• img-book

    МОЌЕН И ДОКАЖАН ВОДИЧ ШТО ПОТТИКНА ИЛЈАДНИЦИ СЛАВНИ ЛУЃЕ ДА СТИГНАТ ДО ВРВОТ НА УСПЕХОТ ВО БИЗНИСОТ И ВО ЛИЧНИОТ ЖИВОТ

    Книгата Како да се здобијат пријатели и наклоност на луѓето е еднакво релевантна и корисна денес како и во времето кога била објавена, пред речиси 80 години. Тоа се должи на неверојатната умешност на Дејл Карнеги да проникне длабоко во човековата природа и да ги открие принципите врз чија основа секој човек можел да се развие и максимално да го искористи својот потенцијал. Според Карнеги, финансискиот успех не зависи толку од знаењето што го поседуваме колку од способноста да ги изразиме своите идеи, да преземеме лидерска улога и да го поттикнеме ентузијазмот кај луѓето.

    Продадена во десетици милиони примероци низ светот, оваа книга содржи многу корисни совети за тоа како брзо и лесно да се здобиете со пријателството и наклоноста на луѓето, како да го зголемите своето влијание во работната средина, како да станете поефикасни, да ги поттикнувате моралот и ентузијазмот кај соработниците, а да ги избегнете недоразбирањата и расправиите во деловниот и семејниот живот.


    Додадена
  • img-book

    Романот интиутопија Фаренхајт 451 е слика на едно тоталитарно општество во кое луѓето се затворени во своите огноотпорни домови, никогаш не разговараат за она што го мислат и чувствуваат и уживаат само во материјалните работи. Тие се обземени од своите интерактивни телевизори-ѕидови кои им го окупираат целото внимание и не им оставаат време за размислување. Универзитетите се затворени или се претворени во школи за атомско инженерство. Книгите се прогласени за непотребни, строго се забранети и подлежат на горење.

    Но една мала опозиционерска група на луѓе-книги сакаат да го спасат духовното богатство на човештвото и секој од нив знае наизуст понекоја книга, за да им ја пренесе на идните поколенија. Кон нив се приклучува и Монтег, преобратениот пожарникар, кој ќе стане сведок на уништувањето на навидум сигурното и „идеално“ општество…


    ФАРЕНХАЈТ 451 од: 280 ден
  • img-book

    Во продолжението на бестселерот Среќните луѓе читаат и пијат кафе Дијан се соочува со нови предизвици за кои се чини дека не е подготвена. Вратена од Ирска, решена да стави точка на својот бурен однос со мрачниот ирски фотограф Едвард, таа почнува да си го гради животот во Париз посветената работа во својата кафе-книжарница и на новата љубовна врска. Сè додека повторно не го сретне Едвард…


  • img-book

    Сопруга, мајка и сопственичка на кафе-книжарницата Среќните луѓе читаат и пијат кафе во Париз, се чини дека Дијан има совршен живот. Но ненадејно ќе ги изгуби саканиот сопруг и ќерката и сè одненадеж застанува. Сè освен нејзиното срце, кое и натаму упорно и болно чука. Изгубена во спомените, таа повеќе не знае како да живее…

    По една година ќе ги шокира семејството и пријателите одлучувајќи да се пресели во едно село на ирскиот брег. Конечно решена повторно да го изгради својот живот – сама. Таму ќе го запознае Едвард, таинствениот фотограф од соседството. Ќе си дозволи ли повторно да сака? Ќе го надвладее ли стравот дека со новата љубов ќе ги изневери саканите кои веќе ги нема?

    „Трогателна приказна со многу дијалози која со лесен стил и со многу топлина и разбирање зборува за тоа дека можеме да ги преживееме и најтешките животни моменти.“ Ле паризјен


  • img-book

    Трчањето ме учи е збирка текстови инспирирани и посветени на големата пасија на повеќекратниот државен шампион во трчање Кокан Ајановски. Тој ѝ е добро познат на јавноста по своите достигнувања на тркачките патеки – над 20 пати државен првак на Македонија во повеќе атлетски дисциплини – но и надвор од нив, како еден од амбасадорите на спортот кој секојдневно го популаризира и ја шири страста наречена трчање.

