• img-book

    Мозаик од портрети на различни ликови, пишувани од женска или од детска перспектива, фатени во грч, во миг на преиспитување и соочување со сопствените мани и проблеми. Румена Бужаровска прави процеп на стварноста и од неа ги извлекува сите интимни драми на секојдневието.

    Во новото издание на оваа збирка ќе се сретнете и со дел од нејзините рани раскази објавени во „Чкртки“. И тогаш и сега, со едноставен а богат јазичен стил, со проблеми од нашето општество а сепак универзални, Бужаровска мајсторски ги буди индивидуалците да се соочат со себе и да преземат одговорност за она што им се случува.

    За да ги откорнеме негативните и дискриминаторски ставови, неправилните и неправедните навики, потребно е прво да се соочиме насамо со ликовите од овие раскази. Препознавајќи се во многу од нив, потоа со отворени очи и будна свест зачекоруваме кон новото утре.

    „На читачката публика Румена Бужаровска ѝ е претставена како „новата надеж од Македонија“, како што потврдува оваа збирка раскази. Бужаровска пишува од јасна перспектива. Се запознаваме со неколку женски судбини, од кои некои се девојчиња, а други се млади, омажени жени. Линијата на женските судбини се заокружува со приказната за една старица. Најдоброто од Румена Бужаровска штотуку следува.“

    Беким Сејрановиќ


    Осмица од: 280 ден
  • img-book

    Трпезата на богатите и сиромашните се разликува само според нивните приходи.

    Орвеловата автобиографија, исповед и критика – маестрален портрет на сиромаштијата во општеството.

     

    Класикот на критичката мисла отворено и без трошка самосожалување ги изнесува вистините за бедата што ја доживеал во Париз и Лондон. Двете епизоди се еднакво фасцинантни – париската по разоткривањето на заднината на отмените француски ресторани, и лондонската по начинот на кој е насликан животот на скитниците на самото дно на општеството.

    Орвел ни нуди живописен приказ на двата града со отрезнувачки вистини за ужасната стварност –ужасна затоа што е сосема реална. Овој негов роман е веродостоен сведок и значаен социјален документ за сиромаштијата што го угнетува народот. Но тој истовремено прераснува и во беспоштедна критика кон општеството кое не презема ништо за нејзино решавање.


  • img-book

    Во Раскази од минатиот век Виолета Танчева-Златева ја брише границата меѓу умот и заумот, меѓу стварноста и фантазијата, меѓу светот на секојдневието и светот на очудувањето, меѓу сонот и јавето, меѓу класичниот и магичниот реализам. Иако пишувани „во минатиот век“, тие се интуитивна проекција на новиот век, небаре минатото ја посматра иднината со очите на сегашноста, а погледот се менува во дијалогот со себеси, па имаме раскази и со морбиден, но и со меланхоличен призвук, и со рурален, но и со урбан амбиент, и со исповеден, но и со премолчен тон, и со цврсти, конкретни факти, но и со раскошно измислени случки, поставувајќи го егзистенцијално-поетичкото прашање „Колку треба да се премолчи, а сепак да се каже потребното?“ Потеклото, коренот, селската (не)идила, градската сцена, растењето, мајчинството, љубовта, ранливоста на човечкото битие, заборавот, сеќавањето, судбината на жената, животот како пат без станица за одмор – се само дел од темите што авторката ги обработува на автентичен начин, ненаметливо, емпатично и во духот и на старата македонска книжевна класика, но и во дослух со новите наративни пристапи на раскажување. Виолета Танчева-Златева раскажува за хронотопот на срцето кое е секогаш овде и сега. Нејзините раскази од минатиот век се раскази за нас и за нашиот век.

    Лидија Димковска


  • img-book

  • img-book

    Патник

    Имам сѐ, а врз мапата

    на мојата душа празни места

    сѐ уште вдлабени. Неистражени

    предели каде што себе

    се канам на двобој, или на експедиција:

    по тој пат, нема што да се загуби.

    И кога ни се чини дека имаме сè, уште зјаат многу празнини во нас што пекаат за пополнување. Каде да ги најдеме „неистражените предели“ со кои можеме да ги населиме? Во себе да ги бараме или во светот за кој немаме чувство дека сосем му припаѓаме? И по кој пат да тргнеме кон нив – по тесната и длабока патека на душата или по широкиот друм на материјалниот свет опкружен со илузии, неискреност и „часови по измама“?… Но можеби уште поважно е на тој пат да не се изгубиме себеси.

