• img-book

    Ексклузивна биографија на Стив Џобс напишана со негова целосна соработка.Врз основа на повеќе од четириесет интервјуа со Стив Џобс направени во тек на цели две години – како и врз основа на интервјуа со над сто негови роднини, пријатели, непријатели, ривали и колеги – оваа книга е хроника на неговиот возбудлив живот и див карактер, приказна за креативниот претприемач кој се стремеше кон совршенство и му се предаваше на својот немирен, интуитивен порив, житие за човекот кој успеа да изврши револуција во шест различни индустрии: персоналните компјутери, анимираните филмови, музиката, мобилните телефони, таблет- компјутерите и дигиталното издаваштво. Во време кога општествата од целиот свет се обидуваат да изградат економија што ќе биде во тек со дигиталната ера, Џобс е иконата за креативност и применета имагинација. Знаеше како да создаде вредност во дваесет и првиот век: ја поврза имагинацијата со технологијата, создаде компанија во која креативноста беше на исто ниво со високата технологија. Џобс е искрен, можеби и претерано искрен, за луѓето со кои работеше, соработуваше и се натпреваруваше на пазарот. Исто така, неговите пријатели, непријатели и колеги нудат искрени прикази за она што го сакаше и го мразеше, за неговите демони, за перфекционизмот, за желбите, мајсторството, ѓаволштините и опседнатоста со контрола, сето она што ги обликуваше неговиот пристап кон работата и иновативните производи што резултираа од вложениот труд. Знаеше да ги разбесни и да ги фрли во очај блиските. Но неговиот карактер и производите што ги создаваше беа тесно поврзани, исто како што се поврзани хардверот и софтверот на производите на „Епл“. Неверојатната приказна за животот и делото на Стив Џобс е токму оваа мајсторски напишана биографија, исполнета со лекции за иновација, карактер, вредности и раководство.


    СТИВ ЏОБС од: 650 ден
  • img-book

    Моќта на секоја организација е одредена пред сè од способноста на нејзините менаџери. Сакате да бидете незаменливи во вашата компанија? Едноставно – подобрете ги своите менаџерски вештини.

    Во овој корисен мал прирачник експертот за личен развој Брајан Трејси ви го открива лесниот пат до:

    • продуктивно доделување задолженија
    • отстранување на дразбите што го одвлекуваат вниманието и насочување кон високоисплатливи активности
    • дефинирање полиња за клучни резултати
    • ефикасно вработување и отпуштање
    • создавање врвен тим на посветени работници
    •одржување конструктивни состаноци
    • поттикнување на тимскиот дух
    • јасно комуницирање
    • давање личен пример
    • брзо носење добри одлуки, и уште многу други нешта.

    Направете ја оваа книга свој личен водич на патот кон успехот! Нејзините испробани техники ќе ви покажат како да го извлечете најдоброто од своите вработени – и да достигнете нови височини во сопствената кариера.


    МЕНАЏМЕНТ од: 250 ден
  • img-book

    Тао те чинг не е израз само на филозофијата и мистиката на Истокот. Езотерична и истовремено практична книга применлива во животот на современиот човек, таа е ода на мудроста од вечниот извор што го носиме во себе.

    Учењето на таоизмот и на „Стариот учител“ нуди одговори за најразлични животни прашања, а идејата за умствена и душевна рамнотежа ја прави корисна и во бизнисот и во политиката. Следењето на овие концепти доведува до разбирање на сите нешта во човековата природа, поставувајќи го себепознанието како највисока мудрост. Тие го покажуваат патот до внатрешната сила и моралното живеење што, всушност, е и целта и значењето на тао, или правиот пат .

    Ова ремек-дело на кинескиот мудрец Лао Це е задолжителен прирачник за сите кои сакаат да живеат во хармонија со себеси, со другите луѓе и со природата. Иако е напишано пред повеќе од 2.500 години на Далечниот Исток, концептите и учењата што ги изнесува никогаш не биле порелевантни за современиот западен свет. Тао те чинг е практичен водич до идеалната личност што треба да ја постигне секој поединец.


    ТАО ТЕ ЧИНГ од: 199 ден
  • img-book

    Бегството не е само пронаоѓање засолниште, туку и на себеси.

    Неверојатно длабока животна приказна за една мајка ослепена од трагедиите што ќе ги види, и татко кој се бори за нивно преживување среде сириската патека за бегалци во Европа. Нури е пчелар, а неговата жена Афра е уметник. Живеат мирен живот полн со љубов во прекрасниот сириски град во Алепо, додека не се случи незамисливото – започнува војна. Принудени да го напуштат животот кој го познаваат, тргнуваат на опасно патување кон неизвесната иднина во Велика Британија.

