• img-book

    „Шардоне и шпагети карбонара“ е навидум љубовен роман, во кој се вплеткуваат приказните за Миа и Милан како пријатели и за Ксенија како девојка на Милан. Освен случувањата околу овие две релации – пријателската меѓу Милан и Миа, и љубовната меѓу Ксенија и Милан, низ романот се отсликува и хобито на главната хероина како млада писателка.

    Вагајќи низа свои постапки, ликовите констатираат дека зрелоста нема врска со годините, туку со себенадминувањето во обидот да се спречат егото и ароганцијата.

    Но истовремено ова е роман и за истрајноста во борбата со себе и своите демони, бидејќи, кога кршиме мразови, не треба никој да нè држи за рака затоа што се потребни двете раце и сета сила.

    Марта Димитров одлично психолошки ги портертира ликовите доловувајќи ги нивните најдлабоки дилеми и стравови. Умешно проникнува во срцевината на нивните проблеми и раскажува една убава и топла приказна за љубовта, пријателството, лојалноста.


  • img-book

    Виктор Николов е 33-годишен инспектор на Одделението за крвни деликти од Скопје. За време на својот летен одмор, заминува за Виена во посета кај својот помлад брат Даниел, пропаднат писател што одвај преживува работејќи како бармен во еден елитен ноќен клуб.

    Додека ја истражува неодоливата Виена, Виктор ја запознава Карен Фишер, Австријката со која истата вечер завршува во кревет.

    Но прекрасната ноќ се претвора во кошмарно утро. Девојката на Даниел е пронајдена мртва, а тој нема алиби. На површина излегуваат неодамнешните расправии меѓу нив и ситуацијата се заплеткува во неочекуван правец.

    Може ли да му се верува на сопствениот брат, кој тврди дека е невин? И како да се повлече граница помеѓу кога главниот истражител што го гони твојот брат е жената со која си спиел пред неколку вечери?

    Интригантен, тензичен и непредвидлив роман, кој ве држи во недоумица до последната страница.


    Виенски гамбит од: 400 ден
  • img-book

     

    Кога бил дете, Ага Акбар, непризнат син на персиски благородник, отпатувал со вујко си до една света планина во длабочините на Персија, која криела мистериозна пештера. Во неа се наоѓал релјеф издлабен со клинесто писмо, стар три илјади години, од времето на првиот персиски крал. За да се ослободи од она што го чувствувал, малиот Ага Акбар создал сопствено писмо од овие симболи, со кое страсно пишувал за својот живот, за своето семејство, за емоциите и за општествените промени што се случувале во неговата земја. Создал личен дневник што само тој можел да го разбере.

    Години подоцна, неговиот син Ишмаел живее како политички дисидент во егзил. Обидувајќи се да го дешифрира наследениот бележник, тој ги раскажува не само татковата судбина како селски поправач на килими туку и својата приказна на политички активист во судир со властите во земјата во која е роден, но и приказната на Иран од XX век. И ниту една од овие приказни не може некого да остави рамнодушен. Воодушевувачки амбициозен роман за патувањето на една култура кон современието и чудесна и безвременска хроника за вечната љубов на синот кон таткото.


  • img-book

    Се гледа крајот.

    ЗЛОПАК му одзеде на Томас сè: животот, сеќавањата, како и единствените пријатели што ги има – Лединарите. Останува уште еден последен тест. Да се открие лек што ќе го спаси светот.

    Дали некој ќе преживее?

    Она што ЗЛОПАК не го знае е дека Томас памети повеќе одошто тие мислат. А тоа е доволно за да не им верува на ниту еден збор.

    Вистината ќе биде ужасувачка.

    Томас го победи Лавиринтот. Побегна од Пустошот. Сè стави на коцка за да ги спаси своите пријатели. Но само вистината може да стави крај на сето тоа.

    Времето на лагите е завршено.