    Виолета Танчева-Златева


    Часови по измама од: 200 ден
  • img-book

    Реката е насекаде – во водата која тече во домовите, во нивните разбранувани тела, во снегулките што лебдат и ѝ се враќаат во течението.

    Што значи да се биде и колку сме изградени од она што било? Какви се водните тела? Дали човекот е растреперен бран и вода која е де во прилив де во одлив? Оваа приказна тече по коритото на животот барајќи го неговиот извор и обидувајќи се да ја спречи сушата.

    Безимената протагонистка и писателка во сенка од Сиднеј се враќа во родното Куманово, но наместо во градот од спомените доаѓа во сиво место задушено во смог, ѓубре и закопани соништа. Како носителка на богатата македонска традиција, баба ѝ ѝ открива дека во Куманово некогаш постоела речна плажа. И така главната хероина се впушта кон откривање на личните приказни и легендите, кон сувото речно корито, заедно со другарите од детството – дивиот таксист Гаврил и Јасна, фотографка која ги следи трагите на црниците. Барајќи го изворот на водата, тие несвесно си го бараат својот извор.

    И како што „Сè што користиме ни е позајмено, а наше е да го чуваме“, така вистината во оваа книга е позајмена. Ваше е да ја чувате книгава на полиците, а вистината за себе – во себе.


    Додадена
    Водни тела од: 250 ден
  • img-book

    Откривањето на тешките вистини си има своја цена, но и неспоредлива награда: слободата

     

    Мудри и забавни записи на психотерапевтката чии книги „Њујорк тајмс“ постојано ги прогласува за бестселери. Готлиб храбро ни го открива својот живот, и како психотерапевт и како пацент, следејќи ги вистините и лагите што си кажуваме себеси и на другите растргнати меѓу љубовта и омразата, вината и прошката, стравот и храброста да се впуштиме во промени.

    Иако сè поотворено разговараме на теми кои некогаш се сметаа за многу интимни, штом ќе се споменат анксиозноста и депресијата, веднаш замолчуваме. Затоа, секому му треба ваква книга  – „Можеби треба да разговараш со некого“ е толку искрена што прераснува во бунт кон стереотипите.

    Врвен психотерапевт кој им помага на луѓето да го изведат животот на прав пат, еден ден Лори Готлиб и самата запаѓа во ќор-сокак. Кога целиот нејзин свет се распаѓа, во нејзиниот живот влетува Вендел, терапевт од кого ќе побара помош. Зашто секому, па дури и на оние кои ги решаваат проблемите на другите, им е потребно место каде што ќе можат да ја покажат својата ранливост – и да поразговараат со некого.

     

    „Неодоливо патување низ човечката душа што нема да сакате никогаш да заврши.“

    Киркус ривју


  • img-book

    Една книга за иднината може да нè заинтересира единствено со тоа колку е веројатно да се остварат нејзините пророштва. A Хаксли во своето животно ремек-дело добро предвидел дека укинувањето на духовните науки и вредности за сметка на материјалните ќе го смени животот од корен. Дали ни се заканува свет составен од бесчувствени луѓе кои личат на машини и се грижат само за социјалната стабилност и опстанокот? Во футуристичкиот свет на Хаксли луѓето се создаваат во лаборатории, секој со однапред предодредена функција и класа. А изолирано од нив живеат нормалните, преостанатите дивјаци. Кога прекрасните нови луѓе ќе дојдат во допир со еден дивјак, започнува вистинското соочување со стварноста. Дистописката визија на Хаксли нè соочува со заканите пред кои е исправено човештвото, со надеж дека ќе нè освести пред нивната можна опасност.


  • img-book

    Размислувајте позитивно и ќе активирате позитивни сили што носат позитивни резултати.

     

     

    „Моќта на позитивното мислење“ е една од најпродаваните книги на сите времиња, глобален бестселер преведен на 42 јазика и продаден во над 20 милиони примероци. Таа им помогна на многу луѓе низ светот да живеат целосно и исполнето преку инспиративната порака на Норман Винсент Пил за неопходноста од верба и позитивен став кон животот.

    Во овој исклучителен прирачник за исполнет, здрав и вреден живот, Пил со многу практични примери ни ја приближува моќта на верувањето и нејзиното директно благотворно влијание. Неговите практични техники ќе ве поттикнат да ги остварите сите свои амбиции и надежи и да постигнете душевен мир.

