• img-book

    Многу ретко се појавува книга што може вистински да ви го промени животот. А Повторно откривање на животот е една од нив.

    Ентони де Мело е еден од најголемите духовни автори на XX век чие учење го обиколи светот. Повторно откривање на животот е неговото последно дело, напишано според предавањето што го одржал само неколку месеци пред смртта. Во него тој ни укажува како да ја спознаеме подлабоката смисла на животот и да најдеме едноставни решенија што ќе нè ослободат од негативните чувства – осаменост, гнев, тага или депресија. Со други зборови, Де Мело ни нуди нов светоглед што ќе ни го преобрази животот.

    Повторно откривање на животот е еднакво безвременска и сочувствена книга како и класиката Будење. Книга што ќе ве направи свесни за убавините на човечкото постоење и ќе ве научи да ги гледате насекаде околу себе.

     


  • img-book

    Еднаш, многу одамна, на високите планини на Сицилија мирно си живееле мечките со својот крал Леонцио. Еден ден, додека шетале низ шумата, двајца ловци му го грабнале синчето Тонио. За да го пронајдат, а и за да ја преживеат студената зима, кралот Леонцио ги поведува своите мечки во долината, во светот на луѓето.

    Во тој свет тие се соочуваат со многу непријатни работи – вооружениот отпор на Надвојводата, веприте-војници на благородникот Молфета, духовите во стариот замок Ѓаволска карпа, страшниот ѕвер Трол и џиновскиот Мачор Крволочник… Благодарение на својата досетливост и магиите на професорот Де Амброзиис, мечките успешно ќе ги надминат сите пречки. И кога конечно ќе влезат во театарот Ексцелзиор на циркуската претстава, ќе видат едно мало мече што оди по јаже. Токму кога кралот Леонцио ќе го препознае своето изгубено синче, се случува трагедија!…

    Стариот професор со тешко срце ја жртвува последната магија на своето волшебно стапче. И така, работите ќе се средат – правдољубивиот Леонцио станува крал на сите, мечињата си играат со децата, а луѓето живеат во слога со своите рунтави собраќа. Сè додека не ги присвојат човечките пороци…

    Прекрасна илустрирана читанка за сите возрасти!


  • img-book

    Смирете го немирот и ослободете се од стресот со боење.

    Оваа книга со прекрасни илустрации изобилува со суптилни цртежи и сложени шари кои ќе ве поттикнат да медитирате понесени од креативноста и со полна присутност да ги боите страниците.

    Одвојте неколку минути од денот – каде и да сте – и бојте за мир и спокоен ум.

    Ема Фарарон е француски илустратор и графички дизајнер што живее и работи во Лондон.


  • img-book

    Ние сме патници во универзумот. Сме застанале тука накратко за да се сретнеме, да се грижиме едни за други, да љубиме, да споделуваме. Ако споделуваме со добра мисла, лесно срце и љубов, ќе создаваме изобилство и радост еден за друг. И ќе знаеме дека вредело да го изживееме овој краток момент од вечноста.

    Заснована врз природните закони што управуваат сѐ што постои, таа го разбива митот дека успехот е резултат на силна амбиција или тешка работа. Кога ќе ја разбереме својата вистинска природа и ќе научиме да живееме во хармонија со законите на природата, околу нас лесно и без никаков напор ќе се создаваат позитивна енергија, здравје, среќни врски и изобилство.

    Полна со вечни мудрости и практични чекори за едноставна примена, оваа е една од оние книги на кои постојано им се навраќаме.

    „Од сите книги на Чопра, Седумте духовни закони на успехот е мудар концепт за живот на највисоко и најкомплетно ниво. Фантастична е!“
    Тони Робинс, автор на Разбудете го џинот во себе и Неограничена моќ


  • img-book

    Да размислуваш како монах значи да размислуваш како најуспешниот и највлијателниот мудрец на денешницата!

    Додека растел во околина полна со сомнежи за неговиот успех, одбрал да ја следи сопствената извонредна интуиција, па наместо да присуствува на свеченоста за дипломирањето на факултетот, заминал во Индија за да стане монах. По тригодишна неуморна потрага по себеси, додека им помагал на сите околу него, го напушта монашкиот живот со цел глобално да ја рашири својата мудрост. И успева во тоа! Видеата на неговиот видеоканал, лансиран во 2016 година, имаат над 4 милијарди прегледи. Ова го прави еден од најгледаните луѓе на интернет во целиот свет.

