• img-book

    Мисли и збогати се е можеби најважната книга за успехот некогаш напишана, и поради неа Наполеон Хил се смета за татко на целата мотивациска литература што се пишува и денес.

    Хил посветува цели 25 години со намера да ја открие тајната за стекнување на богатство и да одговори на прашањето Што е она што те прави победник? Резултат на истражувањето на карактеристиките и особеностите на преку 40 милијардери, Хил развива 13 принципи во форма на филозофија за личен развој и успех. Книгата се темели на тврдењето дека секоја индивидуа која има желба, верба и истрајност, може да стигне до зацртаната цел без разлика колку недостижно и да изгледа. Ако можеме да научиме да мислиме како милијардер, тогаш може и да почнеме да се однесуваме така, и на крајот да станеме еден од нив.

    Нарекувајќи ја „најдобрата формула за успехот“, оваа книга е досега продадена во повеќе од 70 милиони примероци. Следејќи ги овие правила и совети, успехот во бизнисот но и во секоја друга сфера од животот станува извесен. Не го оставајте успехот за утре, прочитајте уште денес!

    Во текот на изминатите дваесет и пет години уживам во среќа и благосостојба повеќе отколку што заслужува секој човек, но ме полазуваат морници кога ќе си помислам каде би бил денес и што би правел да не дојдев во допир со филозофијата на Наполеон Хил. Тоа ми го смени животот. Ог Мандино, Најголемиот трговец на светот


  • img-book

    Џелалудин Руми, големиот пророк и трагач по внатрешниот мир и совршенството, е најпознат по стиховите кои ги искажуваат занесот и таинствата на сите видови љубов – еротска, божествена, пријателска – а во Големата црвена книга се собрани најдобрите меѓу нив. Маестрално лирски и длабоко експресивни, во неа се поместени стихови за божественото откровение, духовното будење, пријателството и љубовта. Стихови кои стигнуваат до нови длабочини и ни откриваат нови димензии. Зашто добрата поезија е над сите сопирачки и не може да биде ограничена од времето.

    Овие страници се полни со гроздови зрела духовна, преубава поезија, кои нудат допир со божественоста, откривајќи ја патеката на љубовта посеана со страст, копнеж и постигнување единство со возљубеното. Стихови кои го отвораат срцето и душата за сеопшта љубов однатре и однадвор, која нè поврзува со сите луѓе и со сè што постои.

    Оваа раскошна и тешко достижна поезија, актуелна и цели осум века по своето создавање, се смета за едно од најголемите богатства на персиската и светската литература. Ремек-дело што ги слави мистичната љубов, пријателството и животот.


  • img-book

    Ги знаете ли седумте работи со кои мажите ги излудуваат жените? Или вистинската причина зошто жените плачат повеќе од мажите? Што всушност знаат мажите и жените едни за други?…

    Ова е само воведот на Барбара и Алан Пиз во дискусијата за суштинските ‒ честопати и комични ‒ разлики меѓу двата пола. Потпирајќи се на најновите научни сознанија, со доза препознатлив хумор, авторите ви помагаат да почнете да ја разбирате другата страна. Им објаснуваат на жените зошто мажите не сакаат да се врзат, што ги тера да лажат, што бараат кај една жена и како да го дешифрираат машкиот говор. А на мажите им откриваат зошто жените понекогаш се давежи, како манипулираат со емоционалната уцена, но и кој е нивниот таен систем за бодување. Освен тоа, ви разгатнуваат што ги пали, а што ги одбива мажите и жените кај спротивниот пол!

    Светскиот бестселер Зошто мажите немаат поим, a жените никогаш немаат доволно чевли е проверен одговор за разбирање на вашата втора половина што гарантирано ќе ви помогне да го извлечете максимумот од врската!

     


  • img-book

    Една од омилените афирмации на Лујза гласи Животот те сака!  Таа ги симболизираат нејзиниот живот и работата. Лујза Хеј и Роберт Холден заедно откриваат што навистина значат зборовите животот те сака. Смислата на оваа афирмација означува дека дека животот не ви се случува, туку постои заради вас. Во низата искрени разговори, соговорниците допираат длабоко во човековото битие, во моќта на љубовта, наклонетата природа на реалноста, пријателски настроениот универзум.

    Книгата Животот те сака! се состои од инспиративни приказни, корисни методи, молитви и вежби. Таа претставува практична филозофија што се заснова врз седум едноставни и ефикасни духовни вежби за самоисцелување.

