• img-book

    „Не“ е најважниот и најмоќниот збор во јазикот.

    Во денешниот свет на неограничени избори, притисокот да се попушти и да се каже Да е сè поголем, носејќи ни стрес и прекумерни обврски. Позитивното Не никогаш не било толку потребно. Тоа има моќ да го преобрази животот овозможувајќи ни да се заземеме за она што ни е важно – нашите потреби, вредности и приоритети.

    Но погрешното Не може да го уништи и она што најмногу ни значи. Затоа е важно да го кажеме на вистински начин. Тајната на ефикасното Не лежи во умешноста да се каже позитивно Не, што е можеби највредната животна вештина што некогаш ќе ја научите.

    Оваа незаменлива книга ви дава едноставен метод во три чекори за кажување позитивно Не: да си ги одбраните суштинските интереси цврсто останувајќи на својот став; да се спротивставите на контрааргументите; да стигнете до прифаќање, до вистинското Да што им служи на вашите интереси.

    „Моќта на позитивното Не“ нуди практични совети и примери за секоја ситуација. Без разлика дали треба да му кажете Не на некој клиент или колега, на вработениот или на шефот, на детето или партнерот, во оваа книга ќе ја најдете тајната за јасно и ефективно Не, искажано со почит. Сфатено вака, Не е новото Да.

    „Лесно е да се каже Не! кога длабоко во вас гори Да!“

    Стивен Р. Кови, автор на „7 навики на успешните луѓе“


  • img-book

    Квадрантот на протокот на парите ќе ви открие многу работи што не се учат во школо: зошто некои луѓе помалку работат, а повеќе заработуваат, плаќаат пониски даноци и се финансиски посигурни од другите. Тајната е во тоа да научите од кој квадрант да дејствувате и кога.

    Книга што ќе ви го промени начинот на размислување за работните места, кариерата и поседувањето сопствен бизнис и ќе ве инспирира да ги научите правилата што богатите ги користат за да ги создадат своите империи. Дали некогаш сте се запрашале:

    – Која е разликата меѓу (само)вработен и бизнисмен?

    – Зошто некои инвеститори заработуваат со помал ризик?

    – Како некои луѓе се осмелуваат да дадат отказ и да почнат сопствен бизнис?

    – Зошто во индустриската ера беше важно да се добие диплома, а денес врвни дипломци работат за луѓе кои не го завршиле образованието и сепак се меѓу најбогатите на светот: Бил Гејтс, Ричард Бренсон, Мајкл Дел, Тед Тарнер?…

    Ова е книга за сите луѓе кои се подготвени да тргнат по сопствениот пат до финансиска слобода, наместо да се потпираат на сигурното вработување; кои сакаат да извршат коренити промени во својот живот; кои се подготвени да преминат од индустриската во информатичката ера. Квадрантот на протокот на парите е ваш незаменлив водич во нашиот современ свет на сè поголеми финансиски промени.


  • img-book

    Студен е мигот кога за првпат ќе се здогледаш низ очите на друга личност зашто сфаќаш дека живееш во заблуда за сопственото постоење – и тогаш бездната на непознатиот свет станува уште подлабока.

    „Хејлшам“ е навидум мирно интернатско училиште незасегнато од надворешни влијанија. Неговите добро згрижени ученици оттаму излегуваат обликувани според очекувањата на светот. Но никој не ги учи дека она што ги очекува надвор е многу пострашно одошто им се чини. Кети Х. дури по неколку години ја открива вистината за своето идилично училиште – морничавата тајна дека учениците се клонови создадени да обезбедуваат витални органи за човечката популација. Ќе успеат ли таа и нејзините пријатели Рут и Томи да се приспособат на напредниот, но сè уште суров свет?

    „Никогаш не оставај ме“, потресна приказна со дистописки призвук, прераснува во предупредување за човештвото и опасностите што му се закануваат за сметка на напредокот.

    „Вознемирувачко четиво, со беспрекорна контрола на дејството… Неодоливата моќ на книгата произлегува од способноста на Ишигуро да ја изложи мрачната суштина со одбрани зборови.“

    Ентертејмент викли


  • img-book

    Срцето може буквално да боли, не метафорично – од тежината на споменот, копнежот и бесот

     

    Пред многу години, Џоузи е убиена во терористички напад во воз во Франција. Барем така мисли сестра ѝ Кит, докторка во Санта Круз, која со години се обидува да се помири со трагичната судбина на Џоузи. Но сета насобрана тага прераснува во збунетост и гнев во мигот кога ја здогледува на телевизија. Гледајќи вести од некој ноќен клуб во Нов Зеланд во кој се случил пожар, таа згогледува една жена која излегува од чадот и рушевините. Сличноста е неверојатна и непогрешлива.

