• img-book

    Трпезата на богатите и сиромашните се разликува само според нивните приходи.

    Орвеловата автобиографија, исповед и критика – маестрален портрет на сиромаштијата во општеството.

     

    Класикот на критичката мисла отворено и без трошка самосожалување ги изнесува вистините за бедата што ја доживеал во Париз и Лондон. Двете епизоди се еднакво фасцинантни – париската по разоткривањето на заднината на отмените француски ресторани, и лондонската по начинот на кој е насликан животот на скитниците на самото дно на општеството.

    Орвел ни нуди живописен приказ на двата града со отрезнувачки вистини за ужасната стварност –ужасна затоа што е сосема реална. Овој негов роман е веродостоен сведок и значаен социјален документ за сиромаштијата што го угнетува народот. Но тој истовремено прераснува и во беспоштедна критика кон општеството кое не презема ништо за нејзино решавање.


  • img-book

    Во Раскази од минатиот век Виолета Танчева-Златева ја брише границата меѓу умот и заумот, меѓу стварноста и фантазијата, меѓу светот на секојдневието и светот на очудувањето, меѓу сонот и јавето, меѓу класичниот и магичниот реализам. Иако пишувани „во минатиот век“, тие се интуитивна проекција на новиот век, небаре минатото ја посматра иднината со очите на сегашноста, а погледот се менува во дијалогот со себеси, па имаме раскази и со морбиден, но и со меланхоличен призвук, и со рурален, но и со урбан амбиент, и со исповеден, но и со премолчен тон, и со цврсти, конкретни факти, но и со раскошно измислени случки, поставувајќи го егзистенцијално-поетичкото прашање „Колку треба да се премолчи, а сепак да се каже потребното?“ Потеклото, коренот, селската (не)идила, градската сцена, растењето, мајчинството, љубовта, ранливоста на човечкото битие, заборавот, сеќавањето, судбината на жената, животот како пат без станица за одмор – се само дел од темите што авторката ги обработува на автентичен начин, ненаметливо, емпатично и во духот и на старата македонска книжевна класика, но и во дослух со новите наративни пристапи на раскажување. Виолета Танчева-Златева раскажува за хронотопот на срцето кое е секогаш овде и сега. Нејзините раскази од минатиот век се раскази за нас и за нашиот век.

    Лидија Димковска


  • img-book

  • img-book

    Патник

    Имам сѐ, а врз мапата

    на мојата душа празни места

    сѐ уште вдлабени. Неистражени

    предели каде што себе

    се канам на двобој, или на експедиција:

    по тој пат, нема што да се загуби.

    И кога ни се чини дека имаме сè, уште зјаат многу празнини во нас што пекаат за пополнување. Каде да ги најдеме „неистражените предели“ со кои можеме да ги населиме? Во себе да ги бараме или во светот за кој немаме чувство дека сосем му припаѓаме? И по кој пат да тргнеме кон нив – по тесната и длабока патека на душата или по широкиот друм на материјалниот свет опкружен со илузии, неискреност и „часови по измама“?… Но можеби уште поважно е на тој пат да не се изгубиме себеси.

    Виолета Танчева-Златева


    Часови по измама од: 200 ден
  • img-book

    Реката е насекаде – во водата која тече во домовите, во нивните разбранувани тела, во снегулките што лебдат и ѝ се враќаат во течението.

    Што значи да се биде и колку сме изградени од она што било? Какви се водните тела? Дали човекот е растреперен бран и вода која е де во прилив де во одлив? Оваа приказна тече по коритото на животот барајќи го неговиот извор и обидувајќи се да ја спречи сушата.

    Безимената протагонистка и писателка во сенка од Сиднеј се враќа во родното Куманово, но наместо во градот од спомените доаѓа во сиво место задушено во смог, ѓубре и закопани соништа. Како носителка на богатата македонска традиција, баба ѝ ѝ открива дека во Куманово некогаш постоела речна плажа. И така главната хероина се впушта кон откривање на личните приказни и легендите, кон сувото речно корито, заедно со другарите од детството – дивиот таксист Гаврил и Јасна, фотографка која ги следи трагите на црниците. Барајќи го изворот на водата, тие несвесно си го бараат својот извор.

    И како што „Сè што користиме ни е позајмено, а наше е да го чуваме“, така вистината во оваа книга е позајмена. Ваше е да ја чувате книгава на полиците, а вистината за себе – во себе.


