• img-book

    Во овој незаборавен интернационален бестселер, животите на три жени кои живеат во многу различни средини, во различни делови на светот, ги поврзува еден предмет, преку кој се открива дека сите ние сме меѓусебно поврзани – преку културите, животните околности и преку границите.
    Во Индија, Смита припаѓа во граѓанскиот слој кој е „недостоен за допир“. Очајно посакувајќи да ѝ овозможи образование на својата ќерка, таа го напушта малото село и со себе го поведува детето и ништо друго освен својата снаодливост, и се упатува кон еден храм каде што ќе доживее преродба.
    На Сицилија, Џулија работи во работилницата за перики на својот татко, последната од ваков вид во Палермо. Таа ја мие, ја избелува и ја бои косата што им ја даваат фризерите во градот, а сега се појавува недостиг на оваа суровина. Но, кога татко ѝ настрадува во сообраќајна несреќа, таа открива дека финансиската состојба на компанијата е ужасна. Сега мора да најде начин за да ја одржи егзистенцијата на своето семејство.
    Во Канада, Сара е успешна адвокатка и двапати разведена мајка на три деца, а нејзиниот идентитет е силно поврзан со професионалниот живот. Токму во периодот кога очекува големо унапредување, нејзиниот живот одеднаш е разнишан кога открива дека боледува од карцином.
    Плетенката е трогателен роман на надежта и обновата,
    величање на женственоста и силата на поврзување и истрајност.


    Плетенка од: 270 ден
  • img-book

    „ИГРА НА ЛАГИТЕ“ претставува уште една загадочна мистерија од перото на Рут Веар, авторката на светските бестселери „Жената од кабината бр.10“ и „Во една мрачна, мрачна шума“.

    Пораката пристигнува доцна во ноќта. Само два збора: Ми требате.
    Иса веднаш го остава својот секојдневен живот зад себе, ја зема својата шестмесечна ќерка и се упатува кон Салтен. Во тамошниот интернат, сместен во близина на селото, ги поминала пресудните денови од својот живот, денови чија сенка сè уште се надвиснува над неа.
    Во училиштето, заедно со своите три најдобри другарки обожавала да ја игра Играта на лагите. Се натпреварувале кој подобро ќе ги убеди луѓето во бесмислените приказни и лаги. Сега, седумнаесет години подоцна, на плажата е пронајдено нешто ужасно. Нешто што ќе ја принуди Иса да се соочи со своето минато, заедно со трите жени што ги нема видено многу одамна, но кои никогаш не ги заборави.
    Нивната повторна средба воопшто не е пријатна: Салтен не е безбедно место за нив, не по она што го направиле во минатото. Време е четирите пријателки да ги усогласат своите приказни…


    Игра на лагите од: 399 ден
  • img-book

    Прекрасна приказна, проследена со фантастични илустрации. Со помош на звучниот модул вашето дете може да го слушне текстот од сликовницата, страница по страница, на македонски и на англиски јазик. Забава за сите дечиња, но и одлично за почетно учење на англискиот јазик!


    Црвенкапа од: 550 ден
  • img-book

    Боем и уметничка со опасен карактер, Ники ќе внесе виор на свежина во стабилниот и беспрекорно среден живот на Себастијан. Тие се пример за два сосема спротивни карактера, ама љубовта ќе пламне меѓу нив со незамислив интезитет. Набргу ќе се венчаат и ќе ги добијат близнаците Камила и Џереми. Ама бракот неминовно тргнува кон горкиот крај: осудување, афери, презирање… По бурниот развод, двајцата родители добиваат старателство на по едно дете. Себастијан ќерката ќе ја воспитува строго, додека Ники кон синот ќе има поблаги ставови и ќе му прогледува низ прсти за неговите детски будалаштини. Годините незабележливо си поминуваат. Двајцата повторно ќе си го изградат својот живот што подалеку еден од друг. Кога еден ден Џереми го снемува се јавува дилема. Дали побегнал од дома? Или е киднапиран? Ники нема друг избор – мора да му се обрати за помош на својот поранешен маж, кој го нема видено речиси седум години. За да го спасат тоа што им е највредно, Себастијан и Ники ќе мора да ги здружат силите и да тргнат во потрага по синот. Близината си го прави своето, па тие ќе ја почувствуваат привлечноста што одамна ја имаат почувствувана и ќе се прашаат дали е, навистина, засекогаш се загубено…


  • img-book

    Ѓаволски добар заплет, неодоливи јунаци и напнатост што расте со секоја страница.
    Јасно се сеќавам на тој последен момент на среќа. Бевме загледани во морето, додека хоризонтот се пресликуваше, Ана ми постави прашање:
    „Дали ќе ме сакаш ако дознаеш дека сум направила нешто страшно?“
    Како би одговориле Вие?
    Ана е љубовта на мојот живот. Треба да се венчаме за три недели. Секако дека ќе ја сакам, што и да направила. Барем така мислев, но таа нервозно пребаруваше низ торбата, извади таблет, ми покажа фотографија на екранот, „Тоа јас го направив“.