    Оваа едноставна и остварлива филозофија на животот ќе ве научи:

    • Да верувате во себеси и во сè што правите
    • Да стекнете решителност
    • Да развиете моќ за постигнување на поставените цели
    • Да си го подобрите здравјето
    • Да си овозможите непрестајна циркулација на позитивна енергија
    • Да ги отфрлите непотребните грижи и да живеете опуштено
    • Да ги подобрите личните и професионалните односи
    • Да преземете контрола над околностите
    • Да бидете љубезни – и со другите и со себеси.

  • img-book

    Не познавам ниту еден автор кој со зборовите може да ги долови глетките и со таква сила да ги оживее емоциите – да нѐ маѓепса и целосно да нѐ опчини – како што тоа го прави Ферид Мухиќ. Книгата зборува за пријателството и посветеноста, при што и авторот и шарпланинецот Бигор покажуваат еднаква верност станувајќи си еден на друг чувар, заштитник – поткрепа!

    Д-р Марија Дун, профeсорка на Универзитетот во Питсбург

    Трогателна сага за нераскинливата поврзаност меѓу човекот и песот, која спонтано прераснува во метафизичка ода на пријателството и неговата трансцендентна димензија, изземена од неумоливиот тек на времето – за да му ја подари на физичкиот свет есенцијалната состојка што самиот е конститутивно неспособен да ја изнедри, а без која „животот не е вреден за живеење“!

    Д-р Ана Димишковска, професорка на Филозофскиот факултет во Скопје


  • img-book

    Оваа книга нема цел да обвини никого, напротив, ни овозможува да ги разбереме родителите на едно друго ниво што ќе нѐ научи како да ги излечиме раните од минатото.

    Децата не можат да си ги изберат родителите. За жал, многу од нив имаат емоционално незрели родители, а последиците од тоа ги чувствуваат цел живот. Да се разбере сопственото минато и да се види како влијае тоа врз сегашноста може да биде болен процес. Благодарение на клиничкиот психолог Линдзи Гибсон, можеме да се запознаеме со деструктивната природа на односите со родителите и да научиме како да се справиме со нив.

    Ако и вие сте растеле со недостапен или себичен родител, често од вас може да избиваат чувства на лутина, бес, осаменост или несигурност. Сетете се на сите ситуации во кои не ви биле задоволени емоционалните потреби, кога сте биле игнорирани или сте морале да преземате одговорност како да сте возрасни. Овие лузни можат да се излечат и од рани да станат двигател кон подобар и посреќен живот. Ако добро знаете што значи емоционална зрелост, ќе можете да го најдете и она што го барате.

    „Приоѓајќи им со мудрост и сочувство, Линдзи Гибсон им овозможува на читателите да ги согледаат и подобро да ги запознаат отровните врски, што го олеснува пронаоѓањето на нови, здрави патишта што ќе ги излечат. Оваа книга е моќна можност за да си помогнете самите себеси.“

    Томас Ф. Кеш


  • img-book

    Дали си подготвен да станеш суперхерој? Ти веќе имаш супермоќи – на пример, ја имаш моќта да бидеш среќен! ЈАС ќе ти помогне да ја откриеш онака како што нему му помогна ТИ.

    Запознај ги овие двајца суперхерои и придружи им се во нивната авантура. Тие не патуваат низ светот, но одат на едно многу потајно и поневеројатно место. Во срцето на едно дете. Сосем исто како твоето!


  • img-book

    Во секој од нас постои дел што никогаш не расте – детето кое некогаш сме биле. Ова внатрешно дете нè учи да сонуваме големи соништа, ја буди радоста во нас, но знае да донесе и солзи и грижи.

    Ова е книга за сите верувања што ги има детето во нас и како тие ја обликуваат личноста која сме денес. Но во одреден момент од нашите животи сите ние треба да ги преиспитаме овие верувања и мисли и да видиме дали сè уште ни одговараат како возрасни. Дали нè прават среќни или се преголем товар?

    Оваа книга е за тој момент кога треба да одлучиме што треба да задржиме, а што да оставиме зад себе додека одиме напред во животот.


  • img-book

    Траумата не е она што ви се случува вам, туку она што се случува во вас.

