-
Дневник на прочитани книги
0350,00 денОвој нотес претставува твој мал личен дневник на книгите што ги читаш и веќе ги имаш прочитано.
Во него можеш да ги прибележиш најважните делови од книгата, твоите омилени ликови или сцени, убавите мисли и некои убави реченици, па дури и твоите размислувања додека ја читаше книгата.
Ваквите прибелешки ќе ти бидат корисни кога ќе сакаш да се присетиш на некои од твоите омилени книги или на твоите доживувања додека ги читаше.
-
ДНЕВНИК НА ПРОЧИТАНИ КНИГИ: СЕКОЈА СТАНИЦА – НОВА СТРАНИЦА
0199,00 денДНЕВНИК НА ПРОЧИТАНИ КНИГИ: СЕКОЈА СТРАНИЦА – НОВА СТАНИЦА
Дневникот на прочитани книги заслужува да го има секој страстен читател. Во него ќе може да ги запишува сите книги што ги чита, да си ги запишува омилените цитати, да црпи инспирација од зборовите на најголемите автори, да води евиденција за прочитаното, но да развива идеи и за свој роман.
Затоа што секоја страница е нова станица, не пропуштајте ниту еден збор.Секоја реченица има свое магично значење. Секоја книга ве менува на некој начин. Запишувајќи ги своите впечатоци во дневникот на прочитани книги, тој станува ваш личен потсетник на позитивни промени, доказ дека книгите од нас го извлекуваат само најдоброто.
-
Дневник од Гвантанамо
0600,00 ден„Верзија на пеколот што го надминува Орвел, го надминува Кафка: постојана тортура пропишана од лекарите во Вашингтон.“
Џон ле Каре
Оваа книга е првиот и единствен дневник на притворено лице што 14 години било држено во Гвантанамо.
Во 2002 година, Мохамеду улд Слахи бил затворен во притвореничкиот логор Гвантанамо Беј во Куба, каде што се држеле политички затвореници од војната во Авганистан, а подоцна и од војната во Ирак. Сите години додека бил таму, САД воопшто не го обвиниле за какво било дело. Федерален судија наредил негово ослободување во март 2010 година, но американската влада ја оспорила одлуката. Апелационен суд ја поништил одлуката и го вратил предметот на Окружен суд во ноември 2010 година за понатамошно разгледување. Окружниот суд никогаш не одржал второ рочиште.
На 14 јули 2016 година, Одборот за периодична ревизија му одобрил ослободување од притвор на Слахи. Тој бил ослободен и се вратил во Мавританија на 17 октомври 2016 година; бил затворен во Гвантанамо повеќе од четиринаесет години.
По три години во заробеништво, Слахи почнал да пишува дневник и да го раскажува својот живот пред да исчезне во американски затвор и пред да се најде на „бесконечното патување низ светот на затворите и испрашувањата“. Неговиот дневник не е само жив запис за погрешно спроведување на правдата, туку и длабоко лична автобиографија – застрашувачка, полна со црн хумор и изненадувачки елегантна.
Дневник од Гвантанамо, првото сведоштво од ваков вид, е документ од големо историско значење, лектира што привлекува внимание и дава интересни информации.
-
Дневникот на Ана Франк
0350,00 ден„Дневникот на Ана Франк“ е исповед на едно еврејско девојче за време на Втората светска војна. За својот тринаесетти роденден Ана добива дневник, во кој на 14.06.1942 година ги запишува првите реченици. Но набрзо семејството мора да избега и да се скрие во тајното засолниште во Амстердам, во кое ќе помине повеќе од две години криејќи се од нацистите. Во засолништето им се придружува и семејството Ван Дан, а подоцна и забарот Дусел. Таа во дневникот ги забележува животот, настаните и проблемите во засолништето, прикажувајќи ги и особините на неговите станари, што доаѓаат до израз при живеење во таквите околности.
Ова е потресна приказна за трагично завршеното детство, приказна која низ призната на невиното еврејско девојче ги отсликува ужасите на нацистичкиот режим за време на втората светска војна.
-
Дневникот на Бриџит Џонс
0300,00 денДали Дневникот на Бриџит Џонс е сензационална урбана сатира за модерните меѓучовечки односи?
Ироничен осврт за пропаѓањето на едно традиционално семејство?
Или, пак, едноставно конфузни чкртаници на една изнервирана триесет и нештогодишна девојка?
