Филтер по цена
Жанр
Автори
  • Тивката ноќ на Херкул Поаро

    Тивката ноќ на Херкул Поаро

    0

    Најславниот детектив на светот, легендарната ѕвезда на романите на Агата Кристи, повторно ги активира своите „сиви ќелии“ и пристапува да реши една божиќна мистерија.

    Денот е 19 декември 1931 година, а Херкул Поаро и инспекторот Едвард Кечпул добиваат повик да истражат убиство на човек што се случило во навидум сосема безбедна средина: на оддел од болница во Норфолк. Мајката на Кечпул, Синтија, инсистира Поаро да престојува во трошна куќа на брегот, за сите да можат да бидат заедно за време на празниците додека Поаро го решава случајот. Пријателот на Синтија, Арнолд, набргу треба да биде примен во истата болница, а неговата сопруга е убедена дека токму тој ќе биде следната жртва на убиецот, иако одбива да објасни зошто мисли така.

    Поаро има помалку од седум дена да го реши злосторството и да спречи уште убиства, доколку сака да избега од кошмарно сценарио и да се врати дома за Божиќ. Во меѓувреме, некој бескрајно безмилосен има друга замисла за неговата судбина.

    Ќе успее ли Херкул Поаро навреме да го реши овој збунувачки случај?

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Тивкиот Американец

    Тивкиот Американец

    0

    Никогаш не сум познавал човек кој имал подобри мотиви за сите проблеми што ги предизвикал, забележува нараторот Фаулер за Олден Пајл, т.н. тивок Американец и можеби најконтроверзниот лик во делата на Греам Грин. Пајл е млад идеалист, испратен од Вашингтон на тајна мисија во Сајгон, во време кога француската армија се соочува со герилците од Виет Мин. Но неговите добронамерни политики водат до крвопролевање. Фаулер, искусен и циничен британски новинар, се потешко останува само набљудувач. Сепак, и неговите мотиви се сомнителни – за полицијата, но и за него самиот – бидејќи Пајл му ја презема прекрасната љубовница – Виетнамката Фуонг. Првпат објавен во 1956 година и двапати екранизиран, Тивкиот Американец останува вознемирувачки и пророчки портрет на наивноста на дело и е моќна и провокативна приказна за љубовта и моралот во Виетнам.

    390,00 ден
    Додај во кошничка
  • Тие што се сакани

    Тие што се сакани

    0

    Чудесниот роман на Викторија Хислоп е сместен во времето на германската окупација на Грција, потоа граѓанската војна, по штo доаѓа и воената диктатура, настани што оставија длабоки лузни на таа почва.

    Атина, 1941 година. По неколку децении политичка независност, Грција е поделена на левица и на десница токму во моментот кога ја окупираат Германците. Петнаесетгодишната Темис потекнува од семејство што е поделено од политичките разлики. Нацистичката окупација го продлабочува јазот меѓу тие што ги сака, исто како што ја разорува и целата Грција. Таа е сведок на тоа како нејзините пријатели умираат од глад и сѐ што гледа ја наведува да даде некаков отпор.

    За време на граѓанската војна што доаѓа по завршувањето на окупацијата, Темис ѝ се придружува на комунистичката војска и тука доживува голема љубов и голема омраза, исто како парадоксите што изобилуваат во војната во која Грк се бори против Грк. Прогонета на островите, Темис запознава една затвореничка, чијшто живот се испреплетува со нејзиниот на начин на кој никако не можела да предвиди…

    Овој моќен роман го осветлува сложеното и трауматско грчко минато и го вткајува во епската приказна за обичната жена, која била принудена да проживее исклучително необичен живот.

    „Гледиштето на Викторија Хислоп на историјата во нејзините романи претставува олицетворение на сочувство и на добрина“. – „Скотсман“

    „Никој не пишува за Грција како Викторија Хислоп“. – „Ред магазин“

    „Таа возбудливо ја оживува грчката историја… Требало да спроведе детално историско истражување, но тоа не ја задушува приказната“. – „Сандеј тајмс“

    „Прекрасна, уникатна љубовна приказна и чудесни, потресни описи на земјата распарчена од омраза“. – „Дејли експрес“

    „Потресно четиво, кое ве враќа низ времето“. – „Ес/магазин“

     

    499,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Тим – официјалната биографија на Авичи

    Тим – официјалната биографија на Авичи

    0

    Интимна биографија за Тим Берглинг – Авичи, легендарниот диџеј што прерано го напушти овој свет.