    Љубовта опстојува дури и во свет полн со страв. Дури и кога мислите дека немате ништо, изобилството постои. Дури и кога сте во судир, мирот сè уште е тука. Дури и кога сте сами, постои помош. Дури и кога сте изгубени, постојат насоки. Сè што ви треба е тука. Овде и сега…


    Животот те сака од: 280 ден
  • img-book

    Преселувајќи се во Хонгконг, Хари Хуле мисли дека засекогаш ги оставил зад себе своите трауми, исто како и кариерата во полицијата. Но се случува нешто незамисливо: Олег, момчето што порасна со Хари, е уапсено поради убиство. Не можејќи да поверува во тоа, Хари се враќа дома за да го најде вистинскиот сторител. Иако повеќе не работи во полицијата, тој самостојно го истражува прометот на наркотици по улиците на родниот град, што ги пустоши една нова дрога. На секој чекор го чекаат изненадувања, а истрагата на едно навидум типично наркоманско убиство, добива размери што Хари не ги предвидел. Речиси сите траги водат во иста насока…
    Во оваа досега најлична истрага, Хари мора да се соочи со своето минато и со потресни вистини за Олег и за себе.

    „Исклучително… Ова е најличната истрага на Хари, но Несбе не му дозволува на својот јунак да ја занемари потрагата по вистината поради својата татковска љубов кон Олег, колку и да го чини тоа.“ Паблишерс викли


    Сеништето од: 500 ден
  • img-book

    За да постигнете нешто што не сте постигнале досега, ќе мора да размислувате на начин на кој не сте размислувале досега. Во раце ја држите мапата што ќе ви го покаже патот до успехот. Оваа книга нуди ефикасен систем за промена на вашиот умствен софтвер. Најпознатиот светски мајстор за мотивација и саморазвој, Брајан Трејси, повторно ни открива моќни методи за личен и професионален развој. Ова е уште една воодушевувачка книга полна со мудрост. Сè почнува од вашите мисли, дури и оваа книга. Со нејзина помош ќе ја промените свесноста за своите потенцијали и ќе почнете да се искачувате по скалилата на моќта. Ќе ви ги открие принципите на упехот и како да ги применувате. Започнете го внатрешниот дијалог меѓу себе, Трејси и вашите амбиции и гледајте како тоа ќе ви го промени животот.


  • img-book

    Секој копнее да биде прифатен и сакан. Во идеална ситуација, во текот на детството ја развиваме неопходната самодоверба, која потоа како возрасни нѐ носи низ животот. Меѓутоа, навредите што сме ги доживеале исто така се втиснуваат во нас и несвесно ги одредуваат сите врски и односи во нашиот живот, спречувајќи нѐ да ги оствариме своите потенцијали.

    Внатрешното дете е збир од сето она што во детството оставило силен печат врз нас, преку нашите родители и другите луѓе во нашите животи. Стефани Штал смета дека детето во нас мора повторно да си го најде својот дом. Зашто оној кој нема внатрешен дом, не може да го пронајде ниту во надворешниот свет.

    Сеопфатната програма за практична работа со „внатрешното дете“, како и многуте вежби опишани во оваа книга, ќе ни помогнат да се ослободиме од усвоените обрасци кои нѐ доведуваат во конфликт со нас самите и со нашата околина.

    Детето во тебе мора да си го најде својот дом е книга која не треба да ја прочитаме само еднаш, туку треба да ни стане секојдневен придружник во животот.


  • img-book

    Луѓето го гледаат само тоа што сакаат да го видат.

    Оливија Шо, уредничка на едно од најугледните списанија за храна во Америка, одеднаш дознава дека наследила стар англиски имот и титула. Соочена со смртта на својата сакана мајка, 38-годишната Оливија одеднаш станува грофица обременета од товарот на своите предци, но и на многу мрачни тајни скриени во напуштениот замок.

    Вознемирена од сознанието дека мајка ѝ криела нешто толку големо од неа, го напушта Сан Франциско и заминува во потрага по одговори.

    Само еден поглед кон дворецот Роузмер ќе ѝ биде доволен да сфати дека мајка ѝ со години го сликала на своите платна. Но зошто никогаш не ѝ кажала за својот дом и за причините зошто го напуштила? Слој по слој, Оливија го ослободува минатото од превезот на тајните скриени во дворецот што пропаѓа и во неговите величествени градини. Иако нејзиниот стар живот ја чека да се врати, таа полека се вљубува во англиското село и неговите жители и ја прифаќа новата љубов…

    Прекрасен стил, воодушевувачки ликови, романса, интриги и многу изненадувања кои ќе ги поттикнат читателите на неизвесни претпоставки до самиот крај.