  • img-book

    Приказната во „Пукнатина“ започнува со пронаоѓањето на стари аудиозаписи на плочи во една стара душевна болница. Загадочната исповед на лунатикот Валтер Фишер го води нараторот во потрага по вистината во една од најголемите словачки мистерии – онаа за исчезнувањето на луѓе на планината Трибеч. Низ романот се провлекува симболиката на „пукнатината“ помеѓу два света, помеѓу рационалното и ирационалното, видливото и невидливото, она што може да се докаже, но и она што може само да се насетува со „шестото сетило“.

    Легенда, намерна мистификација или застрашувачка реалност? Ова прашање си го поставува и самиот автор, наведувајќи го читателот да го пронајде вистинскиот одговор.

    Извонредна трилер-мистерија што го остава читателот без здив до последната страница.


    Пукнатина од: 350 ден
  • img-book

    Писателот за деца и млади со своите стотина објавени книги наменети за нив, авторот на десетина книги за возрасните читатели, хумористот и сатиричар Александар Кујунџиски продолжува со потрагата по нови творечки хоризонти (и вертикали!) по планетата Земја; и не само по неа…

    Неговата јубилејна 120-та книга, публикувана во 70-тата година од животот на авторот, под наслов „Кој сака да биде космонаут?“, посветена на децата од предучилишна и од рана училишна возраст, претставува мини-роман со макси-творечки новитети. Публикувана во Библиотеката МК (С)ликовници, таа пленува со својата необична и ретковидена концепција, со духовитоста и со инвентивноста на сториите, но и со прекрасните недовршени илустрации со кои и децата стануваат дел од содржината и од создавањето на убавината.

    Илустрациите во неа се дело на познатиот ликовен уметник и илустратор Жарко Туниќ, а нивната надградба може да стане дело на идните проследувачи и коавтори на ова оригинално издавачко остварување.


  • img-book

    #2 Дора Гудмундсдотир

    Зимата 1945 година. Четиригодишно девојче е затворено во чуден отвор во дворот на својата куќа. Како овој настан, шеесетина години подоцна, во 2006 година, е поврзан со две свирепи убиства – игли во стапалата на телата,  детски плач што се слуша во маглата, коски во скриениот бункер за јаглен?

    Клиентот на адвокатката Дора Гудмунсдотир сака да ги тужи претходните сопственици на земјиштето на кое се наоѓа неговиот хотел, за кое тврди дека е опседнато од духови. Не верувајќи во натприродни сили, Дора оди во посета на неговиот „њу ејџ“ хотел на полуостровот Снајфелснес. Таму, таа и нејзиниот љубовник Матијас стануваат сведоци на една мистерија.  Архитектката што работела за сопственикот на хотелот е брутално силувана и убиена. Тој е обвинет. Два дена подоцна, убиен е уште еден човек. Во обид да го расветли случајот, Дора влегува во заплетканата историја на семејството на двајцата браќа што живееле на имотот. Растргната помеѓу нивната и сопствената семејна приказна, во која таа е самохрана мајка на четиригодишна ќерка и на шеснаесетгодишен син што наскоро треба да стане татко, Дора не се откажува од расветлувањето на случајот. Возбудлив трилер сместен во карпестите исландски пејзажи.


    Украдени души од: 400 ден
  • img-book

     

    „Деца на злото“ е прв роман на човекот чии јавно искажани ставови секогаш создаваат лавина реакции во соседна Србија. А сега донесува вистински потрес и во светот на литературата!

    Во средиштето на романот се наоѓа едно драматично убиство, а потрагата по сторителот ќе доведе до низа други настани, кои ќе откријат дека станува збор за злосторство од страст, одмазда, опомена и симболика.

    Како да се пронајде виновникот во свет во кој вистината е изобличена, а минатото на јунаците е вткаено во нивната сегашност со нераскинлива поврзаност со злото?

    Никола Бобиќ, белградски адвокат, ќе се обиде да пронајде одговор на тоа прашање, не насетувајќи дека одговорот засекогаш ќе го промени.

    Оваа приказна се однесува на сите нас бидејќи во неа ќе пронајдеме рефлексија и на нашата општествена стварност. Но, што е уште поважно, ќе го пронајдеме изгубеното зрно надеж.

