-
БРАЌАТА КАРАМАЗОВИ-Ф.М.Достоевски
0750,00 ден„Браќата Карамазови“, последното и најдоброто дело на Фјодор М. Достоевски, е едно од врвните достигнувања во светската литература. Според Фројд, најголемиот роман на сите времиња.
Раскошна филозофска расправа која покренува низа етички проблеми за природата на Бог, слободата на волјата, правдата и етичноста. Вистинска драма за моралните борби околу верата и сомнежот, разумот и емоциите, разбирањето и осудувањето. Проникнат со алчност и љубомора, љубов и страдање, тага и душевна благородност, овој роман е истовремено и теолошка и психолошка расправа. За Ниче, Достоевски е најдобриот психолог од кого научил многу за животот.
Романот бил објавуван во текот на 1879–1880 година во списанието „Руски весник“. Според него се снимени многу филмови и серии, поставени се многу театарски пиеси и сè уште доживува многу изданија низ целиот свет. Неговото дејство се случува во Русија, во XIX век, и сведочи за распаѓањето на едно имотно семејство составено од тројца браќа, толку различни меѓу себе што немаат речиси ништо заедничко освен нивниот неморален татко.
Полн со симболи, желба за правда и сострадание – за на крајот животот да се сведе на само еден сончев зрак. Ако го гледаш, жив си. А ако си жив, сè уште имаш можност да го откупиш животот.
„По Библијата, „Браќата Карамазови“ е веројатно највредниот трансисториски бестселер за природата на доброто и злото. Фројд, Ајнштајн, Хајдегер, папата Бенедикт Шеснаесетти мислеле пред мене – исто. Какво мајсторство е да го покажеш Божјото зрно во различна изртеност кај тројца браќа – Дмитриј, Иван и Аљоша, како и семето на злото кај нив и нивниот татко Фјодор, во различни големини? И зошто кај некого едното го надраснува другото, а кај некои второто го задушува првото? Вечни прашања и страшни филозофски стрмнини пред читателот од можеби најголемиот гениј во уметноста воопшто, книжевниот Моцарт. Бестселер што не пламнува како слама, туку топли со тивка и трајна, вечна жар.“
Венко Андоновски
-
Брачниот портрет
0490,00 денОд авторката на бестселерот на „Њујорк тајмс“ – романот „Хамнет“ – книга за волшебната млада војвотка Лукреција де Медичи.
Зима, 1561 година. Лукреција, војвотката на Ферара, е однесена на неочекувана посета на селската вила на нејзиниот сопруг Алфонсо. Додека вечераат во леденостудената сала, таа сфаќа дека Алфонсо има злобен план: да ја убие.
Лукреција имa 16 години и водела изолиран живот затворена во големата палата во Фиренца, чувана од војниците на татко ù и дамите на мајка ù. Меѓутоа, овде, во оваа оддалечена вила, таа е на милост и немилост на нејзиниот сè понепредвидлив сопруг.
Што ќе направи Лукреција со ова ненадејно сознание? Кои се нејзините шанси против Алфонсо, владетел на провинција и обучен војник? Како да го обезбеди својот опстанок?
„Брачен портрет“ е живописно потсетување на убавината и бруталноста на ренесансна Италија и на млада жена чија близина до моќта ја става во смртна опасност.
-
Брезите што шумеа крај Темза
0350,00 денСместен во инвалидска количка, седејќи пред прозорецот во својата крајбрежна вила во Брајтон, Англија, 65-годишниот професор по книжевност со полско потекло, Едвард Лијам Адамски, ќе им се наврати на своите стари спомени. Дури четири децении наназад, само за да ни ја раскаже приказната за младиот студент кој една пролетна ноќ, во Лондон, имал среќа да ја запознае жената на својот живот – девојката од високата класа по име Емили Стоунбриџ.
Двајцата млади писатели ќе се впуштат во бурна љубовна врска, исполнета со многу страст и поезија. Но, тој ќе сфати колку многу ја сакал Ема дури откако целосно ќе ја изгуби, а таа ќе отпатува далеку, во Јужна Америка… Следува неговиот брак со нејзината родена сестра Беверли и нивната борба за да добијат деца, но и сите други необични перипетии на неговиот живот, додека времето неповратно тече напред и ги носи водите на реката Темза, некаде далеку.