    Супермоќта на Џеј Шети не е само во тоа што успеал да го разбуди монахот во себе, туку и во тоа што својата мудрост ја прави достапна за секого. Неговата незаменлива книга-водич „Размислувај како монах“ ќе ги подготви сите храбри луѓе да ги истражат длабочините на својата душа и да му подарат на светот сè убаво што спие неоткриено во нив. Апстрактните лекции, совети и вежби собрани во оваа инспиративна, прониклива, длабока и практична книга се доказот дека секој може и секој треба да размислува како монах.

    Спојувајќи ја древната мудрост со искуството што го стекнал во ашрамот, Шети ни открива како да се ослободиме од негативните мисли и да се препуштиме на смиреноста која лежи во сите нас. Тој докажува дека секој може – и треба – да размислува како монах. Разумно борете се со секојдневните предизвици! Да се размислува како монах повеќе не е избор, туку потреба!


  • img-book

    Не постојат едноставни и лесни одговори за луѓето кои тргнале по патот на духовно созревање. Човештвото е среде голем еволуциски скок. Сè зависи од нас. Универзумот е тука да ни го подготви патот меѓутоа ние самите мораме да зачекориме по него. Потребно е во себе да вградиме систем за постигнување на духовно и ментално здравје. Процесот на себепроширување е многу еволутивен. Кога некој успешно ги проширил своите граници веќе поминал во повисоко ниво на постоење.Д-р Скот Пек, еден од најпознатите светски психотерапевти, ја објаснува, меѓудругото, природата на љубовта како чин на самосозревање. Тој ни одговара на прашањата како да препознаеме вистинска љубов, компатибилност, како да разликуваме зависност од љубов, како да станеме свои, како да бидеме почувствителни родители… Патот по кој поретко се оди инспирираше милиони луѓе ширум светот и е најпродавана книга во оваа област на сите времиња.


  • img-book

    Мисли и збогати се е можеби најважната книга за успехот некогаш напишана, и поради неа Наполеон Хил се смета за татко на целата мотивациска литература што се пишува и денес.

    Хил посветува цели 25 години со намера да ја открие тајната за стекнување на богатство и да одговори на прашањето Што е она што те прави победник? Резултат на истражувањето на карактеристиките и особеностите на преку 40 милијардери, Хил развива 13 принципи во форма на филозофија за личен развој и успех. Книгата се темели на тврдењето дека секоја индивидуа која има желба, верба и истрајност, може да стигне до зацртаната цел без разлика колку недостижно и да изгледа. Ако можеме да научиме да мислиме како милијардер, тогаш може и да почнеме да се однесуваме така, и на крајот да станеме еден од нив.

    Нарекувајќи ја „најдобрата формула за успехот“, оваа книга е досега продадена во повеќе од 70 милиони примероци. Следејќи ги овие правила и совети, успехот во бизнисот но и во секоја друга сфера од животот станува извесен. Не го оставајте успехот за утре, прочитајте уште денес!

    Во текот на изминатите дваесет и пет години уживам во среќа и благосостојба повеќе отколку што заслужува секој човек, но ме полазуваат морници кога ќе си помислам каде би бил денес и што би правел да не дојдев во допир со филозофијата на Наполеон Хил. Тоа ми го смени животот. Ог Мандино, Најголемиот трговец на светот


  • img-book

    Џелалудин Руми, големиот пророк и трагач по внатрешниот мир и совршенството, е најпознат по стиховите кои ги искажуваат занесот и таинствата на сите видови љубов – еротска, божествена, пријателска – а во Големата црвена книга се собрани најдобрите меѓу нив. Маестрално лирски и длабоко експресивни, во неа се поместени стихови за божественото откровение, духовното будење, пријателството и љубовта. Стихови кои стигнуваат до нови длабочини и ни откриваат нови димензии. Зашто добрата поезија е над сите сопирачки и не може да биде ограничена од времето.

    Овие страници се полни со гроздови зрела духовна, преубава поезија, кои нудат допир со божественоста, откривајќи ја патеката на љубовта посеана со страст, копнеж и постигнување единство со возљубеното. Стихови кои го отвораат срцето и душата за сеопшта љубов однатре и однадвор, која нè поврзува со сите луѓе и со сè што постои.

