• img-book

    Фасцинантна сага за човештвото кое го изгубило земскиот рај

    Силмарилион е еден од најраскошните светови во историјата на фантазијата, митолошки канон што Толкин го создавал целиот свој живот. Тоа е збирка од восхитувачки историски записи проткаени со приказни за создавањето, за љубовта и предавството, за пријателството и моќта.

    Силмарилион дава поширока слика на Средна Земја, во која се сместени дејствата на Хобитот и Господарот на прстените. На романите што му претходеле им дава длабочина, ги пополнува празнините и нуди историски контекст на Толкиновиот свет и легендариум. Оваа книга ја раскажува приказната за старите дни, за првата доба, кога во Средна Земја живеел Моргот, првиот господар на темнината, а елфите од висок род војувале против него за да ги вратат Силмарилите, скапоцености кои ја содржеле чистата светлина на Валинор.

    Потпирајќи се на своите длабоки познавања од Библијата и митологиите на многу народи, Толкин создал ремек-дело кое се смета за еден од најчитаните и најинтригантните романи во светската книжевност.


    Силмарилион од: 550 ден
  • img-book

    Самодовербата е домот што го градите за себе.

    Со своето повеќегодишно искуство во клиничката психологија, интернет-сензацијата д-р Џули Смит ни дава драгоцени совети со кои скапоплатените психолози им помагаат на своите пациенти за справување со најчестите животни предизвици.

    Богата со тајни од кутијата со терапевтски алатки, „Зошто никој не ми го кажал ова порано“ изобилува со совети за зацврстување и одржување на менталното здравје. Од тоа како да се справиме со својата анксиозност или променливото расположение, да се соочиме со критика, да си ја поттикнеме мотивацијата, преку умешноста за развивање на самодовербата, прифаќање на загубата и тагата и учење како да си простиме – д-р Смит нагледно ни го објаснува функционирањето на човечкиот ум и ни дава насоки за секојдневно одржување на неговото здравје.

    Ова не е книга која нè враќа во детството во потрага по основната причина за проблемите. Таа е современ и практичен водич за одржување на менталното здравје и за живот во хармонија со себе.


  • img-book

    Овој бестселер, кој веќе се смета за своевидно класично дело во полето на модерната детска психологија, напишан од меѓународно признати експерти за комуникација меѓу родители и деца, содржи голем број важни сознанија и предлози, но и методи (за коишто се покажува дека успешно го издржуваат тестот на времето) за решавање на честите проблеми коишто се среќаваат во рамките на оваа комуникација и за градење основи за трајни врски, вклучувајќи бројни иновативни начини за: · Справување со негативните чувства на вашето дете, како што се фрустрираноста, лутината и разочарувањето.

    • Изразување на вашите силни чувства без притоа никого да повредите.

    • Остварување ефективна соработка со вашето дете.

    • Поставување цврсти граници и одржување на добрата волја.

    • Користење алтернативи за казнување кои поттикнуваат самодисциплина.

    • Разбирање на разликата помеѓу корисните и некорисните пофалби за одделни поведенија.

    • Мирно разрешување на семејните конфликти.

    Ентузијастички фален и од родителите и од бројни експертиnод оваа област низ светот, пристапот на Фејбер и Мазлиш ги прави односите со децата од сите возрасти помалку стресни и, општо земено, повредни и позадоволувачки.


  • img-book

    Сурово искрено четиво кое прво ве крши на многу парчиња, а потоа одново ве составува, така што ниту еден дел не е излишен.

    Кристи Тејт е штотуку прогласена за најдобра студентка на Правниот факултет и успешно се справува со нарушувањата во исхраната. Но зошто вози низ Чикаго посакувајќи да исчезне? Зошто си замислува дека ѝ става крај на тагата што ја притиска?

    Кога влегува во шестчлената група на психотерапевтот д-р Розен, сѐ почнува да се менува. Но пресвртницата во нејзиниот живот не се случува прекуноќ. Влезот во тој чуден и застрашувачки свет, во кој пред непознати луѓе треба да ги исповеда дури и најмрачните тајни, воопшто не е лесен. Но во секој случај е исплатлив.

    Кристи Тејт е наш водич во тешкиот, но возбудлив процес на поврзување со себеси и со другите – врска за која не сме знаеле дека ни е толку потребна сѐ додека не се најдеме разголени пред оваа книга согледувајќи колку нѐ чинат чувствата што ги потиснуваме во себе. Време е да ги пуштиме надвор, кон новиот среќен живот.