    Тајните што долго време биле закопани испливуваат на брегот, каде што ги чека нова бура. Можно ли е да е жива? Ако е така, зошто не се јавила? Зошто посакала да води друг живот додека сите ја сметаат за мртва?

    Во потрага по одговори, Кит заминува за Нов Зеланд. Повторната средба на сестрите значи откривање на долго чуваните тајни и соочување со вистината што ги држела одвоени. „Кога верував во сирени“ е роман кој нè потсетува дека некои врски, особено семејните, колку и да се болни и тешки, сепак се нераскинливи.

     

    „Емотивна приказна за поврзаноста на две сестри и неможноста да се соочат со болната вистина.“

    Тудеј


  • img-book

    Сонцето секогаш наоѓа начин да допре до нас.

     

    Од авторот на „Никогаш не оставај ме“ и „На крајот од денот“ – прва книга на Казуо Ишигуро по добивањето на Нобеловата награда за литература, фасцинантно дело за чудесната и мистериозна природа на човековото срце.

     

    Клара е она што во чудесниот и футуристички свет на Ишигуро се нарекува ВП, вештачки пријател – човеколик робот кој родителите им го купуваат на децата за да им овозможат друштво и поддршка. Хранејќи се со сончевите зраци во излогот на продавницата, набљудувајќи ги луѓето и сѐ повеќе разбирајќи ги нивните чувства, Клара надежно чека некој да ја вдоми.

     

    Во мигот кога четиринаесетгодишната Џози решава токму Клара да биде нејзина пријателка, односот меѓу роботот и човекот добива друга димензија, а книгата станува преиспитување на емоциите. „Клара и сонцето“ е возбудлива книга со специфичен наратор, која ни овозможува од поинаков агол да проникнеме во едно од суштинските прашања на постоењето: што значи да се сака?

     

    „Нежна, но вознемирувачка приказна натопена со тага и надеж.“

    Вашингтон пост

     

    „Богатиот внатрешен свет на протагонистите на Ишигуро е носител на една голема порака, исто како и тивките и остроумни преиспитувања за човечката природа приземјени со возвишената сила на Клара… Оваа книга е слоевита синтеза од жанрови што навистина маѓепсува.“

    Паблишерс викли


    Клара и сонцето од: 500 ден
  • img-book

    Камо да знаев како е да се биде слободен.

    Роман за неверојатната слобода и големата несигурност што таа ја носи со себе. Сурово искрената приказна на една повлечена девојка ни ги доловува личните, професионални и љубовни недоумици на младите во потрага по своето место во светот.

    Не можејќи да се помири со ситуацијата што владее во нејзината родна Ирска, Ејва одлучува да си ја најде среќата во Хонгконг. Тука деновите ги минува предавајќи им англиски на богати дечиња, а ноќите избегнувајќи ги зајадливите цимерки во малото станче. Низ најразлични размисли, таа постепено ни ги открива својот карактер, борбата со ниската самодоверба и храбрите политички ставови.

    Набрзо во нејзиниот живот ќе се појават две значајни личности. Благодарение на искуствата од двете сосем различни љубовни приказни, таа го открива патот за закрепнување од самоомразата. Пријателството со Џулијан и Идит ќе ја стави на значаен животен крстопат. Кој пат ќе го избере нејзиниот ум, а кој срцето?


  • img-book

    Сте слушнале ли за инстаграм-профилот Мои финансии? На колкумина од вас лекциите што сте ги нашле на овој профил веќе ви помогнаа да се стекнете со потребното знаење за подобро управување со парите? Сите знаеме дека финансиите во голема мера господарат со нашиот живот. Доколку добро ги раководиме, ќе имаме и многу поголема контрола врз него.

    Овој финансиски планер ќе ви помогне да ја остварите таа цел. Во него ќе најдете:
    • 12 финансиски лекции
    • финансиски цели и стратегии
    • планирање на вашите намирници и оброци
    • брзо и едноставно создавање на месечен буџет
    • табели за следење на дневните и други трошоци
    • планови за заштеда и побрза исплата на долгови


    Мои финансии од: 780 ден
  • img-book

    Легендите постојат за да ни го раскажат она што историјата го заборавила.

    Во 1974 г., на островот Кипар, Гркот Костас и Турчинката Дефне кришум се среќаваат во меаната Среќна смоква среде која се извишува едно дрво – сведок на војната што се разгорува на островот и на неговата поделба, кога младите се принудени да се разделат.

