-
Дебитант
0350,00 ден„Дебитант“ е совршен, смртоносен отров, кој не остава траги.
Неговиот создател, хемичарот Калитин, работел во тајната советска лабораторија, но по распаѓањето на Советскиот Сојуз избегал на запад. Потполковниот Шершнев добива наредба да го отруе предавникот со истиот отров што тој го создал…
Трилерот „Дебитант“ е книжевна студија за отровите како алатка на советските и руските разузнавачки служби, а истовремено брилијантна проза за современиот Фауст, кој му ја продал душата на ѓаволот, како и за вечните теми: суштината на доброто и злото, врската меѓу творецот и неговата творба, науката и моралот.
-
Девет
0350,00 денСаво Николиќ, познат дизајнер, на деветгодишна возраст падна на глава и доживеа тежок потрес на мозокот со целосно губење на помнењето.
Триесет години подоцна сплет од драматични случувања предизвикува помнењето постепено да почне да му се враќа, сè додека не наврши девет години, вторпат.
Славимир Стојановиќ Футро е белградски дизајнер, визуелен уметник, креатор на лајфстајл-брендот Футро и автор на серијалот детски сликовници „Авантурите на Синги Лумба“. Неговите проекти во доменот на дизајнот имаат добиено повеќе од 300 меѓународни награди. Добитник е и на наградата за животно дело на Здружението за пазарна комуникација на Србија. Ова е негов прв роман.
-
Девет совршени туѓинци
0480,00 денДали десет дена во здравствено одморалиште навистина можат да ве променат засекогаш?
Овие девет совршени туѓинци наскоро ќе го откријат тоа…
Девет луѓе се наоѓаат во оддалечено здравствено одморалиште. Некои се тука за да ослабат, некои за да си го рестартираат животот, а некои се тука од причини што не можат да си ги признаат ниту самите на себе. Среде луксузното опкружување на одморалиштето, среде сесиите по сосредоточеност и медитација, за брзо време сфаќаат дека овие десет дена можат да испаднат пресвртница во нивните животи. Но, никој од нив не може ни да си замисли колкав предизвик ќе бидат десетте дена што им претстојат.
Лијан Моријарти е австралиска писателка и авторка на седум романи – меѓународни бестселери, вклучително и на бестселерите на „Њујорк тајмс“: Тајната на сопругот, Големи мали лаги и Вистински лудо виновни. Нејзините книги ги читаат над четиринаесет милиони читатели низ светот, вклучително и еден милион читатели во Австралија.
-
Девојка од мал град (Тревис #1)
3420,00 денТаа е девојка од мал град…
Либерти Џоунс има соништа и одлучност што ќе ја одведат далеку од Велком, Тексас… ако успее да престане да одлучува со лудото срце наместо со разумот. Харди Кејтс гледа на неа како на забрането овошје. Неговите животни амбиции се далеку поголеми од Велком, а Либерти Џоунс е само непотребна дистракција. Но има нешто магично и моќно што ги влече еден кон друг, некоја опасна привлечност што е посилна од нив двајца.
Тој е единствениот маж што таа не може да го има…
Кога Харди заминува од градот за да ги реализира своите планови, Либерти останува сама, со својата помала сестричка за која мора да се грижи. До некаде беспомошна, Либерти наскоро влегува во мрежата на еден постар милијардер – некои дури и го нарекуваат нејзин „спонзор “, но нивната врска всушност е многу подлабока од тоа, па Либерти наскоро почнува да открива тајни за минатото на нејзиното семејство.
Двајца мажи. Една жена. Одлука што може да ѝ го скрши срцето или засекогаш да го исцели. Љубовна приказна што сигурно ќе го освои вашето срце.
-
ДЕВОЈКАТА ВО ПАЈАКОВА МРЕЖА
0500,00 денЛИЗБЕТ САЛАНДЕР И МИКАЕЛ БЛУМКВИСТ СЕ ВРАЌААТ ВО ДОЛГООЧЕКУВАНОТО ПРОДОЛЖЕНИЕ НА СЕРИЈАЛОТ МИЛЕНИУМ
Франс Балдер, ексцентричен гениј и еден од водечките информатички експерти, ненадејно се враќа во Шведска од Силиконската Долина, каде што работел во една од најмоќните светски компании. Од поранешната сопруга го зема аутистичниот осумгодишен син, се затвора во својата добро обезбедена куќа и сосем се осамува.
