• img-book

    А вие си помисливте дека сестрите се опасни… Во ова волшебно продолжение на вешто напишаниот и апсорбирачки првенец на Сали Кристи, се среќаваме, ни помалку ни повеќе, со маркизата Де Помпадур, една од најголемите убавици на нејзината генерација и прва буржоаска љубовница што некогаш ги красела возвишените дворски сали на Версај.
    Годината е 1745 година, а креветот на кралот Луј XV е повторно празен. Се појавува Жана-Антоанета Поасон, убава девојка од средната класа. Како дете, една гатачка ѝ ја претскажала судбината на младата Жана: дека ќе стане љубовница на кралот и најмоќна жена во земјата. На крајот, врските, среќата и малите интриги ѝ го поплочуваат патот до Версај, до прегратките на кралот.
    Брзо-брзо, конспиративните чиновници и надежните убавици бараат начин да ја заменат буржоаската натрапничка со посоодветна љубовница. Додека Жана, сега маркиза Де Помпадур, се справува со своите многубројни ривали ‒ вклучително и една сладострасна дворска дама, една дрска четиринаесетгодишна проститутка, па дури и една братучетка на озлогласените сестри Нел ‒ таа му помага на кралот да се предаде на живот исполнет со раскош и разврат. Околу нив, војната беснее, расте незадоволството, а Франција е сè поблизу до Револуцијата.
    Раскажана во прославениот духовит и модерен стил на Кристи, „Ривалите од Версај“ ќе ги воодушеви и ќе ги привлече читателите бидејќи го оживува дворот на Луј XV со сета своја гордост, помор и слава.


  • img-book
    Во последниот дел од „крајно возбудливата“ (Њујорк Дејли Њус) трилогија на Сали Кристи, „Љубовниците од Версај“, Жана Беку, жена со неверојатна убавина, но со скромно потекло, од мрачните улички на Париз успева да се искачи до Версај, каде што кралот Луј XV полека прераснува во измачен и огорчен стар женкар. Жана влегува во неговиот живот и, како грофица Ди Бари, брзо станува негова официјална метреса.
    „Бестијална буржујка беше еден; обична проститутка е веќе сосем друг проблем што базди на риба.“
    По децении страдање заради бескрајниот прилив на кралски љубовници, дворските принцези достигнуваат критична точка. Згрозени дека во осветените ходници на Версај пристигнува грофицата Ди Бари, припадничка на ниската класа, ќерките на Луј XV, предводени од нескротливата мадам Аделаида, се колнат на вечно непријателство и ја приклучуваат дофенката Марија Антоанета во борбата против новата љубовница. Но како што растат тензиите и се ближи Француската револуција, проститутка во палатата наскоро станува најмала грижа за благородништвото.
    Раскажана во карактеристичниот духовит и привлечен стил на Кристи, последната книга од трилогијата „Љубовниците од Версај“ ќе ги одушеви и ќе ги привлече обожавателите бидејќи повторно го оживува раскошниот и суров свет на Версај од осумнаесеттиот век, како и Франција, која чекори кон неповратни промени.

  • img-book

    Првата книга од историската трилогијата која го опишува животот на Скитите. Прекрасна приказна за љубовта, храброста и страдањата на едно момче кое неможе ни да сонува што се ќе му донесе животот во јужноруските Степи..


  • img-book

    Младата Мања живее со мајка си во едно земјоделско село и сонува да се омажи за Вилуфар, момчето од соседството. Меѓутоа, по нападот на Скитите, номадските воени коњаници и ловци на скалпови, немилосрдни владетели на степската дивина, Мања ќе премине кај Сарматите, народ кај кој жените управуваат со судбината на племето. Во своето племе ќе се врати подоцна како воинка во придружба на волчицата и треба да се одлучи меѓу љубовта од младоста и новиот живот..


  • img-book

    Никој не може да избега од судбината: „Господарката на степата“, третиот роман во сагата за легендарните коњаници на скитските народи.

    Таа е гордост на нејзиното племе: Мања е најсилниот борец на Сарматите, која многумина ја сметаат за најдобра кандидатка за наследничка на кралицата. Но, судбината си поигрува со животот на младата жена. Мања не гледа друг излез, освен да го напушти својот народ. Поминуваат години пред да се сретне со пустиникот Артан, кој некогаш бил еден од најстрашните водачи на Скитите – коњаници што ги мразат Сарматите.
    Оваа средба менува сè, но дали Мања може да го заборави минатото што ја оптоварува и повторно да стане воин, каков што му е потребен на нејзиниот народ повеќе од кога било досега?

    Во големата трилогија на Волфганг Јетке, седмиот век пр.н.е. и античките народи, кои требало да заминат во историјата како Амазонките и кентаврите, повторно се будат. Волшебен роман за судирот на матријархатот и на патријархатот, полн со авантури, манири и обичаи, кој фасцинира и прави да се наежите.


  • img-book

    На Том Бојд, познат писател му недостига инспирација, а тогаш во неговиот живот ненајдено се појавува хероината на неговите романи. Таа е убава, таа е очајна, таа ќе умре ако тој престане да пишува. Невозможно? А, има и уште… Заедно, Том и Били ќе доживеат неверојатна авантура во која реалноста и фикцијата се мешаат во една заводлива и смртоносна игра…


    5 out of 5
    Девојката од хартија од: 240 ден
  • img-book

    Нова звучна сликовница! Секое дете сака да дознае се за автомобилите: како сигнализираат, каде “спијат”, што има во нив.. Книгата “Моите возила” ќе го запознае детето со најразлични возила! Забавните фрази, разнобојните илустрации и интересните звуци ќе ги прикажат овие возила на фасцинантен начин!


