• img-book

    Разоткривајќи се во заднината на распаднатата Галактичка Империја, приказната за Хари Селдон продолжува во вториот дел на Фондација, најдобрата епопеја во научната фантастика на сите времиња. Предводена од основачот, психоисторичарот Хари Селдон и уживајќи во придобивките од напредната наука и технологија, Фондација успева да ги преживее алчноста и нападите на соседните воинствени планети. Меѓутоа сега мора да се соочи со Империјата, која сè уште е најмоќната сила во Галаксијата, и покрај тоа што се наоѓа пред пропаст. Кога еден амбициозен генерал одлучен да ја врати славата на Империјата ќе ја насочи огромната Империска флота кон Фондација, единствената надеж на малата планета населена со научници се наоѓа во пророштвата на Хари Селдон. Но дури ни славниот психоисторичар не можел да го предвиди раѓањето на неверојатното суштество од мутирана интелигенција со моќ поголема од десетина борбени флоти… моќ што може да го претвори дури и човекот со најсилна волја во послушен роб. Возбудлива приказна за вечната борба за моќ, среде хаосот на ѕвездите во кој човекот стои на прагот на еден нов, просветлен живот.


  • img-book

    Правдата е како вода. Секогаш си го наоѓа патот.

    Уште еден грабеж на банка во центарот на Осло и нова жртва. А мотивот на маскираниот ограбувач е крајно бизарен… Случајот му е доделен на вишиот инспектор Хари Хуле. Тој добива и нова партнерка, ќерка на легендарен полицаец кој и самиот загинал од ограбувач на банки… Во меѓувреме, сликарката Ана – старата љубов на Хари – е најдена мртва во нејзиниот заклучен стан, токму ноќта по неговата посета…И само што ќе ги затворат случаите како решени – нов грабеж на банка, нова жртва и нови, неочекувани докази. Единствениот кој може да помогне е озлогласениот Раскол, кој во меѓувреме им се предава на властите…
    Дали навистина одмаздата е таа што ги движи луѓето? И што се случува кога двајца браќа ќе се вљубат во иста жена?

    „Така се пишуваат криминалистички романи – читателот да го полазат морници, да го чекаат изненадувања на секој чекор“. Vasterviks-Tidningen


    Одмазда од: 500 ден
  • img-book

    Лето, период на годишни одмори. Осло е пуст, зафатен од тропски горештини. Во еден стан недалеку од гробиштата, од таванот капе вода, право во тенџере со зовриени компири, и создава црни грутчиња…

    За тоа време, инспекторот Хари Хуле – пијан, напуштен и веројатно отпуштен од работа – спие на подот во својот стан во Софиина улица. Упорно но неуспешно обидувајќи се да го разобличи вишиот инспектор Том Волер како убиец, ги изневерил сите што му значат нешто. По четиринеделно отсуство, не очекува дека ќе му биде доделен каков и да е нов случај. А тогаш се појавува труп на девојка со отсечен прст и Хари го буди повик од началникот на Одделението за крвни деликти. Во таа последна истрага Хари ќе мора да соработува со единствениот инспектор кој никогаш не оди на одмор: Том Волер. А за наредните денови е најавено покачување на температурите…

    „Несбе уште еднаш се покажа како суверен мајстор на жанрот. Вешто раскажано, со неочекуван исход.“ Оле Јакоб Хул, Адресеависа

    „Роман полн со пресврти и со елегантно поврзани паралелни текови. За секоја пофалба!“ Мортен Абрахамсен, VG (Норвешка)


  • img-book

    Две жени се пронајдени мртви во Осло, удавени во сопствената крв. Полицијата е збунета од убодните рани што ги имаат во устата, зашто се нанесени однатре…

    Одделението за крвни деликти ја праќа Каја Сулнес во Хонгконг, за да го пронајде единствениот норвешки експерт за сериски убијци. Легендарниот полицаец склон кон алкохол се крие во милионскиот град од сеништата од поранешните истраги, сеќавањето на љубената жена и од собирачите на долгови. Но бројот на жртви расте и Хари Хуле неволно се вклучува во истрагата по мистериозното оружје на новиот сериски убиец, која ќе го однесе во срцето на темнината – Белгиско Конго. А патиштата на сите жртви се вкрстуваат во еден планински дом во Норвешка, каде што многу лесно може да се остане заробен во снежните лавини…

    „Овој роман нуди вистински задоволства, три неверојатни пресврти и последни 150 страници што прелетуваат додека да трепнеш.“ УСА тудеј


    Оклопно срце од: 500 ден
  • img-book

    Ноември е, Осло е завеан од првиот снег. По враќањето од работа, Бирта Бекер го пофалува снешкото што го направиле син ѝ и маж ѝ во дворот. Но не го направиле тие… Синот сфаќа дека, наместо да гледа кон улицата, снешкото е свртен кон куќата. Црните очи гледаат право низ прозорецот. Во нив.

