2. Трилери и мистерии (335)
  • img-book

    Што ако се што знаете за откривањето на Америка од страна на Колумбо е лага? Што ако таа лага е искористена за да сокрие вистината која доколку се дознае може да има сериозно последици за политичкиот свет?

    Експлозивен нов stand-alone трилер од страна на Стив Бери, кој ќе Ве остави без здив до последната страница.


    Аферата Колумбо од: 550 ден
  • img-book

    Витезите на Златниот круг, основан на 4 јули 1854, бил најголемата и најопасната тајна организација во американската историја. Имале големи планови: да се прошири САД, да се смени уставниот состав и да се создаде Јужна империја, поробувајќи „златен круг” на двата континенти.
    Редот, за да ги финансира своите цели, собрал неверојатно богатство од украдено злато и сребро, кое го закопале низ цел САД. Ловците на богатството пребарувале со децении, но никогаш не нашле ниту една од главните залихи на Редот. Сега, 160 години подоцна, витезите сè уште постојат. Две групи во рамките на Редот сакаат богатство – едните да го потрошат, а другите да го зачуваат. Во таа граѓанска војна влегува поранешниот агент за правда, Котон Малоун. Започнувајќи со потрагата во институцијата Смитсонијан, Малоун открива дека предците во неговото семејство може да го имаат клучот за сè: името на шпионот Овен „Котон” Пејн. Работата уште повеќе се комплицира со политичките амбиции на безмилосниот Претседател на Домот и вдовицата на сенаторот од САД, кои имаат различни планови од плановите на Редот.
    Од тивките задни простории на Смитсонијан, до опасностите во Арканзас и, конечно, во најтешките планини во северниот дел на Новo Мексико, Изгубениот ред е опасна авантура од темното минато на САД.


    Изгубениот ред од: 550 ден
  • img-book

    Од мајсторската рака на Браун читателите ќе можат да доживеат нова авантура во светот на кодираните пораки. Овој пат една кодираната порака ќе ги одговори двете фундаментални прашања на човековото постоење – Од каде доаѓаме? Каде одиме?

    Роберт Лангдон, професор по симбологија и религиска иконологија на „Харвард“ пристигнува во ултрамодерниот музеј „Гугенхајм“ во Билбао за да присуствува на едно многу важно соопштение – објавувањето на едно откритие кое „засекогаш ќе ја промени науката“. Домаќин на вечерта е Едмонд Кирш, четириесетгодишен милијардер и футурист чии зашеметувачки, високотехнолошки пронајдоци и смели предвидувања го направиле светски почитувана личност. Кирш, кој пред две децении бил еден од првите студенти на Лангдон на „Харвард“, само што не објавил едно неверојатно откритие…
    Но, детално испланираната вечер одеднаш се претвора во хаос, а на скапоценото откритие на Кирш му се заканува опасност да биде загубено засекогаш.


    5 out of 5
    Потекло од: 999 ден
  • img-book

    Најголемата конспирација, во последните две илјади години, почнува да се открива.

    Роберт Ленгдон, професор за верските симболи на Харвард, е во Париз за да одржи предавање. На приемот што следи, тој треба да се сретне со почитуваниот куратор од светски познатиот музеј Лувр. Но, кураторот нема да се појави, а подоцна таа вечер Ленгдон дознава, од страна на валстите, дека кураторот е пронајден мртов. Ленгдон оди во Лувр на местото на злосторството, каде што открива чудни докази кои убиецот ги оставил зад себе.

    Тука почнува трка со времето, бидејќи Роберт Ленгдон станува осомничен и со помош на францускиот криптолог Софи Неве, мора да дешифрираат безброј таинствени симболи кои биле оставени специјално за нив. Ако Роберт и Софи не можат да ја решат загатката, древната вистина може да биде загубена засекогаш, а тие самите да завршат како колатерална штета.


    5 out of 5
    Кодот на Да Винчи од: 600 ден
  • img-book

    Данте инспирираше раѓање на уште едно уметничко дело! Но уметничко дело кое сее смрт! Дали ИНФЕРНО за човештвото значи Пекол, Чистилиште или Спасение? Роберт Ленгдон се буди во болнички кревет, под седативи и потполно дезориентиран… Несвесен за моментот кога пристигнал во Фиренца, дознава дека има прострелна рана на главата и дека вистинско чудо го спасило од смртта. Сиена Брукс, интелегентна и згодна млада докторка, прави сè да му помогне на професорот по симбологија да се извлече од канџите на Конзорциумот – моќна организација која го гони низ три европски градови… Неколку спротиставени страни се натпреваруваат да дознаат една единствена информација! Каде е скриено мистериозното и смртоносно ремек-дело кое му прети на човештвото и само еден човек може да го најде? Професорот по историја, уметност и симбологија вешто ги толкува и најмистериозните траги кои позади себе ги остава богатиот гениј за генетски инжинеринг…

    Ден Браун повторно не води на патување низ мрачните предели на човечкиот ум, каде се раѓаат грандиозни и опасни идеи…


    5 out of 5
    Инферно од: 600 ден
  • img-book

    Нора Робертс, презентира возбудлива приказна за семејни тајни, неочекувани страсти и дерби со чистокрвни коњи…
    Келси Бајден отсекогаш верувала дека нејзината мајка е мртва. Но, сега, ја открива вистината, по многу години поминати во затвор за убиство, Наоми Чедвик е сè уште жива.

