2
Дневникот на собарката
490 ден
Статистичка веројатност за љубов на прв поглед
390 ден
Камен, Лист, Ножички
520 ден
Една од најпознатите приказни во ново издание. Преку звучниот модул, вашето дете може да го слушне текстот од секоја страница и самостојно да ужива во приказната.
Весела, картонска сликовница наменета за најмалите дечиња преку која ќе ги научат првите поими.
Боенка со лепенки
Агата Одлоу е детективка откако знае за себе – само го чека првиот голем случај за решавање. А нема ништо поголемо од тоа да се спаси градот Лондон од некои чудни случувања.
Со живеалиште среде Хајд Парк, соба полна со омилените детективски романи и таен клуч што ù овозможува пристап до еден цел скришен дел на Лондон, Агата е совршено подготвена да ја реши оваа мистерија. Но, кому да верува, кога никој не е онаков како што изгледа…
ПРВА КНИГА ВО ОВАА НОВА ВОЗБУДЛИВА СУПЕРДЕТЕКТИВСКА ЕДИЦИЈА!
Исидора Мун е посебна бидејќи е поинаква.
Мајка ù е самовила, татко ù е вампир, а таа е по малку од двете.
Кога Исидора освојува неверојатен одмор за целото семејство, подготвена е за сонце, море и песок! Но, ќе треба да се фати за работа кога таа и нејзината другарка, сирената Марина, ќе најдат желче во неволја.
Дали Исидора може да му помогне на желчето да се врати дома?
Татко, ќерка и нивното куче доживуваат бродолом и завршуваат на еден мал остров, поточно – Островце. Но не знаат дека не е така како што изгледа. Тоа ги штити од студот, ветрот, брановите и од другите опасности што демнат. А на него ги доживуваат и убавините на морскиот свет. Како што се менуваат годишните времиња, откриваат неверојатни звуци и мириси, како и дотогаш невидени бои. Уживаат, сè дури не дојде време да се вратат меѓу луѓето. Тогаш девојчето го открива вистинското лице на Островцето.
Што се случува со скриената долина? Зошто се загрижени еднорозите? Ооо, божилакот кој секогаш стоел над големиот водопад во скриената долина е украден! Биби, Боби и Алфеј поаѓаат на чудно подземно патување – за да ја решат мистеријата на украдениот божилак. А какви изненадувања ги очекуваат и каде ќе стигнат – ќе прочитате во оваа приказна…
Се наближува вампирскиот бал и Исидора со нетрпение го чека! Има само еден проблем: треба да се натпреварува на шоу на таленти со другите вампирски деца.
Талентите на Исидора не се многу вампирски, што ако публиката ù се смее? Шоуто мора да продолжи, но дали Исидора ќе биде доволно храбра за да настапи?
„МОЈОТ ЛАВИРИНТ“ – ПОВЕЌЕ ОД ИГРА Оваа книга со загатки, со јасни упатства за децата има повеќе задачи и цели за стимулирање на развојот кај децата, меѓу кои е развојот на графомоториката. Со вежбање и увежбување на моториката на раката координирајќи ги движењата со помош на молив и боички се овозможува развој на вештината за пишување кај децата, на начин кој не дозволува излегување на линијата надвор од рамката, а со боењето се негуваат естетски аспекти од развојот . „Мојот лавиринт“ помага за развој на планирањето кај детето, затоа што најпрво со поглед, па со прст го бара излезот, а потоа со молив доаѓа до решението. Решавајќи ги загатките детето ја развива способноста за решавање на проблеми и тоа се оди од просто кон посложено, како што се поставени и лавиринтите во оваа книга. Со решавање на загатките, се развива мислењето и концентрацијата кај детето, се зајакнува самодовербата после секоја решена задача. Секој лавиринт е повеќе од игра. Со решавање на загатката детето поминува квалитетно време во добра забава.
Сликовница со тврди листови и форми на животните,
Кошничка Кон каса