прочитај повеќе
  • ЗАЛОЖНИЦИ

    ЗАЛОЖНИЦИ

    0

    Можете да спасите илјадници непознати животи или еден, на човекот кој ви значи најмногу

    Клаустрофобичен трилер чиј заплет се случува во тесниот простор на еден авион. Има уште 12 часа до слетувањето, во кои можат да се случат многу нешта. Особено ако се последни…

    Мина е стујардеса која дава сè од себе да им го направи спокоен летот на патниците. Се обидува да ги заборави домашните проблеми – разнишаниот брак и петгодишната ќерка со синдром на нарушена приврзаност. Но овој пат тоа е невозможно. Зашто по полетувањето добива заканувачка порака од анонимен патник кој е решен да не слетаат во Сиднеј. Некој кој ѝ ја знае слабата точка и знае како да ја услови: „Следниве инструкции ќе го спасат животот на ќерка ти…“

    Кога неколку патници се убиени и ситуацијата излегува од контрола, Мина знае дека мора да преземе нешто. Патниците за кои е одговорна или… ќерката и сопругот кои се под закана, врзани во нивниот дом. Дилемата е морничава, исто како и расплетот. Ова е најнапнатиот лет во историјата на трилерите.

    „Роман што хипнотизира. Ќе биде хит, а веројатно и класика.“

    Ли Чајлд

    „Застрашувачки трилер.“

    Шари Лапена

    500,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Замок-Кафка

    Замок-Кафка

    0

    „Замок“ е класика без која не може да се замисли книжевноста на XX век!

    Приказната е навидум едноставна – К. на секаков начин се обидува до дојде до одговорните во замокот што управува со селото во кое е дојден да работи како геометар. Но никако не може да стигне дотаму – наместо тоа, наидува на луѓето од селото и ги доживува опскурноста и налудничавоста на нивниот туѓ свет. Сета содржина на ова книжевно ремек-дело може накратко да биде означена како залудни обиди на К. да го најде патот до замокот. Но едноставноста е само привидна. Уметничкиот космос на Кафка, кој се надоврзува на делата на Хофман, Гогољ, Достоевски, Е. А. По, е полн со параболи, сомнибулни ситуации и симболичка многузначност. Тој го маѓепсува читателот и го води во познати, но непрепознатливи предели, скриени во длабочините на нашето скриено „јас“. Со секое ново читање се исцртува нов пат низ лавиринтите на овој космос.

    „Замок“ е роман за отуѓувањето, бирократијата и за бесцелните обиди на човекот да се бори против системот и уште едно од брилијантите дела на Кафка.

    Оваа книга е прв интегрален превод на македонски јазик што ги содржи оригиналните поговори на Макс Брод и сите отфрлени фрагменти.

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Замрачување

    Замрачување

    0

    Во нарација подеднакво маѓепсувачка и мистериозна како и сеќавањето – ја дознаваме приказната за Натаниел (14 години) и неговата постара сестра Рејчел.

    Во 1945 година, непосредно по Втората светска војна, тие остануваат во Лондон додека нивните родители се преселуваат во Сингапур, оставајќи ги на чување на мистериозната фигура по име Молецот.

    Сомневајќи се дека тој е криминалец, децата стануваат уште позагрижени кога ја запознаваат неговата ексцентрична група пријатели: мажи и жени споени од заедничката, недефинирана служба во војната. И сите тие се решени сега да ги заштитат и едуцираат (на крајно невообичаени начини) Рејчел и Натаниел.

    Но, дали се навистина оние што тврдат дека се? И што значи кога мајка им се враќа по месеци молк без таткото и без какво било објаснување?

    Десетина години подоцна Натаниел почнува да открива сè што сакал да дознае, а токму патувањето низ фактите, сеќавањата и имагинацијата е пренесено во ова ремек-дело од еден од најголемите писатели на нашето време.

    350,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Записи

    Записи

    0

    Записи од различни краишта на светот. Ораторски говори, поезија, научни трудови и патопис за селото Матка, врамени во четири поглавја. Записи за далечините, записи за Македонија, записи за едно постоење.