    Овие кратки бисери се излезени од секојдневието на човекот за кого трчањето е многу повеќе од спорт – во трчањето Кокан ја пронаоѓа големата смисла на животот. Трчањето му е и животен учител чии лекции важат како на патеките така и надвор од нив. Сакајќи да сподели со вас дел од наученото, тој своите мали и големи откровенија ги пренесува на хартија, во текст полн со топлина и емоција.

    Трчањето ме учи е книга полна со инспирација, мудрост, поуки, благодарност, љубов, и една посебна сила што постојано нè движи напред и нè поттикнува да истрчаме уште еден километар, да направиме уште еден напор – за да станеме подобри од она што веќе сме.


    ТРЧАЊЕТО МЕ УЧИ од: 250 ден
  • img-book

    ДОЛГООЧЕКУВАНОТО ПРОДОЛЖЕНИЕ НА НАЈПРОДАВАНИОТ СЕРИЈАЛ „КАЛУЃЕРОТ ШТО ГО ПРОДАДЕ СВОЕТО ФЕРАРИ“

    Џонатан Лендри поминува низ тежок период во животот. По необичната средба со својот загубен роднина Џулијан Ментл – поранешен влијателен адвокат кој одеднаш исчезнал на Хималаите – тој е принуден да патува по светот за да ги собере тајните писмата во кои се кријат извонредните тајни што ги открил Џулијан.На незаборавното патување што ве води во сензуалните сали за танго на Буенос Аирес, морничавите катакомби во Париз, блескавите кули во Шангај и мистичните пустини на Седона, Тајните писма на калуѓерот што го продаде своето ферари открива изненадувачки сознанија што ќе ви помогнат да си ја вратите моќта, да му бидете верни на своето вистинско јас и бестрашно да ги живеете своите соништа.

    Денес на светот нема вишок луѓе. Секој од нас е тука со причина, со некоја специјална цел – мисија. Да, биди среќен и забавувај се многу. И да, стани успешен, но според свои критериуми, а не според оние што ти ги наметнува општеството. Но – над сè – биди од значење. Направи твојот живот да е важен. Биди од корист. Биди им на услуга на колку што е можно повеќе луѓе. И биди рамо до рамо со најдобрите што некогаш живееле. Робин Шарма


    ТАЈНИТЕ ПИСМА од: 380 ден
  • img-book

    Колку време и жртви се потребни за да се врати животот таков каков што бил пред доживеаната несреќа?

    Доволен е само миг за да се промени нешто што го создаваме со години. Совршената хармонија на семејниот живот на галеристката Ада и ветеринарот Гзавие се уништува со една сообраќајна несреќа. Дали ќе успеат да се справат со фаталните последици, со предизвиканите физички и емотивни штети?

    Ние не требаше да се сретнеме е приказна за загубата и повторното наоѓање, за еден љубовен триаголник и потребата од прошка и соземање. Роман за способноста да ја преобразиме траумата во прифаќање во процесот на надворешно и внатрешно закрепнување. Ќе успеат ли да се прифатат двајцата што несреќата случајно ги споила или ќе се покаат што се сретнале враќајќи им се на старите животи?

    Животот е лесен кога сè е совршено, но треба да научиме да го сакаме и кога бара од нас повторно да го изградиме она што било урнато до темел.


  • img-book

    Јувал Ноа Харари, автор на светскиот феномен Сапиенс: кратка историја на човечкиот род, продолжува со истражување на проблематиката на целокупното човеково искуство со уште една неверојатно оригинална книга – Хомо деус: кратка историја на иднината.

    Со својот единствен стил што воодушеви милиони читатели низ светот, Харари укажува дека луѓето успеале да го направат она што се чини невозможно: да ги победат гладот, заразните болести и војните, да ги претворат од неразумни и неконтролирани сили на природата во предизвици кои може да се управуваат. За првпат во човековата историја денес повеќе луѓе умираат од премногу храна отколку од глад; повеќе луѓе умираат поради старост, а не од заразни болести; повеќе луѓе се самоубиваат отколку што гинат од воени акции, тероризам или криминал заедно.