    На тоа патување низ светот што се распаѓа тие не се соочуваат само со болката од огромната загуба, туку и со опасности што би ги исплашиле и најхрабрите. Избегнувајќи ги замките и заканите на бегалските патишта, тие истовремено патуваат и еден кон друг, тешејќи се и наоѓајќи сили да ги прифатат новите делови од себе.

    Потресна и моќна, прекрасно напишана книга која е сведоштво за триумфот за човековиот дух.

    „Создавајќи ликови со толку богати, комплексни внатрешни животи, Лефтери ни посочува дека е доволно да покажеш сочувство за еден човек, за тоа да се прошири на милиони.“

    Тајм


  • img-book

    Таа е неговата најнај другарка, тој нејзиниот најнај другар. Се викаат Стела и Сани, а меѓу себе Јасти и Тијас. Родени се на ист ден, во иста година, во ист час. Исти им се и имињата. Sвездени.Живеат во исто маало, учат во исто одделение, исти нешта ги интересираат. Изгледа дека ништо не би можело да ги раздели, па сепак…

    Кога ќе се најдат илјадници километри далеку еден од друг, продолжуват да се дружат преку мејлови. Но колку можат тие да им ги надоместат живите средби, гушкањата, заедничката смеа, солзите, воздишките?… Ќе се смени ли нешто меѓу нив? Дали ќе успеат да ја одржат блискоста?

    На прагот се од тинејџерската доба со неброени прашања без одговори. И премногу си недостигаат. Ех, само кога повторно би се виделе!

    Ти носам пустински песок, прв роман за деца и млади од авторката на Последниот чај, Полиња со диви нарциси, Понекогаш доаѓа среќа, Луна и Вилино.


  • img-book

    СТЕЛА: Обвинета сум за хакирање на целата документација во гимназијата. Сите оценки се избришани. Нема шанси да докажам дека не бев јас. Вљубена сум во еден, а тој во онаа што ја избриша документацијата, и нема шанси да ме засака. Како да излезам од ова?

    САНИ: Ме претепаа пред зградата на Наде, само затоа што ја сакам. Ми ја скршија и гитарата, а не е моја. Ме обвинија дека ѕиркам на физичко во женската соблекувална. А јас само сакав да ја сретнам Наде. Како се најдов во сето ова?

    Исти души, исти гајлиња. Ова е роман во кој самите треба да го допишете крајот.

    Прв роман за младинци од авторот на романите Вештица, Ќерката на математичарот и Папокот на светот.


  • img-book

    Најважното нешто што го поседува една компанија се нејзините луѓе.

    Ако се стремите кон успех во работата и кариерата, треба да воспоставите рамнотежа меѓу лидерството и менаџирањето. Научете како да ги препознаете и искористите предностите на својот лидерски стил за да ги постигнете најдобрите резултати – за себе и за вашата организација. Откријте ги тајните на успешните луѓе:

    • Која е суштината на лидерството и менаџирањето?
    • Како да ги најдете и вработите најдобрите луѓе?
    • Како да ги мотивирате вработените, а притоа да останат одговорни?
    • Како може да се постигнат лесно менаџирање и високи резултати?
    • Како да се справите со конфликти и негативности?…

    Нашиот успех како лидери зависи од способноста да се соочиме со предизвиците, да се справиме со луѓето со тежок карактер, да им препуштаме на вработените одговорност за нивните цели и задолженија, а во исто време да ги обучуваме и мотивираме, да се грижиме за нив и да ги решаваме појавените проблеми.
    Разгледувајќи ги овие и многу други аспекти на лидерството, оваа книга нуди драгоцени и докажани стратегии што ни помагаат да напредуваме во нашата професија.


  • img-book

    Вие имате моќ да го збогатите својот живот, моќ да ги надминете неволјите и да постигнете среќа, хармонија, здравје и просперитет.

    Оваа книга ги содржи принципите што ги постави Дејл Карнеги и што ги применија милиони луѓе за да научат како да го усогласат својот пристап кон различни ситуации со кои се соочуваат. Ќе научите како да ги откриете своите силни и слаби страни, како да ги подобрите своите предности и да ги надминете слабостите.

    Ќе ви помогне да разберете како моментално се справувате со животните перипетии, и што треба да подобрите за да ги остварите своите потреби. Клучните идеи за збогатување на животот што ќе ги добиете од оваа книга се:

    • Како да ги урамнотежите клучните фази во животот: личниот, професионалниот и социјалниот.
    • Како да ги намалите стресот и загриженоста.
    • Како најефикасно да комуницирате со другите.
    • Како да станете харизматична личност.
    • Како да се справите со комплицирани, тешки луѓе.
    • Како да ги контролирате своите емоции.