    Диџејот и продуцент Тим Берглинг, во цел свет познат под уметничкото име Авичи, експлодира на музичката сцена како огномет наспроти ноќно небо. Беше музички визионер, кој со своето чувство за мелодија успеа да го дефинира периодот кога шведската и европската хаус-музика го освојуваа светот.

    Но Тим Берглинг исто така бил и интровертен и кревок млад човек, принуден пребрзо да порасне. По цела серија инциденти, кои резултираат со болнички престој, тој ја прекинува турнејата летото во 2016 година. Едвај две години подоцна, си го одзема животот.

    „Тим – официјалната биографија на Авичи“ е дело на наградуваниот новинар Монс Мосесон, кој добива специјален пристап до белешките на Тим, а прави интервјуа и со неговото семејство, како и со неговите пријатели и колегите од музичкиот бизнис. Биографијата искрено ги претставува Тим и неговата животна потрага, не срамејќи се од тешкотиите со кои се соочувал.

    600,00 ден
    Додај во кошничка
  • Тито, мојот претпоследен херој

    Тито, мојот претпоследен херој

    0

    Почувствував силен удар. Човек во темен костум и црни очила влета во зградата и ме залепи со влезната врата за портирницата. Викаше „Место за Другарот!“ и го расчистуваше теренот. По него втрчаа уште неколку слични типови кои беа претходница на еден круг од неколку лекари во чијашто средина се наоѓаше човек во болничка количка.

    И знаев кој е, не можеш да не го препознаеш, кога си навикнат да те гледа од секоја просторија, дома, во школо, во војска, на работа, но тоа не значеше дека мозокот тукутака прифати и дека не бев како удрен од сознанието. Другарот Тито.

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Тишината зборува

    Тишината зборува

    0

    Слушањето на тишината ја буди димензијата на спокојство во вас, зашто само преку тишината може да станете свесни за себеси.

    Тишината е внатрешeн мир, а за да ја пронајдеме потребно е спокојство, кое е суштинско за човечкото постоење. Колку и да ни е тешко да ја постигнеме, смиреноста е во нашата природа – таа е неопходна за среќен живот. Трансформацијата на човечката свест не е повеќе предност на неколкумина, туку потреба на секоја личност за да се пронајде, но и да се одржи себеси.

    Духовниот учител Екарт Тол ни покажува како да го отстраниме сето она што нè одвојува од вистината за тоа кои сме ние, а она што навистина сме веќе го знаеме во длабочината на своето срце. Треба само да успееме да го чуеме.

    Зборовите на оваа книга се патокази. Она на што упатуваат не се наоѓа во царството на мислењето, туку во една друга димензија која е внатре во нас. Оваа книга ќе го иницира будењето на читателите кои се подготвени да им дадат шанса на зборовите да ја исполнат својата тивка магија.

    280,00 ден
    Додај во кошничка
  • ТКЦП: Судоку

    ТКЦП: Судоку

    0
    85,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Тоа бевме ние

    Тоа бевме ние

    0

    Роман што вибрира од тага, но и од животна радост, како емотивен удар со тупаница што се однесува на сите нас!

    Нахид и Масуд се среќаваат една вечер во Техеран. И двајцата се на осумнаесетгодишна возраст и во себе носат сон за слобода и демократија. Се движат кришум и делат летоци. Започнуваат демонстрации и илјадници луѓе извикуваат пароли на улиците. Но сето тоа станува многу посериозно и понасилно отколку што можеле да си претстават. Со позајмени пари и со лажни пасоши бегаат во Шведска. Го прават тоа заради подобар живот и заради иднината на својата ќерка. Слободата што им недостигала сега ја имаат во изобилие, но што е слобода кога ти недостигаат корењата?

    Триесет години подоцна, Нахид има уште шест месеци живот. Или барем така ѝ кажуваат докторите. Исполнета е со нов гнев. Во исто време дознава дека нејзината ќерка е бремена. „Ако го добијам ова, не сакам ништо повеќе.“ Но сè се претвора во трка со времето.