    210,00 ден
    Додај во кошничка
  • Записи од подземјето

    Записи од подземјето

    0

    Два по два ќе биде четири и без мојата волја.Тоа ли е слободна волја?

    Најреволуционерната книга на Достоевски, еден од првите егзистенцијалистички романи во историјата на светската литература. Четиво што го означува преминот на книжевноста од XIX во XX век, приказна за визиите на поединците што ги уништува општеството.

    „Записи од подземјето“ ни ги нуди белешките на еден гневен, изолиран човек, поранешен чиновник кој се повлекува од светот во своето мрачно и тесно живеалиште. Во него содејствуваат два спротивставени комплекса – инфериорност и супериорност. Зашто иако е социјално отфрлен и сиромашен, во духовен и интелектуален поглед тој стои над другите. Проникнати со сурова искреност и горчлив презир, неговите записи се бунтовен напад на социјалниот утопизам и потврда на ирационалната човекова природа.

    Блескаво решение на проблемот на постоењето, филозофска книга за животот каква што само Достоевски може да создаде. Едно од неговите најдлабоки дела.

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • Запишано со крв (Robert Hunter #11)

    Запишано со крв (Robert Hunter #11)

    0

    Ако тој ти го запише името, тогаш тоа е смртна казна…

    Лос Анџелес, 5 декември – само неколку недели пред Божиќ. Анџела Вуд, експертот за џебни кражби, штотуку завршува со „работата“ за денес – 687 долари – не е лошо за нешто помалку од петнаесет минути работа.

    Додека прославува за профитабилниот ден со коктел, вниманието ѝ го привлекува еден од гостите во локалот, кој е многу дрзок кон друг постар човек. Анџела решава да му одржи лекција, па му ја краде кожната чанта, која делува мошне скапо.

    Но внатре нема пари… нема лаптоп… ништо вредно. Барем не за Анџела. Само црн нотес со кожни корици, изненадувачки тежок. Љубопитноста ја совладува, па во мирот на својот дом, Анџела почнува набрзина да го прелистува.

    И тогаш започнува најголемиот кошмар во нејзиниот живот.

    Ова не е обичен нотес.
    Ова е нешто што се чита само на свој ризик и одговорност.

    570,00 ден
    Додај во кошничка
  • Заробено срце

    Заробено срце

    0

    Читателите за романот „Заробено срце“

    Љубов на прв поглед! Вистинска магија: желби, очекување, страдање, возбуда, сон или јаве. Сето тоа убаво спакувано во приказна која не може, а да не ги разбранува емоциите кај читателот кој ќе биде дел од секој збор, секоја реченица, секоја страница… Романот го прочитав во еден здив..го препрочитав повеќе пати.Како да сум дел од секој збор, мисла..од секоја реченица, од секоја страница..од почеток до крај.Овој роман е посветен на љубовта..преполн со емоции , солзи, мечти, среќа, тага, радост, нежност, возбуда и повторно љубов…љубовта кон саканиот, љубовта кон семејството и кон пријателите. Овој роман е скапоцен дар за читателите како и сите досегашни. Ви Благодарам за можноста да бидам меѓу првите читатели а уште повеќе што Ве имам за пријател..Вие сте човек со големо срце и сите свои емоции ги претварате во прекрасни романи кои не по-тсетуваат на човечките вредности. Со големо задоволство ги имам прочитано Вашите досегашни книги, а новите ги чекам со нетрпение
    Славица Трајановска Величковиќ, лекар

    Книга од животот во кој во некој сегмент секој ќе се пронајде себе си, тогаш ќе свати дека животот не е сон туку реалност. Лесна и примамлива книга која те „заробува“ да ја прочиташ без одложување.
    Анета Велкоска, одд. наставник

    Книгата нуди еден широк спектар на настани кои се нижат низ времето, на животот кој продолжува по неговиот тек. Некогаш бавно, некогаш побрзо, дури драматично, минува и оди во неповрат, без реприза…Секоја страница е нов предизвик, ново случување, ново исчекување за читатаелот, за на крај да биде како во народната „КРАЈОТ ДЕЛОТО ГО КРАСИ“.
    Билјана Наумоска, фармацевт

