• img-book

    Калуѓерот кој го продаде своето ферари е приказна за Џулиен Ментлу, врвен адвокат, чиј неизбалансиран начин на живот ќе го доведе скоро до фатален инфаркт во преполната судница. На физичкото пропаѓање му следи духовна криза, која ќе го натера да размисли за својот живот и да побара одговор на најважните животни прашања. Со надеж дека ќе најде среќа и исполнување, заминува на едно необично патување. Запознавајќи една стара култура открива моќен начин како да го ослободи потенцијалот на својот ум, тело и душа и како да живее со повеќе страст, смисла и мир. Брилијантна мешавина на источната духовна мудрост и острите западни принципи за успех, оваа инспиративна приказна чекор по чекор ни го посочува патот до похрабар и поизбалансиран живот, живот исполнет со изобилство и радост. „Ништо помалку од сензационалност. Оваа книга ќе го благослови вашиот живот.“ Марк Виктор Хенсен, коавтор на книгата Мевлем за душата „Забавна, фасцинантна, имагинативна авантура полна со мудрост која може да го збогати и унапреди животот на секој поединец.“ Брајан Трејси, автор на книгата Најголемиот подвиг „Забавна книга која ќе го измени вашиот живот.“ Илејн Ст. Џејмс, автор на книгите Поедностави го својот живот и Внатрешна едноставност „Маѓична приказна, поучна и забавна истовремено“ Паоле Коелјо, автор на Алхемичарот


  • img-book

    Една ноќ, во една пуста улица во Париз, додека Лора се обидува да ја отклучи влезната врата на зградата во која живее, некој ја напаѓа и ѝ ја краде чантата. Утредента ја наоѓа Лоран, оставена врз една канта за ѓубре близу неговата книжарница.

    Во чантата нема никакви лични документи, само вообичаени женски дреболии, но и неколку предмети кои откриваат многу за карактерот на својата сопственичка: позлатена запалка, црно пенкало „монблан“, клучеви на плочка со изгравирани хиероглифи, стара шнола за коса со платнен цвет, два зара, четири стари фотографии… и еден црвен бележник испишан со нејзиниот елегантен ракопис. Читајќи ги тајните мисли, стравови и желби на непознатата жена, Лоран почнува да се вљубува во неа. И додека таа лежи во болница со повреда на главата и изгубено памтење, тој се претвора во вистински детектив за да ја открие мистериозната сопственичка на чантата со слезова боја..


  • img-book

    Необична сликовница испреплетена со музика и песнички. Следете ја авантурата на Лисичко и неговите пријатели и забавувајте се со целото семејство!


  • img-book

    Раскази за лудилото? Зар може да се каже нешто ново за лудилото по Едгар Алан По, Е. Т. А. Хофман, Лотреамон, по лудилото на Хамлет или лудилото на Дон Кихот?

    Венко Андоновски, во циклусите раскази „Фрески“ и „Иконки“, ни ги покажува познатите, благородни форми на лудилото: лудилото на љубовта и лудилото на генијалноста. Тие се форми на класичното лудило на недостигот, кои покажуваат дека недостигот, кој обично се замислува како „празнотија во душата“, всушност е најбогатото чувство на човекот: недостигот е максимална исполнетост на битието со копнеж. Хамлет копнееше по вистината и одмаздата, Дон Кихот по еден нов херојски свет…

    Но во циклусот „Карикатури и гротески“, ликовите полудуваат во мигот кога го губат недостигот, што значи го губат и копнежот, кој го заменуваат со потреба од копнеж. Тоа е лудило на празното полно, наместо класичното лудило, она на полното (со копнеж) празно.

    Припотомување на кучката е уште едно врвно дело кое го потврдува прозното мајсторство на Венко Андоновски, еден од најдобрите современи македонски раскажувачи.


  • img-book

    Вие имате моќ да го промените својот живот! Зашто во себе веќе ги носите алатките потребни за тоа. Тие алатки се вашите мисли и убедувања. Со нивна помош ќе го победите стравот и ќе ја зголемите самодовербата; ќе се ослободите од стресот и ќе станете поздрави; ќе постигнете деловен успех и ќе стекнете пари и благосостојба; ќе се исполните со благотворна љубов кон себе и кон другите, ќе уживате во пријателството и интимноста!

