• img-book

    Претворете ги страниците од оваа книга драгоцена ризница на спомени! Забележете ги на едно место сите слатки, единствени, неповторливи моменти и искуства што ќе ја обележат првата година од животот со вашето дете.

    Со оригинални илустрации, со живи и впечатливи бои – радосницата ќе биде чувар на спомените од ова бесценето и возбудливо поглавје на кое секогаш со задоволство ќе му се навраќате.


  • img-book

    Северна Калифорнија, крај на турбулентните шеесетти години. На почетокот на летото осамената тинејџерка Еви Бојд здогледува три девојки во паркот чија разузданост и опасна аура веднаш ѝ го привлекуваат  вниманието. Таа е маѓепсана од волшебната Сузан и е вовлечена во озлогласен култ чиј водач е мошне харизматичен човек…

    Скриен во брдата, нивниот голем ранч е сенишен и полураспаднат, но за Еви е егзотично, возбудливо, наелектризирано место и очајнички сака да биде прифатена во нивната комуна. Сè повеќе време поминува одделена од мајка си и далеку од ритамот на дотогашниот вообичаен живот. Додека нејзината опседнатост со повозрасната Сузан расте, Еви не забележува дека се навестува незамисливо насилство…

    Брилијантен роман кој понира во неверојатни психолошки длабочини, чудесно и одлично напишан. Со зрелост поголема за своите години, Ема Клајн напишала мудар и ни малку претенциозен роман – одмерено а возбудливо сведоштво за похотата и ужасот.

    „Извонредна, опојна и интригантна приказна за созревањето, раскажана со толку убаво изработени реченици што можат да се носат како накит…“ Њујорк тајмс 


    ДЕВОЈКИТЕ од: 420 ден
  • img-book

    Лизбет Саландер и Микаел Блумквист се враќаат во петтото продолжение на серијалот Милениум на Стиг Ларсон! Осудена на двомесечна затворска казна поради самоволно постапување при спасувањето на животот на едно дете, Лизбет Саландер одбива да каже што и да е во своја одбрана. Таа се интересира за многу поважни нешта. Микаел Блумквист секоја недела поминува долг пат за да ја посети – но и за да добие некоја нова трага за своето истражување, кое би било значајна приказна за списанието Милениум. А неа, пак, тоа би можело да ја одведе до вистината за нејзиното детство. Иако е попречена од корумпираниот затворски систем кој во голема мера го раководат озлогласени затворенички, Лизбет по секоја цена ќе се бори за своите убедувања. Ќе ја бара вистината поврзана со сопственото сеќавање од детството – сеќавањето на жената со белег на вратот што потсетува на змеј што блуе оган…

    Тензијата и моќта на исклучителните херои од трилогијата Милениум на Стиг Ларсон, земаат нов замав. Лизбет Саландер и Микаел Блумквист ја продолжуваат својата борба за вистината и правдата што возбудува милиони читатели низ целиот свет…


  • img-book

    На островот Оркас штотуку дипломираната Инара Ериксон го истражува имотот на својата неодамна почината тетка, која ѝ го оставила во наследство. Случајно наоѓа внимателно скриено, извезено парче свила. Додека ги разоткрива слој по слој тајните што тоа ги крие, животот почнува да ѝ се испреплетува со животот на Меј Лиен, младата Кинезинка што пред повеќе од еден век била протерана од својот дом. Низ приказните што Меј Лиен ги раскажува везејќи ја свилата, Инара ја дознава трагичната вистина што длабоко ќе го потресе нејзиното семејство, а неа ќе ја натера да се осмели на незамислив чекор…

    Инспириран од вистински настани, брилијантниот историски роман на Кели Естиз е потресна приказна за две жени поврзани со времето и судбината. Жени со силен дух и достоинство, цврсто решени да постапат правилно, независно од цената што треба да ја платат. Зашто додека не се каже вистината за минатото, не може да се најде спокој во сегашноста.

