Филтер по цена
Жанр
Автори
  • ВТОРНИЦИТЕ СО МОРИ

    ВТОРНИЦИТЕ СО МОРИ

    0

    Можеби бил родител, учител или колега. Некој постар, трпелив и мудар. Некој кој ве разбирал, кој ви помагал да го сфатите животот и да го истражите светот, да го пронајдете вистинскиот пат. Тој некој за Мич Елбом бил неговиот професор Мори Шварц. Но и тој, како и многумина други, стремејќи се кон успех, ја губи трагата од својот ментор. Дозволувајќи да го понесе животот, заборава да го живее на вистински начин.

    Но добива втора шанса. Повторно го открива својот сакан професор Мори, во последните месеци од животот на стариот човек. Знаејќи дека наскоро ќе замине, Мори секој вторник се среќава со Мич во својата работна соба, токму како што правеле пред 16 години. Нивниот обновен однос се претвора во еден вид завршно „предавање“: во лекции за тоа како навистина да се живее животот, како секој негов ден да се направи посебен.

    „Вторниците со Мори на Мич Елбом е инспиративна книга што го менува животот, за тоа дека би требало да го вреднуваме скапоценото време што го имаме. Прекрасна книга, приказна од срцето раскажана со душа.“ Los Angeles Times

    280,00 ден
    Прочитај повеќе
  • ВТОРО ПОСЛАНИЕ НА СВЕТИОТ АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО КОРИНТЈАНИТЕ

    ВТОРО ПОСЛАНИЕ НА СВЕТИОТ АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО КОРИНТЈАНИТЕ

    0

    Предговор – Foreword
    ВОВЕД
    Второто послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните.
    Коринт и коринтјани
    Формирање на Црквата во Kоринт
    Позначајни личности од Црквата во Kоринт
    Општо за Посланието
    Писател на Посланието
    До кого е упатено Посланието
    Повод за пишување на Посланието
    Цел и задача на Посланието
    Место на пишување на Посланието
    Време на пишување на Посланието
    Автентичност на Посланието
    Содржина на Посланието
    Целост и автентичност на Посланието

    800,00 ден
    Додај во кошничка
  • Габриела, каранфилче и цимет

    Габриела, каранфилче и цимет

    0

    Најпознатиот модерен бразилски писател Жорже Амадо нè пренесува во времето на владетелите на какаото во бразилската провинција Баија, кога недоразбирањата се решавале со пиштоли, а од мажот што е изневерен се очекувало да ја исчисти својата чест со убивање на прељубничката и на нејзиниот љубовник.

    Оваа хроника на еден град, на една страст, омаж на богатата бразилска култура, роман замислен и како химна на сензуалноста на тамошните жители, особено на жените, во последните неколку децении доживеа огромен број изданија и филмски екранизации.

    Секое од поглавјата почнува со песна посветена на една жена, а, заговарајќи ја женската слобода, особено сексуалната, Амадо ја шокирал и ја разгневил тогашната бразилска јавност. Бесот со времето исчезнал, а книгата станала еден од омилените бразилски романи на 20 век. Иако бил употребен како основа за сапуници, го задржува раскажувачкото мајсторство.

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • ГАЛЕБОТ ЏОНАТАН ЛИВИНГСТОН

    ГАЛЕБОТ ЏОНАТАН ЛИВИНГСТОН

    0

    НОВО ИЗДАНИЕ ОД ПРОСЛАВЕНОТО ДЕЛО НА РИЧАРД БАХ ПРОШИРЕНО СО НОВ, ЧЕТВРТИ ДЕЛ

    Ова е приказна за луѓето кои ги следат своите срца и создаваат сопствени правила… луѓето кои сакаат да направат нешто добро и за другите, не само за себе… луѓето кои знаат дека животот е многу повеќе од она што го гледаме: тие ќе го следат Џонатан, летајќи повисоко и побрзо отколку што сонувале.

    Галебот Џонатан Ливингстон не е обична птица. Тој верува дека секој галеб има право да лета, да ја достигне крајната слобода на предизвикот и на откривањето, наоѓајќи најголема награда во подучувањето на младите галеби за радоста на летањето и за моќта на соништата.

    199,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Галерија на мртвите (Robert Hunter #9)

    Галерија на мртвите (Robert Hunter #9)

    0

    „Работам во полицијата подолго од три декади и за тоа време имам видено куп лудачки дела, но кога пред смртта би требало да изберам една работа што би сакал да jа заборавам… тоа би било она што се наоѓа во онаа соба.“ Тоа е мислата која се врти низ главата на детективот Хантер кога пристигнува на едно од најшокантните места на злосторства кои некогаш ги видел.