Микаел Блумквист е во длабока професионална криза – подолго време нема напишано текст што ќе ги потресе столбовите на општеството и ќе го врати списанието Милениум на старите патеки на славата. Една вечер му се јавува Балдер, па иако е сомничав кон информатичарот, оди кај него на разговор.
Во исто време, непознат хакер провалува во серверите на Националната безбедносна агенција (НСА). Во „Хакерската република“ слават, затоа што само една личност на светот можела да го стори тоа – неповторливата Лизбет Саландер. Но таа не прави ништо доколку за тоа нема длабоки причини, кои секогаш се поврзани со нејзината желба да ја задоволи правдата.
Девојката во пајакова мрежа е трилер кој обожавателите на делата на Ларсон долго го очекуваа, роман кој, како и претходните, навлегува во актуелни и болни општествени теми.
-
-
ДЕВОЈКАТА ОД МОЧУРИШТЕТО
0500,00 денГласиштата за Девојката од мочуриштето со години кружат низ Баркли Коув, тивкото гратче на брегот од Северна Каролина. Кога кон крајот на 1969 година богатиот Чејс Ендруз ќе биде пронајден мртов, сомнежот на мештаните веднаш паѓа врз Каја Кларк, таканаречената Девојка од мочуриштето. Меѓутоа Каја не е онаква каква што ја опишуваат. Чувствителната и остроумна девојка со години живее сама во куќичката на брегот на мочуриштето што го нарекува дом, спријателувајќи се со галебите и откривајќи ги животните лекции во песокот. Но доаѓа време кога почнува да копнее по љубов и прегратка. Кога нејзината дива убавина ќе маѓепса двајца младичи од градот, Каја го отвора срцето за новиот живот ‒ но тогаш се случува незамисливото.
Девојката од мочуриштето е едновремено неверојатна ода на природата, приказна за растењето и влегувањето во светот на возрасните и мистериозен случај на можно убиство. Авторката нè потсетува дека ние сме обликувани од децата што сме биле порано и дека сите сме подложни на убавите и насилни тајни што ги крие природата.
„Болно убава!“ Њујорк тајмс
-
Девојката од писмото
6450,00 денСрцепарателно писмо. Заклучена девојка. Нерешена мистерија.
1956 година: Кога Ајви Џенкинс останува трудна, нејзиното посрамотено семејство ја испраќа во католичкиот манастир Света Маргарита – мрачна, страшна куќа за немажени мајки. Потоа го даваат нејзиното бебе на посвојување против нејзина волја. Иако Ајви треба да излезе оттаму за две до три години, таа никогаш нема да го напушти местото.
Сегашност: Саманта Харпер е новинарка очајна за малку одмор. Кога случајно налетува на писмо од минатото, истото ја шокира и трогнува. Писмото е од млада мајка која моли да ја спасат од Света Маргарита. Пред да биде предоцна.
Сем се навлекува на трагичната приказна и открива многу смртни случаи околу жената и нејзиното дете. Кога дознава дека планираат да ја рушат Света Маргарита, ѝ остануваат неколку дена да ја реши шеесетгодишната мистерија пред вистината да биде изгубена засекогаш. А тоа патем е вистина што никогаш не би можела ни да си ја замисли…
-
Девојката од прозорецот
0430,00 денРОМАНОТ ПО КОЈ СЕ СНИМЕНИ СЕРИИТЕ
„ДЕВОЈКАТА ОД ПРОЗОРЕЦОТ“ И „МОЈОТ ДОМ“Ги познаваме по очите луѓето што повторно ќе ни предизвикаат болка доживеана во детството, и покрај тоа, се вљубуваме во нив. Животот нѐ насочува кон нив.
Нашата судбина е запишана во родниот дом: куќата во која ги доживуваме првите трауми, со кои пораснавме и кои го определуваат нашиот животен пат. Само што многу често, тргнувајќи по тој пат, не можеме да ја откриеме среќата.
Во оваа книга се раскажани две вистински животни приказни – ги обединува болката од траумите доживеани во детството, болка што не минува, не се заборава и остава трага за цел живот.
… Искрената љубов помеѓу главната хероина Налан – Девојката од прозорецот, која секогаш живеела во луксуз, ама судбината ѝ предизвикала страдање, и Хајри – кој израснал во беда… Љубов, која ги сврзала тие две души, кои живееле два различни животи, ама е страсна, но болна…
Во основното сиже се вметнати и драматичната приказна за Зејнеп и нејзиниот неуспешен обид да ја открие среќата во бракот со Мехди.
