• img-book

    После разводот, младата и привлечна мајка Со­­ња, се обидува да го добие и да го задржи старателството над нејзиниот син. Во исклучително тешка животна ситуација, таа се впушта во шверц на кокаин за Исланд и одеднаш е заглавена во канџите на безмилосниот криминален свет. Додека очајно го бара излезот од неволјите, уценета и крваво претепана, таа е принудена да применува нови и смели тактики, но не успева да го надму­дри Браги – цариникот со долгогодишно искуство. Најинтересно е кој стои на врвот на меѓународниот нарко октопод! Работите стануваат уште поком­пликувани затоа што Соња е во врска со жена. И тоа со Агла, некогашната висока менаџерка на банка, која ја гонат заради последиците од финансискиот колапс на Исланд.
    Дејствието на романот се одвива во Рејкјавик, кој сѐ уште е покриен од прашината на вулканската ерупција на Ејафјадлајекидл. Со темен, динамичен и студен заплет и интригантни ликови Ста­пица е исклучително оригинален и харизматичен скан­динавски кри­ми-трилер, од една од највозбудливите кри­­ми авторки – Лилја Сигурдардотир.


    5 out of 5
    Стапица од: 299 ден
  • img-book

    Дванаесетгодишниот Вилијам Вентон, не е како неговите врсници. Toj има чудесна моќ за откривање на шифри. Се обидува да разбере зошто неговото семејство пред неколку години било принудено да го промени идентитетот и во драматични околности да побегне од својот дом во Лондон и да се пресели во Норвешка, каде што живеат таен живот исполнет со страв. Но неговиот генијален талент за разбивање на шифри е откриен и Вилијам Вентон се соочува со невидени опасности и суштества што со години чекале на него… Тој сепак е упорен во намерата да го пронајде својот мистериозно исчезнат дедо кој претходно основал и работел во уште помистериозен институт за постхумни истражувања.

    Крадецот на луридиум е прва книга од серијата за возбудливите авантури на младиот Вилијам Вентон. Веднаш по објавувањето книгата стана книжевен феномен и досега е објавена во 37 земји, а наскоро се очекува и холивудски филм.

    Боби Пирс (1974), норвешки сценарист и режисер, остави трага во историјата на норвешкиот филм кога во 2006 година ја освои Златната палма за сценарио и режија, а во 2015 година го објави романот за деца „Крадецот на луридиум“. Книгата во 2015 година ја освои угледната норвешка награда за детска книжевност Арк, а во 2016 година е прогласена за Книга на годината во Норвешка.


    Додадена
  • img-book

    Елис Лејси не може да најде добра работа во Ирска. Свештеникот Флуд ѝ нуди одлични можности за работа преку Атлантикот, во Големото јаболко. Во Бруклин. Елис не може без семејството и пријателите, ама сепак тргнува во потрага по подобар живот. Се качува на прекуокенаскиот брод за да заплови во водите на животот.

    Таа вредно работи и учи во Америка, во ветената земја, ама носталгијата постојано расте. Еден ден го запознава Италијанецот Тони и тие се вљубуваат. Елис е пред ново искушение и мора да избере меѓу љубовта и родното место.

    Незаборавен роман, натопен со човечка длабочина, забавен и вешто скроен… Чувствителен и неодолив портрет на една девојка чиј што мирен семеен живот се претвора во интересна љубовна романса. Ова е најпознатиот роман на ирскиот писател Колм Тојбин, со кој тој ја доби престижната награда Costa Book Award и беше во потесен избор за ексклузивната европска награда Booker. Според сценариото од оваа новела во 2015 година беше снимен и светски познатиот филм, кој што под истоимениот наслов „Бруклин“, доби три номинации за Оскар


    Бруклин од: 199 ден
  • img-book

    Од време на време Сеит повторно води боемски живот. Се забавува со убави жени, пие вотка. Отвора луксузни ресторани со музика и танчарки во Пера – срцето на Истанбул, како и во летувалишта на островите и бреговите на Мраморно Море. Читателот ќе дознае за што разговарал таму со турскиот претседател и војсководец Ататурк, додека на подиумот деца, врвни танчари, изведуваат казашки танци…

    Таму ги доживуваат најубавите љубовни мигови со Мурка.