    300,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Затворениот ковчег

    Затворениот ковчег

    0

     

    Леди Ателинда Плејфорд е една од омилените авторки на книги за деца. Таа приредува забава на својот имот. Тоа не е обичен собир. Додека гостите пристигнуваат, леди Плејфорд го повикува својот адвокат за да го измени тестаментот и сето тоа да го соопшти во текот на вечерта. Одлучува да ги лиши сопствените деца од сè, а целото богатство да му го остави на некој кому му остануваат сè на сè неколку недели живот.

    Меѓу гостите се и двајца мажи што дотогаш ги нема сретнато – белгискиот детектив Херкул Поаро и Едвард Качпул, инспектор од Скотланд јард. Ниту еден од нив не знае зошто е повикан. Поаро се прашува дали леди Плејфорд очекува да се случи убиство, но не може да сфати зошто таква провокација кога се знае дека можниот убиец е меѓу присутните?

    Кога убиството навистина ќе се случи, и покрај сите обиди на Поаро да го спречи, ќе може ли славниот детектив да ја открие вистинската причина зошто леди Плејфорд ја направила драстичната промена во тестаментот? И, ќе може ли да го открие вистинскиот убиец?

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • ЗАХИР

    ЗАХИР

    0

    Еден ден познатиот писател дознава дека неговата сопруга, воен известувач, исчезнала без трага. Иако времето му донесува нови успеси и нови љубови, нејзиното исчезнување се повеќе го збунува – и се повеќе го опседнува. Дали е киднапирана, или станала жртва на уцена или едноставно здодеал нивниот брак? Немирот што го предизвикува таа е силен исто колку и привлечноста што ја зрачи. Потрагата по неа – и по вистината за неговиот сопствен живот – го води од Франција во Шпанија, во Хрватска и во прекрасните и пусти пејзажи на централна Азија. И повеќе од тоа – го одведува од сигурноста на неговиот свет на сосем неизвесен пат, на кој ќе побара нова смисла на природата на љубовта и на силата на судбината. Со својот нов роман Пауло Коелјо не само што покажува колку силна и маѓесна е неговата раскажувачка вештина туку и ни разоткрива чудесен увид во она што значи да бидеш човечко суштество во светот преполн со можности. Пресоздавајќи го стариот мотив од исламската традиција, мотивот захир, односно оној што е видлив, присутен и што не е можно човек да го превиди – а на кој Борхес своевремено му даде статус на книжевна јавност – Коелјо го пишува својот Захир: опсесијата со љубовта која ту му изгледа света ту луда.

    380,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Збогум

    Збогум

    0

    Трогателна семејна приказна, која низ личните трагедии и победи прикажува поголема слика за последните моменти на големото османлиско царство и за подемот на републиката. Османлиската Империја ги одбројува последните денови, а високиот државен функционер Аџмед Рашат се обидува да го собере и зачува семејството во окупираниот Истамбул. Присилен да оди по тенката линија на судбината, Ахмед е растргнат меѓу лојалноста што му ја должи на султанот и потребата да им помогне на воените единици од Анатолија, предводени од харизматичниот генерал Мустафа Кемал, кои јуначки му даваат отпор на окупаторот. Додека опсадата и оковите на зимата се повеќе го притискаат Истанбул, во куќата на министерот Решат судбината, сепак, продолжува да ги исцрпува своите необични патишта- и покрај сите проблеми ќе процвета невозможна љубов и ќе покаже дека дури и во најнапнатите моменти на историските превирања животот не може да чека… Ајше Кулин раскажува за едно навидум обично семејство во Истанбул во клучен историски момент- низ нивните подеми и падови, надеж и очај, љубов и несреќа, гледаме како полека исчезнува една цела култура, а на нејзино место доаѓа ново време, кое со себе носи поинакви вредности и нови генерации.

