• img-book

    Од далеку ли доаѓате?, ме прашува.
    – Не од блиску, од многу блиску.
    Сомничаво ја ниша главата. Со авион не се доаѓа од близу, сака да каже, ама премолчува.
    – Долго ли бевте на пат?
    – Не бев на пат.
    – Туку… – Бев дома.
    – А сега, кај одите?
    – Дома.
    – Ништо не разбирам, вели подналутено и гласно ја пушта музиката.

    Спакувај се и замини! Каде? Што е можно подалеку. Зошто? За да дознаеш. Што? Не прашувај. Одважи се и тргни! Можеш ли!? Ако може жената од Последниот чај можеш и ти. Препушти ѝ се да те одведе до Тара, Елена, Савита, Џиду, Тарун, Самир… до самиот тебе. Последниот чај ги отвора нашите сопствени приказни. Нè охрабрува да се соочиме со нив и да ги прифатиме такви какви што се, убави или грди, сеедно.

    Ова е роман во кој понекогаш и една единствена реченица е голема приказна врз која се останува долго време. Толку долго колку што е потребно таа да се спои со личната приказна на оној што ја чита. Сочувствителен. Љубовен. Нежен, а цврст. Меко што зборува за груби болки и вистини, покажувајќи како се исцелуваат и претвораат во спокојство.


    Последниот чај од: 250 ден
  • img-book

    Младата Гора е заплеткана во необични сестрински односи со Ведра. Давид по разводот опсесивно се врзува за своето синче. Средбата меѓу девојката и зрелиот човек навестува љубов, но не им ги олеснува животите. Во насловот се насетува среќен крај, ама до него треба да се стаса низ многу пречки, болни интимни соочувања и преиспитувања… низ созревање.Овој роман само навидум се движи по еднонасочен колосек. „Попатните станици“ го прават богат и слоевит, непредвидлив, возбудлив… (…Љубовта те прави свесен за неименливиот недостиг…)

    „Оваа загадочна исповед во нашите раце не е љубовен роман. Или барем не претендира да биде. Таа ги допира најранливите места на нашата склоност да се приврзуваме за сенките и одблесоците на она што замислуваме дека сме. Местата каде што започнува секое наше суштинско прогонство… и, одново пронаоѓање.“отец Методиј Златанов


  • img-book

    Романот „1984“ се вбројува меѓу највлијателните книги на дваесеттиот век и претставува ретко дело чие значење добива се поголема моќ денес, кога неговото предвидување почнува да се остварува.

    Објавен во 1949 година, најпознатиот роман на политичкиот сатиричар Џорџ Орвел ни ја открива кошмарната визија за еден тоталитарен, бирократски свет и за обидот на еден обичен човек да ја зачува својата индивидуалност. Мајсторството на „1984“ лежи во авторовото претскажување на модерниот живот – сеприсутноста на телевизијата, искривоколчувањето на јазикот – и неговата способност да создаде толку сеопфатна верзија на пеколот.

    Култниот роман и 70 години по објавувањето останува задолжително четиво и се уште важи за една од најзастрашувачките книги што некогаш биле напишани.


    1984 од: 450 ден
  • img-book

    Разбудете се и преземете ја контролата врз својот живот!

    Веќе 30 години Разбудете го џинот во себе го задржува приматот на една од најзначајните книги за мотивација и самопомош што биле некогаш напишани. Милиони луѓе се будат со помислата дека нема да прифатат ништо помалку од неверојатен живот. И сето тоа благодарејќи на ефикасните совети и најквалитетните техники за самоусовршување кои ќе ви овозможат да станете личност каква што секогаш сте сонувале да бидете.

    Ентони Робинс, реномираниот експерт за психолошкиот процес на промените, ни ги открива најефикасните стратегии и техники за справување со емоциите, со промените на нашето тело, со врските, финансиите и воопшто со сето она што го сочинува нашиот живот. Ни нуди програма која чекор по чекор нè учи на основните лекции како да завладееме со сопствената судбина, кои ќе ни помогнат да ја откриеме вистинската цел во животот, да ја преземеме контролата и да завладееме со силите кои ни ја обликуваат судбината.