    Советите презентирани во оваа книга ќе ви го збогатат животот. Тие не се теоретски или филозофски проповеди, туку произлегуваат од искуството на луѓе како вас, кои ги примениле за да ги променат своите животи од просечно постоење до задоволувачко, значајно и возбудливо патување.


  • img-book

    На небото има еден облак бел. Колку капки дожд може да паднат од него? Колку чадори се доволни за да не наврнат зградите? Колку капи носат кртовите кои спијат? А колку очиња се будни?

    Отвори ја сликовницата и започни необично броење со Сани и Стела.

    За три, два, еден…сега!


  • img-book

    Ремек-дело на научната фантастика, серијалот Фондација на Исак Асимов е ненадминат според уникатната комбинација на непрекината акција, смели идеи и екстензивно градење на светот. Приказната за нашата иднина почнува со историјата на Фондацијата и нејзиниот најголем психоисторичар, Хари Селдон.

    Цели дванаесет илјади години Галактичката Империја била неприкосновен владател. Таа сега умира. Само Хари Селдон, творец на револуционерната наука психоисторија, може да ја види иднината – мрачен период на незнаење, варварство и војни што ќе траетриесет илјади години. За да го зачува знаењето и да го спаси човештвото, Хари Селдон ги собира најблескавите умови на Империјата и ги носи на пуста планета некаде на крајот на Галаксијата, за да станат факелна надеж за идните генерации. Ова засолниште го нарекува Фондација.

    Но не поминува многу време пред младата Фондацијада се најде оставена на милост и немилост накорумпираните господари на војната кои се засилуваат во миговите на згаснување на моќта на Империјата.Последната шанса на човештвото е соочувањето со тешкиот избор – да им се потчини на варварите и да живее во ропство, или да се бори за својата слобода ризикувајќи да биде целосно уништено.


    Фондација од: 380 ден
  • img-book

    Разоткривајќи се во заднината на распаднатата Галактичка Империја, приказната за Хари Селдон продолжува во вториот дел на Фондација, најдобрата епопеја во научната фантастика на сите времиња. Предводена од основачот, психоисторичарот Хари Селдон и уживајќи во придобивките од напредната наука и технологија, Фондација успева да ги преживее алчноста и нападите на соседните воинствени планети. Меѓутоа сега мора да се соочи со Империјата, која сè уште е најмоќната сила во Галаксијата, и покрај тоа што се наоѓа пред пропаст. Кога еден амбициозен генерал одлучен да ја врати славата на Империјата ќе ја насочи огромната Империска флота кон Фондација, единствената надеж на малата планета населена со научници се наоѓа во пророштвата на Хари Селдон. Но дури ни славниот психоисторичар не можел да го предвиди раѓањето на неверојатното суштество од мутирана интелигенција со моќ поголема од десетина борбени флоти… моќ што може да го претвори дури и човекот со најсилна волја во послушен роб. Возбудлива приказна за вечната борба за моќ, среде хаосот на ѕвездите во кој човекот стои на прагот на еден нов, просветлен живот.


  • img-book

    Правдата е како вода. Секогаш си го наоѓа патот.

    Уште еден грабеж на банка во центарот на Осло и нова жртва. А мотивот на маскираниот ограбувач е крајно бизарен… Случајот му е доделен на вишиот инспектор Хари Хуле. Тој добива и нова партнерка, ќерка на легендарен полицаец кој и самиот загинал од ограбувач на банки… Во меѓувреме, сликарката Ана – старата љубов на Хари – е најдена мртва во нејзиниот заклучен стан, токму ноќта по неговата посета…И само што ќе ги затворат случаите како решени – нов грабеж на банка, нова жртва и нови, неочекувани докази. Единствениот кој може да помогне е озлогласениот Раскол, кој во меѓувреме им се предава на властите…
    Дали навистина одмаздата е таа што ги движи луѓето? И што се случува кога двајца браќа ќе се вљубат во иста жена?