    Извонредна приказна за егзилот, раселувањата и емотивните врски меѓу мајките и ќерките, приказна за љубовта, за вината и за соништата за подобро утре. „Тоа бевме ние“ нè тера да се запрашаме: што им оставаме на нашите деца? Што им должиме на тие што ги сакаме? И, дали без корени можеме вистински да бидеме слободни?

    300,00 ден
    Додај во кошничка
  • Тоа што го бараш, ќе го најдеш во библиотекатa

    Тоа што го бараш, ќе го најдеш во библиотекатa

    0

    Читателите сами си создаваат лични врски со зборовите, без разлика што сакал да каже авторот, и притоа добиваат нешто скапоцено.

    Што барате? Тоа прашање секојдневно го поставува таинствената библиотекарка во Токио, Сајури Комачи. Како и повеќето библиотекари, таа ја има прочитано секоја книга што спокојно чека на полиците да промени нечиј живот. Но Комачи има и друга необична дарба – да ги чита душите на нејзините посетители и според тоа да им ја препорача вистинската книга.

    Разговорите што ги водат читателите со библиотекарката, и книгата што таа ќе им ја даде, носи сериозни последици врз нивниот живот. Ние мислиме дека ги избираме книгите, но всушност, тие нè наоѓаат нас.

    Секој што ќе влезе во библиотеката се труди да оствари некој сон, исто како секој од нас. Сега оваа книга те наоѓа тебе. Ти ги подава рацете и е вистинската што ти треба во овој миг. Таа знае дека она што го бараш ќе го најдеш на нејзините страници. Со благозвучен шарм и мудрост, оваа книга е доказ за магичната моќ на библиотеките, пријателството и живеењето во заедница. Таа е совршена за секој што заглавил во ќор-сокак во животот и му треба малку ѕвездеста прашина за инспирација.

    „Восхитувачки, нежен спој на приказни кои носат надеж и радост за сите кои се наоѓаат во некој пресвртен момент во животот.“
    Киркус ривју

    380,00 ден
    Додај во кошничка
  • Товарот на вистината

    Товарот на вистината

    0

    Една мајка одбива да се откаже. Еден детектив е принуден да се сомнева во сè. А вистината одбива да остане закопана.

    Шест месеци по исчезнувањето на Тамара Калајџиева, случајот почнува да се води како нерешен. Без нови траги и докази, полицијата е принудена да го посвети вниманието на тековните задачи. Само мајка ѝ, Ружица, е заглавена во минатото. Уништена од загубата и болката, во живот ја одржуваат единствено надежта и вербата дека нејзиното чедо еден ден ќе се врати.

    И по шест месеци, се случува незамисливото. Повик во ноќта ја прекинува тишината и гласот што една мајка никогаш не би можела да го заборави го оживува нерешениот случај.

    Младиот инспектор Стефан Михајловски го наследува случајот од кој сите други кренале раце. Воден од инстинктот и личните принципи, продолжува да копа подлабоко и сфаќа дека ова не е само обичен случај на исчезнато лице, туку нешто многу помрачно. Нешто внимателно скриено. Делчињата од вистината избиваат на површина и она што личело на очајна измислица на една мајка, полека се претвора во вознемирувачка реалност.

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Тој и таа

    Тој и таа

    2
    Ако секоја приказна има две страни, значи едниот секогаш лаже.
    Џек: Има неколку збора кои можат да ја опишат мојата сопруга. Прекрасна. Амбициозна. Неспособна да прости.
    Ана: Мене ми е доволен само еден збор за да го опишам мојот сопруг. Лажливец.
    Ана конечно го има она што долго го посакува. Со многу напорна работа за да стане главната водителка на вести во BBC, со многу направени жртви во поглед на пријателите, семејството, па дури и сопругот – кој сега веќе ѝ е бивши сопруг. Па кога некој станува закана за работата од нејзините соништа, таа е подготвена речиси на сѐ за да не ја изгуби. Кога ја испраќаат да оди да известува за убиство во Блекдаун – малото мирно гратче каде што пораснала – таа не сака. Но се покажува дека жртвата е нејзина пријателка од детството па нема избор. Наскоро таа не е само новинар кој известува за приказната, туку е во сржта на истата.
    Детективот Џек Харпер е сомничав за инволвираноста на Ана во случајот. Но и тој крие нешто и не кажува дека ја познавал жртвата, сѐ додека не почне да сфаќа дека и самиот станува осомничен во сопствената истрага. Еден од нив двајцата знае повеќе отколку што признава. Некој не ја кажува вистината… Тој и таа е брз, комплексен и мрачен трилер кој ќе ве тера да погодувате кој е виновникот до самиот крај.
    550,00 ден
    Додај во кошничка
  • Тој почна сè