    Водни тела од: 250 ден
  • img-book

    Откривањето на тешките вистини си има своја цена, но и неспоредлива награда: слободата

     

    Мудри и забавни записи на психотерапевтката чии книги „Њујорк тајмс“ постојано ги прогласува за бестселери. Готлиб храбро ни го открива својот живот, и како психотерапевт и како пацент, следејќи ги вистините и лагите што си кажуваме себеси и на другите растргнати меѓу љубовта и омразата, вината и прошката, стравот и храброста да се впуштиме во промени.

    Иако сè поотворено разговараме на теми кои некогаш се сметаа за многу интимни, штом ќе се споменат анксиозноста и депресијата, веднаш замолчуваме. Затоа, секому му треба ваква книга  – „Можеби треба да разговараш со некого“ е толку искрена што прераснува во бунт кон стереотипите.

    Врвен психотерапевт кој им помага на луѓето да го изведат животот на прав пат, еден ден Лори Готлиб и самата запаѓа во ќор-сокак. Кога целиот нејзин свет се распаѓа, во нејзиниот живот влетува Вендел, терапевт од кого ќе побара помош. Зашто секому, па дури и на оние кои ги решаваат проблемите на другите, им е потребно место каде што ќе можат да ја покажат својата ранливост – и да поразговараат со некого.

     

    „Неодоливо патување низ човечката душа што нема да сакате никогаш да заврши.“

    Киркус ривју


  • img-book

    Една книга за иднината може да нè заинтересира единствено со тоа колку е веројатно да се остварат нејзините пророштва. A Хаксли во своето животно ремек-дело добро предвидел дека укинувањето на духовните науки и вредности за сметка на материјалните ќе го смени животот од корен. Дали ни се заканува свет составен од бесчувствени луѓе кои личат на машини и се грижат само за социјалната стабилност и опстанокот? Во футуристичкиот свет на Хаксли луѓето се создаваат во лаборатории, секој со однапред предодредена функција и класа. А изолирано од нив живеат нормалните, преостанатите дивјаци. Кога прекрасните нови луѓе ќе дојдат во допир со еден дивјак, започнува вистинското соочување со стварноста. Дистописката визија на Хаксли нè соочува со заканите пред кои е исправено човештвото, со надеж дека ќе нè освести пред нивната можна опасност.


  • img-book

    Размислувајте позитивно и ќе активирате позитивни сили што носат позитивни резултати.

     

     

    „Моќта на позитивното мислење“ е една од најпродаваните книги на сите времиња, глобален бестселер преведен на 42 јазика и продаден во над 20 милиони примероци. Таа им помогна на многу луѓе низ светот да живеат целосно и исполнето преку инспиративната порака на Норман Винсент Пил за неопходноста од верба и позитивен став кон животот.

    Во овој исклучителен прирачник за исполнет, здрав и вреден живот, Пил со многу практични примери ни ја приближува моќта на верувањето и нејзиното директно благотворно влијание. Неговите практични техники ќе ве поттикнат да ги остварите сите свои амбиции и надежи и да постигнете душевен мир.

    Оваа едноставна и остварлива филозофија на животот ќе ве научи:

    • Да верувате во себеси и во сè што правите
    • Да стекнете решителност
    • Да развиете моќ за постигнување на поставените цели
    • Да си го подобрите здравјето
    • Да си овозможите непрестајна циркулација на позитивна енергија
    • Да ги отфрлите непотребните грижи и да живеете опуштено
    • Да ги подобрите личните и професионалните односи
    • Да преземете контрола над околностите
    • Да бидете љубезни – и со другите и со себеси.

  • img-book

    НАШИОТ СВЕТ ГО ЧЕКА ВАШЕТО СЕКОЈДНЕВНО ХЕРОЈСТВО!

    Светски познатиот експерт во лидерство Робин Шарма над 25 години е ментор на милијардери, спортски и естрадни суперѕвезди, претприемачи, членови на кралски семејства, овозможувајќи им преку револуционерен систем да ги остварат своите најголеми амбиции.

    „Манифест на секојдневниот херој“ ќе ве инспирира да постигнете восхитувачки работи, ќе ве устреми кон вашите најголеми височини и ќе ве поттикне да дејствувате до своите крајни граници. Таа ви нуди потврдени техники со кои ќе создавате ремек-дела и непрестајна низа увиди за живот исполнет со голема убавина и духовна слобода. Притоа правејќи го овој наш свет подобар.