Судбината ранува, а љубовта спасува. -
Девојката Смрт
0350,00 денДодека се враќа со воз во родното место, на Марија, главниот лик и раскажувач во романот, ѝ се нижат слики од животот во минатото на нејзиното дисфункционално семејство, на младешките радости и таги, пороци, љубов… Почнува од нејзиното речиси идилично детство, но набргу стигнува до мрачните настани од поблиското минато, цело време промислувајќи ја смислата и потребата за постоење во сегашноста. Товарот на сеќавањето изгледа претежок, и таа го очекува крајот. Со возот, и Марија ќе стигне на својата крајна дестинација.
„Девојката Смрт“ може да се чита како семеен роман, како роман-студија за самоубиствата, како психолошко-контемплативен роман, како роман за девојка која и покрај тешката реалност сака да живее.
Може да го чита кој како милува, но ретко дека некого ќе го остави рамнодушен.
Иако навидум главната тема во романот е самоубиството, Фаулерова изјавила дека главната тема е слободата. Слободата во смисла на тоа човекот сам да го направи сопствениот избор – дали да живее или не.
-
Девојката со свеќа
0550,00 денШто ако смртта е твојата единствена шанса за преживување?
Пред единаесет години, Алма била дадена на посвојување под мистериозни околности додека сè уште била бебе. Во досието за посвојување кое се држело во строга тајност, стоел коментарот: „Идентитетот на родителите никогаш не смее да излезе во јавност! Ризик по животот на мајката!“
Но сега Алма е сериозно болна и итно ѝ треба трансплантација на коскена срж.
За да го спаси животот на посвоената ќерка, Оливија Раух тргнува во очаен лов на биолошките родители на девојчето.
Во нејзината потрага, психологот експерт за насилни злодела наидува на легендата за „Девојката со свеќата“ – млада девојка која еден Божиќ се изолирала од светот во една куќа во шумата Франкенвалд. Но дотаму ја следел и некој психопат кој ја принудил да отвора „божиќен календар“ полн со ужасни, ужасни задачи.
-
ДЕВОЈКАТА СО ТЕТОВАЖА НА ЗМЕЈ
0500,00 денКако и секоја година, и овој први ноември на поранешниот индустриски магнат Хенрик Вангер за роденден му пристигна необичен подарок – уште еден потсетник на таинствената случка од минатото, што претставува неподносливо време за старецот. Затоа сака да се обиде уште еднаш, пред смртта, да ја разреши мистеријата што го измачува со децении…Микаел Блумквист е еден од водечките шведски економски новинари и косопственик на магазинот Милениум. Познат е како бескомпромисен борец за расветлување на економските малверзации, со беспрекорна кариера и извонредна репутација. Кога ќе го осудат за клевета на еден бизнисмен, ќе се најде на животна и деловна пресвртница. Токму тогаш ја добива неочекуваната понуда од Хенрик Вангер… Бледа и со анорексичен изглед, истетовирана, со речиси избричена глава, со пирс на носот и на веѓата – Лизбет Саландер е најдобриот истражувач во една престижна стокхолмска фирма за обезбедување. Патиштата на познатиот новинар и на оваа мистериозна девојка се вкрстуваат, и не само што ќе се соочат со мистеријата од минатото туку и со аномалиите на современиот општествен поредок, што доведува до изразување на најлошите човечки особини.
Најголемиот шведски феномен од времето на групата АББА. Пипл
Замислете си ги филмовите на Ингмар Бергман вкрстени со романот Кога јагнињата ќе стивнат на Томас Херис. Ју-ес-еј тудеј
-
Девојката што пишуваше на свила
0450,00 денНа островот Оркас штотуку дипломираната Инара Ериксон го истражува имотот на својата неодамна почината тетка, која ѝ го оставила во наследство. Случајно наоѓа внимателно скриено, извезено парче свила. Додека ги разоткрива слој по слој тајните што тоа ги крие, животот почнува да ѝ се испреплетува со животот на Меј Лиен, младата Кинезинка што пред повеќе од еден век била протерана од својот дом. Низ приказните што Меј Лиен ги раскажува везејќи ја свилата, Инара ја дознава трагичната вистина што длабоко ќе го потресе нејзиното семејство, а неа ќе ја натера да се осмели на незамислив чекор…
Инспириран од вистински настани, брилијантниот историски роман на Кели Естиз е потресна приказна за две жени поврзани со времето и судбината. Жени со силен дух и достоинство, цврсто решени да постапат правилно, независно од цената што треба да ја платат. Зашто додека не се каже вистината за минатото, не може да се најде спокој во сегашноста.