    Само размислувајте позитивно – ете колку е едноставно! И што е уште поважно, тоа е изводливо. Кога ќе почнете да ги применувате афирмациите, ќе бидете сведоци на мали чуда во своето постоење. Сѐ што сте подготвени да отстраните од својот живот, ќе исчезне само по себе. Сѐ што посакувате, ќе почне да се појавува навидум од никаде. Ќе бидете наградени така како што никогаш не сте можеле да замислите!


  • img-book

    Живот, осврт кон вашиот животен пат е длабоко медитативна, инспиративна и над сè возбудлива книга полна со оптимизам. Таа ќе ви помогне да препознаете и да решите многу значајни прашања со кои се среќавате на својот животен пат. Како и секогаш, Лујза Хеј се занимава со најважните теми – детството и растењето, себеприфањето, врските, работата, здравјето, духовноста, стареењето, смртта… Искрено човечки и со едноставни зборови, таа ви помага на најдобар начин да се соочите со проблемите, стравовите и предизвиците низ кои секојдневно поминувате, и ви нуди ефикасни решенија за нивно надминување.

    Без оглед на тоа со какви пречки се соочувате на својот животен пат, Лујза Хеј постојано ве потсетува дека величествениот, восхитувачки, на моменти застрашувачки или комичен феномен што ќе го искусите од мигот на раѓањето до мигот на заминувањето од оваа наша прекрасна планета, е всушност ЖИВОТОТ. Уживајте во неговото чудо!


    ЖИВОТ од: 280 ден
  • img-book

    Во Франција, во 18 век, под тезгата на еден смрдлив пазар, светлината на денот ја здогледува едно необично дете, Жан-Батист Гренуиј. Роден без никаков телесен мирис, но надарен со прекумерно истанчен нос, Гренуиј се издига од калта на Париз до најсовршените сфери на духот, до царството на опојот. Опседнат со идејата да создаде совршен парфем од нејпрефинетите девојчински мириси, што ќе го направи целосно човечен, Гренуиј се претвора во ладнокрвен убиец…

    Во историјата на создавањето на еден парфем Зискинд вложува многу подлабока смисла. Стремежот кон апсолутното, причините и последиците на творечката генијалност… Тешко може да се одолее на оваа ужасна и истовремено прекрасна приказна за еден монструм кој го има најпрефинетиот нос на светот.

    Парфем е есенција на вистинската литература. Напишан во блескав класичен манир, ритмичен, живописен, ироничен, поинаков од масовната литературна продукција, овој литературен трилер со години е на самиот врв на европската интелектуална проза.


    ПАРФЕМ од: 350 ден
  • img-book

    Еден ден учениците добиваат необична задача – секој од нив да подготви проект за еден орган на телото применувајќи ги знаењата од повеќе школски предмети. Одеднаш, сите се будат од апатијата. Пишуваат имејлови до градската болница, ги проучуваат симптомите на болестите, преслушуваат музика, прелистуваат книги… Во потрага по информации, Алине, новото девојче во одделението кое не разговара со никого, сè почесто се среќава со Оливер во болницата, каде што на кардиологија лежи татко му, со синдром на скршено срце по разводот. Алине го избира токму срцето – големо колку тупаница, но толку моќно што ја движи целата наша машинерија.

    Оливер, пак, го избира окото, камерата на нашето тело, органот кој го снима филмот на нашите животи. И признавајќи си дека се вљубил во Алине, сфаќа колку голема вистина има во она што го кажува Малиот принц, во нејзината омилена книга: „Човек може вистински да гледа само со срцето. Најважното е невидливо за окото“. Роман за првата љубов, детски чиста и малку срамежлива, и за храброста што таа ја дава за победа над стравот од другите, за надминување на мачните семејни ситуации и осаменоста на младиот човек во овој отуѓен свет.


  • img-book

    Алхемичарот е повест за едно долго и макотрпно трагање по сопствената среќа. Младиот андалудиски овчар Санитијаго тргнува во потрага по закопаното благо во египетските пирамиди. Воден од еден алхемичар низ пустината, тој ќе научи да го слуша своето срце, да ги чита знаците на судбината и, што е најважно, да го следи до крај својот сон.

    Посветена на детето што секој човек го носи во себе, Алхемичарот е чудесна филозофска приказна што не учи дека животот е една голема книга во која секој би можел да ги дешифрира знаците, доколку го „чита“ своето срце.