    Деновите на удобниот живот и раскошните забави се далеку. Со Мурка и со ќерките се борат со немаштија, болести… Во родната Алушта на Крим, болшевиците го убиваат татко му Мирза Еминов и ја искоренуваат целата негова фамилија.

    Светот влезе во Втората светска војна…

    Со Мурка доживуваат и други семејни трагедии, кога умира нејзината најмлада сестра, а ќерката Леман, миленичка на Сеит, (мајка на авторката Нермин Безмен) има несреќен брак. Нејзиниот маж ја изневерува на најподмолен начин…

    Сеит е разочаран, предвреме остарен и му се враќаат спомените за првата љубов Шура…


  • img-book

    На бродот за Париз, заедно со Шура замина и минатото на Курт Сеит, сите соништа што никогаш нема да се остварат и татковината во која веќе не ќе може да се врати, фамилијата и пријателите што веќе никогаш нема да ги види. Иако и натаму го следат спомените на бурната љубов, Сеит запловува во брачните води со младата Мурка и сега за таа детинеста, срамежлива, ама и љубоморна жена го поврзуваат длабоки чувства. Сепак, нивниот однос е преполн со издигања и падови, затоа што погледите на животот доста им се разликуваат. Сеит копнееше за Америка, а Мурка пак не сака да се оддели од семејството, а тука се и ноќите што Сеит поради природата на својата работа ги поминува надвор од куќата и сенката на Шура што од време на време се појавува над нив.

    Читателот во вториот дел од „Снеговите на љубовта“, документарна сага од брилијантната авторка Нермин Безмен, емотивно ќе ги доживее новите драматични доживувања на главниот јунак…

    Романот во делови „Снеговите на љубовта“ е плод на долготрајното истражување на авторката и веднаш по објавувањето ја освои пошироката публика.


  • img-book

    Една снежна ноќ, додека во блескавата Москва одекнуваат нотите на Чајковски, младиот царски офицер Сеит на бал ја запознава занесната благородничка Шура. Волшебниот миг во кој погледите им се сретнуваат засекогаш ќе ја смени нивната судбина. Потполно маѓепсани еден од друг, двајцата млади знаат дека за нив никогаш не може да постои никој друг, без разлика на сѐ што ги разделува.

    Од живописната Јалта на крајот на XIX век, до волшебната раскошна Москва и Цариград, оваа трогателна приказна ги следи Сеит и Шура, што во опасниот виор на историски превирања се борат само за едно – правото на своја љубов.

    Првата светска војна, руската револуција, страдање, пекол… Сепак, нивните срца ќе сторат сè, за да останат посилни од татнежите на топовите.

    Според безвременската и легендарна сага на Нермин Безмен, напишана по вистинити настани, снимена е една од најскапите и најпопуларните телевизиски серии која под наслов „Снеговите на љубовта“ беше прикажувана и кај нас…


  • img-book

    Четиригодишниот Шаб сè уште не започнал да зборува. Докторот верува дека нема причина за загриженост. Тој е исмејуван од другите што сметаат дека е „нем“, односно „глуп“, а амбициозниот татко воопшто не го сака и го препушта на грижата на мајката и бабата. Социјална и психолошка драма од перото на прославената и забранувана авторка Паринуш Сание, која инспирацијата ја нашла во вистински настани и ликови.


  • img-book

    • Блиските ти велат дека поставуваш премногу прашања.
    • Во твојата глава секогаш нешто се виори – понекогаш сонуваш за да притиснеш на тастатурата и да го исклучиш умот.
    • Имаш впечаток дека си од друга планета.
    • Не успеваш да го пронајдеш своето место.
    • Се чувствуваш несфатено.