    Вишиот инспектор Хари Хуле добива анонимно писмо. Потпишано со „Снешко“. Подоцна, меѓу застарените случаи на исчезнати лица, Хари открива редица вознемирувачки сличности. Исчезнуваат мажени жени со деца токму во денот на првиот снег… Истата ноќ, Силвија Отерсен се пробива низ првиот снег во шумата во близина на Осло. Знае дека животот ѝ зависи од тоа дали ќе избега, но не знае што ја гони. За среќа, не знае ни што ја чека на патот…

    „Несбе со право важи за најпризнат писател на трилери во Норвешка. Она што ќе го открие Хари Хуле засекогаш ќе го промени вашето мислење за белата добродушна фигура. Снешко е извонреден трилер што ќе ви ја расипе дремката додека надвор вее снег.“ Нешнел паблик радио (САД)


    Снешко од: 500 ден
  • img-book

    Во летувалиштето на Војската на спасот силувана е една четиринаесетгодишничка. По дванаесет години, на предбожикниот концерт на оваа организација, некој од толпата убива еден од нејзините војници. Фоторепортерите го сликаат можниот убиец, но стручњакот за препознавање лица Беата Лен ја збунува тоа што ликот му е различен на секоја слика… Инспекторот Хуле тргнува во лов на човекот без лице што го води во поранешна Југославија, и назад во подземјето на норвешката престолнина, во еден свет што бара вечно – или барем мигновено – спасение. А платеникот сè уште не ја завршил својата задача…

    Спасителот е мајсторски испреплетена мистерија што ќе ви ги надмине очекувањата. Покрај ексцентричниот детектив Хари Хуле, тука е и таинствениот убиец израснат од пеколот на војната. Овој беспрекорно уверлив трилер ни покажува дека жедта за одмазда може да ја замрачи дури и најсветлата душа.

    „Несбе постепено изби на врвот на скандинавскиот криминалистички роман, и тоа во мошне сериозна конкуренција. Во Спасителот тој се надмина себеси, а неговиот јунак, детективот Хуле, стана омилениот лик од овие простори… Неверојатни пресврти и напната атмосфера.“ Тајмс


    Спасителот од: 500 ден
  • img-book

    944: Во рововите кај Ленинград загинува норвешкиот доброволец Даниел Гудесон. Во една виенска болница еден ранет војник се претставува како Даниел. Тој се вљубува во убавата болничарка Хелена.

    1999: Поради неусогласеност на службените информации, Хари Хуле ќе застрела еден припадник на американската тајна служба при посетата на американскиот претседател на Норвешка. За да се забошоти инцидентот, Хуле е префрлен во Полициската служба за безбедност, каде што самоиницијативно се зафаќа со проверка на информации за шверцување на оружје, поврзани со неонацистите. И така, клопчето почнува да се одмотува…

    2000: додека снегот почнува да се топи по улиците на Осло, на сцената стапува еден необичен убиец со уште понеобична намера…

    Живописните сцени на Несбе ви се одвиваат пред очите како на филмско платно. Дејството е динамично, заплетот е доследен и сложен, а ликовите ќе ве воодушеват. Романот ги обединува во себе двата најдобри филмски жанра – воената сага и трилерот. УСА тудеј


    Црвеношијка од: 490 ден
  • img-book

    Главниот јунак во оваа книга е Самјуел Блинк, но тој сѐ уште не го знае тоа. Засега седи во семејниот автомобил заедно со сестра си Марта и се нервира од нејзиното пеење… сѐ додека не го здогледа огромниот трупец што паѓа од еден камион и засекогаш им го менува животот.


    СЕНИШНАТА ШУМА од: 450 ден
  • img-book

    Што треба да направиме за да бидеме среќни?

    Според Хорхе Букај, за да тргнеме по вистинскиот пат треба да си одговориме на следните прашања: Кој сум? Каде одам? Со кого? Не треба патот да нè определува кои сме, ниту пак човекот кој нè придружува да одлучува каде одиме. По патот треба истовремено да се забавуваме и да научиме да го цениме она што го имаме, и ако е потребно да почнеме од почеток, да го направиме тоа без да престанеме да веруваме во себеси.

    Тоа се лекциите што психотерапевтот Хорхе се обидува да му ги пренесе на студентот Демијан, дојден кај него да најде решение за своите животни дилеми. Тој добива одговори во облик на случки кои Дебелиот (тоа е прекарот на необичниот терапевт) ги црпи како од животот, така и од античките митови, од зен-мудростите, од народните и од суфи- приказните и од автори како Егзипери и Лафонтен.