Сепак, без оглед на потребите на своето семејство – сопругата Беверли и посвоените близначки Холи и Фиона, неговата успешна кариера како професор на колеџот „Кингс“ во Лондон, но и сите други настани во животот, тој никако не може да ги заборави уникатните емоции што ги негува исклучиво кон Ема.
Сè додека еден ден не открие дека има и возрасен, биолошки син по името Рафаел Паз.
Напишано од перото на писателката Катерина Серафимовска (1972 година), член на ДПМ (2001) и автор на десет досега објавени книги, меѓу кои и романите: „Забранет поглед“ (1999); „Насмевка со цимет“ (2016); „Поглед полн синило“ (2017); „Небото над реката Чарлс“ (2018); „Блесок на пролетта“ (2019).
-
-
Бризбејн
0400,00 денЕвгениј Водолазкин во својот нов роман ја продолжува приказната за јунаците (исто како и во „Лавр“ или во „Авијатичарот“) чија судбина – како во античките трагедии – наеднаш и веднаш се менува.
Глеб Јановски е музичар, виртуоз што на врвот од својата слава ја губи можноста да настапува поради болест и се обидува да најде нова смисла на својот живот, нова потпорна точка. Во тоа му помага минатото: се обидува да ги собере заедно сеќавањата од детството во Киев, од младоста во Ленинград, од сегашноста во Минхен. Само Бризбејн го нема меѓу тие животни патешествија. Дали воопшто постои таков град? Или тоа е само илузија, мечта, утописки идеал?
Романот е прогласен за Книга на годината во Русија за 2019 година.
-
Брит-Мари беше тука
0400,00 денНеодолив роман за наоѓање љубов и за вторите шанси што сите ги заслужуваме. Брит-Мари не може да поднесе неред. Неорганизирана фиока за прибор е непростлив грев. Секој ден го започнува во шест часот бидејќи само лудаци се будат подоцна од тоа. И не е пасивно агресивна. Секако дека не! Само понекогаш луѓето нејзините корисни сугестии ги толкуваат како критики. Таа не суди за другите, никако.
Зад социјално непријатното, напорно лице на Брит-Мари се крие жена со фантазија, со преголеми соништа и со претопло срце! По разделбата со сопругот Кент, животот го почнува одново во мистериозното гратче Борг. Секојдневно се соочува со новите сограѓани: пијаници, џаболебари, а еден згоден локален полицаец успева дури и да ѝ го привлече вниманието. Нејзината нова и речиси невозможна задача е да стане тренер на фудбалски тип со неталентирани деца.
Дали Брит-Мари ќе го најде местото каде што навистина припаѓа? На комичен и динамичен, внимателен и хуман начин се слават неочекуваните пријателства што нè менуваат засекогаш. Дали може да го направиме светот подобро место?
-
Број 13 : раскази за духови
0300,00 денСвеќата слабо нека гори. Тишината нека избие. И закопаното минато може да добие збор…
Целта на добрите приказни за духови е да ти ја замрзнат крвта, но на некој пријатен начин. Приказните за духови на Џејмс се доведени до совршенство – дали е во англиските селски куќи и градини, или во црковните дворови, лавиринти или возови, неговите имагинарни пресврти секогаш го секнуваат здивот.
Добре дојде во зоната на самракот, во заборавените цркви и библиотеки, во старите хотели без соба бр. 13, во крајбрежните урнатини во кои и самото време се двоуми да влезе. Во овие спектакуларни приказни за духови ти треба повеќе од храброст. Потребна будност во шушкањето на пергаментот и во ехото на чекори од ходниците во кои никој не поминува, а сепак се слуша чекорење.
Секоја приказна е реликвија ископана од тивкиот страв на научниот ум на човек што знае каде лежи вистинскиот ужас. Овие загатки се сенките што ги фрла знаењето што е премногу древно за да биде безбедно.
„Ако некоја од моите приказни ги предизвика читателите да се чувствуваат непријатно и да ги полазат возбудливи морници кога одат по осамен пат во самрак или додека седат во доцните ноќни часови пред огнот што полека згаснува, мојата цел во пишувањето ќе биде постигната.“
М. Р. Џејмс
-
Бронзениот коњаник I: Ленинград
2500,00 денЗлатните неба и прозрачните квечерини на белите ноќи и понатаму го чуваат сјајот на минатото. Величествените споменици на царскиот град со славно минато гордо му пркосат на општото сивило на Ленинград. Војната сѐ уште не е стигната до овој прекрасен град, ниту до животите на двете сестри, Татјана и Даша, кои делат една собичка во преполн стан со нивниот брат и нивните родители. Нивниот свет се превртува наопаку кога армијата на Хитлер ја напаѓа Русија.