„Девојката што пишуваше на свила е преубав, елегичен роман, извезен фино и деликатно, токму како што навестува и самиот наслов. Кели Естиз ткае волшебна приказна што го осветлува минатото во сета негова суровост и убавина, како и човечноста што нè спојува сите нас.“ Сиетл викли
-
ДЕВОЈКАТА ШТО САКАШЕ ОДМАЗДА
0500,00 денЛизбет Саландер и Микаел Блумквист се враќаат во петтото продолжение на серијалот Милениум на Стиг Ларсон! Осудена на двомесечна затворска казна поради самоволно постапување при спасувањето на животот на едно дете, Лизбет Саландер одбива да каже што и да е во своја одбрана. Таа се интересира за многу поважни нешта. Микаел Блумквист секоја недела поминува долг пат за да ја посети – но и за да добие некоја нова трага за своето истражување, кое би било значајна приказна за списанието Милениум. А неа, пак, тоа би можело да ја одведе до вистината за нејзиното детство. Иако е попречена од корумпираниот затворски систем кој во голема мера го раководат озлогласени затворенички, Лизбет по секоја цена ќе се бори за своите убедувања. Ќе ја бара вистината поврзана со сопственото сеќавање од детството – сеќавањето на жената со белег на вратот што потсетува на змеј што блуе оган…
Тензијата и моќта на исклучителните херои од трилогијата Милениум на Стиг Ларсон, земаат нов замав. Лизбет Саландер и Микаел Блумквист ја продолжуваат својата борба за вистината и правдата што возбудува милиони читатели низ целиот свет…
-
ДЕВОЈКИТЕ
0420,00 денСеверна Калифорнија, крај на турбулентните шеесетти години. На почетокот на летото осамената тинејџерка Еви Бојд здогледува три девојки во паркот чија разузданост и опасна аура веднаш ѝ го привлекуваат вниманието. Таа е маѓепсана од волшебната Сузан и е вовлечена во озлогласен култ чиј водач е мошне харизматичен човек…
Скриен во брдата, нивниот голем ранч е сенишен и полураспаднат, но за Еви е егзотично, возбудливо, наелектризирано место и очајнички сака да биде прифатена во нивната комуна. Сè повеќе време поминува одделена од мајка си и далеку од ритамот на дотогашниот вообичаен живот. Додека нејзината опседнатост со повозрасната Сузан расте, Еви не забележува дека се навестува незамисливо насилство…
Брилијантен роман кој понира во неверојатни психолошки длабочини, чудесно и одлично напишан. Со зрелост поголема за своите години, Ема Клајн напишала мудар и ни малку претенциозен роман – одмерено а возбудливо сведоштво за похотата и ужасот.
„Извонредна, опојна и интригантна приказна за созревањето, раскажана со толку убаво изработени реченици што можат да се носат како накит…“ Њујорк тајмс
-
ДЕВОЈКИТЕ ШТО ГОРАТ
0500,00 денЕксплозивен трилер од авторката на „Човекот од креда“ за селцето Чепел Крофт кое крие тегобни тајни. Пред 500 години во него на клада биле изгорени осум протестантски маченици. Пред 30 години без трага исчезнале две тинејџерки. А пред два месеца се самоубил капеланот. Постои ли некаква поврзаност меѓу нив, и дали навистина местото е опседнато?
Новиот капелан Џек Брукс, самохрана мајка која и самата бега од своето мрачно минато, се надева дека ќе најде мир и одново ќе го започне животот. Но кога од непознат праќач ќе добијат за добредојде стар комплет за егзорцизам, скромната куќа и немањето интернет се најмалите грижи со кои се соочуваат таа и нејзината 14-годишна ќерка.
Колку повеќе се запознаваат со чудните жители, сомнежот и стравот им се продлабочуваат. Зашто откривањето на вистината во село во кое сите се поврзани со крвавото минато и никој не им верува на дојденците – може да биде смртоносно.
„Хипнотизирачки и застрашувачки… Најдоброто од Тјудор што ме натера да спијам со запалена светилка.“
Крис Витакер