    Страниците на оваа чудесна книга ќе ви овозможат:

    ● внатрешен увид во тоа како најкреативните, најпродуктивните и најуспешните луѓе на светот стекнуваат врвни навики, си ги организираат деновите и ги водат своите големи животи

    ● моќна практика за поголема енергија и долговечност, за да го остварите својот неограничен гениј

    ● конкретен план за правење вистинско ремек-дело кое ќе ве води напред и ќе ги мотивира идните генерации

    ● техники засновани врз невронауката за преобразба на неуспесите во победи, стравот во поттик и повредите од минатото во секојдневно херојство. Шарма несебично ја споделува со нас мудроста што макотрпно ја стекнал во животот, за да ја зголемиме виталноста, да развиеме возвишено спокојство и духовна слобода кои создаваат убав живот.


  • img-book

    „Мој личен развој“ е уникатно изработен психолошки прирачник од експертот за личен развој Ведрана Стојановска. Оваа книга е несекојдневен водич за среќен живот што ќе ве насочи како да ги менувате секојдневните навики, како да го цените секој момент и на тој начин да успеете да ја промените својата судбина.

    Достапен во четири различни дизајни, прирачникот е поделен на три дела, секој со различен придонес во мисијата за среќен живот. Тој нуди психолошка анализа и запознавање со сопствената потсвест, по што ве води низ дневно планирање и себеанализа кои придонесуваат за остварување на сите ваши цели.

    Предводена од своите лични искуства и своето знаење, авторката создава нешто многу поинакво, нешто што ќе му помогне на секој човек кој сака да се посвети себеси и на своите соништа.


  • img-book

    Постојат три вида книги:

    книги за забава,

    книги за учење и

    книги за лична промена.

    Читајќи ја оваа книга, ќе дознаете на кој вид таа припаѓа.

    „Животот е убав ако се знае како да се живее“ е дело

    кое говори за човечките и животните судбини

    кои, како што ќе се уверите, можат да се

    менуваат без ограничувања, но само ако се знае

    како да се живее животот.

    Во секоја од петте приказни можете да

    препознате дел од себе и од својата душа, за на

    крајот да почувствувате како нејзините посебни

    делови одново се спојуваат во

    една смислена целина.


  • img-book

    Заедно со необичниот дар за султанот во отоманската престолнина пристигнува и малиот Џахан кој го има само Чота мудар и редок бел слон. Како скротувач во царската менажерија тој се спријателува со султановата ќерка Михрима и се вљубува во неа. По игра на судбината момчето го запознава главниот царски архитект Синан кој го зема под своја закрила и заедно со слонот ги создаваат највеличествените градби во историјата. Но додека ги градат овие ремек-дела меѓу четворицата чираци на мајсторот се јавува завист а под површината се насетуваат опасни струи…

    Бајковит историски роман за уметничката слобода и креативност, за судирот меѓу науката и традицијата. Облеан со боите на Османлиското царство, кога Истанбул е плоден центар на една цивилизација, Чиракот на архитектот е магична приказна во која љубовта и верноста се во постојан судир со желбата за моќ.

    „Величествена слика на Истанбул во екот на подемот и моќта, град преполн со магија и интриги.“ Дејли тајмс

    „Мајсторски исткаен и раскошен роман, со шекспировски заплети и мистерии, судбини во кои се исполнуваат пророштвата.“Индипендент


  • img-book

    Пречувствителноста не е слабост – може да биде твојата силна страна!

     

    Имаш ненадејни промени во расположението? Непријатно ти е меѓу непознати? Кога гледаш дека некој се чувствува лошо, знаеш што треба да направиш за да му биде подобро? Не сакаш метеж, врева или насилство? Ако на сите овие прашања си одговориш потврдно, тогаш со сигурност си пречувствителна личност и тоа ти создава тешкотии во животот.

    Федерика Боско отсекогаш знаела дека е пречувствителна. Уште од мала не ги сфаќала работите како другите деца, туку сѐ доживувала на своја кожа и многу подлабоко. Овој нејзин интимен дневник е практичен прирачник за сите кои размислуваат многу и се грижат премногу, но истовремено и за оние кои сакаат да ги разберат пречувствителните луѓе. Анализирајќи ја психата со сите нијанси на човековата душа, таа им нуди стратегија на луѓето кои живеат во подвоеноста на своите комплицирани и фасцинантни личности.

