НОВ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ТРИЛЕР ФЕНОМЕН
Во забавен парк на периферијата на Стокхолм се појавува тело на брутално убиена жена во кутија избодена со мечеви. Додека полицијата е збунета, новинарите го нарекуваат убиецот Худини. Дали се работи за магионичарски трик што тргнал наопаку или за шокантно садистичко убиство? Злосторство какво што детективката Мина Дабири не видела досега. И тоа е само почеток…
Како што се продлабочува мистеријата за бруталното убиство, Мина бара помош од познатиот менталист Винсент Волдер. Само тој може да ѝ го претстави тајниот свет на илузиите. Наскоро откриваат дека жртвата го има изгравирано римскиот број III на ногата. Одбројување? Да, ќе има уште убиства. А и Винсент и Мина имаат мрачни тајни, така што станува очигледно дека и нивното минато е поврзано со она што се случува. Времето тече, а темпото станува сè побрзо.
Камила Лекберг и Хенрик Фексеус ги здружија силите во неверојатниот енигматичен трилер, претставувајќи една друга страна на овој жанр, полн со трикови, илузии и безмилосни убиства.
× |
Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња: 100 приказни за извонредни жени 1 x 790 ден |
|
× |
Напишано со тебе (Regret duet #2) 3 x 420 ден |
|
× |
На чистите сè им е чисто 1 x 200 ден |
|
× |
Се случи една есен (Wallflowers #2) 2 x 420 ден |
|
× |
Ти и јас 1 x 500 ден |
|
× |
Изгубените девојки во Париз 1 x 450 ден |
|
× |
Младиот Кастро: како се создаваше еден револуционер 1 x 480 ден |
|
× |
Клубот 5 наутро 1 x 500 ден |
|
× |
Џејмс и џиновската праска 1 x 290 ден |