Nonfiction (68)
  • img-book

    По неколкудецениски истражувања, светски познатата психологинка Керол С. Двек од Универзитетот „Стенфорд“ истапува со едноставно, но воодушевувачко сознание за моќта на менталните ставови, што таа ги нарекува mindset. Во ова брилијантно дело, Двек ни покажува како начинот на кој се поставуваме кон своите дарби и вештини може драматично да влијае врз успехот што го имаме во учењето, работата, спортот, уметноста и во речиси секое друго поле. Личностите со статични светогледи потешко ќе напредуваат од оние кои веруваат дека способностите може да се развиваат. Спознавањето на својот ментален став објаснува како успешните родители, наставници, менаџери и спортисти ја применуваат таа идеја за да постигнат исклучителни резултати.

    Двек воведува феномен што го нарекува начин на размислување за лажен развој и ги насочува луѓето кон усвојување на подлабок начин на размислување за вистински развој. Таа, исто така, го проширува концептот надвор од поединецот, применувајќи го во групи и во организации.

    Со правилни вештини на размислување, можете да ги мотивирате оние што ги водите, ги учите или ги сакате – за да го трансформираат својот и вашиот живот.


  • img-book

    Оваа книга ќе го промени начинот на кој го гледаш твојот живот.

    Дали некогаш си се прашал „Зошто го направив тоа?“ или „Зошто не можам да го контролирам моето однесување?“ Другите можат да ги осудат нашите реакции и да помислат „Што не е во ред со оваа личност?“ Кога ги преиспитуваме нашите емоции, лесно е да ја лоцираме вината во себе; себеси и на другите околу себе да им поставуваме невозможни стандарди. Време е да почнеме да си поставиме поинакво прашање.

    Низ длабоко лични разговори, Опра Винфри и реномираниот експерт за трауми и мозок д-р Брус Пери нудат револуционерна и длабока промена прашувајќи „Што е со тебе“ или „Што ти се случило?“

    Нашите најрани искуства далекосежно ги обликуваат нашите животи и „Што ти се случило?“ обезбедува моќни научни и емоционални сознанија за моделите на однесување што многумина од нас се борат да ги разберат.

    Во оваа книга, Винфри споделува приказни од сопственото минато, сфаќајќи ја од искуството ранливоста што доаѓа поради соочувањето со трауми од раното детство. Здружувајќи ги силите со д-р Пери, еден од водечките експерти за деца и развој на мозокот, тие ја спојуваат моќта на раскажувањето приказни со науката за да ги разберат подобро и да ги надминат ефектите од нашето минато.

    Во разговорот низ книгата, двајцата се фокусираат на разбирањето на луѓето, на однесувањето и на нас самите. Тоа е суптилна, но длабока промена во нашиот пристап кон траумата и тоа е она што ни овозможува да го разбереме нашето минато за да го расчистиме патот кон нашата иднина – отворајќи ја вратата за издржливост и заздравување на докажан, моќен начин.


  • img-book

    Од животот ќе добиете само толку колку што сте вложиле во него.

    Сакате ли да научите како да напредувате? Да ги откриете сите нешта што влијаат врз успехот во секоја професија и во сите животни односи? Сакате да им се допаѓате на луѓето?

    Ако сте одлучни да напредувате, да си овозможите финансиска стабилност, да оставате добар впечаток каде и да одите, научете ги вештините на Дејл Карнеги. Со нивна помош многу обичните луѓе се преобразија во извонредни.

    Авторот на „Како да се здобијат пријатели и наклоност на луѓето“, една од најпродаваните книги за самопомош на сите времиња, ви открива како да:

    – размислувате позитивно за себе

    – ги одржувате умот и телото во добра форма

    – стекнете победнички став

    – бидете самоуверени и им влевате доверба на луѓето

    – остварувате добра комуникација

    – оставате траен впечаток

    и многу, многу повеќе!

    Како еден од највлијателните луѓе во областа на личниот и професионалниот развој, Дејл Карнеги има неверојатна способност да ги разбуди и распламти скриените дарби на луѓето. Оваа негова книга ни открива магичен клуч за среќа и успех и ги отвора вратите кон неверојатен живот.


  • img-book

    САКАМ во себе содржи цел еден друг свет на МОЖАМ! Тоа e оној внатрешен импулс на проактивност за подобрата ЈАС, подобар живот, подобар свет.