    „Тони Робинс е еден од највлијателните луѓе на оваа генерација. Разбудете го џинот во себе е фасцинантно претставување на најновите наоди и согледувања низ цел еден спектар прашања, вклучувајќи ја и сè поголемата свесност дека вистинскиот успех се состои, пред сè, во трајните вредности и во помагањето на другите.“ Стивен Р. КОВИ


  • img-book

    Бестселер на Њујорк тајмс, книга на годината на Фајненшл тајмс, Блумберг, Чикаго трибј

    Како еден кубански шпион поминал над 25 години во Пентагон без да биде откриен? Зошто британскиот премиер Чејмберлен сметал дека може да му верува на Хитлер? Како рутинското застанување во сообраќајот може да се претвори во трагедија? И зошто е толку тешко да се открие лага, да се прочита изразот на нечие лице или да се проценат туѓите мотиви?…Затоа што честопати погрешно ги разбираме луѓето што не ги познаваме.

    Преку низа анегдоти од областа на историјата, психологијата и законот, Гледвел нѐ поведува во интелектуална авантура низ потемната страна на човечката природа, каде што непознатите луѓе и нивните постапки ни се голема мистерија, а погрешното расудување за нив доведува до катастрофални последици. Фасцинантна книга што нè поттикнува да ги преиспитаме своите начини за справување со непознатото.

    Книга од која можеме да научиме како да разговараме со непознатите за да ги избегнеме недоразбирањата и конфликтите кои честопати можат да бидат и фатални.


  • img-book

    Кога Сани и Стела најдоа балон, сите животни сакаа да влезат.

    Но, дали во тој балон ќе има место и за еден голем слон?

    Шарена приказна со многу животни и еден неочекуван крај.


  • img-book

    Каде се изгуби чорапот со боја бела?

    Што е мокро, а што е суво?

    Помогнете им на Сани и Стела во нивниот двор да го пронајдат чорапот учејќи за боите, формите и спротивното значење на зборовите.


  • img-book

    Ова е твоjа книга.

    Напишана е за тебе

     

    Во неа ќе наjдеш

    многу приjатели,

    сосем мали и многу големи,

    волшебни, чудни, убави и смешни.

    Тие ти донесоа дарови

    и приказни за себе

    и за својот свет.

    За прекрасен свет,

    ќе видиш.


  • img-book

    Тони Робинс ја нарекува нова наука за лично постигнување. Вие ќе ја нарекувате најдоброто нешто што ви се случило.

    Ако некогаш сте сонувале за подобар живот, Неограничена моќ ќе ви покаже како да го постигнете и како да управувате со својот личен и професионален живот што го посакувате и заслужувате. Робинс преку своите книги, програми и семинари им докажал на милиони луѓе дека жнеејќи ги плодовите на умот, можете да правите, да имате, да постигнете и да создадете сѐ што сакате во својот живот. Им покажал на претседатели на држави, членови на кралското семејство, на олимпијци и професионални спортисти, филмски ѕвезди и деца како се постигнуваат успеси.

    Со Неограничена моќ тој страсно и елоквентно ни ја открива науката за лично достигнување и нѐ учи за:

    – Како да дознаете што навистина сакате

    – Седумте лаги на успехот

    – Како да го репрограмирате својот ум за само неколку минути за да ги надминете стравот и фобијата

    – Тајната за создавање моментален однос со секој што ќе го сретнете

    – Како да го удвоите успехот на другите

    – Петте клучеви за здравје и среќа…

    Неограничена моќ е револуционерна книга за умствен развој. Ќе ви покаже како, чекор по чекор, да постигнете најдобри резултати добивајќи емоционална и финансиска слобода, развивајќи лидерство и самодоверба и остварувајќи соработка со другите. Ќе ви овозможи знаење и храброст да се смените себеси и својот свет.

    Неограничена моќ е прирачник за надмоќни постигнувања во ерата на успех.


  • img-book

    Нашиот животен пат е поплочен со верувања што се развиваат од најраното детство, па сè до последните часови на нашиот живот.  Ограничувачките верувања се честа причина поради која немаме самодоверба, остануваме заробени во комфорната зона и не го живееме животот што го заслужуваме.

    Оваа книга ќе ве ослободи. Приказните од срце, советите што им помогнале на илјадници луѓе низ светот и неверојатните откритија на авторот ќе ви покажат, чекор по чекор, како да го живеете својот живот од соништата. Таа ќе ви ги открие верувањата што ве попречуваат и кои без одложување ќе мора да ги промените за да станете самоуверени, храбри и отворени за промени. Ќе се ослободите од чувството на помала вредност, од чувствата на вина, срам и страв.

