-
-24%
Тео од Голден
0Original price was: 600,00 ден.459,00 денCurrent price is: 459,00 ден.Едно пролетно утро, туѓинец пристигнува во малиот јужњачки град, Голден. Никој не знае од каде доаѓа, ниту пак зошто се доселил токму во нивното гратче. Неговото име е Тео.
Овој тивок, љубопитен и бескрајно мил старец го посетува локалното кафуле во кое се изложени деведесет и два портрети на жителите од Голден изработени од локалниот уметник. Тој ги купува и еден по еден им ги подарува на нивните вистински сопственици.
Со секое дарување се расплетува чудесна приказна, се раѓа пријателство, од корен се менува живот.
Жителите се спријателуваат со таинствениот старец, кој не е незапознаен со тагата и загубата, но останува прашањето – кој е Тео и зошто е тука?
„Тео од Голден“ е приказна за моќта на великодушноста и за невидливите нишки љубезност што нè поврзуваат едни со други. Приказна што нè потсетува дека и најмалиот чин на добрина може да промени живот… дури и цел град.
-
-19%
Запишано со крв
0Original price was: 570,00 ден.459,00 денCurrent price is: 459,00 ден.Ако тој ти го запише името, тогаш тоа е смртна казна…
Лос Анџелес, 5 декември – само неколку недели пред Божиќ. Анџела Вуд, експертот за џебни кражби, штотуку завршува со „работата“ за денес – 687 долари – не е лошо за нешто помалку од петнаесет минути работа.
Додека прославува за профитабилниот ден со коктел, вниманието ѝ го привлекува еден од гостите во локалот, кој е многу дрзок кон друг постар човек. Анџела решава да му одржи лекција, па му ја краде кожната чанта, која делува мошне скапо.
Но внатре нема пари… нема лаптоп… ништо вредно. Барем не за Анџела. Само црн нотес со кожни корици, изненадувачки тежок. Љубопитноста ја совладува, па во мирот на својот дом, Анџела почнува набрзина да го прелистува.
И тогаш започнува најголемиот кошмар во нејзиниот живот.
Ова не е обичен нотес.
Ова е нешто што се чита само на свој ризик и одговорност. -
-22%
Вистински бои
0Original price was: 590,00 ден.459,00 денCurrent price is: 459,00 ден.Сестрите Греј отсекогаш биле блиски, но по смртта на мајка им стануваат и најдобри другарки. За жал, на нивниот строг татко поважна му е репутацијата одошто сопствените деца и, години подоцна, тој сè уште бара од нив да ја одржуваат неговата позиција во општеството.
Винона, најстарата, има најголема потреба од татковото одобрување. Таа никогаш не се чувствувала пријатно и вистински дома на ранчот што е во сопственост на семејството три поколенија. Знае дека не ги поседува квалитетите што татко ѝ ги цени, но, како најдобар адвокат во градот, решена е еден ден да му ја докаже својата вредност.
Аурора, средната сестра, е миротворецот во семејството. Таа ги смирува сите кавги и се обидува да ги усреќи сите, истовремено криејќи ја својата болка.
Виви Ен е неоспорната ѕвезда во семејството. Занесна убавица, сонувачка со срце од злато, таа е обожавана од сите. Сѐ ѝ оди од рака, сè додека во градот не се појави еден туѓинец.
За миг, сè се менува. Сестрите Греј застануваат една против друга на начини на кои ниедна од нив не си замислувала. Лојалноста им е ставена на тест, се разоткриваат стари тајни, а шокантното убиство ќе ги потресе и семејството и целиот град.
Емотивна приказна каква што само Кристин Хана умее да напише, „Вистински бои“ е незаборавен роман за сестринските врски, искупувањето, прошката, а најмногу за тоа што значи да се биде семејство.
-
-22%
Поканата
0Original price was: 590,00 ден.459,00 денCurrent price is: 459,00 ден.Тешко на секој што ќе ја прими…
Во текот на продолжен викенд на Алпите, Марла Линдберг прифаќа покана за петгодишнина од матурата. Но брзо по пристигнувањето сфаќа дека постои само едно поопасно нешто од напуштањето на изолираниот планински хотел ноќе, на подмрзаниот снег, а тоа е… да не го напушти.
Спомените на Марла се кристално јасни: чудната порака што ја намамила во напуштена породилна клиника. Ликот што се обидел да ја убие. Страшната кашлица со граден свиреж на психопатот за време на борбата за живот.
По години психотерапија, високо интелигентната млада жена сега знае дека сето ова се само лажни спомени. Марла страда од прозопагнозија, односно нарушување на перцепцијата за човекови лица што води до неспособност за препознавање ликови. Во екстремни ситуации, нејзиниот мозок си игра со неа, обидувајќи се залудно да ги препознае луѓето по нивните лица.
Кога Марла ја добива поканата за собирање на класот на Алпите, таа се надева дека средбата со старите другари ќе ѝ врати убави спомени. Кога пристигнува во завеаниот планински хотел, сите соби се веќе зафатени. Каминот гори, има чинии на масата, но таму нема никој. Почнува да ги бара останатите. И тогаш повторно ја слуша. Таа морничава кашлица со граден свиреж, во студениот мрак…