„Брилијантен потсетник за животот кога сте биле млада и немажена девојка во еден период од животот… Секоја жена која имала љубовни врски, работа и, секако, мајка, ќе ја чита оваа книга со громогласно смеење“ – Тајмс
-
ДНЕВНИКОТ НА ЕДЕН ВОЛШЕБНИК
0380,00 денДневникот на еден волшебник е восхитувачка приказна на Пауло Коелјо за неговиот аџилак по средновековниот чудесен Пат на свети Јаков до Сантјаго. Тоа е духовна потрага полна со авантури, но истовремено и фасцинантна алегорија за потребата од пронаоѓање на сопствениот животен пат. Борејќи се со многу искушенија, натчовечки напори за исполнување на задачите поставени од водачот-учител и неочекувани борби со внатрешните демони, патникот ќе ги научи најважните лекции за животот и за она што нè први луѓе. На крајот од патот, ќе ја открие и најголемата тајна – дека не е важно да ја имаш моќта, туку да знаеш како правилно да ја искористиш.
Ова е една од најважните книги на Коелјо, не само затоа што е негов прв голем роман, претходник на Алхемичарот, туку и поради целиот начин на кој во него е изразена хуманоста на филозофијата на Коелјо и длабочината на неговата духовна потрага.
-
Дневникот на еден извршен директор
0550,00 денРоберт Грин, авторот што направи бум со својата нова филозофија на моќта, му оддаде признание на Стивен Бартлет велејќи дека авторот на „Дневникот на еден извршен директор“ ги надмина несовладливите пречки да се стане мегауспешен многукратен претприемач.
На тој пат научил вредни лекции и сега ги споделува со нас. Добре дојдовте во најновите истражувања и во богатите искуства во книгата од која ќе можете да научите како да го остварите својот целосен потенцијал. Ако сето ова ви звучи познато, а сè уште не сте најдобрата верзија од себе, сепак, треба да се осмелите со нешто многу похрабро. Токму како оваа книга.
Осмелете се!
-
Дневникот на едно смотано девојче 1
0280,00 денНово училиште. Нова главна девојка. Нова симпатија. Нов денвник, кому НИКИ целосно му се доверува..
-
-
ДНЕВНИКОТ НА ЕДНО ШМОКЛЕ
0360,00 денЕден ден ќе станам славен, ама сега засега сум заглавен во основно школо со еден куп морони.
Не е лесно да си дете. А тоа најдобро го знае Грег Хефли, кој сега е шесто одделение во училиште во кое малите и слаби деца ги делат ходниците со деца кои се повисоки, позлобни и кои веќе се бричат.
Во Дневникот на едно шмолке, авторот и илустратор Џеф Кини нè запознава со еден неверојатен херој. Како што вели Грег во својот дневник: Така што немојте да очекувате многу-многу да се лигавам: „драг дневнику“ ова, „драг дневнику“ она…
А ние имаме среќа да уживаме во многу неочекувани и смешни ситуации, зашто она што Грег Хефли вели дека нема да го направи и она што всушност го прави се две многу различни работи.
-
ДНЕВНИКОТ НА ЕДНО ШМОКЛЕ (ПРАВИЛАТА НА РОДРИК)
0360,00 денНемојте никако да го прашате Грег Хефли како го поминал летниот распуст, зашто дефинитивно не сака да зборува за тоа.
Со почетокот на новата школска година, Грег одвај чека да ги остави изминатите три месеци зад себе… а особено една случка.
За жал, неговиот постар брат Родрик ја знае случката што Грег не сака да се расчуе. Ама тајните знаат да испливаат на површина… особено кога е вмешан и еден дневник.
-
Дневникот на непознатите
0370,00 денПроколнато село. Таинствен дневник. Минато што не сака да остане закопано.
Кога познатиот писател Давор пристигнува во селото Црвенокамен, поканет од сопственикот на најголемата приватна библиотека во Македонија, таму очекува инспирација — не мистерија за убиство од пред дваесет години. Но, во библиотеката наоѓа дневник со црвени корици, ист како оној што го имала неговата мајка.
Преку страниците, оживуваат гласовите на убиен наставник и забранета љубов, поврзани со животот на Давор повеќе отколку што тој може да замисли. Со секое ново откритие, сомнежот расте, минатото добива облик, а вистината е на раб да биде откриена.
Дневникот на непознатите е мистериозна, емотивна приказна што ги поврзува генерациите преку љубов, вина и откритија што менуваат сè.