    Пречувствителноста не е слабост! Таа може да биде твојата тајна моќ. Со практичните совети на Боско можеш својата пречувствителност да ја претвориш во предност, да се ослободиш од лошите луѓе и ситуации и да му се радуваш на животот.


  • img-book

    Уште една неаполска приказна за преминот од детството во светот на возрасните

    Убавото лице на 13-годишната Џована почнува да се менува и да огрдува и таа сè повеќе заличува на тетка ѝ. Барем така мисли нејзиниот татко. Но дали таа ги гледа работите такви какви што навистина се? Дали се претвора во Викторија, жена која одвај ја познава, a која нејзините родители очигледно ја презираат? Во кое огледало би требало да се погледне за да се најде себеси и да успее да се засака и да се спаси?

    Џована го бара својот одраз во двете линии на нејзиното семејство, во двете крајности на сопствената личност. Растргната меѓу двата спротивни краја на родниот Неапол, меѓу височината и приземноста, префинетоста и вулгарноста, таа се впушта во една мачна потрага по вистината. Проникнувањето во долгогодишните семејни тајни ќе ѝ го открие нејзиното вистинско лице.

    Новиот роман на славната Елена Феранте е уште еден доказ за нејзиното ненадминато мајсторство да ги извлече читателите од реалноста и да ги пресели во својот совршено изграден книжевен свет.

    „Феранте толку умешно нè вовлекува во тинејџерскиот ум што сето она што изгледа неразумно – променливи расположенија, љубомора, страв, солзи и бес, ни се чини сосем нормално.“

    Тајмс, Велика Британија


  • img-book

    Ако работиш доволно напорно и се докажеш, и ги користиш умот и имагинацијата, можеш да си создадеш свет каков што посакуваш.

     

    Во оваа чудесна книга Малком Гладвел нè носи на интелектуално патување во светот на најдобрите и најмудрите, најпознатите и најуспешните – оние кои излегуваат надвор од рамките. Прашувајќи се што ги прави успешните луѓе поинакви, тој доаѓа до низа одговори што не сте ни знаеле дека ви стојат како загатки во умот.

    Ние обрнуваме премногу внимание на тоа какви се успешните луѓе, без да ги земеме предвид околностите во кои живеат, нивната култура, фамилија, генерација… И обично забораваме дека тие се концентрираат на сопствената природа и постојано работат на свое подобрување и самонадминување.

    Објаснувајќи ги тајните на софтверските милионери, што е потребно да се биде добар фудбалер, зошто Азијците се познати математичари и како Битлси станаа најпознатиот рок-бенд, Гладвел нè поведува во една неверојатна умствена авантура од другата страна на човечката природа.

     

    „Дознајте што ги издвојува луѓето со високи достигнувања од останатите – од Бил Гејтс до Битлси – во неповторливиот број 1 бестселер на Малком Гладвел.“

    Њујорк тајмс


  • img-book

    Магична книга која ткае поинаква приказна за волшебничката Кирка.

    Неугледна, повлечена и без никакви моќи, иако ќерка на богот на сонцето Хелиј и заводливата нимфа Персеида, малата Кирка е осудена на осаменост и потсмев. Но наскоро таа во светот на смртните луѓе ќе ја открие својата волшебна моќ.

    Сомничавиот Зевс ја прогонува на еден пуст остров, кој станува нејзино царство. Тука таа ги припитомува дивите животни, ги усовршува своите вражби и се среќава со многу митски јунаци – Дедал и неговиот несреќен син Икар, Минотаур, Медеја и лукавиот Одисеј во когошто се вљубува.

    Жената што сака да биде независна е демнета од најразлични опасности. Кирка несвесно си го навлекува гневот и на луѓето и на боговите, а на крај се соочува и со одмаздољубивата божица Атина. За да го заштити најмилото, мора конечно да реши дали местото ѝ е покрај боговите, од кои потекнува, или покрај смртниците, коишто ги засакува.

    „Волшебна приказна! Мадлин Милер создала смела феминистичка верзија на класичната приказна; во митскиот свет полн со богови, чудовишта и нимфи, длабоко во себе, главната хероина е иста како секој од нас.“

    О магазин

    „Иако знаеме како сè ќе заврши, оваа сочна приказна, раскажана во нова светлина, е напната и полна со неочекувани елементи.“

    Вашингтон пост


    Кирка од: 500 ден