    “Алхемичарот е своевидна филозофска сказна што критичарите ја споредуваат со Малиот принц на Сент Егзипери, затоа што преголемиот животен оптимизам и сонот авторот во ова дело ги толкува не како бегство, туку како начин за осознавање на реалноста. Американското друштво на книжарите во 1994 година го прогласи Алхемичарот за најдобра книга за млади. Алхемичарот претставува и тема на мјузиклот изведен во 1997 година во Јапонија, што како инспирација го користи композиторот Валтер Талеб за истоимената симфонија, пуштена во продажба во 1998 година, а филмската компанија Вернерс Брадрс ги има откупено правата за снимање филм.”


    АЛХЕМИЧАРОТ од: 280 ден
  • img-book

    Поради огромниот интерес на читателите, Издавачки центар ТРИ ја реиздаде книгата „Гол човек“ на Игор Џамбазов. „Гол човек“ е можеби најконтроверзната книга на Џамбазов, во која тој искрено и без лажен срам, до гола кожа го соголува својот приватен живот и ни се прикажува во својата вистинска, човечка светлина. Напишана со отворено срце и остар јазик, „Гол човек“ е книга во која ќе се препознаеме сите ние, неговите современици.


    ГОЛ ЧОВЕК од: 320 ден
  • img-book

    Животите на филозофот Барух Спиноза и нацистичкиот идеолог Алфред Розенберг ги делат цели триста години, но во оваа книга тие се испреплетуваат на неочекуван и восхитувачки начин. Тргнувајќи од историските факти, психијатарот и романсиер Јалом ги обединува нивните животни околности во еден динамичен и повеќеслоен роман истражувајќи ги прашањата на идентитетот и потрагата по свое место во светот.

    Незаборавна психо-филозофска драма во која нема да знаете каде завршува историската вистина, а каде почнува фикцијата!


  • img-book

    На писателот по електронска пошта му се јавуваат неговите ликови од претходните романи, пред сè од Вештица, и го известуваат дека незадоволни од судбините кои им ги определил таму, почнале да пишуваат роман за можностите да се избегне судбината. Почнуваат да му праќаат текстови кои тој треба „стилски да ги потсуреди“ и од нив, често неповрзани, да направи целина! Така, ликовите раководат со писателот, а не тој со нив. Притоа, тој како обичен „уредник“ под притисок на своите ликови, се соочува со фактот дека тие пишуваат не еден, туку два романа: „голема“ и „мала“ книга. И имаат за цел да покажат дека две сосема различни приказни можат да имаат ист, заеднички крај.

    Големата книга говори за речиси детективската потрага по еден мистериозен човек кој ја персонифицира смртта, а малата за можноста една славна рок-ѕвезда да ја избегне судбината и на денот на својата несреќна погибија во сообраќајна несреќа да задоцни на местото на својата смрт, поради тоа што ќе се напие кафе со својата детска, прва љубов…

    Андоновски продолжува, во нему својствен, мајсторски стил да ги испитува крајните можности на романот како жанр во постојано преиспитување…


  • img-book

    Зошто остануваш во зандана
    кога вратата е ширум отворена?
    Руми

    Како се случува оние што се љубеле верно како дрвото и сенката, како дрвото и огнот, да станат туѓинци во иста постела и дневна соба?
    Жесток роман за повикот на слободата и стравот од неа, и за доброволното ропство во „сигурните“ брачни води. Видан – Огнена – Тони: семеен триаголник на двајца отуѓени сопружници и нивниот син. Потресна приказна за тоа како најблиските што се сакале влегуваат во магичниот круг на повредување на другиот. Книга полна источни мудрости и мистична филозофија. Роман богат со психолошки и до нијанса извајани машки и женски ликови, со што се потврдува мајсторството на авторот покажано и во претходните романи. Префинета симболика на детали, прекогниции, соништа, сеизмографски треперења на душата. И роман терапија: ведриот женски лик на Вили од идиличното Вилино, спротивставено на градот како дувло на страстите.
    Венко Андоновски