    Сега, на фармата за коњи на Наоми, Келси се обидува да го среди својот живот кој бил една голема лага.

    Најголем поттик ѝ е љубовта кон нејзината мајка.

    Границите на љубовта можат да бидат кршливи… како што научи Келси од нејзиниот неодамна завршен брак. Но, додека двете жени повторно ја градат својата врска,

    Келси се наоѓа во една возбудлива нова романса.

    Затоа таа мора да одлучи, еднаш засекогаш… кому може да му верува?


  • img-book

    Дијана Рејнолдс има сè што ќе посака: работа и живот од соништата. Како талентиран телевизиски новинар, таа е одлучна да успее на свој начин. Но, во свет полн со јавни непријатели и скандали, Дијана создава неколку многу опасни непријатели – вклучувајќи го и нејзиниот стар ментор, брилијантната емотивна манипулаторка Енџела Перкинс.Додека Дијана го постигнува врвот во кариерата, таа е во љубовна врска со најхаризматичниот новинар во телевизијата, Фин Рајли, кој исто така е и бивш љубовник на манипулаторката Енџела. Додека летаат искри помеѓу Фин и Дијана, Енџела се обидува да се одмазди. Но, во позадина се крие една мрачна опсесија, од која никој не е безбеден.Полна со интензивни страсти, мрачни опсесии и огорчени кавги, ПРИВАТНИ СКАНДАЛИ е чисто, зависничко задоволство.


  • img-book

    Еден од најпродаваните автори на Њујорк тајмс Нора Робертс во својата книга СКРИЕНИ БОГАТСТВА ни открива интригантна приказна во светот на продавачите на антиквитети, каде една независна жена ја открива цената на својот живот и шемите на еден опседнат убиец …


  • img-book

    Кери Вајт не е обична девојка. Таа има дар. Може да поместува предмети со нејзиниот ум. Вратите се заклучуваат. Светилките паѓаат. Поканата од Томи Рос на матурската вечер за Кери е исполнување на сонот – прв чекор кон влез во средношколското друштво. Сѐ додека неочекуваната суровост не го претвори нејзиниот дар во оружје на хорор и деструкција кои никој никогаш нема да ги заборави.

    „Најпрекрасниот морничав човек на планетата.“ Ју-ес-еј тудеј

    „Страшен и мачен – вистински хорор!“ Паблишерс викли

    „Трескавично, морничаво, мрачно зло!“ Питсбург пост газет

    „Стивен Кинг буквално создал жанр кој ги доведува луѓето во најужасни ситуации… Тој е автор што секогаш го прави невозможното толку страшно што те тера да провериш дали си ја заклучил вратата.“ Бостон глоуб

    „Бесценета имагинација.“ Обзервер (Лондон) 


    3.67 out of 5
    Кери од: 360 ден
  • img-book

    Напнат и незаборавен роман што до самиот крај не се испушта од раце. „Покана за пријателство“ ќе биде новата опсесија за сите љубители на трилери. Дали некогаш сте посакале да го промените минатото? Луиз го сака токму тоа. Секој ден… Кога Луиз Вилијамс ќе добие порака од една личност од дамнешното минато, срцето за малку што не ѝ запира. Марија Вестон сака да ја додаде за пријателка на Фејсбук. Но Марија Вестон исчезнала пред повеќе од дваесет и пет години. Последен пат е видена ноќта на матурската забава и сите веруваат дека е мртва. Особено Луиз, која целиот свој живот крие страшна тајна. Но Луиз е принудена да ја открие вистината за она што се случило во минатото, а единственото нешто што со сигурност го знае е фактот дека Марија Вестон исчезна таа ноќ и оттогаш ѝ се губи секаква трага, сè досега…


    5 out of 5
    Покана за пријателство од: 270 ден
  • img-book

    МИНАТОТО СЕ ВРАЌА ЗА ДА ЈА ОДИГРА СВОЈАТА ПОСЛЕДНА ИГРА…

    Откако напиша три култни романи, Нејтан Фолс во 1999 година објавува дека веќе никогаш нема да се занимава со пишување и се повлекува на прекрасниот, но див медитерански остров Бомон.
    Есен 2018 година. Фолс нема дадено ни едно интервју веќе цели 20 години, но неговите романи не престануваат да го привлекуваат вниманието на читателите. Матилда Моне, млада швајцарска новинарка, доаѓа на островот со намера да ја открие тајната на Фолс.
    Истиот тој ден на островот е пронајдено телото на една жена и власта решава да воведе блокада на островот. Тогаш меѓу Матилда и Нејтан почнува опасно соочување во кое се среќаваат долго криени вистини и уверливи лаги, но и љубов и страв.
    Фасцинантна книжевна сложувалка, која доживува неверојатен пресврт во моментот кога писателот ќе го нареди и нејзиното последно делче.