    Дали некоја од овие реченици те опишува токму тебе? Ако е така, сигурно ќе се препознаеш во профилот на исклучително размислувачка личност. Да се биде исклучително размислувачки е навистина заморно, ама твојот мозок – е токму тој што премногу размислува – тој е вистински скапоцен камен. Неговата суптилност, сложеност и брзината со која делува, навистина се восхитувачки, а по силата тој може да се спореди со моторот на формула.
    Ама болидот не е обичен автомобил за трки. Кога го вози некој невешт, може да се покаже кревок и погубен. За да ги искористи своите потенцијали, формулата треба да ја управува многу вешт возач и да има соодветна писта.
    Досега твојот палав мозок те водеше по слепи патеки. Ама време е да го преземеш управувачот и тоа веќе уште денес. Благодарение на оваа книга ќе научиш да ги користиш извонредните можности на својот мозок кои што порано ти изгледаа недофатливи! А покрај тоа ќе почувствуваш и олеснување, па ќе се прифатиш себе си и својот фантастичен ум. Најпосле ќе здивнеш.


  • img-book

    Мазума никогаш не ја запозна слободата. Знае само да ги слуша браќата и татко ѝ. Знае и за ќотек, кој често го добива. Се знае што се очекува од чесна девојка како неа, да им служи на мажите секогаш и секаде, да чекори брзо со спуштен поглед. Сепак, Мазума денеска не беше послушна. Се осмели да го погледне младичот, што секој ден го среќава во тесните сокаци на својот град. Не требаше многу за нивните погледи да прераснат во голема љубов. Oпасна љубов, што не може да се сокрие и поради која ќе биде казнета. Виновна е за најголемиот грев, затоа што љуби. Овој пат, ќотекот не е доволна казна. За да ја зачува честа на семејството, мора веднаш да се омажи и тоа за човекот што ќе ѝ го одберат нејзините браќа. Од тој момент, Мазума мора да ја прифати својата судбина. Да биде жена посветена на својот маж, да ја исполни секоја негова желба, а притоа да биде и грижлива мајка на своите деца.
    Приказна за силните жени кои се борат за она што го сакаат, за пријателството и страстите, но и за љубовта кон татковината. Извонреден роман за љубовта и надежта, за омразата и страдањето…
    Паринуш Сание храбро и одлучно ја открива вистината за жените во Иран, заробени од традицијата, кои и денес, во овој момент, се борат против фанатизмот.
    Додека во Иран беснее револуцијата, оваа жена ќе ја пронајде храброста во љубовта што ја чувала длабоко во себе и никогаш не ја заборавила. И ќе го чека денот кога конечно ќе го добие она што го заслужува.


  • img-book

    Лори е речиси сигурна дека љубовта на прв поглед постои само во филмовите.
    Но, еден снежен ден во декември, низ замаглениот прозорец на автобусот ќе здогледа еден младич и во моментот кога ќе им се сретнат погледите, нејзиното срце ќе затрепери како никогаш претходно… и… тогаш автобусот тргнува од постојката.
    Убедена дека судбината повторно ќе ги спои, таа цела година се обидува да го најде на улиците, автобуските постојки и по лондонските барови и кафулиња. Но, не го пронаоѓа.
    Со скршено срце, таа одлучува да го заборави тој магичен момент и да продолжи во животот.
    Ама, законите на љубовта, тешко може да се разберат и да се следат, а судбината понекогаш создава испреплетени патеки по кои се движиме и кои не можеме да ги промениме.

    „Џози Силвер напиша топла и моќна сторија за љубовта, губењето и пријателството, со чии што ликови се поистоветуваме. Ова е книга на која постојано ќе се навраќате.“
    Џил Сантиполо

    „Подгответе се да бидете вовлечени во виорот на оваа романса. Апсолутно ме воодушеви.“
    Рис Витерспун

    „Возбудлива и неизвесна љубовна приказна која нема да Ве остави рамнодушни и ќе Ви го држи вниманието до самиот крај.“
    Маријана Киз


  • img-book

    Еден топол летен ден, малечката Џоана Мејсон со фамилијата полека се враќа дома по нивната патека. Еден момент подоцна, таа е сведок на ужасно злосторство и животот на Џоана е променет засекогаш…

    Триесет години подоцна, во темната ноќ, поранешниот детектив Џексон Броди е во воз што доцни и е преполн. Задлабочен во своите мисли, одеднаш слуша шокантен звук….