    „Така се пишуваат криминалистички романи – читателот да го полазат морници, да го чекаат изненадувања на секој чекор“. Vasterviks-Tidningen


    Одмазда од: 500 ден
  • img-book

    Лето, период на годишни одмори. Осло е пуст, зафатен од тропски горештини. Во еден стан недалеку од гробиштата, од таванот капе вода, право во тенџере со зовриени компири, и создава црни грутчиња…

    За тоа време, инспекторот Хари Хуле – пијан, напуштен и веројатно отпуштен од работа – спие на подот во својот стан во Софиина улица. Упорно но неуспешно обидувајќи се да го разобличи вишиот инспектор Том Волер како убиец, ги изневерил сите што му значат нешто. По четиринеделно отсуство, не очекува дека ќе му биде доделен каков и да е нов случај. А тогаш се појавува труп на девојка со отсечен прст и Хари го буди повик од началникот на Одделението за крвни деликти. Во таа последна истрага Хари ќе мора да соработува со единствениот инспектор кој никогаш не оди на одмор: Том Волер. А за наредните денови е најавено покачување на температурите…

    „Несбе уште еднаш се покажа како суверен мајстор на жанрот. Вешто раскажано, со неочекуван исход.“ Оле Јакоб Хул, Адресеависа

    „Роман полн со пресврти и со елегантно поврзани паралелни текови. За секоја пофалба!“ Мортен Абрахамсен, VG (Норвешка)


    Додадена
  • img-book

    Две жени се пронајдени мртви во Осло, удавени во сопствената крв. Полицијата е збунета од убодните рани што ги имаат во устата, зашто се нанесени однатре…

    Одделението за крвни деликти ја праќа Каја Сулнес во Хонгконг, за да го пронајде единствениот норвешки експерт за сериски убијци. Легендарниот полицаец склон кон алкохол се крие во милионскиот град од сеништата од поранешните истраги, сеќавањето на љубената жена и од собирачите на долгови. Но бројот на жртви расте и Хари Хуле неволно се вклучува во истрагата по мистериозното оружје на новиот сериски убиец, која ќе го однесе во срцето на темнината – Белгиско Конго. А патиштата на сите жртви се вкрстуваат во еден планински дом во Норвешка, каде што многу лесно може да се остане заробен во снежните лавини…

    „Овој роман нуди вистински задоволства, три неверојатни пресврти и последни 150 страници што прелетуваат додека да трепнеш.“ УСА тудеј


    Оклопно срце од: 500 ден
  • img-book

    Ноември е, Осло е завеан од првиот снег. По враќањето од работа, Бирта Бекер го пофалува снешкото што го направиле син ѝ и маж ѝ во дворот. Но не го направиле тие… Синот сфаќа дека, наместо да гледа кон улицата, снешкото е свртен кон куќата. Црните очи гледаат право низ прозорецот. Во нив.

    Вишиот инспектор Хари Хуле добива анонимно писмо. Потпишано со „Снешко“. Подоцна, меѓу застарените случаи на исчезнати лица, Хари открива редица вознемирувачки сличности. Исчезнуваат мажени жени со деца токму во денот на првиот снег… Истата ноќ, Силвија Отерсен се пробива низ првиот снег во шумата во близина на Осло. Знае дека животот ѝ зависи од тоа дали ќе избега, но не знае што ја гони. За среќа, не знае ни што ја чека на патот…

    „Несбе со право важи за најпризнат писател на трилери во Норвешка. Она што ќе го открие Хари Хуле засекогаш ќе го промени вашето мислење за белата добродушна фигура. Снешко е извонреден трилер што ќе ви ја расипе дремката додека надвор вее снег.“ Нешнел паблик радио (САД)


    Снешко од: 500 ден
  • img-book

    Во летувалиштето на Војската на спасот силувана е една четиринаесетгодишничка. По дванаесет години, на предбожикниот концерт на оваа организација, некој од толпата убива еден од нејзините војници. Фоторепортерите го сликаат можниот убиец, но стручњакот за препознавање лица Беата Лен ја збунува тоа што ликот му е различен на секоја слика… Инспекторот Хуле тргнува во лов на човекот без лице што го води во поранешна Југославија, и назад во подземјето на норвешката престолнина, во еден свет што бара вечно – или барем мигновено – спасение. А платеникот сè уште не ја завршил својата задача…

    Спасителот е мајсторски испреплетена мистерија што ќе ви ги надмине очекувањата. Покрај ексцентричниот детектив Хари Хуле, тука е и таинствениот убиец израснат од пеколот на војната. Овој беспрекорно уверлив трилер ни покажува дека жедта за одмазда може да ја замрачи дури и најсветлата душа.

    „Несбе постепено изби на врвот на скандинавскиот криминалистички роман, и тоа во мошне сериозна конкуренција. Во Спасителот тој се надмина себеси, а неговиот јунак, детективот Хуле, стана омилениот лик од овие простори… Неверојатни пресврти и напната атмосфера.“ Тајмс


    Спасителот од: 500 ден