    Неочекуван развој на настаните ги принудува Хантер и неговиот партнер да ги здружат силите со ФБИ за да го фатат серискиот убиец кој не знае за граница; психопатот кој го обожава тоа што го прави затоа што за него, убиствата се многу повеќе од убивање – тие се форма на уметност.

    Добредојдовте во Галеријата на мртвите.

    550,00 ден
    Додај во кошничка
  • Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто

    Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто

    0

    „Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ е игрива, тематска збирка која ги оживува и осовременува гатанките како специфичен жанр, омилен и популарен за децата од ниските одделенија. Со досетлив, лирски избор на заглавните зборови – решенија на гатанките, и со опуштен, врзан стих со рима, Магде Ангова создала интересен поетски свет за видливите и невидливите нешта што децата треба само да ги препознаат или допрва да ги научат. Забавата и знаењето во оваа збирка се фатени рака за рака.

    200,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Гатанки-катанки

    Гатанки-катанки

    0

    „Споредувајќи ја оваа обемна збирка од еднострофни гатанки со оние, досега објавените, што го привлекле нашето внимание, доаѓаме до следните заклучоци:

    – таа импресионира со зачудувачката бројност (околу 200 гатанки);

    – со свежината на версот и со првичното доживување;

    – со тематската разноликост, која буквално го опфаќа целиот воспримачки свет на младиот читател.

    […] Версот на Александар Кујунџиски е едноставен и лесен, течен и лежерен, најчесто и мошне успешно хуморно обоен, што придонесува за драгоста на творбата, дури и ако се исклучи предметот од опишувањето. Пријатно изненадуваат и различните авторови пристапи кон тој предмет, начинот на кој му го пренесува на детето, на неговиот увид.“

    Оливера Николова

    150,00 ден
    Додај во кошничка
  • Привремен

    ГДЏ – Големиот добар џин

    0

    ГДЏ не е таму некаковси обичен џин што дроби и џвака коски. Не – тој е премногу добар и смотан. И среќа за Софи што е тоа така. Ако, на пример, онаа ноќ ја земеше Крвошишарот, или кој било од другите џинови – а не ГДЏ – сигурно ќе завршеше како појадок. Кога Софи разбира дека џиновите јурнуваат кон Англија за да лапкаат слатки мали детенца, одлучува дека треба еднаш за секогаш да му стави крај на тоа. А ГДЏ ќе ѝ помогне!

    Светски детски бестселер на Роалд Дал, со илустрации на Квентин Блејк

    Сега и како филм на Стивен Спилберг: http://www.cineplexx.mk/movie/the_bfg/

    290,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Географија: Пустини

    Географија: Пустини

    0

    Оваа категорија на енциклопедии се фокусира на нашата прекрасна планета Земја. Исполнети со корисни информации и неверојатно фотографии, овие енциклопедии сигурно ќе заземат посебно место во умот на младите читатели.

    170,00 ден
    Додај во кошничка
  • Германски со љубов - Deutsch mit Liebe 1

    Германски со љубов – Deutsch mit Liebe 1

    0

    Книгата „Германски со љубов – Deutsch mit Liebe 1“ е наменета за сите кои имаат желба да го изучуваат германскиот јазик, почетно ниво, независно од возраста.

    Книгата е поделена во шест дела:
    – Теоретски дел и аудиоматеријал, лесно достапен преку QR код што ве води директно на веб-страницата http://www.germanskisoljubov.mk

    (Теоретскиот дел на книгата има појаснувања на македонски јазик, што дополнително го олеснува изучувањето на германскиот јазик)

    – Преглед на вокабулар – табеларен преглед на вокабуларот, кој се среќава низ целиот теоретски дел;

    – Вежбанка – дел со вежби кон теоретскиот дел;

    – Краток преглед на граматиката од теоретскиот дел;

    – Преглед на вокабуларот за самопроверка – Ова го научив;
    – Преглед на решенијата од вежбанката.

    Успешно учење на германскиот јазик!

    999,00 ден
    Додај во кошничка
  • Гласот на Господарот

    Гласот на Господарот

    0

    „Гласот на Господарот“ заедно со „Соларис“ и „Киберијада“ спаѓа меѓу најпознатите дела на Станислав Лем!

    Исполнет со интелектуални авантури, толку длабоки што секако ќе влијаат читателите да го сменат погледот на светот и на вредностите. Сторија што ја раскажува професорот Хогарт за истражувањата во врска со еден таинствен неутрински сигнал и отворените прашања во врска со сигналот: кои се и дали постојат испраќачите на сигналот, намерите зошто е испратен, како земјаните практично да го искористат, итн. Дали одговорот на овие прашања ќе му донесе полза и напредок на човештвото или ќе го турне во бездната на самоуништувањето? Прашањето за Контактот. Што му вели Космосот на човештвото? Што се случува со Добрите Намери, со Доброто, со Злото? Дали спознавањето на Злото води кон Добро?