    „Девојката што пишуваше на свила е преубав, елегичен роман, извезен фино и деликатно, токму како што навестува и самиот наслов. Кели Естиз ткае волшебна приказна што го осветлува минатото во сета негова суровост и убавина, како и човечноста што нè спојува сите нас.“ Сиетл викли


  • img-book

    ЛИЗБЕТ САЛАНДЕР И МИКАЕЛ БЛУМКВИСТ СЕ ВРАЌААТ ВО ДОЛГООЧЕКУВАНОТО ПРОДОЛЖЕНИЕ НА СЕРИЈАЛОТ МИЛЕНИУМ

    Франс Балдер, ексцентричен гениј и еден од водечките информатички експерти, ненадејно се враќа во Шведска од Силиконската Долина, каде што работел во една од најмоќните светски компании. Од поранешната сопруга го зема аутистичниот осумгодишен син, се затвора во својата добро обезбедена куќа и сосем се осамува.

    Микаел Блумквист е во длабока професионална криза – подолго време нема напишано текст што ќе ги потресе столбовите на општеството и ќе го врати списанието Милениум на старите патеки на славата. Една вечер му се јавува Балдер, па иако е сомничав кон информатичарот, оди кај него на разговор.

    Во исто време, непознат хакер провалува во серверите на Националната безбедносна агенција (НСА). Во „Хакерската република“ слават, затоа што само една личност на светот можела да го стори тоа – неповторливата Лизбет Саландер. Но таа не прави ништо доколку за тоа нема длабоки причини, кои секогаш се поврзани со нејзината желба да ја задоволи правдата.

    Девојката во пајакова мрежа е трилер кој обожавателите на делата на Ларсон долго го очекуваа, роман кој, како и претходните, навлегува во актуелни и болни општествени теми.


  • img-book

    Во едно замислено општество, материјализмот ги контролира сите аспекти од животот на своите жители. Луѓето имаат бројки место имиња, сета храна е мерена со точна прецизност, а мерливи се дури и чувствата. Во ова општество семејствата можат да чуваат уметници како миленичиња. Протагонистот на приказната е млада девојка кој избира да има поет. Поетот не е премногу скап или премногу валкан – како сликарите или скулптурите – ама неговиот стих може многу да влијае врз околностите. Откако ќе си набави поет, животот на девојката никогаш повеќе нема да биде ист… Овој роман на Круш е длабоко инспириран од економската криза во Португалијa, особено од прекумерната важност што им се дава на финансиските прашања. Делото плени со својата едноставност, но и со остроумна иронија, реторичност, таинственост и хумористичност. Низ неа писателот пренесува универзални човечки пораки, критикувајќи го современото потрошувачко општество. Низ роман и за млади и за возрасни, писателот ја демистифицира поезијата и секојдневните животни контексти во кои може да се смести истовремено претставувајќи ја како врвна уметност на слободата.


    ДА КУПИМЕ ПОЕТ од: 250 ден
  • img-book

    По морничавиот трилер Мочуриште, вториот роман на исландската писателска ѕвезда Арналдур Индридасон е уште едно врвно и мајсторски изведено дело во криминалистичкиот жанр.

    Истрагата на исландската полиција започнува кога на дамнешните ненаселени ридови на периферијата на Рејкјавик е пронајден човечки скелет, стар неколку децении. Разгледувајќи го овој одамна застарен случај, детективот Ерлендур и неговиот тим откриваат дека ридовите околу главниот град кријат неколку трагични приказни кои се случиле во дамнешното минато: за насилство, изгубена љубов и чест, криминал… На овој начин, во романот се мешаат неколку жанрови, кои само дополнително ја зголемуваат тензијата среде мрачната атмосфера на исландското осамено секојдневје.

    Втор во серијалот романи посветени на исландскиот детектив Ерлендур, Гробна тишина е еден од најсовршено структурираните трилери во кој се преплетуваат повеќе возбудливи приказни што се поврзуваат во целина на последните неколку страници од книгата.

    „Индридасон е еден од најдобрите писатели на трилери на денешнината.“  Сиднеј тајмс


    ГРОБНА ТИШИНА од: 380 ден
  • img-book

    Младиот Михаил со немирен дух повеќе не се пронаоѓа во родниот град зафатен од токсичните стихии на загадувањето, економијата, политиката, безидејноста. На дваесет и пет години, преиспитувајќи се себеси и своите корени, решава да си го бара домот под отворени неба. Напушта сè и тргнува на автостоперска авантура што неповратно му го менува животот. Во eден притаен натуралистички камп ја запознава глувонемата Алма Свенсон. На последниот ден што го поминуваат заедно, девојката исчезнува, како никогаш да не постоела, фрлајќи го Михаил во очај. Нејзината единствена трага, и нему единствената надеж да ја најде, е едно книжуле со неколку скинати страници, со размисли за некаков утопистички остров. Талкајќи по недобројните патишта на Европа, Михаил го следи внатрешниот патоказ до непознатиот остров и душевниот мир што му го ветува, иако не знае дали воопшто постои.

