• img-book

    Р.Џ Паласио

Попуст!

ISBN: 978-608-4672-86-9

Чудо

од: Р.Џ Паласио
5 од 5 од 7 оцени на читатели
7 оцени од читатели

Нема да ви опишам како изгледам. Како и да ме замислувате, најверојатно е полошо од тоа.

Август Пулман е сосема нормално десетгодишно дете, како и сите други. Барем тоа е одговорот кој ќе го добиете ако го прашате како се чувствува во себе. Но, за сите други, тој е детето чудо кое требало да умре уште вечерта кога се родил, медицинското чудо кое преживеало и покрај сите прогнози за неуспех. Август има голем деформитет на лицето, иако неговото мало тело и мозок се сосема нормални. Дури и после 27 операции, неговото лице останува причина за луѓето да се ѕверат во него кога се разминуваат со него на улиците, да се оддалечуваат од него за случајно да не го допрат како да има некоја заразна болест – неговото лице е причината поради која тој ги минува првите десет години од животот со домашно школување и не оди во нормално училиште, иако е попаметен од многу деца на негова возраст. Сега, во петто одделение, Август мора да заборави на досегашниот живот и да се обиде да се вклопи во обично училиште со нормални деца, да се обиде да се подготви за животот кој го чека. Да им докаже на сите дека тој е ист како нив, без разлика на неговото страшно лице. Но како може да го изведе тоа, особено кога луѓето знаат да бидат толку злобни?

button-new

390 ден254 ден

Количина:
Запознајте се со авторот
avatar-author
Р.Џ Паласио е графички дизајнер преку ден и автор ноќе. Живее во Њујорк со сопругот, нивните двајца синови и црно куче по име Мече. Чудо е нејзината прва книга што стана светски бестселер, преведена во повеќе од 40 земји. Веќе е снимен и филм со Џулија Робертс и Овен Вилсон во главните улоги.
Книги од Р.Џ Паласио
Чудо 2017
Рецензија на уредник

Сè уште нема. Проверете повторно за некое време.

Детали

ISBN: 978-608-4672-86-9
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2017
Број на страници: 345

  1. :

    5 out of 5

    “Нема да ви опишам како изгледам. Како и да ме замислувате, најверојатно е полошо од тоа.”

    Август Пулман е дете кое ќе ве освои уште на првата страница. Тој е сосема нормално десетгодишно дете- тоа е одговорот кој ќе го добиете ако се прашате како се чувствува во себе. Но, постои една работа која го двои од останатите деца… Тој требало да умре уште вечерта кога се родил, но претставува медицинско чудо кое преживеало и покрај сите прогнози за неуспех.

    “Еве што мислам јас: единствената причина поради која не сум обичен е тоа што никој не ме гледа како таков.”

    Август е роден со мандибулофацијална дизостоза- одредени деформитети на лицето, но неговото мало тело и мозок се сосема нормални. Тој дури е и многу попаметен од децата на негова возраст. Иако има направено 27 операции, неговото лице сеуште претставува причина за потсмев на многу луѓе. Tие се ѕверат во него додека се разминуваат, се оддалечуваат од него за случајно да не го допрат, сметајќи дека има некоја заразна болест.

    “Јас мислам дена единствената личност на светот која сфаќа колку сум  всушност обичен и нормален, сум самиот јас.”

    Август е свесен дека е многу поинаков од своите другарчиња. Неговите уши се мали и се наоѓаат многу пониско. Бидејќи нема ушна школка, со текот на годините ќе му се развиваат проблеми со слухот. Очите му се му се наоѓаат скоро на средина на лицето и некако се накосени надолу. Горните очни капаци му се полузатворени, додека пак, долните очни капаци му се свлечени надолу. Нема веѓи, ниту трепки. Носот му е непропорционално голем. Нема јаболчници. Има две длабоки од страните од носот до устата. Кога се родил, немал вилица, затоа докторите му остраниле дел од карлицата и му ја вградиле во вилицата. Иако пред неколку години правел операција за израмнување на вилицата, се уште мора да ја џвака храната во предниот дел од устата.

    “Знаев дека ме зјапаа и без да го кревам погледот. Знаев дека луѓето се буцкаа по лактите, гледајќи ме со крајчињата на очите. Мислев дека досега веќе сум навикнат на ваквите зјапања, но очигледно не бев.”