    Бесценет философски трактат во препознатливиот стил и израз на Станислав Лем.

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Го сокрив мојот глас

    Го сокрив мојот глас

    0

    Четиригодишниот Шаб сè уште не започнал да зборува. Докторот верува дека нема причина за загриженост. Тој е исмејуван од другите што сметаат дека е „нем“, односно „глуп“, а амбициозниот татко воопшто не го сака и го препушта на грижата на мајката и бабата. Социјална и психолошка драма од перото на прославената и забранувана авторка Паринуш Сание, која инспирацијата ја нашла во вистински настани и ликови.

    299,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Година со Ентони Де Мело

    Година со Ентони Де Мело

    0

    Запалете ја светилката на свесноста, па темнината ќе исчезне!

    Секојдневни средби со Тони де Мело, од недела во недела, во текот на целата година. Таква е оваа книга. Поделена на педесет и две поглавја, во кои секој неделен дел е клучен пасус од ремек-делата на Де Мело.

    Сме научиле среќата да ја бараме надвор од себеси, па кога со своите напори не можеме да оствариме духовно исполнет живот, се обвинуваме и самоосудуваме. Ништо на светот не може да ни даде среќа. Зошто? Зашто веќе ја имаме. Исто како што ги имаме и спокојот и љубовта. Тие се кодирани во нашата ДНК. Не се стекнати или заработени. Живеат во нас за да бидат изразени низ нас. Единствениот потребен напор не е напор. Тоа е согледување и отфрлање на лажните верувања што нè спречуваат.

    Ако некогаш се посомневате во моќта на оваа книга, во Де Мело и во себе, навратете се на неговото ветување: „Не сум запознал ниту еден човек што не ја забележал разликата по неколкунеделна посветеност на постигнувањето свесност“.

    „Компас за животот, мапа за среќата.“

    Тарнер сторис

    490,00 ден
    Додај во кошничка
  • ГОДИНИТЕ КОГА НАУЧИВ ДА ЛЕТАМ

    ГОДИНИТЕ КОГА НАУЧИВ ДА ЛЕТАМ

    0

    Младиот Михаил со немирен дух повеќе не се пронаоѓа во родниот град зафатен од токсичните стихии на загадувањето, економијата, политиката, безидејноста. На дваесет и пет години, преиспитувајќи се себеси и своите корени, решава да си го бара домот под отворени неба. Напушта сè и тргнува на автостоперска авантура што неповратно му го менува животот. Во eден притаен натуралистички камп ја запознава глувонемата Алма Свенсон. На последниот ден што го поминуваат заедно, девојката исчезнува, како никогаш да не постоела, фрлајќи го Михаил во очај. Нејзината единствена трага, и нему единствената надеж да ја најде, е едно книжуле со неколку скинати страници, со размисли за некаков утопистички остров. Талкајќи по недобројните патишта на Европа, Михаил го следи внатрешниот патоказ до непознатиот остров и душевниот мир што му го ветува, иако не знае дали воопшто постои.

    Во срцевината на оваа авантура-мистерија лежи една човечка филозофија за сопствената потрага по дом, по смисла, по сродна душа. Инспирирана од личните автостоперски патувања на авторот, Годините кога научив да летам ќе ве внурне во номадскиот свет на талкачите и трагачите, и водејќи ве по себеспознавачки координати ќе ве потсети колку е важно да си го следиме внатрешниот глас.

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • ГОЛ ЧОВЕК

    ГОЛ ЧОВЕК

    0

    Поради огромниот интерес на читателите, Издавачки центар ТРИ ја реиздаде книгата „Гол човек“ на Игор Џамбазов. „Гол човек“ е можеби најконтроверзната книга на Џамбазов, во која тој искрено и без лажен срам, до гола кожа го соголува својот приватен живот и ни се прикажува во својата вистинска, човечка светлина. Напишана со отворено срце и остар јазик, „Гол човек“ е книга во која ќе се препознаеме сите ние, неговите современици.

    320,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Голем готвач за бебиња и мали децa

    Голем готвач за бебиња и мали децa

    0

    Здрава исхрана од првиот ден

    ВКУСНИ РЕЦЕПТИ за едноставна подготовка, како за бебињата така и за заедничките семејни оброци на домашната трпеза.

    ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ОД ДАГМАР ФОН КРАМ за доење, за постепено воведување на цврста храна, како и пренесување на компактно знаење на тема организација на кујната и одржување на нејзината хигиена, справување со нетолеранции и алергии на храна, вегетаријанска исхрана итн.

    ОЧЕКУВАЈТЕ да најдете избалансирана мешавина на разновидни рецепти во книгата за секоја фаза од животот на вашето дете и компетентни одговори на најважните прашања од неговиот развој.

    Едноставно, здраво и …ммм…многу вкусно!

    1.990,00 ден
    Прочитај повеќе