    Вилино е лек.
    Митрополит Методиј Златанов


    Вилино од: 300 ден
  • img-book

    Погледнат низ детските очи, светот е енигма, често драматична. Затоа Малиот принц не престанува да поставува прашања за смислата на животот. Одговорите што ги добива од возрасните се бизарни со својот груб рационализам и ја покажуваат во вистинска светлина извештаченоста на светот на возрасните, па затоа авторот, усогласувајќи го својот светоглед со штедрата фантазија на детето, ја наоѓа волшебната формула за излез од агонијата на еден свет лишен од вистинските вредности. Патешествијата на Малиот принц од планета на планета, од откритие до откритие, се во значајна мера и едукативни, а оваа лирска сказна, овоплотена со сликовит и езотеричен јазик, во целост е поврзана и со традицијата на филозофската апологија, и токму тоа е она што ја означува необичноста на Малиот принц за кој, без сомневање, се можни безброј интерпретации.

    Сказната „Малиот принц“, што е раскажана во прво лице и е проследена со навидум наивни цртежи и акварели од авторот и со едноставноста на раскажувачкиот тон, со ненаметливите реплики и со фантастичниот аспект на опишаните доживелици претставува неповторливо четиво, пред сè за децата, но и за читателите од сите возрасти.


    МАЛИОТ ПРИНЦ од: 150 ден
  • img-book

    Една девојка од Македонија, во седумнаесеттиот век заминува, по игра на судбината, во Хрватска. Во Хрватска е во ек голем прогон на вештици – жени кои склучиле сексуален пакт со ѓаволот. Во исто време, од Италија, падре Бенџамин, личен пријател на Џордано Бруно, доаѓа во Хрватска да учествува во инквизицискиот прогон и судењето на вештиците. И девојката од Македонија е обвинета за пакт со ѓаволот, само затоа што не го сака својот сопруг со кој е во договорен брак. И, наместо нејзин џелат, учениот теолог Падре Бенџамин станува нејзин спасител. Меѓу нив пламнува огнена љубов… Како оган на клада на која горат еретиците… Ќе изгорат ли? Или ќе се родат повторно во дваесеттиот век, како писателот кој ја пишува Вештица и една верна читателка која се поистоветува со женскиот лик од неговиот роман?

     

    „Но во ова сјајно полифонично дело, во кое разновидноста на наративните техники го изненадува и го радува читателот, потсетувањето на вештици и магии постојано е проследено и збогатено со приказни кои се сместени во современиот живот, така што Вештица станува голем роман за Европа. За минатото и сегашноста на Европа. Но, доволно е. Не сакам да го раскажувам овој роман што не може да се раскаже. Ве молам да го прочитате. Со љубовта која ја заслужува.“ Милан Кундера

    „Венко Андоновски во романот Вештица ги урива сите стереотипи. Неговиот јазик и по својата синтакса и по својата сензибилност има една благородна мелодика и промислена сигурност. Тој е супериорен мајстор да ги вработи сите зборови и на сите да им даде еднакви, речиси рамносилни задачи и значења. (…) По завршувањето на некои мои книги, многупати сум останувал рамнодушен, мислејќи дека некој друг ги напишал. За романот Вештица, пак, многу повеќе се радував отколку јас да сум го напишал…“  Петре М. Андреевски


    ВЕШТИЦА од: 380 ден
  • img-book

    Последниот дел од серијалот Милениум нè води на едно неочекувано патување кое најпосле ќе ја одгатне судбината на бунтовната Лизбет Саландер. Девојката со тетоважа на змеј ненадејно го продала станот во Стокхолм и не одговара на електронската пошта. Никој не знае каде е, никој не претпоставува дека кочнечно одлучила да стане ловец, а не плен. Каква е нејзината поврзаност со непознатиот бездомник кој е пронајден мртов откако на јавно место закачил памфлет
    против шведскиот министер за одбрана? И зошто во неговиот џеб е пронајдено ливче со телефонскиот број на Микаел Блумквист?
    Девојката што требаше да умре открива политички скандали на највисоко ниво и меѓународни игри на моќ, со говор на омраза, лажни вести и една стара експедиција на Монт Еверест. Трагајќи по одговорите, во момент на необјасниво саможртвување, Блумквист ќе ѝ овозможи на Лизбет да се соочи со најважната битка во нејзиниот живот и конечно да расчисти со минатото.

    „Неверојатен трилер со многу акција во кој се испреплетуваат заговор, шпионажа и мистерија со кои се обвиени неколкуте убиства – неверојатен спој што ќе ги збудали обожавателите на Саландер.“
    Вол стрит џурнал