    Дури и во систем длабоко изгребан од корупцијата има место за херои.


    Деца на злото од: 450 ден
  • img-book

    Уште една крими-драма што е сосем поинаква од која било книга од тој жанр.

    Дејството ги следи судбините на двајца млади Роми, кои по игра на случајноста завршуваат во судница и доживуваат пресуда што отвора низа настани што никој не би можел да ги замисли.

    Приказната за Ајша и Габриел, за Павле и Јована, е приказна за џелатите што стануваат жртви и жртвите што стануваат џелати на сопствената судбина. Тоа може да се претвори во сечија приказна, но уште веднаш се однесува на секого од нас. Токму затоа оваа книга ќе ја прочитате во еден здив, а силуетите на нејзините јунаци ќе се вкотват длабоко во вас.

    Мајиќ никогаш немал шанса да одговори на обвинувањата против него. Не го сторил тоа зашто се држел до професионалниот кодекс и не сакал да зборува за случаите на кои судел. Наместо да ги толкува површните напади, судијата одговара со нова книга, која не само што претставува книжевно дело туку е и посебен чин од кој треба да учиме како да се бориме на правилен начин.

    „Островот на пеликаните“ носи надеж дека борбата за општо добро секогаш има смисла.


  • img-book

    Зошто некои луѓе успеваат, а други не?

    Споделувајќи сознанија од своите истражувања, Анџела Дакворт објаснува зошто талентот е речиси неважен за постигнување успех. Наместо тоа, вели таа, вистинските достигнувања се определени од сосема поинакви лични особини како што е препознавањето на страста и истрајноста до остварување на целта.

    Анџела целото детство го слушала својот татко како ѝ вели: „Не, дефинитивно не си гениј“. Сепак, мошне млада ја добила стипендијата „Мекaртур“, која се нарекува „стипендија за гении“ и е симбол на официјалното признавање на исклучителноста.

    Потпирајќи се на својата лична исповед и професионално истражување, Дакворт го опишува патот на учење, дообразување и советување,  со што покажува дека она што навистина води до успех не е генијалноста, туку посебен спој на карактерот во кој се вплеткани страста и долготрајната упорност.

    Прониклива, остроумна, победнички настроена, ова е книга што го менува животот – задолжително четиво за секој што сака да успее!


  • img-book

    Неверојатна приказна за страдањето и преживувањето на еден затвореник во Аушвиц, интернационален бестселер и единствената книга целосно напишана во логорот.

    Еди де Винд, холандски лекар и психијатар, бил испратен во Аушвиц со својата сопруга Фридел во 1943 година. Тие го поминале бруталниот процес на селекција и биле работно ангажирани. Секој ден, секоја минута станале битка за опстанок. За Еди, ова значело преговори со непредвидливите чувари во болничкиот блок. За Фридел тоа значело избегнување на нацистичките варварски експерименти.

    Како што се приближувал крајот на војната, нацистите избегале, водејќи со себе многу затвореници. Еди се скрил под куп стара облека и останал во логорот.

    Наоѓајќи бележник и молив, тој во наплив на инспирација почнал да пишува за своите искуства. Резултатот е „Последна станица Аушвиц“, извонредна приказна за животот како затвореник, запис за борбата за преживување, но и за треперливите моменти на радост што Еди и Фридел ги наоѓале еден во друг. Документирајќи ги најдоброто и најлошото од човештвото, ова е уникатна и безвременска приказна што нè потсетува на она за што сме способни како луѓе, но и дека има надеж дури и во пеколот.


  • img-book

    Филиз е девојче израснато во мало курдско село во Анадолија. На дванаесет години го запознава неколку години постариот Јунус и се вљубува во него. Сонува за заеднички живот во Западна Европа. Набрзо тајно и без дозвола од родителите се венчава со него, но кратко по венчавката се уриваат нејзините соништа дека ќе носи фармерки и ќе живее среќно во Германија. Наместо фармерки носи бурка, раѓа три деца и доживува физичко и психичко малтретирање од сопругот и од свекрвата. Ниту по мигрирањето во Австрија, животот не ѝ се променува. Дури откако ситуацијата ќе ескалира, на Филиз ѝ успева навидум невозможното: да се ослободи од постојаната тортура во домот.