    Вие сте вашите уверувања претставува моќен прирачник за постигнување на зацртаните цели. Таа е лична исповед на авторот Смиљан Мори, кој успеал да се ослободи од вкоренетите верувања што со години му го расипувале квалитетот на животот. Денес тој е неизмерно успешен претприемач, автор, мотивациски говорник и среќен сопруг и татко на две деца. Препуштете им се на неговите зборови и станете најдобрата верзија на самите себе.

    Подарете си ја оваа книга – зашто со неа ќе си дарите слобода!


  • img-book

    ВАЖНО Е ДА ЗНАЕМЕ ПРАВИЛНО ДА УПРАВУВАМЕ СО ПАРИТЕ, А ИРОНИЧНО Е ШТО ЗА ТОА НЕ НÈ УЧАТ НИ ОД ДОМА НИ НА УЧИЛИШТЕ.

    Парите не се сѐ и не е сѐ во парите, но без нив не можеме да функционираме. Не можеме да го подобриме својот живот и животот на своето семејство, не можеме да им помогнеме на другите. Додека немаштијата го понижува човекот, го парализира и му го одзема достоинството, парите се средство со кое можеме да направиме многу работи за себе, за своите блиски, за нашата планета. Тие се една од најважните работи во животот, иако за многумина сѐ уште будат непријатни чувства, страв, отпор. Што нѐ спречува да заработуваме пари? И зошто некогаш ги трошиме толку неразумно?

    Ако сте веќе уморни од вртењето во маѓепсаниот круг на вечен недостиг, ако сакате да си создадете златна резерва наместо одвај да врзувате крај со крај, ја имате вистинската книга в раце. Време е да се погрижите парите да работат за вас.

    Станете господари на својата судбина и на своите финансии!


  • img-book

    Можеше да има неколку победници и многу губитници. А сепак продолжувавме да играме затоа што имавме надеж дека ние би можеле да бидеме среќниците.

    Ремек-дело за припадноста, интегритетот, лојалноста и амбицијата. „Пачинко“ е роман за дискриминацијата и за егзилот, за надежта да се преживее и да се напредува пред рамнодушната историја.

    Приказната почнува во времето на окупацијата на Кореја од Јапонија, во сиромашното семејство на еден рибар. Неговата ќерка, тинејџерката Сунча, се вљубува во еден богат странец на брегот, близу нејзиниот дом. Тој ѝ го ветува светот, но кога таа открива дека е бремена и дека нејзиниот љубен е женет, одбива да биде откупена. Наместо тоа, ја прифаќа брачната понуда од еден љубезен човек кој патува кон Јапонија. Нејзината одлука го означува почетокот на една драматична сага за луѓе кои не можат да се вратат во родниот крај во кој беснее војна, кои се принудени да живеат во место каде што не се прифатени.

    Оваа повеќеслојна и трагична приказна нè носи од напуштените улици до ходниците на најпознатите универзитети во Јапонија. Таа е доказ дека една семејна приказна може да ја раскаже историјата на цел народ. „Живописна и извонредна, книгата Пачинко е богатo признание за луѓето чија историја се чини дека се брише.“  Гардијан

    „Проблемите со кои се соочуваат имигрантите вознемируваат, но приказната е онаа која плени.“ Пипл

    „Моќна приказна за издржливоста и сочувството.“ Барак Обама


    Пачинко од: 600 ден
  • img-book

    Грција во старо време на богови и јунаци.

    Поради едно случајно убиство, осамениот принц Патрокле е прогонет на дворот на кралот Пелеј и неговиот син Ахил. Така им се вкрстуваат патиштата и меѓу нив се раѓа нераскинливо пријателство. Додека растат и се воспитуваат во различни вештини, нивното другарство се продлабочува – и покрај противењето на Ахиловата мајка, суровата морска божица Тетида. Но веста за грабнувањето на убавата Елена го прекинува идиличниот живот и го обновува пророштвото дека само Ахил може да ја реши војната за нејзино враќање. Раскинат помеѓу љубовта и стравот, Патрокле тргнува со Ахил кон Троја, не знаејќи дека тие години ќе стават на проба сѐ што им е важно.