    Во срцевината на оваа авантура-мистерија лежи една човечка филозофија за сопствената потрага по дом, по смисла, по сродна душа. Инспирирана од личните автостоперски патувања на авторот, Годините кога научив да летам ќе ве внурне во номадскиот свет на талкачите и трагачите, и водејќи ве по себеспознавачки координати ќе ве потсети колку е важно да си го следиме внатрешниот глас.


  • img-book

    НОВО ИЗДАНИЕ ОД ПРОСЛАВЕНОТО ДЕЛО НА РИЧАРД БАХ ПРОШИРЕНО СО НОВ, ЧЕТВРТИ ДЕЛ

    Ова е приказна за луѓето кои ги следат своите срца и создаваат сопствени правила… луѓето кои сакаат да направат нешто добро и за другите, не само за себе… луѓето кои знаат дека животот е многу повеќе од она што го гледаме: тие ќе го следат Џонатан, летајќи повисоко и побрзо отколку што сонувале.

    Галебот Џонатан Ливингстон не е обична птица. Тој верува дека секој галеб има право да лета, да ја достигне крајната слобода на предизвикот и на откривањето, наоѓајќи најголема награда во подучувањето на младите галеби за радоста на летањето и за моќта на соништата.


  • img-book

    Можеби бил родител, учител или колега. Некој постар, трпелив и мудар. Некој кој ве разбирал, кој ви помагал да го сфатите животот и да го истражите светот, да го пронајдете вистинскиот пат. Тој некој за Мич Елбом бил неговиот професор Мори Шварц. Но и тој, како и многумина други, стремејќи се кон успех, ја губи трагата од својот ментор. Дозволувајќи да го понесе животот, заборава да го живее на вистински начин.

    Но добива втора шанса. Повторно го открива својот сакан професор Мори, во последните месеци од животот на стариот човек. Знаејќи дека наскоро ќе замине, Мори секој вторник се среќава со Мич во својата работна соба, токму како што правеле пред 16 години. Нивниот обновен однос се претвора во еден вид завршно „предавање“: во лекции за тоа како навистина да се живее животот, како секој негов ден да се направи посебен.

    „Вторниците со Мори на Мич Елбом е инспиративна книга што го менува животот, за тоа дека би требало да го вреднуваме скапоценото време што го имаме. Прекрасна книга, приказна од срцето раскажана со душа.“ Los Angeles Times


  • img-book

    На прво поглед, Вероника има сè што може да посака. Ги посетува популарните ноќни клубови, се запознава и се забавува со привлечни млади мажи, меѓутоа сепак не е среќна, нешто ѝ недостига во животот.

    Затоа, на 11 ноември, решава да умре. Откако ќе земе преголема доза апчиња, дознава дека ќе живее само уште неколку денови… И токму тогаш, кога го преживува она што никогаш не си го дозволила – љубовта, омразата, стравот, љубопитството – сфаќа дека секоја секунда од нејзиното постоење е личен избор меѓу животот и смртта. А нејзиниот избор е…да живее.

    Ми се допаѓа овој роман на Коелјо. Навистина длабоко ме потресе. Умберто Еко


  • img-book

    Животот е она што ни се случува додека сме зафатени со други планови.

    Будење е најпродаваниот водич на Ентони де Мело за духовниот живот, што го зазеде местото на модерен класик за духовноста. Низ хумор, сочувство и разбирање им помага на читателите да ја разберат важноста на „будењето“, за да се спознаат себеси и светот околу себе.Со мноштво анегдоти и приказни, како и насоки и вежби за самопомош, оваа книга изобилува со вистинска мудрост и практични совети. Проникнува во универзалните прашања за промената, среќата, страдањето и загубата, и помага за справување со гневот, стравот и сите други негативни аспекти што се испречуваат на патот на љубовта.