    Киркус ривју


  • img-book

    Од еден до целата љубопитност на светот, колку сакаш да знаеш што има на мистериозниот остров?
    Ако одговорот е: многу, тогаш и ти си истражувач како Стела и Сани.
    Ним не им бега нути една трага.
    Собирање докази или пловење по море?
    Овде ти избираш како ќе ја читаш приказната.
    ТЕ ЧЕКАМЕ ВНАТРЕ!


  • img-book

    „Приказни од Мјаукедонија“ е прво дело на младата и талентирана мачка Емилија Џамбазова-Бавчанска. Таа е родена околу 1 јули 2011 година, во околината на Радовиш, поточно во една од плевните кај радовишките бавчи. Нејзината потресна приказна започнува токму на денот кога таа прогледува, па оставена од нејзината мајка почнува да талка по шумата. Првиот хомо сапиенс на коj ќе налета е нашиот познат актер и водител, Игор Џамбазов, кој подоцна ќе стане и нејзин сопственик. Емилија духовито ќе забележи – МОЖЕБИ ТОЈ Е МОЈОТ СОПСТВЕНИК, НО ЈАС НЕ СУМ НЕГОВА СОПСТВЕНОСТ.
    И така, малечката Емилија тргнува во големиот град. Тој по обичај, не ја ни пречекува. Следуваат сцени какви што само животот може да изрежира. Започнува таа вечна борба на сите млади провинцијалки и лажниот граѓански дух.
    Многу подеми, уште повеќе падови. Многу ѕвездени моменти, уште повеќе разочарувања. Емилија е распната помеѓу новото и традиционалното, помеѓу омразата и љубовта, помеѓу животот и смртта…


  • img-book

    НАМЕНЕТ ЗА СИТЕ ШТО ВЕРУВААТ ДЕКА МОЖАТ ПОДОБРО!

    THRIVITY АКТИВАТОР е интерактивен водич во развојот на вашите потенцијали, кој ја промовира културата на континуирано учење кај поединците, организациите и во општеството.

    Авторскиот тим понуди алатка за развој на 70 бихевиорални компетенции, која на едноставен, но софистициран и прагматичен начин ќе ги крене личниот и професионалниот развој на едно ново, повисоко ниво.

    THRIVITY АКТИВАТОР инспирира високо ниво на свесност за сопствениот личен развој, мотивира прогресивен лидерски стил кој грижата за луѓето и нивниот напредок ги препознава како клучен фактор за успех.

    Наменет е за луѓето кои бараат работа, поединците кои имаат желба за лична и професионална надградба, менаџерите кои се посветени на развој на луѓето, експертите од областа на човечките ресурси и едукаторите кои ќе им ги доближат компетенциите на учениците и студентите, како неопходност за иднината.

    Искористи ги знаењето и искуството пренесени во овој прирачник како инспирација да се оствариш себеси како личност и професионалец.


    Thrivity Активатор од: 600 ден
  • img-book

    Елена и Лила, двете нераздвојни девојчиња од првиот и од вториот роман од сагата, се разделуваат на возраст на триесетина година, кога едната заминува во Фиренца, а другата останува во Неапол. Иако изборот на двете млади жени е сосем различен, тие остануваат постојано во близок контакт, во еден амбивалентен однос создаден од љубов и омраза. И повторно околностите ќе ги зближуваат и оддалечувааат во текот на бурните 70-ти години од минатиот век.

    Приказна за оние што заминуваат и за оние што остануваат има историска и интимна димензија која се одвива во текот на десет години пресудни за Италија, земја во трансформација која чекори кон модерност. Тоа е период на идеолошки превирања во италијанското општество – свет на револуционери, реакционери, студенти, камористи, комунисти, неофашисти, црква, синдикат, гнил владејачки естаблишмент, но и свет кој отвора сосема нови можности и за Елена и Лила.

    Ова е секако книга која не може да се заобиколи. Секој што ја цени моќта на пишаниот збор уште веднаш, по првите страници, ќе се увери дека не се испушта од рака додека не се прочита до крај.


  • img-book

    Неверојатен, мрачен, комичен роман за една богата вдовица и нејзиниот син кои бегаат во Париз по финансискиот распад што го доживуваат во Њујорк

    Франсес Прајс, вдовица, посесивна мајка и познат лик меѓу богатите во Апер Ист Сајд, се наоѓа во незавидна положба – таа и нејзиниот возрасен син, Малком, се пред банкрот. Принуден да ја дели нивната судбина е и стариот мачор, Малиот Френк, во чие тело Франсес верува дека живее духот на нејзиниот покоен сопруг, озлогласениот и неморален адвокат Френклин Прајс.
    Франсес и Малком одлучуваат да се преселат во Париз, оставајќи ги сиромаштијата и отпадништвото зад себе. Но наместо да најдат оддишка, таму уште повеќе доаѓаат до израз нивните самоуништувачки нагони. Група невообичаени ликови служат да ја истакнат пораката на книгата – срамежливиот приватен детектив, јасновитката без животна цел, семејниот лекар и продавачот на вино. Без поздрав е невообичаена „трагедија на манири“, која изобилува со елементи на пародија. Само Патрик Девит успева толку мајсторски да го исмее високиот сталеж и трогателниот однос меѓу мајката и синот.