    Оваа раскошна и тешко достижна поезија, актуелна и цели осум века по своето создавање, се смета за едно од најголемите богатства на персиската и светската литература. Ремек-дело што ги слави мистичната љубов, пријателството и животот.


  • img-book

    Ги знаете ли седумте работи со кои мажите ги излудуваат жените? Или вистинската причина зошто жените плачат повеќе од мажите? Што всушност знаат мажите и жените едни за други?…

    Ова е само воведот на Барбара и Алан Пиз во дискусијата за суштинските ‒ честопати и комични ‒ разлики меѓу двата пола. Потпирајќи се на најновите научни сознанија, со доза препознатлив хумор, авторите ви помагаат да почнете да ја разбирате другата страна. Им објаснуваат на жените зошто мажите не сакаат да се врзат, што ги тера да лажат, што бараат кај една жена и како да го дешифрираат машкиот говор. А на мажите им откриваат зошто жените понекогаш се давежи, како манипулираат со емоционалната уцена, но и кој е нивниот таен систем за бодување. Освен тоа, ви разгатнуваат што ги пали, а што ги одбива мажите и жените кај спротивниот пол!

    Светскиот бестселер Зошто мажите немаат поим, a жените никогаш немаат доволно чевли е проверен одговор за разбирање на вашата втора половина што гарантирано ќе ви помогне да го извлечете максимумот од врската!

     


  • img-book

    Една од омилените афирмации на Лујза гласи Животот те сака!  Таа ги симболизираат нејзиниот живот и работата. Лујза Хеј и Роберт Холден заедно откриваат што навистина значат зборовите животот те сака. Смислата на оваа афирмација означува дека дека животот не ви се случува, туку постои заради вас. Во низата искрени разговори, соговорниците допираат длабоко во човековото битие, во моќта на љубовта, наклонетата природа на реалноста, пријателски настроениот универзум.

    Книгата Животот те сака! се состои од инспиративни приказни, корисни методи, молитви и вежби. Таа претставува практична филозофија што се заснова врз седум едноставни и ефикасни духовни вежби за самоисцелување.

    Љубовта опстојува дури и во свет полн со страв. Дури и кога мислите дека немате ништо, изобилството постои. Дури и кога сте во судир, мирот сè уште е тука. Дури и кога сте сами, постои помош. Дури и кога сте изгубени, постојат насоки. Сè што ви треба е тука. Овде и сега…


    Животот те сака од: 280 ден
  • img-book

    Преселувајќи се во Хонгконг, Хари Хуле мисли дека засекогаш ги оставил зад себе своите трауми, исто како и кариерата во полицијата. Но се случува нешто незамисливо: Олег, момчето што порасна со Хари, е уапсено поради убиство. Не можејќи да поверува во тоа, Хари се враќа дома за да го најде вистинскиот сторител. Иако повеќе не работи во полицијата, тој самостојно го истражува прометот на наркотици по улиците на родниот град, што ги пустоши една нова дрога. На секој чекор го чекаат изненадувања, а истрагата на едно навидум типично наркоманско убиство, добива размери што Хари не ги предвидел. Речиси сите траги водат во иста насока…
    Во оваа досега најлична истрага, Хари мора да се соочи со своето минато и со потресни вистини за Олег и за себе.

    „Исклучително… Ова е најличната истрага на Хари, но Несбе не му дозволува на својот јунак да ја занемари потрагата по вистината поради својата татковска љубов кон Олег, колку и да го чини тоа.“ Паблишерс викли


    Сеништето од: 500 ден
  • img-book

    За да постигнете нешто што не сте постигнале досега, ќе мора да размислувате на начин на кој не сте размислувале досега. Во раце ја држите мапата што ќе ви го покаже патот до успехот. Оваа книга нуди ефикасен систем за промена на вашиот умствен софтвер. Најпознатиот светски мајстор за мотивација и саморазвој, Брајан Трејси, повторно ни открива моќни методи за личен и професионален развој. Ова е уште една воодушевувачка книга полна со мудрост. Сè почнува од вашите мисли, дури и оваа книга. Со нејзина помош ќе ја промените свесноста за своите потенцијали и ќе почнете да се искачувате по скалилата на моќта. Ќе ви ги открие принципите на упехот и како да ги применувате. Започнете го внатрешниот дијалог меѓу себе, Трејси и вашите амбиции и гледајте како тоа ќе ви го промени животот.