    БУДЕЊЕ од: 280 ден
  • img-book

    Скопје ја доби својата прва боенка. За возрасни.

    Со доза сатира, па и гротеска, ова е боенка што вртоглаво ќе ви го смени „градогледот“ ‒ од нејзините страници ѕурат лицата на некои од најпрепознатливите зданија и симболи на нашето старо-ново Скопје.

    Но има тука и доза носталгија. За градот убав. За неотсонуваниот сон на Кензо Танге, таткото на постземјотресно Скопје. За заборавениот Пикасо во МСУ. За Чаршијата и Камениот мост. За Старата железничка, за ГТЦ. И апел за чист воздух. За она што Скопје некогаш беше, она што е, она што можеше да биде.

    Ова е еден урбан омаж за Скопје, во еден неочекуван медиум, што на секоја нова страница изненадува со својата визија и порака. Извадете ги боичките и дајте му свои бои на Скопје 091 на Васил Шемкоски.


  • img-book

    ДОБИТНК НА ЕВРОПСКАТА НАГРАДА ЗА ЛИТЕРАТУРА

    Бог ми е сведок е хумористичен и трогателен портрет на убавините, злата и спротивностите на современото грчко општество, виден низ очите на еден крајно несовршен а мошне симпатичен антихерој.

    Оваа животна приказна ја раскажува Хрисоваландис, педесетгодишен маж на работ на пропаста, кој неодамна останал без работа и кој се бори со влошеното здравје. Длабоко набожен, наивен и емотивно незрел, сиот свој живот им бил жртва на луѓето околу себе. Неговиот злобен газда најмногу уживал да се изживува со него, жените во неговиот живот го сакале само поради парите, а татко му и сестрите ‒ со кои сè уште живее ‒ го презираат и го понижуваат. Напуштен од сите, талкајќи за последен пат по улиците на Атина на Бадник, со само еден куфер в рака, полуживата фигура на Хрисоваландис е одраз на чудовишноста на едно сурово општество што неизбежно го отфрла.

    Во Бог ми е сведок Макис Цитас ни раскажува комична и болно тажна приказна за нашиот декадентен и циничен свет, во чест на сите трагични антихерои во кои се препознаваме.


    БОГ МИ Е СВЕДОК од: 350 ден
  • img-book

    „Настаните не се вистински. Односно тие се вистински во секој можен поглед, но јас им го сменив крајот, или дури и самиот почеток. Беше премногу болен или можеби и премногу едноставен за раскажување. Ликовите можеби во вистинскиот живот не заслужија вака да завршат, некои можеби завршија, а другите се можеби само моја илузија. Можеби мојата гордост ја избрка храброста и ме направи кукавица. Но, на некој начин, јас најдов како да ја раскажам мојата приказна онака како што сакав да заврши. Како што немав храброст да ја погазам гордоста и да се борам за таквиот крај. Туку дозволив љубовта да се испогани, на сите можни начини на коишто луѓето ќе успеат да го испоганат и најчистото – и најчистата душа и најчистата љубов. Но, сепак, и по толку време, со тоа што ги раскажав приказните со променет преплет на настаните, таа невина наивност ќе остане чиста и засекогаш ќе живее во мене


  • img-book

    „АПСОЛУТНО УЖИВАЊЕ – ШАРМАНТНА И СЕКСИ ПРИКАЗНА ШТО СЕ ВРТИ ОКОЛУ ГЛАВНАТА ХЕРОИЊА ЗА КОЈА ОБОЖАВАТЕ ДА НАВИВАТЕ“

    Стела Лејн верува дека математиката е почеток и крај на сѐ, она што го обединува целиот универзум. Но оваа брилијантна статистичарка која знае сѐ за алгоритмите, не знае ништо за романтиката. Toa и не е неочекувано, бидејќи има Аспергеров синдром и секој ден се обидува да ги совлада пречките што тој ѝ ги наметнува. А кога луѓето ќе дознаат за тоа, веднаш го менуваат мислењето за неа.

    Но Стела е храбра жена која не се плаши да ризикува за да го добие она што го сака. Tаа одлучува да ангажира професионалец што ќе ја научи сѐ што може да се научи за сексот и врските.