    „Потребни се храброст и доверба за да се разголи душата пред психотерапевт и плус пред шестмина странци. Одлуката на Тејт да ја раскаже оваа приказна е вистински подвиг, и среќни сме што се одлучи на тој чекор.“

    Лори Готлиб, авторка на „Можеби треба да разговараш со некого“


    Група од: 490 ден
  • img-book

    Зачекорете по патот кон смиреноста и уживајте во сегашниот момент

    Дали сте често растревожени и под стрес? Не можете да заспиете постојано вртејќи ги низ глава настаните од денот и развивајќи безброј сценарија за иднината?

    Прекумерното размислување е најголемата причина за несреќа, а и за многу болести. Со него влегувате во еден бескраен циклус на негативни мисли и го преоптоварувате умот со работи што никогаш нема да се случат или да имаат пресудно значење за вашиот живот. Тоа е исцрпувачки процес кој ви предизвикува дополнителен стрес, а не ги решава реалните проблеми.

    Ник Трентон ни покажува како да влијаеме врз умот за да стекнеме поголема контрола врз своите мисли, да ги разбиеме негативните мисловни модели и да почнеме позитивно да размислуваме. И конечно, наместо постојано да се жалиме од минатото и да се плашиме од неизвесната иднина – да се фокусираме на сегашноста и да уживаме во секој момент од животот.

    Прекумерното размислување не може да ви донесе позитивни резултати. Па тогаш зошто да бидете негов затвореник? Ослободете го умот од затворот што самите си го градите.


  • img-book

    Овој практичен и пред сè оптимистички советник, родителите ги запознава со навиките на најсреќните луѓе на светот. Четириесет години Данска доминира на листата на земји во кои живеат најсреќните луѓе, додека тајниот чинител на нивната среќа сè уште не е откриен. Сепак, авторките на оваа книга тврдат дека конечно го имаат решението во своите раце: тајната на данската среќа е во тоа што родителите ги воспитуваат своите деца да бидат полни со самодоверба, дружељубиви, исполнети − и, се разбира − среќни. Се прашувате како? На страниците на оваа книга ќе најдете разновидни, креативни и оригинални совети, како да: − ја поттикнете слободната игра − ја поттикнете автентичноста и самодовербата − негувате емпатија − го нагласувате тимскиот дух − го прославите заедништвото. Со многу практични решенија за проблемите и со инспиративни примери, книгата Дански начин за воспитување деца им помогна на родителите ширум светот, без разлика на културата и начинот на живот, да воспитаат среќни, добро приспособени деца. „Моќен воспитен метод… отпорни, емоционално сигурни и среќни деца – со други зборови, токму она кон кое сите тежнееме“, бележи списанието Mother „Би ја препорачала оваа книга на секој којшто себе и на своите деца сака да им понуди шанса за среќен живот“, пишува Малене Ридал, данска амбасадорка на добра волја


  • img-book

    Во најтесен избор за најдобар роман во 2022 година на „Гудридс“.

    Најпродавана книга според Њујорк тајмс и Сандеј тајмс.

    Неверојатна книга за која уште долго ќе се зборува.

    По смртта на сопругот, Това почна да работи во аквариумот во Совел Беј, во близина на Сиетл. Чистењето подови во текот на вечерните часови, во друштво на суштества кои тивко се движат во базените ѝ помагаат да се носи со тагата и осаменоста, откако го изгуби својот осумнаесетгодишен син Ерик, пред триесет години.

    Главната атракција на овој аквариум е Марселус. Тоа е еден огромен октопод од Пацификот, кој од својот базен го набљудува секое движење на Това. Марселус знае многу повеќе отколку што можеме да замислиме, но тој не би ни мрднал со едната од своите осум раце за да им помогне на луѓето – неговите киднапери. Сè до една неверојатна случка, што ќе го развие необичното пријателство со Това.

    Бистриот Марселус, сфаќа што се случило онаа кобна ноќ, кога исчезна Ерик, синот на Това и сега мора да ја искористи секоја финта со своето тело за да ѝ ја покаже вистината на Това, пред да биде предоцна.

    Романот на Шелби Ван Пелт, што го освои светот и е една од најчитаните книги, е потсетник дека понекогаш внимателното разгледување на минатото, може да помогне да се открие иднината што некогаш се чинела невозможна.


  • img-book

    Бестелсер на „Њујорк тајмс“ и на „Волстрит џорнал“

    Како да ги прекинете циклусите на загриженост и страв и да се излечите со помош на науката

    Живееме во еден од најанксиозните периоди во човечката историја. Соочени со општествени проблеми, како што беше ковид-пандемијата, или со лични проблеми што нè наведуваат на алкохол, цигара или храна, ние постепено ја губиме контролата.

    Денес речиси сè се подведува под анксиозност, од вознемиреност до паника. Таа поттикнува низа зависни однесувања, од прекумерно јадење до неразумно користење на социјалните мрежи. Д-р Бруер нè учи да го мапираме својот мозок за да ги откриеме нејзините предизвикувачи, да ги смириме со едноставната и моќна практика на љубопитност и да ја надминеме користејќи свесност и други докажани алатки.