    Тој почна сè

    0

    Бет, Порша и Еди Морган не биле заедно со години. И тоа поради многу добри причини – ќе дојдеме до нив подоцна. Но, кога нивниот богат дедо ќе почине и ќе остави порака непосредно пред тоа, сестрите, братот и нивните партнери мораат да одат на заедничко патување низ целата држава за да ја исполнат неговата последна желба – и уште поважно – да си го обезбедат својот дел од наследството.

    Но, времето поминато со фамилијата може да биде тешко. Тоа важи за сите.

    Уште е потешко кога сите чуваат тајни и се обидуваат да заборават едно сеќавање – исчезната личност, чин на одмазда, човек со црн камионет кој не престанува да го следи вашиот автомобил – особено кога најмалку еден од вас е убиец и има тело во багажникот. Само да споменеме неколку причини.

    Но, парите се силен мотив. Тоа важи за сите.

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Токму такви приказни

    Токму такви приказни

    0

    Еднаш многу одамна, најмили мои…

    Вака почнува оваа класична збирка на прекрасни, фантастични приказни за тоа како нештата во светот станале токму такви какви што се.

    Во оваа книга ќе прочитате приказна за тоа како мрзливата камила си најде грпка и како со неговата голема љубопитност слонот си доби сурла. Ни открива и како настана грлото на китот и зошто секој носорог има набрана кожа и постојано е мошне лошо расположен. Исто така, ќе дознаеме и за итрата мачка што шеташе сама и како настанаа шарите на леопардот.

    199,00 ден
    Прочитај повеќе
  • ТОНИ

    ТОНИ

    0

    Реалноста е секогаш пошокантна од тоа што го пишува во книгите.

    Тони е средовечен бивш рокер од Скопје, кој живее со мајка му и работи во државна институција. Во текот на пандемијата, ненамерно, но по своја вина, предизвикува неколку настани кои засекогаш го менуваат неговиот, а и животот на луѓето околу него.

    Напишан на жив, остар и современ јазик, во препознатливиот горчлив и истовремено духовит стил на Бужаровска, Тони е роман за машкоста, за градот и за традицијата. Брутално комичен, но и длабоко трагичен, се чита во еден здив. Ова е роман што ќе ве удри од земја и ќе ве натера да ги преиспитате општествените, романтичните и семејните односи од нашето секојдневие.

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Тото мачката-нинџа и големото бегство на змијата

    Тото мачката-нинџа и големото бегство на змијата

    0

    О, здраво!

    Веќе си тука.

    Совррршено!

    Ова е Тото

    и таа е

    прекрасна.

    Но, таа не е обична рунтава мачка. Таа е речиси целосно слепа, поседува нинџа-вештини и навечер доживува неверојатни авантури со нејзиниот своеглав брат, Сивко.

    Во оваа приказна, Тото и Сивко, заедно со нивниот нов пријател, одат во потрага по големата, смртоносна кралска кобра, која, бегајќи од зоолошката градина, сее страв низ Лондон. Но, на сцената стапува Тото, која ќе ги искористи сите свои супермоќи за да ја фати.

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Тото мачката-нинџа и неверојатната кражба на сирењето

    Тото мачката-нинџа и неверојатната кражба на сирењето

    0

    Еј, здраво!

    Неверојатната мачка-нинџа Тото се врати, и тоа уште покул од претходно!

    Се случи нешто катастрофално: сето сирење од целиот свет исчезна. Некој го украл.

    Придружете им се на Тото, нејзиниот брат Сивко и заедничкиот пријател Мачколик на нивната тајна спасувачка мисија. На Тото ќе ù требаат сите нинџа-вештини за да го совлада тој безмилосен крзнен крадец на сирењето…

    350,00 ден
    Додај во кошничка