• img-book

    Македонија изобилува со прекрасни природни ресурси и разни билки, чиишто лековити својства нашите предци многу рано ги откриле и почнале да ги употребуваат за самолекување. Тие правеле искуствени традиционални билни препарати, со кои го одржувале своето здравје.

    Во оваа книга е поместена богата листа на лековити билки што растат кај нас, со детален опис на нивната примена во традиционалната медицина. Покрај тоа, дадени се и многубројни природни билни препарати со кои се лекувале нашите предци, собирани од различни извори. Книгата ги дава контурите на многу начини за користење на растенијата во полезен и практичен формат. Билките можат да се користат за тонизирање, лекување и превенција.

    Лекувањето со билки не е спротивно на конвенционалната медицина, туку може да се искористи како терапија „во прв чекор“, како начин за едно поприродно оздравување или како дополнување на препишаната терапија. Всушност, и во основата на многу од денешните современи, фармацевтски препарати и лекови се кријат различни билки.


  • img-book

    Антиканцер е мешавина на трогателна автобиографска проза на рационалист што мора да се соочи со можноста од блиска смрт, сериозен научен труд на одговорен невролог чиј предмет на интерес станал неговиот сопствен мозок, лирски нежна исповед на еден сосема обичен човек соочен со ирационалноста на сопствената судбина. Една од оние ретки книги во кои би можеле да најдете нешто многу

    повеќе од она што го очекувате и кои, сосема тивко и незабележливо,

    можат да ви го променат односот кон светот.


  • img-book

    Романот интиутопија Фаренхајт 451 е слика на едно тоталитарно општество во кое луѓето се затворени во своите огноотпорни домови, никогаш не разговараат за она што го мислат и чувствуваат и уживаат само во материјалните работи. Тие се обземени од своите интерактивни телевизори-ѕидови кои им го окупираат целото внимание и не им оставаат време за размислување. Универзитетите се затворени или се претворени во школи за атомско инженерство. Книгите се прогласени за непотребни, строго се забранети и подлежат на горење.

    Но една мала опозиционерска група на луѓе-книги сакаат да го спасат духовното богатство на човештвото и секој од нив знае наизуст понекоја книга, за да им ја пренесе на идните поколенија. Кон нив се приклучува и Монтег, преобратениот пожарникар, кој ќе стане сведок на уништувањето на навидум сигурното и „идеално“ општество…


    ФАРЕНХАЈТ 451 од: 250 ден
  • img-book

    Во продолжението на бестселерот Среќните луѓе читаат и пијат кафе Дијан се соочува со нови предизвици за кои се чини дека не е подготвена. Вратена од Ирска, решена да стави точка на својот бурен однос со мрачниот ирски фотограф Едвард, таа почнува да си го гради животот во Париз посветената работа во својата кафе-книжарница и на новата љубовна врска. Сè додека повторно не го сретне Едвард…


  • img-book

    Вежбањето со отпор не е само за спортисти и луѓе со добра физичка  кондиција. Истражувањата покажале дека програмите за вежбање со отпор се корисни за луѓе кои страдаат од хронични болести. Во програмите за вежбање кои ќе ја подобрат општата здравствена состојба можат да учествуваат и стари и млади. Во книгата Вежбање со отпор за посебни популации се опфатени проценките и развојот на програми за вежбање за луѓе кои страдаат од артритис, остеопороза, рак, дијабетес, срцеви, белодробни и други заболувања. Исто така, опфатени се и програми за вежбање со отпор наменети за постари лица, лица со прекумерна телесна тежина и трудници.

    Книгата содржи:

    – Преглед на етиологиите на болестите

    – Осврт кон истражувањата за влијанието на вежбањето со отпор врз различните видови популации

    – Преглед на проценките и планирањето на програмите за различните видови хронични болести

    – Целосни 24-неделни планови за вежбање

    – Критички анализи на конкретни случаи


  • img-book

    Заборавете ги глупостите и чувствувајте се ПРЕКРАСНО ќе ве научи како да влезете во зоната на ПРЕКРАСНОТО и да се издигнете над негативното размислување и драмите. Техниките што се опишани во оваа книга ќе ви помогнат да направите промени што ќе ви овозможат да ги отстраните глупостите од сите области во вашиот живот – работа, пари, богатство, врски, љубов, родителство, зависности, болки на срцето, стрес и секојдневни иритации. Начинот на кој го живеете животот се базира на низа навики и веќе воспоставени шеми. Со замена на старите навики со нови, можеш да го промениш животот на подобро. Во Заборавете ги глупостите и чувствувајте се ПРЕКРАСНО, искусниот хипнотерапевт Аилса Франк ве снабдува со знаење и алатки што ви се потребни за да ја преземете контролата врз својот живот и да се осигурите дека зазема позитивна насока – насока во која вие сакате да оди.