    Со над 20-годишни истражувања и практична работа со илјадници пациенти за надминување на анксиозноста, д-р Бруер создал потврдена програма погодна за секој од нас – за да можеме вистински да го живееме животот.

    „Најтешко во борбата против секоја лоша навика е соочувањето со анксиозноста што ја предизвикала. Авторот ни нуди револуционерна програма со одлични совети и корисни упатства што секој може да ги следи за да се чувствува подобро.“

    Би Џеј Фог, доктор по психолошки науки


  • img-book

    Сакате да си помогнете себеси? Помогнете им на другите.

    Најголем бодибилдер на сите времиња. Најплатен актер. Режисер, претприемач, инвеститор, подучувач, политичар. Сето тоа се однесува на еден човек, кој верува дека сè може да се постигне со сопствените раце и со силен ум.

    Напишана со неговиот толку карактеристичен искрен и сугестивен глас, Шварценегер ги носи читателите на возбудлива прошетка запознавајќи ги со своите алатки и принципи за духовно богат и осмислен живот. Несебично ни покажува како да ги користиме за да ја создадеме посакуваната иднина, збогатувајќи ги со интересни приказни што вклучуваат големи успеси, но и застрашувачки падови. Некои од нив веќе ги знаеме, други се за првпат раскажани на овие страници.

    Животниот пат на Шварценегер е восхитувачки и инспиративен – успева да излезе од родното село во Австрија и со упорност и многу работа, скалило по скалило, се искачува кон успехот. Никој нема да ви дојде на помош – можете да сметате единствено на себе, нè поучува тој. Но и нè охрабрува: вие самите сте си сосема доволни. А ако сакате да си помогнете себеси, помогнете им на другите!


    Бидете полезни од: 400 ден
  • img-book

    Самотијата не мора да биде и страдање.

    Овој роман-портрет на еден брак што пропаѓа нè води низ комплициран љубовен триаголник од две перспективи – на сопругата и на сопругот. Низ неверојатен сплет на двојност и паралели, навлегуваме во две приказни што се обединуваат со бравурозна прецизност.

    Петер и Илонка се богат пар чиј навидум совршен брак е уништен од тајни. Несигурната Илонка верува дека никогаш не може да биде доволно префинета за својот сопруг, а Петер се измачува со забранетата љубов кон Јудит, селанка и слугинка во неговиот дом од детството. Јудит, пак, копнее по слобода од стегите на општеството што ги заробува сите тројца во вител на љубов и загуба. Оваа извонредна приказна, која се одвива во Унгарија меѓу двете светски војни, во свет на драматични промени, е уште еден доказ за брилијантноста на Мараи.

    Дали е можно да се уништат емоциите со разумот? Оваа психолошка драма ќе ни го даде одговорот истовремено поттикнувајќи нè на размислување, за да откриеме дека сета убавина на постоењето што ја откриваме со разумот, на крај, сепак е сместена во срцето.


    Вистинскиот од: 400 ден
  • img-book

    Само тајната може слабоста да ја претвори во предност.

    Досега Фондацијата беше безбедна, благодарение на скриената Втора Фондација основана заради нејзина заштита. Барем така си мислевме. Но каков би бил светот без противници? Со појавата на мутантот Мула, започнува и продолжението на најдобрата научнофантастична сага на сите времиња.

    Мула започнува засилена потрага по Втората Фондација. Никој не може да му се спротивстави, зашто има единствена моќ да дејствува врз емоциите на луѓето преобликувајќи им го начинот на размислување. Тој успева дури и најголемите противници да ги претвори во свои покорни слуги. Неговата цел? Освојување на целата галаксија и самопрогласување за нејзин господар. Ќе пропадне ли планот на Хари Селдон, а со тоа и обновувањето на цивилизацијата? Се чини дека само 14-годишната Аркадија го има одговорот на тоа прашање.

    Каде е крајот на галаксијата? Или можеби навистина е бескрајна. Токму како и имагинацијата на Исак Асимов, кој создава уште едно ремек-дело во научната фантастика.


    Втора фондација од: 380 ден
  • img-book

    „Не“ е најважниот и најмоќниот збор во јазикот.

    Во денешниот свет на неограничени избори, притисокот да се попушти и да се каже Да е сè поголем, носејќи ни стрес и прекумерни обврски. Позитивното Не никогаш не било толку потребно. Тоа има моќ да го преобрази животот овозможувајќи ни да се заземеме за она што ни е важно – нашите потреби, вредности и приоритети.

    Но погрешното Не може да го уништи и она што најмногу ни значи. Затоа е важно да го кажеме на вистински начин. Тајната на ефикасното Не лежи во умешноста да се каже позитивно Не, што е можеби највредната животна вештина што некогаш ќе ја научите.