    Во револуционерната книга „Митот за нормалното“ Габор Мате докажува дека нашата емоционална состојба и меѓучовечките односи се во тесна врска со здравјето и болеста. Според овој реномиран лекар, и покрај сета наша стручност и технолошкиот напредок, западната медицина сѐ уште не му пристапува на човекот како на целокупна личност, туку се сосредоточува само на болеста. Нашите лекари го занемаруваат фактот дека целата денешна култура на живеење го изложува телото на стрес, го оптоварува имунолошкиот систем и ја разнишува емоционалната рамнотежа.

    По четири децении богато клиничко искуство, Мате согледал дека она што се сфаќа како нормално е погрешно, зашто го занемарува влијанието на доживеаните негативни искуства и на стресот. Во некој момент од животот потиснатите трауми испливуваат на површина во форма на болест. Токму затоа, медицината треба да ја согледа поврзаноста на умот и телото и да прифати дека тие се цврсто испреплетени и дека нашиот целокупен систем има едно име – телоум.

    Напишана заедно со неговиот син Даниел, оваа е најамбиоциозната, можеби и најважната современа книга за здравјето. Таа е водич кон исцелувањето и претставува неодложен повик за спас на современиот човек.

    „Книга во која читателите можат да најдат засолниште и утеха во моменти на длабока лична и општествена криза, која може да послужи како компас кога ќе се изгуби ориентацијата.“

    – Естер Перел, психотерапевт, автор и водител на поткастот Од каде да почнеме?

    Габор Мате нѐ води на епско патување за да откриеме како нашата емоционална благосостојба и социјалната поврзаност (т. е. начинот на кој живееме) се тесно испреплетени со здравјето, болестите и зависностите.“

    – Бесел ван дер Колк, автор на Телото памети

    „Мудро, промислено, прецизно и креативно: интелектуално и сочувствено истражување за тоа кои сме и кои можеме да станеме. Битно четиво за секој човек.“

    – Тара Вестовер, авторка на Образована


  • img-book

    Од памтивек волците колат јагниња и ниеднаш ниедно јагне не заклало волк, па сепак, на светот има повеќе јагниња од волци.

    Драмите се за гледање, а дури потоа за читање, вели авторот на овие „Три драми“. Но и читателите во нив ќе најдат врвно уживање. Прво, затоа што не се изведени. Второ, затоа што го носат печатот на стилското мајсторство на својот автор. Трето, затоа што, на овој или на оној начин, ни се одигруваат пред очи. А во нив е нашата клучна реплика.

    Овие три драми – „Мачкина глава“, „Кузман Капидан“ и „Изрешетани души“ – се тематски различни, а толку слични според пораките што ги носат. Впрочем, како и нашите животи. Секој ја води својата битка продолжувајќи го времето со страдање, скратувајќи го со радост, а сопирајќи го со смртта. Но барем може да излезе од својата драма како јунак што го спасува човештвото со љубов.

    Иако злото се шири полесно и побрзо од доброто, сепак, и кога ќе ја фрли последната карта, доброто во рацете ќе држи уште една – бесмртноста. Ние би додале – и љубовта, како доказ за човечката добрина, преку која најсигурно се стигнува до бесмртноста.


    Три нови драми од: 320 ден
  • img-book

    Најскапоценото нешто што го имам е срцето, а него не можам да ти го дадам, па ти го давам тоа што ми помогна да го запознаам.

    Маел, директорка за финансии во успешна развојна фирма, живее забрзан живот што се сведува на одење на работа и повремени задоволства. Нејзините соништа… зар таа има време за нив? Во тој строго испланиран живот нема место за мечти, сѐ до денот кога нејзината најдобра пријателка, Романа, ќе ја замоли за голема услуга.

    Прашање на живот и смрт.

    Маел е пред најважниот тест, но сепак прифаќа и оди на патување во далечниот Непал. Искачувањето кон врвовите на Анапурна, на хималајскиот венец, ќе се претвори во вистинско духовно патување. Кога младата жена ќе сфати дека реалноста можеби не е онаква каква што ја замислувала, започнува нејзиното лично преиспитување. Во текот на возбудливите искуства и средби, Маел ќе го најде клучот за вистинската среќа и ќе си го промени животот од корен.Дали ќе успее да ја спаси и својата пријателка?

    „Гледам само еден начин човек да дознае до каде може да се стигне. Да тргне и да оди.“

    Анри Бергсон