  • img-book

    Сопруга, мајка и сопственичка на кафе-книжарницата Среќните луѓе читаат и пијат кафе во Париз, се чини дека Дијан има совршен живот. Но ненадејно ќе ги изгуби саканиот сопруг и ќерката и сè одненадеж застанува. Сè освен нејзиното срце, кое и натаму упорно и болно чука. Изгубена во спомените, таа повеќе не знае како да живее…

    По една година ќе ги шокира семејството и пријателите одлучувајќи да се пресели во едно село на ирскиот брег. Конечно решена повторно да го изгради својот живот – сама. Таму ќе го запознае Едвард, таинствениот фотограф од соседството. Ќе си дозволи ли повторно да сака? Ќе го надвладее ли стравот дека со новата љубов ќе ги изневери саканите кои веќе ги нема?

    „Трогателна приказна со многу дијалози која со лесен стил и со многу топлина и разбирање зборува за тоа дека можеме да ги преживееме и најтешките животни моменти.“ Ле паризјен


  • img-book

    Трчањето ме учи е збирка текстови инспирирани и посветени на големата пасија на повеќекратниот државен шампион во трчање Кокан Ајановски. Тој ѝ е добро познат на јавноста по своите достигнувања на тркачките патеки – над 20 пати државен првак на Македонија во повеќе атлетски дисциплини – но и надвор од нив, како еден од амбасадорите на спортот кој секојдневно го популаризира и ја шири страста наречена трчање.

    Овие кратки бисери се излезени од секојдневието на човекот за кого трчањето е многу повеќе од спорт – во трчањето Кокан ја пронаоѓа големата смисла на животот. Трчањето му е и животен учител чии лекции важат како на патеките така и надвор од нив. Сакајќи да сподели со вас дел од наученото, тој своите мали и големи откровенија ги пренесува на хартија, во текст полн со топлина и емоција.

    Трчањето ме учи е книга полна со инспирација, мудрост, поуки, благодарност, љубов, и една посебна сила што постојано нè движи напред и нè поттикнува да истрчаме уште еден километар, да направиме уште еден напор – за да станеме подобри од она што веќе сме.


    ТРЧАЊЕТО МЕ УЧИ од: 250 ден
  • img-book

    Од авторот на интернационалниот мегабестселер „Е, баш ме заболе“ доаѓа контраинтуитивен водич за проблемите со надежта.

    Живееме во интересно време. Материјално, сè е подобро од кога и да е, но некако сè изгледа како да е непоправливо и ужасно заебано. Што се случува? Ако некој може да ја именува нашата моментна малодушност и да ни помогне да ја решиме, тоа е Марк Менсон.

    Во „Сè е заебано“, Менсон исцртува планини од психолошки истражувања базирани на безвременската мудрост на Платон, Ниче, Кант, па и на Том Вејтс, за да ги дисецира религијата, политиката, парите, забавата и интернетот.

    Со неговата препознатлива комбинација од ерудиција и хумор, Менсон нè предизвикува да бидеме почесни кон себеси, отворено спротивставувајќи се на нашите дефиниции на верата, среќата, слободата – дури и на надежта. Еден од најголемите модерни автори напиша уште една книга што ќе ја постави агендата на годините што доаѓаат.


  • img-book

    ДОЛГООЧЕКУВАНОТО ПРОДОЛЖЕНИЕ НА НАЈПРОДАВАНИОТ СЕРИЈАЛ „КАЛУЃЕРОТ ШТО ГО ПРОДАДЕ СВОЕТО ФЕРАРИ“

    Џонатан Лендри поминува низ тежок период во животот. По необичната средба со својот загубен роднина Џулијан Ментл – поранешен влијателен адвокат кој одеднаш исчезнал на Хималаите – тој е принуден да патува по светот за да ги собере тајните писмата во кои се кријат извонредните тајни што ги открил Џулијан.На незаборавното патување што ве води во сензуалните сали за танго на Буенос Аирес, морничавите катакомби во Париз, блескавите кули во Шангај и мистичните пустини на Седона, Тајните писма на калуѓерот што го продаде своето ферари открива изненадувачки сознанија што ќе ви помогнат да си ја вратите моќта, да му бидете верни на своето вистинско јас и бестрашно да ги живеете своите соништа.

    Денес на светот нема вишок луѓе. Секој од нас е тука со причина, со некоја специјална цел – мисија. Да, биди среќен и забавувај се многу. И да, стани успешен, но според свои критериуми, а не според оние што ти ги наметнува општеството. Но – над сè – биди од значење. Направи твојот живот да е важен. Биди од корист. Биди им на услуга на колку што е можно повеќе луѓе. И биди рамо до рамо со најдобрите што некогаш живееле. Робин Шарма


    ТАЈНИТЕ ПИСМА од: 380 ден
  • img-book

    Дали тешко ги менувате своите навики? Ако е така, проблемот не сте вие. Проблемот е во вашиот систем. Лошите навики се повторуваат одново и одново, не затоа што вие не сакате да се промените, туку затоа што имате погрешен систем за промена.