    Оваа незаменлива книга ви дава едноставен метод во три чекори за кажување позитивно Не: да си ги одбраните суштинските интереси цврсто останувајќи на својот став; да се спротивставите на контрааргументите; да стигнете до прифаќање, до вистинското Да што им служи на вашите интереси.

    „Моќта на позитивното Не“ нуди практични совети и примери за секоја ситуација. Без разлика дали треба да му кажете Не на некој клиент или колега, на вработениот или на шефот, на детето или партнерот, во оваа книга ќе ја најдете тајната за јасно и ефективно Не, искажано со почит. Сфатено вака, Не е новото Да.

    „Лесно е да се каже Не! кога длабоко во вас гори Да!“

    Стивен Р. Кови, автор на „7 навики на успешните луѓе“


  • img-book

    Квадрантот на протокот на парите ќе ви открие многу работи што не се учат во школо: зошто некои луѓе помалку работат, а повеќе заработуваат, плаќаат пониски даноци и се финансиски посигурни од другите. Тајната е во тоа да научите од кој квадрант да дејствувате и кога.

    Книга што ќе ви го промени начинот на размислување за работните места, кариерата и поседувањето сопствен бизнис и ќе ве инспирира да ги научите правилата што богатите ги користат за да ги создадат своите империи. Дали некогаш сте се запрашале:

    – Која е разликата меѓу (само)вработен и бизнисмен?

    – Зошто некои инвеститори заработуваат со помал ризик?

    – Како некои луѓе се осмелуваат да дадат отказ и да почнат сопствен бизнис?

    – Зошто во индустриската ера беше важно да се добие диплома, а денес врвни дипломци работат за луѓе кои не го завршиле образованието и сепак се меѓу најбогатите на светот: Бил Гејтс, Ричард Бренсон, Мајкл Дел, Тед Тарнер?…

    Ова е книга за сите луѓе кои се подготвени да тргнат по сопствениот пат до финансиска слобода, наместо да се потпираат на сигурното вработување; кои сакаат да извршат коренити промени во својот живот; кои се подготвени да преминат од индустриската во информатичката ера. Квадрантот на протокот на парите е ваш незаменлив водич во нашиот современ свет на сè поголеми финансиски промени.


  • img-book

    Парите не можат да те направат среќен. Но значат моќ, затоа што ти даваат можност да избираш.

    Книга за сите родители кои сакаат да им дадат добра финансиска основа на своите деца подготвувајќи ги за современиот свет на брзи промени. Роберт Киосаки несебично ги споделува со нас сите инспиративни и практични знаења за парите и збогатувањето што тој ги добил од својот богат татко.

    Богато дете, паметно дете покажува како да разбудите кај детето љубов кон учењето користејќи ги методите на умниот татко, кој му помогнал на Роберт да го заврши училиштето. Но денешниот образовен систем не нуди финансиска писменост, иако банкарот ни бара финансиска сметка, а не школско свидетелство. Оваа книга ви отвора врати за кои не сте ни помислувале дека постојат и ви овозможува да му дадете на своето дете знаења што ќе му користат цел живот, за да постигне личен и финансиски успех во вистинскиот свет.

    Дајте им на децата моќ пред да им дадете пари. Помогнете им да добијат соодветни знаења и да создадат добро мислење за себе дека се силни, и ќе им помогнете да станат богати и паметни.


  • img-book

    Крвава месечина, 13 роман во серијалот за Хари Хуле

    Брилијантниот детектив се враќа – како приватен истражител со свој тим составен од одметници

    На почетокот од есента во Осло исчезнуваат две девојки кои биле на иста забава кај познатиот милијардер Ред. На пронајденото тело полицијата забележува необичен „потпис“, кој навестува дека тоа е само почеток на нечии чудовишни намери.

    Откривањето на необичниот убиец бара и необичен детектив. Но легендарниот Хари Хуле е преселен во Лос Анџелес и е на добар пат да си ја оствари намерата – да пие до смрт. Одбива да се врати во Осло сè додека некогашната глумица Лусил, која му го спасува животот, не запаѓа во голема опасност. А тој може да ја спаси само ако го прифати ангажманот што доаѓа од неговиот роден град.

    Се враќа во Осло и составува чуден тим – другар од детството кој сега е дилер на кокаин, корумпиран полицаец и психолог на смртна постела. Има десет дена да го најде убиецот и да ја спаси Лусил. Времето немилосрдно тече додека над градот се надвиснува крвавата месечина.

    „Умешноста на Несбе заслужува највисоки оценки. Ова е првокласна приказна – Хари Хуле се враќа и повторно нè фасцинира.“

    „ВГ“


    Крвава месечина од: 600 ден
  • img-book

    Една кесеичка „Светот на Биби“ содржи 5 сликички