    Се движам по тркалото на животот… Застанувам само пред сопките на љубовта, болката, слободата, емпатијата, родителството, дискриминацијата, егото и интегритетот. Сепак… се движам бунтовно и храбро кон неправдата во светот, сиромаштијата на духот, човековите судбини и човековите права, женската слобода, консумеризмот, технолошкото ропство, културата на шопинг-центри, проституцијата на уметноста, но и проституцијата на духот. И така, качена на велосипедот на животот, го барам ѕвончето со кое ќе свирнам за ПРОМЕНА! Некогаш тивко, некогаш гласно, но секогаш со верба дека овој комплициран свет може да се спаси со добрина и љубов.

    По трнливиот пат на мудроста, не знам дали успеав да ги „фатам“ состојбите на невралгичните премрежја на нашето време и на нашите души, но се обидов. Она што ми беше неочекувано во целиот процес е што сфатив дека да се биде набљудувач на најчовечкото во себе е уште потешко отколку да се биде набљудувач на времето и светот.

    САКАМ, ЗНАЧИ ПОСТОЈАМ е духовно патување од и кон себеси. Качи се на тркалото на животот!


  • img-book

    Почувствував силен удар. Човек во темен костум и црни очила влета во зградата и ме залепи со влезната врата за портирницата. Викаше „Место за Другарот!“ и го расчистуваше теренот. По него втрчаа уште неколку слични типови кои беа претходница на еден круг од неколку лекари во чијашто средина се наоѓаше човек во болничка количка.

    И знаев кој е, не можеш да не го препознаеш, кога си навикнат да те гледа од секоја просторија, дома, во школо, во војска, на работа, но тоа не значеше дека мозокот тукутака прифати и дека не бев како удрен од сознанието. Другарот Тито.


  • img-book

    Селото во кое живеат последните селани се чини како некое митско место, каде што времето тече циклично, а животот на неколкутемина жители има повторлива, тукуречи ритуална динамика. Заборавени од светот и од потомците, тие веќе не чекаат ништо и никого, освен сопствената смрт. Единствениот настан што ќе изврши упад во тоа колективно чекање е потерата по Алексо Жешков, помладиот син на Варвара и Теофил Жешкови, обвинет за двојно убиство.

    Романот „Последните селани“ во 1998 година беше номиниран за престижната книжевна награда „Балканика


  • img-book

    Намерата на Ронда Бирн е: РАДОСТ ЗА МИЛИОНИ ЛУЃЕ Своето патување во започнува со филмот “Тајната” кој го видоа милиони луѓе ширум светот. Потоа следуваше книгата “Тајната” , светски бестселер досега преведен на 46 јазици. Сега со “Моќта” , Ронда Бирн ја продолжува нејзината револуционерна работа, откривајќи ни ја најголемата сила во нашиот универзум. СУДЕНО ТИ Е ДА ИМАШ НЕВЕРОЈАТЕН ЖИВОТ! Во оваа книга сакам да го покажам патот до неверојатен живот…Има толку многу нешта кои треба да ги откриеш за животот, и сите тие нешта се добри. Всушност, тие се и повеќе од добри. Феноменални се! Животот е многу полесен отколку што мислиш и кога ќе почнеш да разбираш како функционира животот и Моќта што ја имаш во себе, тогаш во целост ќе ја искусиш магијата на животот – и тогаш ќе имаш неверојатен живот! Сега, дозволи да започне магијата на Твојот живот. -извадок од моќта-


    Моќта од: 450 ден
  • img-book

    Пред себе имаме длабоко проникливо обраќање од првите борбени редови на едно од најзастрашувачките животни искуства на секој маж: татковството.

    Бакман ни дава интимен увид во односот меѓу татковците и синовите. Проникнувајќи длабоко во сопственото искуство и обраќајќи се директно на своето дете, Бакман ги разгледува перспективата и алатките што ќе му бидат потребни на неговиот син за да се снајде во светот.

    Делумно мемоари, а делумно љубовни писма, оваа книга претставува прирачник за големите, но и малите животни лекции, подеднакво важни како и првите. Од тоа како да се излезе накрај со љубовта до тоа како да се монтира парче мебел од ИКЕА. И нешто уште поважно – зошто таткото понекогаш ќе му ја стега дланката малку поцврсто од обично.

    Ова е Бакман каков што досега не сте го виделе – интимен, ранлив и храбар. Оваа книга, пред сè, претставува омаж на љубовта меѓу родителот и детето.