    Тие случки ќе ве трогнат, ќе ве насмеат или едноставно ќе ве натераат да се замислите, но едно е сигурно: нема да ве остават рамнодушни.


  • img-book

    Оваа книга ќе ве научи како да ги привлечете луѓето да ве слушаат со интерес, ќе ви покаже колку е важно вистински да слушате и да го користите чуеното во своја полза. Ќе ви помогне да совладате неколку најважни вештини во денешниот конкурентен свет – умешноста да зборувате пред публика, умешноста да водите спор и да излезете победник од него. Научете да комуницирате на нов начин, да ги придобивате луѓето на своја страна и да постигнувате успеси!

    Без разлика дали продавате производи, услуги или идеи, деталните објаснувања и вежбите во оваа книга ќе ве научат како да ја зголемите својата моќ на убедување. Конкретно, книгата ви открива:

    • Едноставен процес за постигнување супериорна комуникација
    и влијание.
    • 10 најчести грешки во деловната комуникација.
    • 19 вежби за кратка и лесно разбирлива презентација.
    • Ментални активатори и како да ги користите.
    • Како да ги претворите заинтересираните во лојални клиенти.
    • 12 докажани чекори за да станете убедливи и да се издвоите
    од просечните.
    • И многу повеќе.

    Сето ова базирано врз принципите за успех поставени од Дејл Карнеги, надградени од неговите следбеници и применети од милиони луѓе што живеат според нив!


  • img-book

    Роџер Браун е пронаоѓач на стручни кадри и е најдобар во својата професија. Но, ваквата кариера не е доволна за да го финансира неговиот луксузен начин на живот и новата галерија на неговата сопруга. Една вечер, на отвoрање на изложба, тој се запознава со Клас Греве, кој не само што е совршен кандидат за позицијата извршен директор на една компанија, туку е и решение за сите негови финансиски грижи: Греве, навидум случајно, спомнува дека е сопственик на слика од Питер Пол Рубенс од непроценлива вредност, која се води како исчезната уште од времето на Втората светска војна – а Роџер Браун е вплеткан во кражби на уметнички дела. Но, откако ќе провали во станот на Греве, покрај сликата открива и многу други работи. А, Клас Греве станува најужасното искуство во животот на Роџер Браун.

    „Превртлив трилер со хичковска приказна… Несбе приредува еден шок по друг, а кулминира со невиден и неочекуван сплет на настаните. Возбудлива приказна која нема да ви дозволи да ја пуштите од раце“. Буклист„Доколку не го познавате Ју Несбе, крајно време е да го запознаете“. – УСА тудеј


    ЛОВЦИ НА ГЛАВИ од: 400 ден
  • img-book

    Октав Паранго во 90-тите работи како копирајтер, во 2000 е моден агент, а во 2010 година открива нова професија…

    Човек што плаче од смеење е заокружување на трилогијата на Октав Паранго за современите отуѓувања. Суров и смешен, циничен и искрен, со духовити забелешки за човековиот живот и актуелниот миг, овој роман изобилува со емоции и очајни исповеди. Користејќи го своето алтер его, Фредерик Бегбеде пишува памфлет против недостатоците на западното општество, особено во медиумите.

    За жал, сѐ е точно во оваа смешна и очајна сатира!


  • img-book

    ТАЈНИТЕ НА ЛИДЕРСТВОТО ШТО ГИ УПОТРЕБУВААТ ЕКСПЕРТИТЕ И ВРВНИТЕ ПРОФЕСИОНАЛЦИ.Постигнете брзи резултати со овој едноставен водич низ основите на лидерствотоВо оваа книга ќе откриете како:да развиете сопствен лидерски стилда ги идентификувате стратешките цели во вашата организацијада мотивирате и менаџирате тимови од различна големинада изградите култура на резултати и одговорностда водите во услови на криза


  • img-book

  • img-book

    Зошто Сани и Стела сакаат да дојде ноќта?

    Зашто се собирачи на ѕвезди! А зошто? „А зошто?“ е бескрајна игра на прашања. Колку повеќе „А зошто?“, толку повеќе одговори. Да ги одговориме и да ги запишеме сите љубопитни прашања! А зошто? Затоа што со секое „А зошто?“ стануваме собирачи на знаења.


    А ЗОШТО? од: 200 ден
  • img-book

    А како авион, или Б како бубамара, сите букви
    во боенкава прават шара.
    Обојте ги буквите и научете нов збор!
    Стела и Сани помогнаа да се одберат зборовите,
    а вие забавувајте се со нивно боење!