    Август следната недела тргнува во петто одделение. Со оглед, на тоа што никогаш до сега нема одено во училиште, во моментов е тотално изваден од памет. Причината се многуте операции кои ги има преживеано, како и честите разболувања. Па така, првите девет години Август е школуван дома, од страна на неговата мајка.
    И покрај се, Август има неколку навистина добри пријатели. Кристофер е неговиот најдобар другар, потоа Захарија и Алекс. Тука е и неговото семејство, од кое добива секојдневна поддршка.  Неговата мајка Изабел, неговиот татко Нејт, неговата сестра Виа и кучето Дејзи, се тие кои неуморно го сакаат.

    “Овој принцип значи дека треба да бидеме запомнети по работите кои ги правиме. Работите што ги правиме се најважната работа од се. Тие се многу поважни од она што само го зборуваме или од тоа како изгледаме.”

    Сега, во петто одделение Август мора да заборави на досегашниот живот и да се обиде да се вклопи во обично училиште со нормални деца. Август на почетокот е тажен, се бунтува и одбива да се подготви за животот кој го чека. Но, потоа одлучува дека сака да им докаже на сите деца дека и тој е ист како нив, без разлика на неговото лице.

    “Ова беше дете што имаше добиено повеќе инекции, имаше испиено повеќе лекови, имаше истрпено повеќе операции пред да наполни десет години од повеќето луѓе за десет животи и сега беше олку потиштен од едно обично повраќање?”

    Ова е книга која ќе успее да ве освои уште на првата страница. Книга која ќе ја прочитате во еден здив. Книга која нема да ја испуштите од вашите раце, се до самиот крај.  Многу убава и поучна приказна, која ќе се обиде да ве насмее, но и да ве растажи на моменти. Книга која ќе се обиде да ви ја долови суровата реалност низ призма на едно невино десетгодишното дете.

    “Големината, напишал Бичер, ‘не лежи во тоа да си силен туку во вистинската употреба на сила…И така, најголем е оној чија сила носи најмногу срца до привлекување на сопственото.”

    Дали ќе успее да им докаже дека е ист како останатите, особено кога луѓето знаат да бидат толку злобни и сурови останува да откриете самите вие.

    “Сите на светот треба да добијат овација барем еднаш во животот затоа што сите ние го победуваме светот.” 📖❤

  2. :

    5 out of 5

    Ова е книга која ќе успее да ве освои уште на првата страница. Книга која ќе ја прочитате во еден здив. Книга која нема да ја испуштите од вашите раце, се до самиот крај.  Многу убава и поучна приказна, која ќе се обиде да ве насмее, но и да ве растажи на моменти. Книга која ќе се обиде да ви ја долови суровата реалност низ призма на едно невино десетгодишното дете.

    “Големината, напишал Бичер, ‘не лежи во тоа да си силен туку во вистинската употреба на сила…И така, најголем е оној чија сила носи најмногу срца до привлекување на сопственото.”

    Дали ќе успее да им докаже дека е ист како останатите, особено кога луѓето знаат да бидат толку злобни и сурови останува да откриете самите вие.

    “Сите на светот треба да добијат овација барем еднаш во животот затоа што сите ние го победуваме светот.”

  3. :