  • img-book

    Земјата ја делиме со другите животни и со растенијата – најсовршениот замислив систем за одржување на животот, конструиран милијарди години. Стабилноста на планетата почна да се губи паралелно со намалувањето на разновидноста на живиот свет – овие две нешта се меѓусебно поврзани. Затоа, за да ја обновиме стабилноста на планетата, мораме да го обновиме биодиверзитетот, токму она што го уништуваме сега. Тоа е единствениот излез од кризата што ја предизвикавме самите. Мораме да ја вратиме дивината во светот.

    Животот на нашата планета

    Моето сведоштво и мојата визија за иднината

    Имам 94 години. Имав извонреден живот. Дури сега сфаќам колку извонреден.

    Како младич, додека шетав мислев дека ја гледам дивината, дека го искусувам негибнатиот свет на природата – но, тоа беше илузија. Трагедијата на нашето време се случуваше насекаде околу нас, едвај забележливо од ден за ден – исчезнувањето на дивината, намалувањето на нејзиниот биодиверзитет.

    Бев сведок на ова намалување. Животот на нашата планета е моето сведочење, но и мојата визија за иднината. Тоа е приказна за тоа како ја направивме нашата најголема грешка и како, доколку дејствуваме веднаш, можеме да ја исправиме.

    Имаме уште само една, последна шанса да го создадеме нашиот совршен дом и да го обновиме волшебниот свет што сме го наследиле.

    Сè што ни треба е волја.

    Сер Дејвид Атенборо е најпознатиот британски автор на природонаучни филмови. Неговата кариера на природонаучник и телевизиски презентер опфаќа речиси седум децении. Тој се здобил со почесна витешка титула во 1985-та, а во 2005 година му бил доделен Орден за заслуги. Член е на Кралското друштво и се занимава со теми поврзани со изумирањето на видовите и нивното сочувување.

     

     


  • img-book

    „Приказни од Мјаукедонија“ е прво дело на младата и талентирана мачка Емилија Џамбазова-Бавчанска. Таа е родена околу 1 јули 2011 година, во околината на Радовиш, поточно во една од плевните кај радовишките бавчи. Нејзината потресна приказна започнува токму на денот кога таа прогледува, па оставена од нејзината мајка почнува да талка по шумата. Првиот хомо сапиенс на коj ќе налета е нашиот познат актер и водител, Игор Џамбазов, кој подоцна ќе стане и нејзин сопственик. Емилија духовито ќе забележи – МОЖЕБИ ТОЈ Е МОЈОТ СОПСТВЕНИК, НО ЈАС НЕ СУМ НЕГОВА СОПСТВЕНОСТ.
    И така, малечката Емилија тргнува во големиот град. Тој по обичај, не ја ни пречекува. Следуваат сцени какви што само животот може да изрежира. Започнува таа вечна борба на сите млади провинцијалки и лажниот граѓански дух.
    Многу подеми, уште повеќе падови. Многу ѕвездени моменти, уште повеќе разочарувања. Емилија е распната помеѓу новото и традиционалното, помеѓу омразата и љубовта, помеѓу животот и смртта…


  • img-book

    Годинава што ја живееме е година на предизвици, на застанати или одложени животни приказни. Карантинските приказни се омаж на времето поминато во карантин и наоѓањето утеха во исцелувачката моќ на зборот.

    Да ја запаметиме оваа 2020 како миг од нашата историја кога посведочивме големи промени, а ги запишавме заедно!

    „На крајот, сите стануваме приказни.“ Маргарет Атвуд


  • img-book

    Пак јас…

    Прости ми, пријателе мој, посилно е од мене… Ти ветив дека повеќе нема да пишувам за себе, ама што маж сум јас ако си го одржам ветувањето? Имаат ли крај овие мои климактерични его-трипови? И имало ли во моите мозочни „фајлови“ уште нераскажани приказни?

    Е па… имало, пријателе.

    Ќе умрам ако не ти ги раскажам. Или откако ќе ти ги раскажам. Ете така, просто морам да ти ги раскажам.

    Како старецот во приказните кој претчувствува дека му доаѓа крајот, па ги собира околу смртната постела своите тројца синови, за да им каже нешто што дотогаш им го немал кажано. Нешто многу вредно. Некоја тајна што тие не ја знаеле. Или… едноставно да им подари некоја стара мудрост, онака за крај.