-
Дневникот на собарката
1490,00 денНоминирана за најдобар трилер на GOODREADS CHOICE AWARDS 2023
Кит Дарлинг е собарка со несекојдневна зависност. Не умее да одолее да не продушка во куќите на нејзините богати клиенти во кои чисти. Нејзиното „хоби“ е безопасно, сè до моментот кога ќе види нешто што не смее во домот на најновите клиенти: толку мрачна тајна која може да му го уништи животот на парот кој го очекува своето прво дете. Тоа ја прави Кит опасна за парот, но едновремено, тоа го прави парот, кои би убиле за да ја заштитат тајната – опасен за Кит.
Кога детективката Мелори Вал Алст пристигнува на местото на злосторството во луксузната куќа покрај морето, соочена е со докази за толку крвав насилен напад што е речиси невозможно жртвата да останала жива. Но тело – нема. Ги нема и сопствениците. А ја нема и собарката. Единствениот сведок е повозрасната сосетка, која ја разбудил вресок доцна во ноќта. Сосетката е и последната личност која ја видела Кит Дарлинг жива.
Кога детективката се зафаќа со растајнување на случајот, сфаќа дека ништо не е онака како што изгледа.
И никој не умее да му побегне на минатото.
-
Дневници (1910 – 1923)
0650,00 денДневниците на Франц Кафка (1883 – 1924) го опфаќаат периодот од 1910 до 1923 година.
Тие даваат продорен поглед кон неговиот живот во Прага и личните искажувања за соништата, чувствата кон таткото и жената со која не можел да се ожени, како и чувствaта на вина и внатрешната состојба на отфрленост. Дневниците се приказ на еден живот со речиси неподнослив интензитет.
Книгата содржи не само лични белешки, автобиографски рефлексии, елементи за тоа како Кафка го разбира своето пишување, туку и афоризми, скици за раскази, писма и многубројни литературни фрагменти од повеќето негови романи. Еден од најзначајните литературни критичари во Германија, Денис Шек, за „Дневниците“ вели: „Дури кога ќе ги прочитаме, сфаќаме колкава смисла за хумор имал Кафка. Дури тогаш разбираме што сакаат да ни кажат неговите често неразбирливи книги.“
Ова издание ја содржи целата оставнина што му била достапна на неговиот издавач и најдобар пријател, Макс Брод. Tука се вклучени и личните коментари, варијанти и поговорот на Макс Брод за записите на Кафка.
-
ДНК #1 Детската куќа
0450,00 денПрва книга од серијата „Детската куќа“! Мрачна и тажна приказна што започнува во 1987 година, кога три дечиња остануваат сираци и се разделени во три различни семејства. Како оваа приказна подоцна се поврзува со настаните што се случуваат во 2015 година, кога две момчиња бараат помош од соседите затоа што се будат заклучени во својата соба, а мајка им ја нема? Има причина за тоа – таа е мртва. Убиена е на грозоморен начин, а единствениот сведок на убиството е девојчето скриено под креветот, нејзината ќерка, која не можат да ја натераат да зборува. Каков ќе биде животот на тоа дете кога ќе биде во грижата на Фреја, психолог во „Детската куќа“, која работи со трауматизирани и злоупотребувани деца? Но убиецот не застанува тука! Атмосферата на неочекуваното е присутна од почетокот до крајот, меѓу несреќните животни судбини, страшните убиства, кодираните пораки, заплетканите животни приказни, кои постојано се откопуваат од минатото… Трилер во кој најморничавите настани се случуваат токму кога најмалку очекувате!
-
До сите момци што ги сакав
0390,00 денРомантичен и симпатичен роман на еден од најпродаваните автори на „Њујорк тајмс“.
Лара Џин ги чува сите нејзини љубовни писма во една шапка-цилиндар, која ѝ ја дала мајка ѝ. Тоа не се љубовни писма што некој друг ги напишал за неа; туку се оние што таа ги има напишано.
Едно за секое момче што некогаш го сакала ‒ пет за сите.
Кога пишува, таа го отвора свое то срце и душа и ги кажува сите работи што никогаш нема да им ги каже во реалниот живот бидејќи нејзините писма се само за нејзините очи. Сè додека не дојде денот кога нејзините тајни писма ќе бидат испратени, и, одеднаш, љубовниот живот на Лара Џин се менува од имагинарен до реален и излегува надвор од контрола.