Но има и светлина среде целата темнина. Татјана го запознава Александар, храбар млад офицер во Црвената Армија. Тој ја привлекува со својата сила и самодоверба, со својата резервираност и мистериозност – а и таа го привлекува него. Но таа не знае дека токму тој е избраникот на нејзината сестра Даша, па Татјана се заљубува во него. Пламенот на забранетата љубов бликнува со незадржлива сила, непоколебливо спротивставувајќи се на сестринската верност и лојалност.
Набрзо, нивниот град паѓа во канџите на гладот, очајот и стравот за време на ужасната зима под безмилосната германска опсада и Александар станува нивната единствена надеж за спас. Но Александар има тајна која внимателно ја штити – тајна разорна речиси колку самата војна. Во време кога секој ден е потполно неизвесен, Александар и Татјана градат свој свет од украдени моменти, скриени погледи и прошепотени нежности. И додека околу нив се испишуваат најважните страници од руската историја, двајца млади се борат за својата љубов, бидејќи само таа може да им донесе спас.
-
Бронзениот коњаник II: Златната порта
0500,00 денРуската зима го стега Ленинград со своите студени канџи, а германската опсада не попушта ни за миг. Татјана Метанова веќе носи воени трагедии на своите млади плеќи, но љубовта кон Александар, несудениот сопруг на нејзината сестра Даша, ѝ дава сила да се бори за иднината.
Од една страна притиснати со моќната воена машинерија на Хитлер, од другата обесхрабрени од суровиот советски систем кој го претвора дури и обичното секојдневие во борба за опстанок, Татјана и Александар се наоѓаат на крстопат во историјата, пресвртен момент кој ќе го означи крајот на еден свет. Новата доба можеби носи ветување за поубав живот, но патот до него е тежок, а непрегледното море од опасности на секој чекор е доволно моќно и бурно за да ги потопи надежите на младите љубовници.
Речиси хипнотизичарка уште од првата страница, па сѐ до самиот срцепарателен крај, оваа книга ја оживува приказната на една толку голема љубов што триумфира дури и над очајот на завојувана земја.
-
Бруклин
0199,00 денЕлис Лејси не може да најде добра работа во Ирска. Свештеникот Флуд ѝ нуди одлични можности за работа преку Атлантикот, во Големото јаболко. Во Бруклин. Елис не може без семејството и пријателите, ама сепак тргнува во потрага по подобар живот. Се качува на прекуокенаскиот брод за да заплови во водите на животот.
Таа вредно работи и учи во Америка, во ветената земја, ама носталгијата постојано расте. Еден ден го запознава Италијанецот Тони и тие се вљубуваат. Елис е пред ново искушение и мора да избере меѓу љубовта и родното место.
Незаборавен роман, натопен со човечка длабочина, забавен и вешто скроен… Чувствителен и неодолив портрет на една девојка чиј што мирен семеен живот се претвора во интересна љубовна романса. Ова е најпознатиот роман на ирскиот писател Колм Тојбин, со кој тој ја доби престижната награда Costa Book Award и беше во потесен избор за ексклузивната европска награда Booker. Според сценариото од оваа новела во 2015 година беше снимен и светски познатиот филм, кој што под истоимениот наслов „Бруклин“, доби три номинации за Оскар
-
Брутален (Sinners of Saint #1)
0500,00 денЕМИЛИЈА
Велат дека љубовта и омразата се истото чувство, само се јавуваат во различни околности. И вистина е. Човекот кој ми доаѓа на сон е истиот оној кој ме прогонува во кошмарите. Тој е брилијантен адвокат. Вешт криминалец. Прекрасен лажго. Насилник и спасител. Монструм и љубовник.Пред десет години, ме натера да побегнам од малиот град каде што живеевме. Сега, дојде по мене во Њујорк, и нема намера да замине додека не ме земе и мене.