    Ете, така и јас. Не оти ќе се умира набргу. Вакви говеда како мене живеат за инает. И не оти тврдам дека во моите приказни има некоја мудрост. А и да има, ќе мораш сам да ја откриеш, пријателе мој. Ако сакаш.

    Или пак, едноставно, препушти им се на приказните…


    УМРЕН ЧОВЕК од: 400 ден
  • img-book

    Пријателе мој,

    Во оваа книга ќе најдеш стихови кои навистина успеале да опстанат во ова време во кое инвазијата од кичот и шундот достигна кулминација.

    Ќе најдеш „хитови“ кои публиката и денес ги пее наизуст на моите концерти, но ќе најдеш и за тебе наполно непознати текстови кои се нашле тука само затоа што ми се мене посебно драги.

    На крајот ќе најдеш и некои стихови кои јас нескромно ги сместувам во графата – „поезија“. Е па, пријателе мој, читај… и диши длабоко.


  • img-book

    ДОБИТНИК НА БУКЕРОВАТА НАГРАДА

    По три децении служба во Дарлингтон хол, батлерот Стивенс тргнува на заслужено патување низ земјата, и наедно во службена посета на својата некогашна колешка, г-ца Кентон. Во текот на патувањето размислува за својата дотогашна кариера, за да си потврди дека преку службата на еден „голем џентлмен“ му служел на човештвото. А спроти средбата со госпоѓица Кентон, го преиспитува нивниот однос во кој се насетувало нешто повеќе од колегијалност… Но во неговите спомени демнат сомнежи за вистинската природа на „големиот“ лорд Дарлингтон кому му служел, и уште поголеми сомнежи во сопствените избори и пропуштени можности.

    На крајот од денот е маестрален психолошки портрет на еден совршен англиски батлер од златната доба која бледнее на прагот на повоена Англија. Напишан на префинет стил од перото на Казуо Ишигуро, ова е трогателен и моќен роман за вистинските вредности и за суштината на човековата среќа.


  • img-book

    Сè што сте сакале да научите за алкохолот, ама не сте имале време од пиење 

    Кога ќе почнете со првата страница од оваа книга, се вклучувате во директен пренос од животот на Џамбазов. Уште од првата средба со неговото височество Алкохолот, сè се одвива пред ваши очи, како и вие да сте таму, на театарската сцена наречена живот. Низ призмата на алкохолот, најголемиот непријател маскиран во пријател, Џамбазов раскажува за него како за најголема животна школа, во која тој самиот завршува како најдобар дипломец во класата.

    Брилијантно, искрено, интимно, духовито и заразно четиво кое го задржува вниманието од почеток до крај. Суров и безмислосен кон себеси, Игор Џамбазов ги нарекува нештата со нивните вистински имиња, со голема доза самоиронија, без цензура и автоцензура, без обид да се допадне некому или да се оправда себеси. Како што ќе рече Венко Андоновски, Игор е мајстор на леснотијата на тешкото, мајстор на елегантното во бруталното.

    Зошто ја напишав оваа книга? За да ми олесни на душата. Сакав да раскажам за најевтино платениот убиец на планетава. Сакам да им помогнам на оние кои пробале, но и да им објаснам на оние кои не знаат.


  • img-book

    Овие приказни се обични приказни. Вистински, човечки и возможни. Иако во животов сè е одамна невозможно.

    Што добивате кога Игор Џамбазов ќе реши да раскажува за својот живот?
    250 страници фасцинантно, забавно четиво полно со хумор, куп комични пресврти и неверојатни ситуации, пикантерии, интриги и најмногу од сè – искреност. И сето тоа зачинето со неповторливиот, за Игор толку препознатлив, стил на раскажување.

    Десет раскази, десет приказни кои мора да се раскажат. И уште десет пати по толку причини да се (пре)прочитаат. Толку добро Џамбазов нè води низ случките од детството и младоста што ќе сакате уште. Ликови чии вистински имиња ќе сакате да ги дознаете, случки кои ќе ве заскокоткаат, урнебесни ситуации на кои од срце ќе се смеете – секоја страница е мини ремек-дело!

    Зошто ја читате сè уште оваа корица? Завртете ја книгата и почнете! Верувајте, многу брзо пак ќе стигнете до овие редови. И потоа, ќе почнете од почеток…Книгата која се распродаде во над 5.000 примероци, добива свое продолжение!


    ОБЛЕЧЕН ЧОВЕК од: 400 ден