    Базиран на вистински настани, овој роман е одраз на една вистинска ситуација преземена од денешнината. Во рамките на оваа потресна приказна за семејното насилство, метафората на „модриот накит“ дејствува впечатливо и моќно.


    Модар накит од: 250 ден
  • img-book

    Татко, ќерка и нивното куче доживуваат бродолом и завршуваат на еден мал остров, поточно – Островце. Но не знаат дека не е така како што изгледа. Тоа ги штити од студот, ветрот, брановите и од другите опасности што демнат. А на него ги доживуваат и убавините на морскиот свет. Како што се менуваат годишните времиња, откриваат неверојатни звуци и мириси, како и дотогаш невидени бои. Уживаат, сè дури не дојде време да се вратат меѓу луѓето. Тогаш девојчето го открива вистинското лице на Островцето.


    Островце од: 600 ден
  • img-book

    Приказна за спомените, за менливоста на животот и за разделбите. Љубовно писмо и бавно збогување на еден човек со неговиот внук, на еден татко со неговиот син.

    Дедото и Ноа седат на клупа до која цветаат зумбули. И покрај големата разлика во возраста, тие можат да разговараат буквално за сè. За животот, за математиката, за училиштето, за мечките, за најважните и најневажните работи на светот. Дедото се обидува да се сети како се вљубил во бабата на Ноа и како ја изгубил. Сè уште ја памети, но што ќе се случи кога веќе нема да се сеќава ниту на нејзиниот лик?

    Како што само тој умее, Бакман ни дава трогателен приказ на борбата на дедото да ги сочува своите најдраги спомени среде океанот на универзумот. Оваа книга е искрено толкување на стравот и љубовта, но и потсетник дека најголемото богатство се секојдневните мали ситни радости. И оние со кои ги споделуваме.


    Додадена
  • img-book

    Приказна за спомените, за менливоста на животот и за разделбите. Љубовно писмо и бавно збогување на еден човек со неговиот внук, на еден татко со неговиот син.

    Дедото и Ноа седат на клупа до која цветаат зумбули. И покрај големата разлика во возраста, тие можат да разговараат буквално за сè. За животот, за математиката, за училиштето, за мечките, за најважните и најневажните работи на светот. Дедото се обидува да се сети како се вљубил во бабата на Ноа и како ја изгубил. Сè уште ја памети, но што ќе се случи кога веќе нема да се сеќава ниту на нејзиниот лик?

    Како што само тој умее, Бакман ни дава трогателен приказ на борбата на дедото да ги сочува своите најдраги спомени среде океанот на универзумот. Оваа книга е искрено толкување на стравот и љубовта, но и потсетник дека најголемото богатство се секојдневните мали ситни радости. И оние со кои ги споделуваме.


  • img-book

    Пред себе имаме длабоко проникливо обраќање од првите борбени редови на едно од најзастрашувачките животни искуства на секој маж: татковството.

    Бакман ни дава интимен увид во односот меѓу татковците и синовите. Проникнувајќи длабоко во сопственото искуство и обраќајќи се директно на своето дете, Бакман ги разгледува перспективата и алатките што ќе му бидат потребни на неговиот син за да се снајде во светот.

    Делумно мемоари, а делумно љубовни писма, оваа книга претставува прирачник за големите, но и малите животни лекции, подеднакво важни како и првите. Од тоа како да се излезе накрај со љубовта до тоа како да се монтира парче мебел од ИКЕА. И нешто уште поважно – зошто таткото понекогаш ќе му ја стега дланката малку поцврсто од обично.

    Ова е Бакман каков што досега не сте го виделе – интимен, ранлив и храбар. Оваа книга, пред сè, претставува омаж на љубовта меѓу родителот и детето.