    Моите возила од: 399 ден
  • img-book

    Рецепт за катастрофа: 4 забави. Додади 2 пријателки и една симпатија. Подели со една лоша девојка што сака да ја УНИШТИ НИКИ. Добро измешај, стави ги дланките на очите, и врескај!


  • img-book

    Кабул 2007 година
    Покрај таткото зависник од дрога, Рахима и нејзините сестри само повремено можат да одат на училиште, а од дома излегуваат многу ретко. Единствената нивна надеж се наоѓа во древниот обичај наречен бача-пош, што ќе ѝ овозможи на младата Рахима да се облекува како момче и да биде така третирана сè додека не стигне до годините за мажење. Како син, смее да се образува, да оди на пазар, да ги чува и да ги надгледува постарите сестри.
    Но, Рахима не е првата во своето семејство што прибегнала кон тој несекојдневен обичај. Еден век претходно, нејзината прабаба Шекиба, останувајќи сираче, се спасила и изградила нов живот на истиот тој начин.
    Пловејќи низ времето, Бисерот што ја скрши својата школка ги испреплетува приказните на овие две жени кои, иако разделени од еден цел век, имаат слични судбини. Но, што ќе се случи кога ќе дојде време Рахима да се омажи? Дали Шекиба целиот живот живеела како машко? Како Рахима ќе преживее ако не успее да се приспособи на животот како мажена жена?
    Оваа моќна приказна за беспомошноста, судбината и слободата за управување со сопствениот живот ги спојува во себе културните бои и емоционалните одеци на Халед Хосеини и Лиса Си.
    „Надија Хашими на читателите им подарува одлично напишана проза, полна со искреност проткаена со восхит и почит. Таа се служи со историска нарација и благодарение токму на семејните преданија, современата жена ја учи како и кога да ја скрши својата школка“. – Historical Novel Society


  • img-book

    За малите ученичиња кои веќе ги завршија сите задачи од првите книги “1000 неверојатни активности 1, 2, 3”, го претставуваме нејзиното продолжение “1000 неверојатно активности 4”. За да научат да бојат, поврзувааат, бојат и цртаат. За полесно да ги совладаат буквите и читањето и секако да ја усовршат моториката, да ја развијат логиката и менталната активност. Привлечни задачи, со колор илустрации за сите оние што сакаат да учат и да се забавуваат.


  • img-book

    Прекрасна колекција на приказни, каде што мудроста и добрината секогаш победува. Фантастично илустрирана и лесно читлива, оваа книга ќе го поттикне развивањето на добрите особини кај вашето дете. Учете на забавен начин и уживајте во читањето!


  • img-book

    Таа е неговото минато. Тој е нејзината иднина.

    Ема живее во Њујорк. Со триесет и две години, се уште е во потрага по вистинскиот.
    Метју живее во Бостон. Тој ја загуби својата сопруга во страшна несреќа, и сам се грижи за четиригодишната ќерка.
    Судбоносна средба во виртуелниот свет ќе ги доведе до фактот да поверуваат дека дека конечно ја пронашле среќата. Нестрпливи да се запознат, ќе се договорат да вечераат во еден мал италијански ресторан во Менхетен.
    На истиот ден во исто време, ги отвораат вратите на овој ресторан и се упатуваат на истата маса. Сепак, нивните патишта никогаш нема да се вкрстат.
    Дали е тоа  игра на лаги? Производ на имагинацијата? Манипулација? Фатени во форма на реалност што не може да се сфати, Метју и Ема брзо  сфаќаат дека ова не е само една пропуштена можност …

  • img-book

    Мала помош и мал совет секогаш ѝ се потребни на идната мајка, која за првпат се соочува со најубавиот момент во својот живот – бременоста и раѓањето на првото дете.
    Затоа советите и помошта што ѝ ги дадов на мојата ќерка сакам да ги споделам и со другите млади жени , кои за првпат ќе станат мајки. Да уживаат во секој момент од бременоста и со нежно исчекување да си го замислуваат своето бебенце. Да се ослободат од стравот и од загриженоста и на најлесен начин, самоуверено и релаксирано, без трошка стрес да се грижат за својот нов член и максимално да учествуваат во неговото одгледување.
    Во овој мал прирачник ќе најдат и многу други мали совети за негата и за исхраната на бебето, неколку рецепти за подготвување на првите оброци, совети за првите прошетки и многу други работи, кои младата мајка треба да ги знае.

    Со љубов,
    Јелица Лончар


  • img-book

    Класичниот филм што сите го знаете и го сакате сега е илустрирана сликовница во која може да ужива целото семејство – исполнета со смотаните крадци, брилијантните стапици и со малиот Кевин, кој мора да го брани својот дом. Дали може да ги спречи крадците да влезат во неговиот дом? И дали неговото семејство ќе се врати навреме за Божиќ?


    Сам дома од: 250 ден
  • img-book

    Оваа книга е наменета за девојчињата и девојките од 9 до 19 години. Во неа станува збор за промените кои се случуваат во пубертетот и за одржувањето на хигиената и негата на лицето и телото. Девојчињата и девојките ќе дознаат од оваа книга како да се шминкаат и дотеруваат, како да вежбаат и правилно да се хранат, што ќе им помогне да живеат здраво и да се чувствуваат добро.


  • img-book

    Надежната дизајнерка Лола Нолан не верува во мода… таа верува во костим. Колку поизразита облека – посјајна, позабавна, полуда – тоа подобро. И животот, во тој свет на Лола, особено со нејзиниот дечко, сексипилниот рокер, е скоро совршен. Така и е, се додека во нејзиното соседство не се вратат ужасните близнаци Бел, Калиопи и Крикет и не го откопаат болното и навредливо минато за кое Лола мислеше дека е одамна закопано…