  • img-book

    Секој копнее да биде прифатен и сакан. Во идеална ситуација, во текот на детството ја развиваме неопходната самодоверба, која потоа како возрасни нѐ носи низ животот. Меѓутоа, навредите што сме ги доживеале исто така се втиснуваат во нас и несвесно ги одредуваат сите врски и односи во нашиот живот, спречувајќи нѐ да ги оствариме своите потенцијали.

    Внатрешното дете е збир од сето она што во детството оставило силен печат врз нас, преку нашите родители и другите луѓе во нашите животи. Стефани Штал смета дека детето во нас мора повторно да си го најде својот дом. Зашто оној кој нема внатрешен дом, не може да го пронајде ниту во надворешниот свет.

    Сеопфатната програма за практична работа со „внатрешното дете“, како и многуте вежби опишани во оваа книга, ќе ни помогнат да се ослободиме од усвоените обрасци кои нѐ доведуваат во конфликт со нас самите и со нашата околина.

    Детето во тебе мора да си го најде својот дом е книга која не треба да ја прочитаме само еднаш, туку треба да ни стане секојдневен придружник во животот.


  • img-book

    Луѓето го гледаат само тоа што сакаат да го видат.

    Оливија Шо, уредничка на едно од најугледните списанија за храна во Америка, одеднаш дознава дека наследила стар англиски имот и титула. Соочена со смртта на својата сакана мајка, 38-годишната Оливија одеднаш станува грофица обременета од товарот на своите предци, но и на многу мрачни тајни скриени во напуштениот замок.

    Вознемирена од сознанието дека мајка ѝ криела нешто толку големо од неа, го напушта Сан Франциско и заминува во потрага по одговори.

    Само еден поглед кон дворецот Роузмер ќе ѝ биде доволен да сфати дека мајка ѝ со години го сликала на своите платна. Но зошто никогаш не ѝ кажала за својот дом и за причините зошто го напуштила? Слој по слој, Оливија го ослободува минатото од превезот на тајните скриени во дворецот што пропаѓа и во неговите величествени градини. Иако нејзиниот стар живот ја чека да се врати, таа полека се вљубува во англиското село и неговите жители и ја прифаќа новата љубов…

    Прекрасен стил, воодушевувачки ликови, романса, интриги и многу изненадувања кои ќе ги поттикнат читателите на неизвесни претпоставки до самиот крај.

    Киркус ривју


  • img-book

    Од еден до целата љубопитност на светот, колку сакаш да знаеш што има на мистериозниот остров?
    Ако одговорот е: многу, тогаш и ти си истражувач како Стела и Сани.
    Ним не им бега нути една трага.
    Собирање докази или пловење по море?
    Овде ти избираш како ќе ја читаш приказната.
    ТЕ ЧЕКАМЕ ВНАТРЕ!


  • img-book

    „Приказни од Мјаукедонија“ е прво дело на младата и талентирана мачка Емилија Џамбазова-Бавчанска. Таа е родена околу 1 јули 2011 година, во околината на Радовиш, поточно во една од плевните кај радовишките бавчи. Нејзината потресна приказна започнува токму на денот кога таа прогледува, па оставена од нејзината мајка почнува да талка по шумата. Првиот хомо сапиенс на коj ќе налета е нашиот познат актер и водител, Игор Џамбазов, кој подоцна ќе стане и нејзин сопственик. Емилија духовито ќе забележи – МОЖЕБИ ТОЈ Е МОЈОТ СОПСТВЕНИК, НО ЈАС НЕ СУМ НЕГОВА СОПСТВЕНОСТ.
    И така, малечката Емилија тргнува во големиот град. Тој по обичај, не ја ни пречекува. Следуваат сцени какви што само животот може да изрежира. Започнува таа вечна борба на сите млади провинцијалки и лажниот граѓански дух.
    Многу подеми, уште повеќе падови. Многу ѕвездени моменти, уште повеќе разочарувања. Емилија е распната помеѓу новото и традиционалното, помеѓу омразата и љубовта, помеѓу животот и смртта…