  • img-book

    Уште една ингениозно заплеткана мистерија што може да ја реши само генијалниот ум на славниот белгиски детектив.

     

    Враќајќи се од ручек Херкул Поаро еден ден пред својот дом затекнува налутена и бесна жена. Инсистира Поаро да ѝ објасни зошто ѝ испратил писмо во кое ја обвинува за убиство на извесен Барнабас Панди, човек за кого таа ниту слушнала ниту го видела претходно.

    Но ни Поаро нема чуено за такво лице, а уште помалку обвинил некого за неговото убиство. Видно вознемирен влегува дома, каде што го чека уште еден непознат посетител што исто така тврди дека утрово примил писмо со обвинение од Паоро за убиството на Барнабас Панди.

    Зачуден и изненаден, Поаро се прашува уште колку такви писма се испратени во негово име. Кој и зошто ги испратил? И што е уште поважно, кој е Барнабас Панди, дали е навистина мртов и, ако е, дали се работи за убиство? Можно ли е да се одговорат сите овие прашања, а да не се загрози нечиј живот?

    Легендарната ѕвезда на Агата Кристи од „Убиство во Ориент експрес“, од најновите случаи во „Убиства со монограм“ и „Затворениот ковчег“, се враќа во уште една ѓаволски замрсена загатка што се одвива во Лондон во триесеттите години на минатиот век.


  • img-book

    Фантастичен сплет од мистерии, дисфункционални семејни односи, морбидност и неизвесност – совршениот рецепт што ќе ве натера да го прочитате романов во еден здив!

    Херкул Поаро патува со луксузен пајтон до елитниот имот Кингфишер хил. Тој и неговиот верен придружник, инспектор Кечпул, се најмени од Ричард Девонпорт да го истражат убиството на неговиот брат Френк и да докажат дека неговата свршеница Хелен е неправедно осудена за убиството. Но има еден чуден услов: Поаро не смее да ја открива вистинската причина зошто е таму пред другите членови на семејството Девонпорт.

    При патувањето, пајтонот наеднаш застанува зашто една вознемирена жена бара да се симне и инсистира дека, ако остане на своето место, ќе биде убиена. Иако за време на патувањето никој не е повреден, Поаро насетува дека тука се крие уште една мистерија. Неговите стравови набргу се остваруваат: пронајдено е тело на кое е оставена злокобна порака поврзана со седиштето на госпоѓата.

    Дали Поаро ќе успее да ја одгатне поврзаноста на случаите? И, ако Хелен е навистина невина, ќе успее ли да го открие вистинскиот убиец на Френк Девонпорт?


  • img-book

    „Снежно слепило“ ја раскажува приказната за младиот полицаец Ари Тор, кој уште пред да ја заврши академијата добива работно место во Силгуфјордур – мало рибарско гратче на крајниот север на Исланд. Ари Тор ќе ги напушти студиите, својата девојка и животот во Рејкјавик и ќе замине на север, очекувајќи дека ќе живее во место каде никогаш ништо не се случува. Зимските бури ќе го парализираат Силгуфјордур и ќе го отсечат од остатокот од земјата, а потоа во местото ќе почнат да се случуваат убиства. Ари Тор сфаќа дека мора да се соочи со нешто за што воопшто не е подготвен – сложените полициски случаи и застрашувачките поларни бури.
    Напишан во манирот на класичен детективски роман, „Снежно слепило“ е уникатен во доловувањето на ледената атмосфера и сликањето на животот во мало провинциско место, каде приказните на цела низа ликови одеднаш се преплетуваат и се поврзуваат.


    Снежно слепило од: 330 ден
  • img-book

    Сместен во врнежлив индустриски град од 70-тите години, Макбет ја следи приказната за борбата на полицијата против трговијата со дрога, но и против корупцијата во сопствените редови. По смртта на поткупениот шеф на полицијата се раѓа нова надеж кај граѓаните, но се разгорува и нова борба за превласт, во која нема место за чесните луѓе кои се борат за доброто на градот. Пазарот со дрога го контролираат двајца наркобосови  – водачот на моторџиската банда Свено, и непредвидливиот Хеката, кој сака да го искористи младиот Макбет за да оствари монопол. Но Лејди, сопственичка на казино и љубовница на Макбет, кове амбициозни и смртоносни планови…

    Макбет е приказна за љубовта и каењето, политичката амбиција и алчноста, за најмрачните агли на човековата природа. Роман што се чита во еден здив, можеби најдобриот што излегол од перото на Несбе!

    Несбe ги проткајува митските елементи на трагедијата со острите нишки на ужасот и реалноста. Неговиот Макбет на неверојатно оригинален начин ни ја пренесува безвременоста на Шекспировото дело и мракот на криминалистичкиот жанр.


    Макбет од: 600 ден