    По дваесетина години Костас се враќа во Никозија како успешен ботаничар и ја наоѓа својата изгубена љубов. Заминуваат за Лондон, со едно гранче од старата смоква… По 16 години, соочена со загубата на мајка си, нивната ќерка очајно трага по одговори. А единствената врска што ја има со земјата на своите предци е смоквата во дворот и една неочекувана гостинка за новогодишните празници. Со своите вкусни кипарски рецепти, бучен карактер и топлина, таа го извлекува семејството од зачмаеноста и ги расветлува годините на тајни, разделби и тишини.

    Раскошна, магична приказна за припадноста и идентитетот, љубовта и траумата, сеќавањето и заборавот, уништувањето на човештвото и природата, и најпосле, за обновата и зацелувањето.

    „Прекрасен и трогателен роман за мрачните тајни на граѓанските војни и злата на екстремизмот: Кипар, љубовници од различни вери, оштетени деца, откоренување – и замислете, еден од ликовите во книгата е смоква!“

    Маргарет Атвуд, Твитер


  • img-book

    Што би се случило кога сите би ја кажувале вистината?

     

    Приказна за една обична бледозелена тетратка која ги менува животите на неколку ликови откривајќи им вредни животни лекции.

    Џулијан Џесоп е осамен ексцентричен уметник кој верува дека луѓето никогаш не се целосно искрени. Прашувајќи се што би се случило кога сите би ја говореле вистината, својата ја запишува во обична бледозелена тетратка што ја остава во еден мал ресторан. Кога ќе ја најде, Моника решава да му помогне на Џулијан да ја преброди осаменоста и организира курс по сликање. А потоа ја раскажува својата животна приказна и ја остава тетратката во блискиот вински бар.

    Моника и Џулијан не можат ни да претпостават колку нивната искреност влијае врз сите кои ќе ја пронајдат тетратката и на кој начин таа ќе им го промени животот. Еден по еден, тие ја споделуваат сопствената приказна – чин што носи слободување, им ги открива скриените потенцијали и безбројните можности што ги нуди животот.

     

    „Топла книжевна прегратка, книга која несомнено ќе ве расположи.“

    Вашингтон пост

     

    „Топла и нежна приказна за придобивките од храброста да се покаже своето вистинско лице со сите несовршености.“

    Пипл


  • img-book

    Не мора да имате совршен живот за да бидете среќни. Среќата е избор што го правите секој ден.

    Сте размислувале ли некогаш за своите мисли? Дали сте посклони кон негативните наместо кон позитивните?

    Првиот чекор кон промената е да разберете како функционираат негативните мисли и емоции. Една негативна критика може да фрли во сенка стотици позитивни. Затоа, мора да научите да ги преобразувате лошите емоции и да ги претворате во позитивни. Среќниот живот е возможен ако ги следите практичните чекори што ни ги нуди Морис.

    Продадена во 100.000 примероци, оваа книга содржи докажана програма што ќе ве научи на 31 практичен чекор за совладување на негативните емоции. Ќе ви покаже како емоциите да работат за вас и ќе ви помогне да ја научите формулата за преобразба на мислите.

    Тибо Морис бил интроверт и неговата повлеченост не му овозможувала да ги постигне целите што ги посакувал. Кога одлучил да си го подобри животот, сè се променило. Ова е неговата приказна за тоа како ја пронашол среќата. Може да биде и патоказ кон вашата.

    „Корисен, оптимистички и добро организиран водич за справување со емоциите што ќе ви помогне да станете цврсти и непокорни.“

    Киркус ривју


  • img-book

    Твојот мистериозен пријател ја продолжува приказната – зандана чијшто крај би била неговата слобода.

    Прочитај ја и ослободи го.

    Во вториот дел од серијалот „Овириум“ ќе отриеме кој е таинствениот наратор што нè запозна со чуварот на Преминот, Смртта. Но и многу повеќе од тоа.

    Матеј е исчезнат, небаре земјата го проголтала. Матеа – неговата сестра близначка, се впушта во потрага по него. Таа е нишката која ќе го отплете јазолот на пророштвото. А пророштвото веќе е разнишано. Од страница во страница, постепено откриваме кое е значењето на Матеа – двојничката на Матеј и Носител на Времето, Црвенокосата кралица и големата Оракула каква што нејзиниот свет дотогаш не видел. Ќе отпатуваме на необична планета која крие дел од пророштвото. Ќе ги откриеме чудните доживувања со една цел – каде е Матеј?

    Мистерија, одмазда, магични преобразби – сè што треба да има во фантазија која остава без сон.


  • img-book

    Трпезата на богатите и сиромашните се разликува само според нивните приходи.

    Орвеловата автобиографија, исповед и критика – маестрален портрет на сиромаштијата во општеството.