    220,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Зборови

    Зборови

    0

    Што сè би направиле за да можете да комуницирате со починатите кои многу ви недостасуваат?
    Стефан се соочува со загубата на својата сопруга на сопствен начин, така што ја игнорира. За него, таа сè уште е присутна, во секој агол, во секој спомен, нејзината арома тлее насекаде…

    Животот му се одвива во рутина, сè додека неврохирургот Филип не му предложи посебна операција со која би можел да го разбуди шестото сетило.
    Тогаш сè што му останува се зборови, нивното значење и мирисот на душите.

    „Ликовите кои се групирани околу (главниот лик) Стефан помагаат во неговото градење и трансформација, но и тие се трансформираат, мал универзум во кој овој познат свет се преклопува со еден суптилен невидлив, а присутен свет . Не би сакала да го наречам паранормален, зашто тој е многу повеќе од тоа, книжевен свет и со тоа белег на времето, белег прикажан на автентичен начин.“

    Мерсиха Исмајлоска

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Зборовник - ПРВИ ЗБОРОВИ

    Зборовник – ПРВИ ЗБОРОВИ

    0

    Обилен, картонски зборовник за најмалите читатели да ги усвојат основните термини и да се запознаат со работите кои ги опкружуваат…

    299,00 ден
    Додај во кошничка
  • Збунетост

    Збунетост

    0

    Нов роман од добитникот на Пулицерова награда и автор на бестселери на „Њујорк тајмс“ – Ричард Пауерс.

    Астробиологот Тео Бирн бара живот низ космосот додека, по смртта на неговата сопруга, сам го воспитува своето необично деветгодишно дете Робин. Робин е топло, љубезно момче кое поминува часови сликајќи детални слики од загрозени животни. Тој, исто така, ќе биде избркан од трето одделение затоа што го удрил другарчето в лице. Како што неговиот син станува сè попроблематичен, Тео се надева дека ќе го заштити од користењето од психоактивни лекарства. Тој дознава за експериментален третман со неврофидбек за зајакнување на емоционалната контрола на Робин, кој вклучува обука на момчето на снимените модели на мозокот на неговата мајка…

    Со волшебните описи на природата и вселената, со неговата привлечна визија за животот надвор и приказот на жестоката љубов меѓу таткото и синот, „Збунетост“ е најинтимниот и најтрогателен роман на Ричард Пауерс. Во неговото срце лежи прашањето: Како на нашите деца да им ја кажеме вистината за оваа прекрасна, загрозена планета?

    490,00 ден
    Додај во кошничка
  • Звукот на тишината

    Звукот на тишината

    0

    Нинбург, септември 1960: Поствоена Германија, разбранувана со младински движења чии водачи се родиле во рушевините на војната, е средината во која младата Клара првпат влегува во средното училиште, кое ќе ѝ го промени животот. Девојка која се крие зад блокот цртежи со јаглен на кејот на реката Зале, која сака да остане незабележана од надворешниот свет, станува дел од необична дружина по име Еквилибриум, со која влегува во светот на политичките движења во Западна Германија. Низ целата приказна владеат мистеријата и сенката што ја обвиваат Клара, борбата со анксиозноста и депресијата кои ја следат откако Зaле ја зеде својата прва жртва, а играта на судбината ја впушта во потрага на исчезнато момче која ќе отвори нов свет исполнет со мистерија, љубов, измами, гнев и заборав. Приказна која плени со својата комплексност, проткаена со драма и романса, обвиена во мистерија со вклучени вистински историски настани – сите состојки потребни да создадат возбуда и тензија која ни еден читател нема да остави рамнодушен.

    320,00 ден
    Додај во кошничка
  • ЗГРАДАТА НА САНИ И СТЕЛА

    ЗГРАДАТА НА САНИ И СТЕЛА

    0

    Треп-треп! Што сè трепка во ноќта? Уличната светилка, ѕвездите и соновите. Да тргнеме во ноќна авантура со Стела и Сани за да научиме заедно да ги препознаваме звуцитe и предметите, да ги осознаваме просторот и појавите во природата, сето она што нè опкружува надвор и што трепери внатре во нас!

    200,00 ден
    Додај во кошничка