    Кои ќе бидат идните проблеми на човештвото? Каква судбина им е наменета на луѓето, како самопрогласени богови на планетата Земја, кои чекори ќе ги преземеме за да ја оствариме? Хомо деус ги истражува проектите, соништата и кошмарите кои ќе го обликуваат дваесет и првиот век – од заобиколување на смртта до создавање вештачки живот. Пред нас се основните прашања на кои мораме да дадеме одговори: во кој правец ќе се движиме понатаму? И како ќе го заштитиме овој кревок свет од сопствената деструктивна моќ? Пред нас е следната фаза во еволуцијата: хомо деус!


    ХОМО ДЕУС од: 500 ден
  • img-book

    На страниците на оваа извонредна книга ќе откриете практични, а сепак моќни методи за пресоздавање на вашиот живот и одново поврзување со своето најдобро јас. Напишана како интересна и искрена приказна, СВЕТЕЦОТ, СУРФЕРОТ И ДИРЕКТОРОТ ви дава моќен спој на длабока мудрост и практични животни лекции што ќе ви помогнат да ја откриете својата судбина, да ја живеете највисоката вистина како човечко суштество, и да ја најдете постојаната среќа што ја барате.

    Во овој револуционерен водич за живеење на својот живот на најавтентично ниво, ќе научите:
    – како да ги разбудите вистинските дарби и силно да заблескате во светот
    – како да ги претворите стравовите во слобода и раните во мудрост
    – лекции што ќе ви помогнат да го усовршите умот, да го отворите срцето, и да го негувате духот
    – едноставни методи за прекрасни врски исполнети со вистинска љубов
    – начини за повторно воведување на авантурата, мистеријата и забавата во животот
    – техники како да станете ѕвезда во кариерата и да привлечете богатство


  • img-book

    Едноставниот, инспиративен и докажано ефикасен систем на прочуениот гуру открива како да му помогнете на своето дете да го оствари својот целосен потенцијал, а притоа да постигнете и сопствен внатрешен мир.

    Џулијан Ментл, поранешен адвокат кој навреме ја осознал вистинската смисла на животот, е подготвен за нови предизвици. На патот кон исполнето, урамнотежено и среќно постоење нема поважен фактор од семејството. Затоа Џулијан во оваа книга изложува низа проникливи сознанија и практични совети со кои ќе му овозможите на своето дете да ги препознае и да ги реализира своите дарби. Исто така, ќе ви покаже како со членовите на семејството да остварувате однос исполнет со доверба, кој ќе се претвори во цврста и нераскинлива врска.

    Споделете ја радоста на живеењето со своите најблиски и научете како подобро да се разбирате. Насочете ги своите деца по патот на големите соништа и покажете им дека ништо не е недостижно. Свртете се кон тоа што ви е најважно и секој ден уживајте во даровите што ви ги дава животот.


  • img-book

    Во Кој ќе плаче кога ќе те нема, Робин Шарма нуди 101 едноставно решение за најкомплексните животни проблеми, почнувајќи од малку познатиот метод за борба против стресот и грижите, па до моќта што потекнува од вас кога создавате нешта кои, многу години откако ќе ве нема, ќе претставуваат ваша оставина за најблиските и за човештвото. Насловите на некои од темите се: Почитувајте го своето минато, Откријте го својот позив, Почнете го денот убаво, На проблемите гледајте како на благослови…

    Ако сте подготвени да го замените чувството на празнотија во себе со длабоки чувства на задоволство, мир и страст, и сакате да водите живот полн со смисла и цел – ова е идеална книга за вас.

    Со своите книги, Робин Шарма веќе го промени животот на милиони луѓе низ светот. Оваа книга е уште една ризница на мудрости, релевантна за овие наши турбулентни времиња.


  • img-book

    Ако вашето дете учи букви, ова е книга за него.

    Ако вашето дете сака да црта, ова е книга за него.

    Ако вашето дете сака приказни, ова е книга за него.

    Ако ве интересира која буква од кој цртеж настанала, ако сакате да дознаете приказна за постанокот на секоја буква, ова е книга за вас и за вашето дете.

    Помогнете му да ја прочита, изгледа и ислуша!

    Заедно со Стела и Сани, цртаме по еден цртеж и раскажуваме по една приказна за секоја буква!


    Азбука од: 300 ден