    5 out of 5

    Рецензија на „Чудо“ од Р. Џ. Паласио
    Книгава веќе долго време ми ја украсуваше полицата заедно со сите други книги. Но од некоја непозната причина, читањето постојано го одложував. Пред 1 ден решив да ја почнам и морам да кажам дека се каам што ја оставив недопрена толку долго! Успеа да ја разбуди во мене секоја можна емоција што човек би можел да ја почувствува.
    Во текот на читањето се запознав со многу дечиња, меѓу кои и Август Пулман! Неговата невина детска душа веднаш ме освои. Знаеше како да ме насмее до солзи, но знаеше и како да ме растажи и да ме натера да пуштам по неколку врели солзи. Неговото 10-годишно срце полно со толку многу хумор, љубов, искреност и разбирање ми го „разниша“ светот!
    Сето ова звучи како да станува збор за сосем нормално детенце, нели? Па да, Оги Пулман е нормално дете во нормална фамилија, иако постои една работа која го двои од останатите деца во неговиот град и неговото училиште. Тој требало да умре при раѓањето, но преживеал! Така, докторите го нарекле „детето чудо“.
    Оги е роден со мандибулофацијална дизостоза, односно тој е роден со одредени деформитети на неговото лице. Па, неговото детско лиценце се разликува од она на другарчињата. Ушите му се мали и се наоѓаат многу пониско од вообичаеното. Тој нема ушна школка, поради што докторите го предупредија дека како расте, така ќе му се развиваат проблеми со слухот. Очите му се крупни и се наоѓаат на средината од лицето. Горните очни капаци му се секогаш спуштени до пола, со што Оги изгледа како постојано да е изморен или тажен. Кога се родил немал вилица, па затоа докторите му отстраниле дел од карлицата и му го вградиле во вилицата. Ова многу му го олеснило процесот на јадење и џвакање!
    Оги во првите четири години од својот живот поминал низ толку многу операции, колку што просечниот човек би поминал за десет животи! И да сакам, едноставно НЕ МОЖАМ да замислам што му се врткало низ главата на 4-годишно детенце додека минувало низ сето тоа!
    Првите девет години од животот, Оги е школуван дома од страна на неговата мајка. Од претходно искуство, неговото семејство практикува домашно школување за да избегнат незгодни ситуации… За да ги избегнат ужасените и згрозените лица на луѓето на кои ќе наидат, каде и да отидат… Би требало досега да се навикнати на таквите погледи, нели? Но колку и да се преправаат дека не им пречат, длабоко во себе знаат дека тоа не е вистина…
    И покрај сѐ, Оги секојдневно се чувствува сакан од страна на својата мајка Изабел, својот татко Нејт, својата сестра Виа и кучето Дејзи.
    Но една одлука на неговите родители ќе му го смени животот засекогаш. Откако Оги полни десет години, Изабел и Нејт размислуваат да го пратат на училиште во петто одделение. Оги на почетокот се бунтува и одбива, но откако ќе го запознае господинот со смешно име – Газман, директорот на основното училиште Бичен, набргу се предомислува. Г. Газман замолил неколку одлични ученици да го прошетаат низ училишните простории пред да ја донесе својата финална одлука. Така, Оги ги запознава Шарлот, Џек и Јулијан. Со некои се развива пријателство, додека со други се развива презир… На вас оставам да прочитате и да дознаете за кои станува збор!
    Иако целиот свој живот Оги е принуден да се соочува со непријатните погледи на сите околу него, тој многу добри има научено да глуми дека не можат да допрат до него. Пред него соучениците се фини и дружељубиви, но тој знае дека дел од нив му измислуваат невкусни прекари зад грб.
    Сѐ се менува кога на неговата клупа во мензата ќе седне девојче по име Самер. Никој не ја принудил ниту пак ја поткупил со добри оценки да му пријде на Оги. Нејзината златна душа и заразна добрина се посилни од неа. Оги е пресреќен што има вистински пријател, покрај толку многу лажни.
    Книгата, раскажана преку повеќе перспективи, допра до срцата на многу читатели насекаде низ светот. Секој од вас мора барем ЕДНАШ да ја прочита во својот живот. Најтопла препорака од мене, се надевам дека успеав да ви го свртам вниманието кон неа.
    Светот е една голема книга, а секој од нас има свое поглавје за раскажување. Да не дозволиме несреќните дечиња како Август Пулман да се изгубат меѓу редовите.❤️
    #ТеПредизвикувамеДаЧиташ #СакамКнигиПредизвик1

  4. :

    5 out of 5

    Книгава е како едно мало богатство; брзо читлива, емотивна, поучна и на моменти комична – ја препорачувам за секоја возраст, навистина вреди да се прочита <3 🙂

  5. (го има купено овој производ од сајтот):

    5 out of 5

    Преубава книга! Поучна и прекрасна! Имаше моменти кога толку ме растажуваше, а не сум од тој тип луѓе што плачат дур читаат книга. Толку вистинска, емотивна… Топло ви ја препорачувам! ❤️

  6. :

    5 out of 5

    Многу убаво е опишан ликот на Оги, неговата добрина и снаоѓњето во секојдневните ситуации. Поучна книга за секого.

  7. :

    5 out of 5

    ЧУДО од книга! Навистина. Толку топла, длабока и поучна. Раскажана од Август, сестричката на Август, другарите од училиште… секој раскажува од свој агол и со секој можеш да сочувствуваш. И филмот е одлично изработен. И оваа книга треба да се воведе во основно училиште!