    Потресна и волшебна верзија на Тројанската војна, болна приказна за љубовта, но и за непомирливата борба меѓу боговите и кралевите, спокојот и честа, бесмртната слава и човечкото срце. „

    Фантастично живописна и уверлива верзија на една од најлегендарните љубовни приказни.“ Ема Донахју

    „Мадлин Милер со голема имагинација и стручност ги оживува впечатливите случувања во стара Грција. Освојува сосем нова територија прераскажувајќи ја една од најстарите приказни на светот – за мажите во љубовта и војната, но и за извонредните жени.“ -Паблишерс викли

    „Роман што се чита поради неговите квалитети, но ако притоа ги инспирира читателите да им се вратат на Хомер и неговите наследници, треба да му се припише и таа заслуга.“ Вашингтон индипендент ривју оф букс


    Ахиловата песна од: 500 ден
  • img-book

    Сместен во врнежлив индустриски град од 70-тите години, Макбет ја следи приказната за борбата на полицијата против трговијата со дрога, но и против корупцијата во сопствените редови. По смртта на поткупениот шеф на полицијата се раѓа нова надеж кај граѓаните, но се разгорува и нова борба за превласт, во која нема место за чесните луѓе кои се борат за доброто на градот. Пазарот со дрога го контролираат двајца наркобосови  – водачот на моторџиската банда Свено, и непредвидливиот Хеката, кој сака да го искористи младиот Макбет за да оствари монопол. Но Лејди, сопственичка на казино и љубовница на Макбет, кове амбициозни и смртоносни планови…

    Макбет е приказна за љубовта и каењето, политичката амбиција и алчноста, за најмрачните агли на човековата природа. Роман што се чита во еден здив, можеби најдобриот што излегол од перото на Несбе!

    Несбe ги проткајува митските елементи на трагедијата со острите нишки на ужасот и реалноста. Неговиот Макбет на неверојатно оригинален начин ни ја пренесува безвременоста на Шекспировото дело и мракот на криминалистичкиот жанр.


    Макбет од: 600 ден
  • img-book

    Креативна визуелизација е уметност на користење умствени слики и афирмација за воведување позитивни промени во животот. Успешно се применува во здравјето, образованието, бизнисот, уметноста, спортот – всушност, позитивно влијае на секое поле од животот. Долгогодишен бестселер  со продадени над шест милиони примероци во светот, овој прирачник уште со првото издание покрена ново движење во личниот развој.

    Овој класичен водич изобилува со медитации, вежби и техники што ќе ви станат дел од секојдневјето и ќе ви овозможат да управувате со сопствениот живот.  Со помош на моќта на имагинацијата можете да го создадете она што го сакате во животот, и многу повеќе:

    – да ги искорените лошите навики,
    – да ја зголемите самодовербата,
    – да напредувате во кариерата,
    – да ја развиете креативноста,
    – да ги подобрите виталноста и здравјето,
    – да практикувате длабока релаксација.


  • img-book

    Почетната точка за моќен говор е публиката. Запомнете, не се работи за вас, се работи за нив.

    Способноста убедливо да зборувате пред публика е клучна за вашиот успех. Ќе ви донесе почит од другите, ќе ве направи повредни за компанијата и ќе го привлече вниманието на луѓето кои можат да ви помогнат и да ви ги отворат вратите. Притоа, јавното говорење е вештина што може да се научи, а најпознатиот светски говорник Брајан Трејси е идеалниот инструктор.

    Знак за вистински професионалец во секое поле е подготвеноста. Колку потемелно ќе се подготвите толку подобри резултати ќе постигнете. Кога ќе научите како да одржувате одлични говори и пред мала група и пред голема публика, ќе станете еден од највлијателните и најубедливи поединци во својата област.

    Моќта на јавното говорење ве учи како:

    • Да ги зголемите самодовербата и самопочитта

    • Да постигнете силна умствена контрола

    • Да го освоите и да го задржите вниманието на слушателите

    • Да ја импресионирате публиката

    • Да стекнете гласовна вештина и моќни техники на врвен говорник • Да научите стратегии со кои ќе ги придобиете слушателите…

    Начинот на кој зборувате е важен колку и самиот говор. За да ги остварите најмоќните презентации во животот, следете ги советите на еден од најдобрите светски говорници – Брајан Трејси.