ВИШС
Таа е уметник. Убава, несфатлива и недостижна, како цвет од цреша. Пред десет години, ми влета во животот од нигде-никаде и преврте сѐ наопаку. Па, си ја плати цената.Емилија ЛеБланк ми е комплетно забранета – бивша девојка на мојот најдобар пријател. Жената која ми ја знае најмрачната тајна. Тоа би требало да е доволно за да ме одврати од трчањето по неа, но не ме одвраќа. Е добро де, таа ме мрази – голема работа. Попаметно би ѝ било да се навикне на мене…
-
Бувот лови само ноќе
0450,00 ден#2 Миа Кригер и Холгер Мунк
Тинејџерка со проблеми во однесувањето исчезнува од домот за млади. Набргу, на шумска ледина е пронајдено нејзиното мртво тело на постела од пердуви, врамено во пентаграм. Случајот е доделен на Одделението за убиства на полицијата во Осло, со истражителите Холгер Мунк и Миа Кригер. Работата е посебен предизвик за Миа, која сè уште води борба со суицидните мисли и со зависноста од апчиња и од алкохол.
Во меѓувреме, Миријам, ќерката на Мунк, доживува емоционална криза и ја преиспитува својата улога на сопруга и мајка. Откако ќе го запознае младиот интересен активист, почнува да се прашува каде исчезнала нејзината страсна политичка ангажираност, а романтичните чувства што се будат во неа ќе ја одведат директно во рацете на еден исклучително болен ум…
Истрагите на тимот Мунк и Кригер се вртат во круг сè додека не им се јави мистериозен хакер што им покажува вознемирувачко видео. Снимката разоткрива нови детали за трагичната судбина на убиената девојка, а на крајот се гледа дури и убиецот, облечен како був – птицата на смртта.
-
БУДЕЊЕ
0280,00 денЖивотот е она што ни се случува додека сме зафатени со други планови.
Будење е најпродаваниот водич на Ентони де Мело за духовниот живот, што го зазеде местото на модерен класик за духовноста. Низ хумор, сочувство и разбирање им помага на читателите да ја разберат важноста на „будењето“, за да се спознаат себеси и светот околу себе.Со мноштво анегдоти и приказни, како и насоки и вежби за самопомош, оваа книга изобилува со вистинска мудрост и практични совети. Проникнува во универзалните прашања за промената, среќата, страдањето и загубата, и помага за справување со гневот, стравот и сите други негативни аспекти што се испречуваат на патот на љубовта.
-
Будење на свеста
1400,00 денВистинскиот извор на страдањето во светот се стравот, болката и незнаењето. Ова се случува кога не сме во допир со универзумот, кога не сме во хармонија и баланс. Сè додека ја проектираме моќта надвор од себе и не сме во можност да ја препознаеме внатрешната моќ која вистински нè исцелува, тогаш и го поддржуваме сето страдање кое му се случува на светот.
Потребно е да ја поттикнеме личната и духовна преобразба, да се ослободиме од товарот што го носиме во себе, да станеме свесни за своите програми и да работиме на нивно освестување, да се ослободиме од нив и да отвориме простор во срцето за љубов која целосно ќе нè исцели. Тоа нема секогаш да биде пријатно и лесно, но колку повеќе се исцелуваме толку и креативниот канал ќе ни биде почист и посјаен и ќе уживаме во неограниченото изобилие на универзумот. А како што ние ќе се исцелуваме, ќе се исцелува и целото човештво.
Ве повикуваме заедно да ја разработиме оваа идеја на Будење на свеста. Посакуваме секој да погледне во себе, да го пронајде својот копнеж, свесно да косоздава реалност каква што посакува и да биде љубов. Нашата желба за вас е со радост да ја прегрнете новата промена која е веќе присутна насекаде околу нас и да завладеат хармонија и љубов на нашата планета.
-
Букет од женски срца
0320,00 денМалата Ана решава да направи подарок
за сите жени што ја учат што значи љубов –
мама што грее како сонце, баба што мириса на колачиња,
дада што знае сè, братучетката што чува тајни,
тетката што никогаш не старее, другарката што лечи со смеење,
наставничката што верува во секое дете и сите девојчиња на светот –
што со својата нежност создаваат сила.„Букет од женски срца“ е сликовница што ќе ја читаме
заедно со нашите ќерки, внуки, ученички – повторно и повторно,
секој 8 Март, но и секојпат кога ќе посакаме да се потсетиме
колку е убаво да се биде Женско Срце. -
БУЛИНГ во основното училиште
1260,00 денБулинг во основното училиште-вистинска приказна-од Александра Кочовска