    Гледав во нејзината тајна, шокиран, свесен дека нашите животи повеќе никогаш нема да бидат исти. Зашеметен станав и заминав без збор. Кога се вратив беше предоцна. Ана исчезна. И оттогаш не престанав да ја барам.


    5 out of 5
    Девојката од Бруклин од: 240 ден
  • img-book
    Секој има потреба од својата мајка, без разлика кој е и колку години има…
    Парк Со-нјо, мајка на пет возрасни деца, доаѓа во Сеул да ги посети. Но, на преполната железничка станица, ѝ се губи секаква трага. Од перспектива на ќерката, најстариот син, сопругот, но и самата Со-нјо, ја разоткриваме сложеноста на меѓучовечките односи и ја запознаваме жената што целото свое постоење, без оглед на скриените желби и копнежи, се посветила само на децата. Четири приказни и четири перспективи – загуба, бес, вина и жртвување – ни откриваат вител од чувства што испливуваат по таинственото исчезнување на една мајка и жена. Но, ова не е приказна за една мајка, туку за многу мајки што повеќе се „наши“ одошто „свои“, за жените чиј живот се крунисува кога семејните нишки се олабавуваат, а децата тргнуваат по своите патишта.
    Некои книги имаат моќ да нѐ менуваат, да го променат начинот на кој се доживуваме себеси и начинот на кој се однесуваме кон најблиските. „Те молам, внимавај на мама“ е една од тие книги. Таа може да ни послужи како опомена дека важните личности во нашиот живот не треба да ги земаме здраво за готово, таа предизвикува дури и непријатни спомени, вина и тага, не стресува до срж. Оваа книга претставува праг: кога еднаш ќе го поминеме, веќе нема да бидеме исти.

  • img-book

    Во оваа импресивна, фасцинантна приказна која потсетува на делата на Агата Кристи, Ло Блеклок, новинарка која пишува за списание специјализирано за патувања, ја добива задачата на својот живот: една недела на луксузно крстосување на брод со само неколку кабини. Небото е чисто, водата мирна, а префинетите, избрани гости се пријатни како и ексклузивниот брод Аурора, кој го започнува своето патување во живописното Северно Море. Во почетокот, престојот на Ло е сосема пријатен: кабините се луксузни, вечерните забави се блескави, а гостите елегантни. Но, како што изминува неделата, студените ветрови безмилосно удираат на палубата, небото станува сиво, а Ло сведочи на она што таа може да го опише само како мрачен и застрашувачки кошмар: една жена е фрлена во морето. Проблем? Сите патници стануваат осомничени и се земени предвид – и така, бродот плови како ништо да не се случило, и покрај очајните обиди на Ло да пренесе дека нешто (или некој) тргнало во ужасно, ужасно погрешна насока… Со изненадувачки заплети, вратоломни пресврти и со опкружување кое се покажува како непријатно клаустрофобично, како што е зловесно убаво, Рут Веар нуди уште едно напнато и интензивно четиво во „Жената во кабината бр.10“, кое дури и најсигурниот читател ќе го остави во непријатно неспокојство долго откако ќе ја прочита последната страница.


  • img-book

    Пред осумнаесет години шестмесечната ќерка на Симона Портер, Хелена, е киднапирана.

    Симона и нејзиниот сопруг, Мет, едвај успеваат повторно да ги состават парчињата од својот живот, но болката од загубата на нивното дете никогаш не ги напушта. Тогаш се појавува една млада девојка по име Грејс и ѝ кажува на Симона дека има информации за нејзината исчезната ќерка.

    Но, која е Грејс? И дали Симона може да и верува? Но, кога и Грејс исчезнува, Симона се вплеткува во очајна потрага по својата ќерка и по девојката што може да има клучни информации за случајот. Таа е само на чекор од вистината, но тој чекор се наоѓа на опасна и болна територија.

    Симона ја загуби својата ќерка. Но дали ќе го загуби и животот обидувајќи се да ја најде?


