• img-book

    Рута Шепетис

Попуст!

ISBN: 978-608-4672-21-0

Крадци и проститутки

од: Рута Шепетис
4.56 од 5 од 9 оцени на читатели
9 оцени од читатели

14ти Јуни, 1941 година
Тие ме зедоа облечена само во ноќница. Тоа не беше тропање. Тоа беше страшно трескање кое ме натера да потскокнам. Тупаници удираа по нашата влезна врата. Внатре во куќата никој не мрдаше, никој не пушташе глас. Станав и ѕирнав во ходникот. Мајка ми стоеше залепена за ѕидот, нејзините очи затворени, а лицето згрчено од вознемиреност. Таа се молеше.

Советите нѐ натискаа во камион како стока: жени, деца, стари и изнемоштени, штотуку породени со бебиња. Воз полн со учени луѓе, професори, адвокати, уметници… рекоа сме биле криминалци обвинети за контрареволуционерни активности. Најпочитуваните и најдостоинствените луѓе од Литванија, Латвија и Естонија, а вагонот во кој се возевме беше обележан со табла „Крадци и проститутки“.

Ќе те најдам“, ми рече Андриус. Најди ме, се молев секој ден. Најди ме побрзо.

Ужасна тајна на милион луѓе. Во некои војни се работи за бомбардирање. За овие луѓе и оваа војна, се работи за верување.

button-new

350 ден175 ден

Клучни зборови: , ,
Запознајте се со авторот
avatar-author
- Ruta Sepetys - 1967
Рута Шепетис е литванска американскa писателка на историска фикција. Таа е најдобро позната по нејзината книга, Кратци и проституки, која беше Њујорк Тајмс бестселер. Нејзините книги се објавени во повеќе од педесет држави и на над триесет и шест јазици.
Книги од Рута Шепетис
Рецензија на уредник

14ти Јуни, 1941 година
Тие ме зедоа облечена само во ноќница. Тоа не беше тропање. Тоа беше страшно трескање кое ме натера да потскокнам. Тупаници удираа по нашата влезна врата. Внатре во куќата никој не мрдаше, никој не пушташе глас. Станав и ѕирнав во ходникот. Мајка ми стоеше залепена за ѕидот, нејзините очи затворени, а лицето згрчено од вознемиреност. Таа се молеше.

Советите нѐ натискаа во камион како стока: жени, деца, стари и изнемоштени, штотуку породени со бебиња. „Сите ќе умреме“, полека рече еден ќелав човек во камионот. „Ова е крајот.“ Воз полн со учени луѓе, професори, адвокати, уметници… рекоа сме биле криминалци обвинети за контрареволуционерни активности. Најпочитуваните и најдостоинствените луѓе од Литванија, Латвија и Естонија, а вагонот во кој се возевме беше обележан со табла „Крадци и проститутки“.

Илјадници луѓе во воз за добиток, со по една кофа вода и помија дневно, така поминавме илјадници километри додека да најдат совршено место за да ги скријат своите тајни од светот, за да не скријат нас од светот.

Ќе те најдам“, ми рече Андриус. Најди ме, се молев секој ден. Најди ме побрзо.

Ужасна тајна на милион луѓе. Во некои војни се работи за бомбардирање. За овие луѓе и оваа војна, се работи за верување.

Детали

ISBN: 978-608-4672-21-0
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2013
Број на страници: 260

  1. :

    2 out of 5

    Лина со мајка и и брат и Јонас, ќе мора да заминат од дома. Низ какво патешествие ќе поминат? Успешно или не на пречки кои ќе им застанат на патот.

    Премногу спомнување на Хитлер, Сталин. Читање на делови на Библија од Јонас е непотребно во книгата.

  2. :

    5 out of 5

    #рецензија

    Роман кој е брутално искрен и на моменти болно мрачен,ни раскажува потресно парче историја кое секој треба да го прочита.Прекрасно напишано, емотивно,те тера на размислување и долго време потоа откако ќе го прочитате.Секој знае за ужасите на нацистичка Германија,но малкумина знаат за ужасите од владеењето на Сталин во комунистичка Русија.Со оваа книга ќе се информирате за ужасите прикажани во “Гулаг” и нема така лесно да ги “сварите”.
    Овој историски роман се занимава со една тема-владеењето на теророт на Јосиф Сталин,советската инвазија на балтичките држави.Рускиот геноцид резултирал со загуба на скоро третина од населението на балтичките држави,биле убиени милиони луѓе и уште милиони повеќе биле раселени.

    Лина 15-годишна девојка заедно со нејзиното семејство е депортирана од нејзиниот дом во Литванија од страна на советската тајна полиција во 1941год.И така започнува нејзиното патување до Сибир долго 6500 милји.Патувањето се врши со воз во вагон за добиток кој е потпишан со “Крадци и проститутки”.Таа и сите депортирани работат во гулаг одреден број на месеци, гладни,гнасни и брутализирани од советските офицери.Во овие логори на присилна работа се бореле за секојдневно преживување.Лина започнува романса со друг затвореник Андриус и така животот и станува скоро поднослив.Се додека не ги пренесат на самиот раб на светот, на Арктикот каде веруваат дека единствен избор е да преживеат.Кога стасале таму биле без засолниште и биле принудени да градат бараки и за себе и за советските чувари.На ова место бруталната клима била неподнослива,а студот,гладта,исцрпеноста и болестите однеле многу жртви, меѓу кои и мајката на Лина.Нејзиното патување по логори за присилна работа ќе трае 12 мачни,долги години.Лина ни ја раскажува својата приказна со толкава јасност и чистота што додека читате создавате слики од глад,болести и смрт.Како ќе преживее,како ќе опстане со тој терор и како ќе го продолжи животот Лина вие сами ќе дознаете.

    Во 30-тите и 40-тите години на минатиот век режимот на Сталин убил десетици милиони луѓе.Книгава ќе ви го распара и срцето и душата.Ќе се растажите,ќе збеснете,ќе се налутите.Ќе размислувате дали би можеле да го издржите тој терор толку години и да преживеете.Ја препорачувам бидејќи е четиво кое вреди да се прочита.

  3. :

    5 out of 5

    #ТеПредизвикувамеДаЧиташ
    #СакамКнигиПредизвик1

  4. :

    5 out of 5

    Прекрасна книга! Преку голготата на девојката од Литванија дава историски осврт на она што се случувало во тој период во СССР како последица на тогашната светска политичка сцена. Во тие логори и низ таа голгота минали и многу Македонци кои ни криви , ни должни, биле пратени таму. Читав за таа девојка и плачев за сите оние кои се неправедно осудени!

  5. :

    5 out of 5

    Преубава книга, полна со емоции. Еден потресен историски запис, приказна за семејната љубов и силната волја за живот – препорачувам дефинитивно 🙂

  6. (го има купено овој производ од сајтот):

    5 out of 5

    Многу убава книга! Емоции кои допираат до срж! Ја препорачувам!

  7. (го има купено овој производ од сајтот):

    5 out of 5

    Иако не сум љубител на историски книги,сепак оваа ми се допадна.Убава приказна,држи внимание до самиот крај.😊

  8. :

    5 out of 5

    Преубава книга, просто преубава.

  9. :

    4 out of 5

    Не сум баш љубител на историска фикција, но книгава беше супер…