• img-book

Попуст!

ISBN: 978-608-4672-03-6

Продадена

5 од 5 од 3 оцени на читатели
3 оцени од читатели

Лакшими е тринаесетгодишно девојче кое заедно со своето семејство живее во мала колиба на планините во Непал.

Иако се очајно сиромашни, животот на Лакшими е убав, среќен и исполнет со едноставни задоволства како прошетки низ планината, играње со нејзината најдобра пријателка и набљудување на момчето за кое е ветена да се омажи кога ќе порасне.

Но кога безмилосниот хималајски монсун ќе ја уништи и онаа малку посеана земја која ја имаат и ќе ги остави без ништо, очувот на Лакшими вели дека таа мора да замине во градот и да помогне во издржување на семејството. Тој ја запознава со гламурозна жена од градот која ветува дека ќе ѝ најде работа како слугинка. Среќна што ќе може да му помогне на своето семејство, Лакшими го напушта Непал и пристигнува во „Куќата на среќата“ полна со надеж. Но таа многу брзо ќе ја дознае вистината: дека нејзиниот очув ја продал како бело робје директно во водите на проституцијата.

Животот на Лакшими станува кошмар од кој не може да побегне. Таа попрво би умрела отколку да се продава на тој начин, но сфаќа дека не постои шанса да се спаси од тоа место додека не си го врати „долгот“, односно сумата која била платена за неа.

Водена од зборовите на мајка си: „Самото издржување е триумф“, таа се обидува да продолжи со хоророт во кој се претвора нејзиниот живот и да издржи, да триумфира… па можеби еден ден, дури и да најде начин за да побегне оттаму…

button-new

350 ден245 ден

Моментално недостапна

Рецензија на уредник

Лакшими е тринаесетгодишно девојче кое заедно со своето семејство живее во мала колиба на планините во Непал.

Иако се очајно сиромашни, животот на Лакшими е убав, среќен и исполнет со едноставни задоволства како прошетки низ планината, играње со нејзината најдобра пријателка и набљудување на момчето за кое е ветена да се омажи кога ќе порасне. Но кога безмилосниот хималајски монсун ќе ја уништи и онаа малку посеана земја која ја имаат и ќе ги остави без ништо, очувот на Лакшими вели дека таа мора да замине во градот и да помогне во издржување на семејството.

Тој ја запознава со гламурозна жена од градот која ветува дека ќе ѝ најде работа како слугинка.

Среќна што ќе може да му помогне на своето семејство, Лакшими го напушта Непал и пристигнува во „Куќата на среќата“ полна со надеж. Но таа многу брзо ќе ја дознае вистината: дека нејзиниот очув ја продал како бело робје директно во водите на проституцијата.

Животот на Лакшими станува кошмар од кој не може да побегне. Таа попрво би умрела отколку да се продава на тој начин, но сфаќа дека не постои шанса да се спаси од тоа место додека не си го врати „долгот“, односно сумата која била платена за неа. Водена од зборовите на мајка си: „Самото издржување е триумф“, таа се обидува да продолжи со хоророт во кој се претвора нејзиниот живот и да издржи, да триумфира… па можеби еден ден, дури и да најде начин за да побегне оттаму…

Приказна раскажана низ повеќе раскази, кратки и остри, мали и болни, директни и без заобиколување на вистината. Ќе ја прочитате во еден здив, ќе ја спуштите со насолзени очи. Зошто, ќе се запрашате зошто некои деца имаат ваква судбина додека други скокаат на јаже и јадат сладолед?! Дали е фер? Дали е праведно?

Најтрагичното е тоа што оваа книга се базира на вистинити настани и авторката го поминала целиот пат опишан во книгата за да собере детали за својата приказна. Таа запознала жени кои имале ваков живот, жени кои до денешен ден шетаат по граничните премини на Индија, Непал и Кина и внимаваат на малечките девојчиња кои преминуваат граница со постари мажи, се обидуваат да ги спасат од својата судбина…

Детали

ISBN: 978-608-4672-03-6
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2012
Број на страници: 231

  1. :

    5 out of 5

    Судбината на 13 год. девојче од Непал, Лакшими не е ниту малку едноставна. Имено, таа е приморана од очув да замине во град, преку проституција да заработи пари. Но, патот до пристигнување на куќа за Мумтаз е тежок. Низ какви маки ќе помина Лакшими по патот, таму?

  2. :

    5 out of 5

    Книгава ја имам читано одамна и беше меѓу првите книги кои ги купив од “Сакам Книги”.
    Приказната многу ми се допадна,а воедно и ме растажи малку.Сепак се опишува една друга реалност која сите ние мислиме дека е далеку од нас,но всушност не е.
    Препорачувам!😊

  3. :

    5 out of 5

    Одлична 🙂