     

    Класикот на критичката мисла отворено и без трошка самосожалување ги изнесува вистините за бедата што ја доживеал во Париз и Лондон. Двете епизоди се еднакво фасцинантни – париската по разоткривањето на заднината на отмените француски ресторани, и лондонската по начинот на кој е насликан животот на скитниците на самото дно на општеството.

    Орвел ни нуди живописен приказ на двата града со отрезнувачки вистини за ужасната стварност –ужасна затоа што е сосема реална. Овој негов роман е веродостоен сведок и значаен социјален документ за сиромаштијата што го угнетува народот. Но тој истовремено прераснува и во беспоштедна критика кон општеството кое не презема ништо за нејзино решавање.


  • img-book

    Во Раскази од минатиот век Виолета Танчева-Златева ја брише границата меѓу умот и заумот, меѓу стварноста и фантазијата, меѓу светот на секојдневието и светот на очудувањето, меѓу сонот и јавето, меѓу класичниот и магичниот реализам. Иако пишувани „во минатиот век“, тие се интуитивна проекција на новиот век, небаре минатото ја посматра иднината со очите на сегашноста, а погледот се менува во дијалогот со себеси, па имаме раскази и со морбиден, но и со меланхоличен призвук, и со рурален, но и со урбан амбиент, и со исповеден, но и со премолчен тон, и со цврсти, конкретни факти, но и со раскошно измислени случки, поставувајќи го егзистенцијално-поетичкото прашање „Колку треба да се премолчи, а сепак да се каже потребното?“ Потеклото, коренот, селската (не)идила, градската сцена, растењето, мајчинството, љубовта, ранливоста на човечкото битие, заборавот, сеќавањето, судбината на жената, животот како пат без станица за одмор – се само дел од темите што авторката ги обработува на автентичен начин, ненаметливо, емпатично и во духот и на старата македонска книжевна класика, но и во дослух со новите наративни пристапи на раскажување. Виолета Танчева-Златева раскажува за хронотопот на срцето кое е секогаш овде и сега. Нејзините раскази од минатиот век се раскази за нас и за нашиот век.

    Лидија Димковска


  • img-book

  • img-book

    Реката е насекаде – во водата која тече во домовите, во нивните разбранувани тела, во снегулките што лебдат и ѝ се враќаат во течението.

    Што значи да се биде и колку сме изградени од она што било? Какви се водните тела? Дали човекот е растреперен бран и вода која е де во прилив де во одлив? Оваа приказна тече по коритото на животот барајќи го неговиот извор и обидувајќи се да ја спречи сушата.

    Безимената протагонистка и писателка во сенка од Сиднеј се враќа во родното Куманово, но наместо во градот од спомените доаѓа во сиво место задушено во смог, ѓубре и закопани соништа. Како носителка на богатата македонска традиција, баба ѝ ѝ открива дека во Куманово некогаш постоела речна плажа. И така главната хероина се впушта кон откривање на личните приказни и легендите, кон сувото речно корито, заедно со другарите од детството – дивиот таксист Гаврил и Јасна, фотографка која ги следи трагите на црниците. Барајќи го изворот на водата, тие несвесно си го бараат својот извор.

    И како што „Сè што користиме ни е позајмено, а наше е да го чуваме“, така вистината во оваа книга е позајмена. Ваше е да ја чувате книгава на полиците, а вистината за себе – во себе.


    Водни тела од: 250 ден
  • img-book

    Откривањето на тешките вистини си има своја цена, но и неспоредлива награда: слободата

     

    Мудри и забавни записи на психотерапевтката чии книги „Њујорк тајмс“ постојано ги прогласува за бестселери. Готлиб храбро ни го открива својот живот, и како психотерапевт и како пацент, следејќи ги вистините и лагите што си кажуваме себеси и на другите растргнати меѓу љубовта и омразата, вината и прошката, стравот и храброста да се впуштиме во промени.

    Иако сè поотворено разговараме на теми кои некогаш се сметаа за многу интимни, штом ќе се споменат анксиозноста и депресијата, веднаш замолчуваме. Затоа, секому му треба ваква книга  – „Можеби треба да разговараш со некого“ е толку искрена што прераснува во бунт кон стереотипите.

    Врвен психотерапевт кој им помага на луѓето да го изведат животот на прав пат, еден ден Лори Готлиб и самата запаѓа во ќор-сокак. Кога целиот нејзин свет се распаѓа, во нејзиниот живот влетува Вендел, терапевт од кого ќе побара помош. Зашто секому, па дури и на оние кои ги решаваат проблемите на другите, им е потребно место каде што ќе можат да ја покажат својата ранливост – и да поразговараат со некого.

     

    „Неодоливо патување низ човечката душа што нема да сакате никогаш да заврши.“

    Киркус ривју