    Оваа книга содржи проверен и докажан систем, кој може да ве издигне до нови височини.

    Ќе научите како:

    •          да најдете време за нови навики;

    •          да го надминете недостигот на мотивација и на волја;

    •          да ја промените својата околина за да бидете поуспешни;

    •          да се вратите на патот кога ќе скршнете од курсот;

    •          и уште многу нешта…

    „Атомски навики“ ќе го преобликуваат начинот на кој размислувате за успехот и за напредокот и ќе ви ги дадат потребните алатки и стратегии за трансформација на вашите навики – сеедно дали сте тим што сака да освои првенство, компанија што се стреми да се издигне над конкуренцијата или едноставно поединец што сака да престане да пуши, да ја намали тежината, да го победи стресот или да постигне некоја друга цел.

    Навиките се оној ситен детаљ што може да донесе огромен пакет од позитивни промени кај секого од нас.


    АТОМСКИ НАВИКИ од: 600 ден
  • img-book

    Колку време и жртви се потребни за да се врати животот таков каков што бил пред доживеаната несреќа?

    Доволен е само миг за да се промени нешто што го создаваме со години. Совршената хармонија на семејниот живот на галеристката Ада и ветеринарот Гзавие се уништува со една сообраќајна несреќа. Дали ќе успеат да се справат со фаталните последици, со предизвиканите физички и емотивни штети?

    Ние не требаше да се сретнеме е приказна за загубата и повторното наоѓање, за еден љубовен триаголник и потребата од прошка и соземање. Роман за способноста да ја преобразиме траумата во прифаќање во процесот на надворешно и внатрешно закрепнување. Ќе успеат ли да се прифатат двајцата што несреќата случајно ги споила или ќе се покаат што се сретнале враќајќи им се на старите животи?

    Животот е лесен кога сè е совршено, но треба да научиме да го сакаме и кога бара од нас повторно да го изградиме она што било урнато до темел.


  • img-book

    Малата Вака седи на студените скали пред своето ново училиште. Родителите веројатно заборавиле да ја земат. Немајќи избор, останува на скалите да чека. Но не е сама. Ѝ се придружува девојче од нејзиното одделение, кое веднаш го препознава поради необичната појава: му недостигаат два прста на едната рака. Девојчето дава предлог. Вака да го искористи телефон во домот на девојчето, а потоа ќе одат да си играат во собата на Вака. Но, откако ќе влезе во нивната куќа, веќе никогаш нема да излезе.

    Дванаесет години подоцна, во истото училиште е пронајдено писмо со иницијали на луѓе што треба да умрат во 2016 година. Како овие настани повторно ги спојуваат детективот Хулдар и психологинката за деца Фреја? Каква е оваа пресметка?

    По „ДНК“, втора книга од серијата „Детската куќа“.


  • img-book

    Јувал Ноа Харари, автор на светскиот феномен Сапиенс: кратка историја на човечкиот род, продолжува со истражување на проблематиката на целокупното човеково искуство со уште една неверојатно оригинална книга – Хомо деус: кратка историја на иднината.

    Со својот единствен стил што воодушеви милиони читатели низ светот, Харари укажува дека луѓето успеале да го направат она што се чини невозможно: да ги победат гладот, заразните болести и војните, да ги претворат од неразумни и неконтролирани сили на природата во предизвици кои може да се управуваат. За првпат во човековата историја денес повеќе луѓе умираат од премногу храна отколку од глад; повеќе луѓе умираат поради старост, а не од заразни болести; повеќе луѓе се самоубиваат отколку што гинат од воени акции, тероризам или криминал заедно.

    Кои ќе бидат идните проблеми на човештвото? Каква судбина им е наменета на луѓето, како самопрогласени богови на планетата Земја, кои чекори ќе ги преземеме за да ја оствариме? Хомо деус ги истражува проектите, соништата и кошмарите кои ќе го обликуваат дваесет и првиот век – од заобиколување на смртта до создавање вештачки живот. Пред нас се основните прашања на кои мораме да дадеме одговори: во кој правец ќе се движиме понатаму? И како ќе го заштитиме овој кревок свет од сопствената деструктивна моќ? Пред нас е следната фаза во еволуцијата: хомо деус!


    ХОМО ДЕУС од: 500 ден
  • img-book

    Чаша за љубители на книги со натпис Intelligence will never stop being beautiful и ретро девојка со книги од другата страна.

    Шолја за кафе со уникатен дизајн.

    Совршена за подарок.


  • img-book

    Чаша за љубители на книги со натпис Intelligence will never stop being beautiful и ретро девојка со книги од другата страна.

    Шолја за кафе со уникатен дизајн.

    Совршена за подарок.


    Retro girl with books од: 250 ден