    „Модерна приказна, сатира за една безгрижна вдовица која трага по совршеното себежртвување… Додека ја читаме книгата, веселиот и опуштен надреализам на Девит прави да ја доживееме како жизнерадосна луда приказна, исто како и нејзините ликови.“
    Њујоркер


    Без поздрав од: 400 ден
  • img-book

    Добитник на Европската награда за литература

    Потпалувачи е приказна за двајца татковци од Белфаст во време на големи социјални немири. Додека градот е во пламен, а властите ја губат контролата, Џонатан и Семи се соочуваат со своите лични демони.

    За Џонатан, тоа е момент кога може да го преобрази својот повлечен живот и да ги прифати можностите да се поврзе со луѓето. Како самохран родител на штотуку родена ќерка, дилемата со која треба да се избори е дали да дозволи љубовта кон детето да го попречи фактот дека тоа ги има наследено карактеристиките од мајка си, сирена.

    Проблемот на Семи е што неговиот пораснат син ги има сите убиствени особини што и самиот ги поседувал како млад. Семи е убеден дека токму тој е предводник на подметнувањето пожари. Треба ли да го пријави сопствениот син во полиција?

    Кога нивните патишта ќе се вкрстат и кога границите помеѓу фантазијата и вистината се замаглуваат, кого овие двајца татковци ќе изберат да заштитат?

    Поттикнувачка и возбудливо оригинална, оваа приказна за суровата семејна љубов и жртвувањето е преполна со магија.

    „Спектакуларна. Силно реална, лудо магична и примамлива.“ – Донал Рајан.

    „Волшебно, интелигентно и храбро.“ – Ајриш тајмс


    Потпалувачи од: 350 ден
  • img-book

    Една романсиерка учествува во телевизиска емисија по повод објавувањето на нејзината прва книга. Таа не се сомнева дека нејзината слика на екранот ќе вознемири еден од телевизиските гледачи вработен како градинар во градот Ножан-Ле-Ротру. Откако ја отслужил својата казна за злосторство што го извршил пред 30 години, тој сега води мирен живот. Но неочекувано, повторно ќе мора да се соочи со сопствените избори и грешки. Зашто романсиерката е ќерка на неговата жртва и за пет дена ќе дојде во локалната книжарница за да ја промовира својата книга.

    Во напната и мачна атмосфера, додека го чека соочувањето со личноста од која се плаши но од која не може да избега, за овој осамен човек почнува одбројувањето…

    Приказна во која секој лик е во потрага по емоционално закрепнување, откако ќе ја прифати одговорноста за своите постапки. Роман за верноста во потрагата по вистината, поттикната од желбата и потребата да им простиме на другите – но и себеси.


  • img-book

    Лујзa Л. Хеј, авторка на многу бестселери, е светски познат лидер во областа на самопомошта. Нејзината клучна порака гласи: „Ако сме подготвени да ја завршиме менталната работа, речиси сè може да се излекува“.

    Во Како да го излечите својот живот таа ни нуди длабок увид во односот меѓу умот и телото. „Животот е навистина многу едноставен. Она што го даваме, тоа ни се враќа“, вели таа. „Она што го мислиме за себе, станува вистина за нас. Верувам дека сите, вклучително и јас, сме одговорни за сè што ни се случува во животот – добро или лошо. Секоја мисла што ја создаваме ја формира нашата иднина. Ние ги создаваме своите искуства со нашиот начин на размислување и со чувствата. Мислите што ги вртиме во главата и зборовите што ги кажуваме ги создаваат нашите искуства.“

    Полн со идеи и стратегии кои биле успешни за милиони луѓе низ светот, овој практичен водич за самопомош ќе ви го промени начинот на размислување засекогаш! Истражувајќи го начинот на кој ограничувачките мисли и идеи нè контролираат и не ни дозволуваат да напредуваме, Лујза Хеј нуди моќен клуч за разбирање на физичките болести и непријатности. Инспиративна книга која ги трансформирала животите на милиони луѓе, длабоко менувајќи им ја свеста за влијанието што умот го има врз нашето здравје и благосостојба.