    На крајот на долгиот ден, шеснаесетгодишната Реџи гледа малку телевизија. Тогаш ужасна бучава ја расипува нејзината мирна ноќ.  За среќа, Реџи е спремна за секаков итен случај…

    Овие три и многу други ликови се среќаваат на неочекуван и на многу непредвидлив начин.
    Во низа трагични настани е отсликано нашето време…

    „Книга што апсолутно морате да ја прочитате!“
    Харлан Кобен


  • img-book

    РОМАН СПОРЕД КОЈ Е СНИМЕНА СЛАВНАТА ТЕЛЕВИЗИСКА ХИТ СЕРИЈА
    Меги е ќерка на сиромашни доселеници од Австралија. Уште од мала, таа е запоставена од нејзините родители и постојано живее по религиозните и патријархални правила на нејзината фамилија и стегите што ги наметнува гратчето и огромниот имот Дрогхед.
    Ралф е млад, убав и речиси совршен свештеник што назначувањето во Австралија во почетокот го доживува како казна. Имено, неговите силни свештенички амбиции се насочени на друга страна, кон таинствениот Ватикан. Уште од првиот момент кога ќе ја запознае десетгодишната Меги, таа му станува многу мила и постојано е нејзин заштитник. По неколку години, една вечер, кога погледите ќе им се сретнат, сега веќе преубавата тинејџерка Меги, ќе пробуди чувства кај Ралф, чувства какви што тој никогаш немал, а и не ни знаел дека ги има. Од тој момент, Ралф е во вечно искушение дали тој е совршен свештеник и има неограничена љубов кон Бога, или сепак постои жена, на чиј мирис, убавина и нежност не може да им одолее.
    Дејствието опфаќа повеќе од половина век – двете светски војни и постапките на Ватикан. Тука се судбините на неколку генерации. Оваа љубовна и семејна сага сведочи и за сушите, пожарите и поплавите кои се заканувале со целосно уништување на имотите во Нов Зеланд.
    „Волшебна сторија… едноставна, неповторлива!“
    – Чикаго Трибјун
    „Преплетувањето на љубовни приказни од една генерација во друга, драматичниот заплет, чувството на постојана напнатост, реалните ликови… се во најмала рака неодоливи.“
    – Паблишерс викли


  • img-book

    Несудениот свештеник Феликс Ардевол ги користи своите врски во Ватикан за да стигне до вреден нацистички плен, виолината Сториони од 1764 година. Многу години подоцна неговиот син Адрија се сеќава на темниот стан преполн со антиквитети во кој како дете, со фигуричките на шерифот Карсон и индијанскиот поглавица Црн Орел, се криеше зад фотелјата обидувајќи се да ги сфати тајните на таткото. И по педесет години, го мачи вина затоа што ја знаеше комбинацијата за отворање на сефот и виолината му ја позајми на својот пријател Бернат и така предизвика фатална забуна. Меѓутоа скапоцениот инструмент не беше несреќа само за таткото и синот Ардевол – овој инструмент имаше многу возбудлива историја, а луѓето на кои им минал низ рацете, од барокниот композитор Жан Мари Леклер до виолинистката, Еврејката, Берта, на различни начини станале заложници на судбината на виолината.
    Романот Исповед е фасцинантно дело на славниот современ каталонски писател Жауме Кабре. Преведено е на повеќе од 20 јазици и има добиено повеќе каталонски и меѓународни награди. Испреплетувајќи разновидни интригантни стории во роман што посакувате да го прочитате во еден здив, Кабре се докажал како брилијантен раскажувач и го зацврсти своето место во врвот на современата европска книжевност.
    „Роман над романите“
    Мартин Шулц
    „Кабре извонредно прикажува различни епохи и ликови, мајсторски преминувајќи од една во друга, дури и среде реченицата.“
    Гардијан
    „Исповед е раскошен, величествен, амбициозен, залудувачки, брилијантен предизвик во кој мора да бидете стрпливи. Сфаќам дека критичарите не смеат да покажуваат премногу восхит, ама оваа книга е блиску до совршенството“.”
    www.texasbooklover.com


    Исповед од: 600 ден