  • img-book

    Лидија е мртва. Но тие сѐ уште не го знаат тоа. Со овие зборови почнува несекојдневниот роман на Селест Инг за семејството со кинеско потекло што живее во Америка во седумдесеттите години од минатиот век. Лидија е омиленото дете на Мерилин и на Џејмс Ли, кои се надеваат дека таа ќе ги исполни нивните големи очекувања и ќе го оствари сето тоа за што сонуваат, а што самите не биле во можност да го достигнат. Но кога во езерото недалеку од нивната куќа ќе биде пронајдено телото на Лидија, чувствителната рамнотежа во семејството Ли ќе биде уништена и во нивниот живот ќе завладее хаос.
    Ова е роман полн со детали и одлично прикажани емоции што ги преживуваат ликовите: долго потиснување на неостварените желби на родителите со кои ги оптоваруваат своите деца, како и напорот и борбата на членовите на семејството за меѓусебно разбирање.


  • img-book

    Од најпродаваниот автор на „Сè што никогаш не ти кажав“, возбудлив роман кој ги следи испреплетените судбини на совршеното семејството Ричардсон и загадочните мајка и ќерка, кои прават пресврт во своите животи. Во Шејкерс Хајтс, спокојно, прогресивно предградие на Кливленд, сè е планирано – од изгледот на кривулестите патишта, до боите на куќите и успешните животи на нивните жители. И никој не го отелотворува овој дух повеќе од Елена Ричардсон чиј принцип, според кој се води, е да игра според правилата. Се појавува Миа Ворен, енигматичен уметник и самохрана мајка, која ќе пристигне во овој идиличен меур со својата ќерка тинејџерка, Перл, и изнајмува куќа од Ричардсонови. Наскоро, Миа и Перл стануваат повеќе од станари: сите четири деца на Ричардсонови се привлечени од мајката и ќерката. Но, Миа со себе го носи и своето мистериозно минато и не се грижи за состојбата на статус кво што се заканува да ја шокира оваа внимателно уредена заедница. Кога старите семејни пријатели на Ричардсонови се обидуваат да посвојат бебе со кинеско-американско потекло, битката за старателството еруптира толку драматично што го поделува градот – и ги става Миа и Елена на спротивставени страни. Сомневајќи се во Миа и во нејзините мотиви, Елена решава да ги открие тајните од минатото на Миа. Но, нејзината опсесија ќе даде неочекувани и разорувачки резултати. „Мали огнови насекаде“ се занимава со тежината на тајните, природата на уметноста и на идентитетот, и со опасноста од верувањето дека ако се игра според правилата, може да се спречи катастрофа.


  • img-book

    Кампусот на едно престижно средно училиште е завеан во снег. Тројца пријатели ќе бидат поврзани со една трагична тајна. Една млада жена исчезнува во ноќта.

    Француската ривиера, зима 1992 година. Кога подготвителната школа е затворена поради снежната бура, Винка Роквел, 19-годишна, една од најсолидните ученички во нејзината генерација на програмата за пост-бакалауреат, бега со својот професор по филозофија со кого таа има тајна врска. За Винка, „Љубовта е сѐ, или ништо”. Никој нема да ја види повторно… Француската ривиера, пролет 2017. Некогаш неразделните Манон, Томас и Максим (најдобрите пријатели на Винка) немале никаков контакт меѓу себе по завршувањето на средното училиште. Тие се сретнуваат за првпат по 25 години, на собирањето по повод средношколскиот јубилеј. Кога тие беа ученици, под ужасни околности, тројцата пријатели извршија убиство и го сокрија телото во ѕидот од спортската сала во нивното училиште. Сега салата треба да биде срушена за да се направи место за новата училишна зграда. Одеднаш ништо не може да ја спречи вистината да излезе на виделина. Вознемирувачката, болна, ѓаволска вистина…


  • img-book

    Оваа енциклопедија со сигурност ќе им помогне на децата да дознаат повеќе за различните видови диносауруси, нивните природни живеалишта, навиките во исхраната и за начинот на живеење…


    Диносауруси од: 150 ден
  • img-book

    Нов наслов во серијата енциклопедии. Се што ве интересира за оваа чудесна појава придружено со фотограшии и илустрации.


    Торнада од: 150 ден
  • img-book

    Првиот наслов од новата серија на ТОПЕР енциклопедии.. Како е формирано сонцето? Од што е направено сонцето? Што е сончевата светлина? Какова е судбината на сонцето? Овие и сите останати информации што се поврзани со сонцето ќе ги најдете во оваа книга.


  • img-book

    Оваа уникатна енциклопедија нуди информации за еден од најпопуларните спортови во светот. Дава информации за потеклото, правилата и луѓето што се истакнале во оваа игра.


    Фудбал од: 150 ден
  • img-book

    Третиот наслов од новата серија на ТОПЕР енциклопедии.. Ако сакате да патувате низ сите континенти и различните земји во нив, тогаш овие енциклопедии се за вас. Преполни со разнобојни фотографии и интересни факти, секоја енциклопедија претставува право задоволство за читателот.


    Европа од: 150 ден