• img-book

    Приказна за новото презиме е втората книга од четиритомниот омаж на женското пријателство, еднакво возбудлив и сурово искрен како и претходниот, Мојата генијална другарка.

    Двете неразделни другарки сега се шеснаесетгодишнички што тргнуваат по различни патишта, судирајќи се со семејството, политиката, љубовта, верноста и, пред сè, со пријателството. Новото презиме и корумпираноста го заробуваат немирниот дух на Лила, а Елена го напушта задушливиот провинциски живот за да го продолжи образованието. По заедничкото летување и неочекуваниот пресврт што им го искушува пријателството, Елена тивко страда поради нејзиното предавство. А кога Лила ја замолува да ѝ почува една скришна кутијка со своевидни дневници, Елена не може да не ги прочита – а потоа огорчено ги фрла во реката…

    Со својот жесток набој и истанчен усет за нијанси и детали, Феранте мајсторски ја ткае приказната испреплетувајќи ги живите сеќавања на Елена и интимните записи на Лила. Овој колаж од две судбини е моќно сведоштво за суровоста на женското созревање во еден машки свет.

    „Возбудлив и храбар современ еп за демонската моќ на човечката, и особено женската креативност, под будните очи на историјата и општеството.“ Лос Анџелес ривју оф букс


  • img-book

    Провокативен и фасцинантен, Прељуба е длабоко интроспективен роман за тоа како една жена се соочува со неспокојот на своите средни години – и последиците од нејзините одлуки врз личниот живот.

    Однадвор, се чини дека Линда има сè: кариера на почитуван новинар, приврзан сопруг, сакани деца и прекрасен дом во Женева. Но без оглед на овие погодности, нејзе ѝ здодева рутината на стабилниот живот и се чувствува бескрајно осамена. Кога еден пријател од минатото се враќа во нејзиниот живот, таа е преплавена од импулси и пориви кои со години лежеле скриени во неа. Заробена од копнежот по страсна љубовна врска, Линда тргнува по патека што никогаш не ни сонувала дека ќе ја минува, и се соочува со своите демони ризикувајќи да го уништи удобниот живот што го создала за себе и своето семејство.

    Со мајсторски водено раскажување и изнијансирани карактери, Пауло Коелјо ги поведува читателите на уште едно возбудливо патување низ лавиринтот на човечките односи и емоции.

    Кликнете тука за да го прочитате првото поглавје и да се уверите зошто не смеете да го пропуштите ова вистинско ремек-дело!


    ПРЕЉУБА од: 380 ден
  • img-book

    Раде Шербеџија пишува така како што прави и сè друго – страсно, искрено, со срце и без лицемерство. Пишува за луѓе, градови, светови, уметности, идеали и спомени што ги надживеале сите наши невремиња. Најмногу од сè, пишува за љубовта. За љубовта кон семејството, пријателите, родниот крај, виното, фудбалот, татковината, музиката, театарот и побратимството што го поврзува сето тоа.

    Под изгаснатите рефлектори, онаму каде што мижурка само уште светлината на компјутерскиот екран и таму каде што човекот е сам без оглед на сите множества во кои е сместен, Раде Шербеџија проговорува со глас кој знае како најмудро се игра главната улога во сопствениот живот.


    ПО ДОЖДОТ од: 500 ден
  • img-book

    ПланУМ Про – ексклузивен планер за професионален развој во 12 месеци

    ПланУМ Про е моќен интерактивен планер за унапредување на личните потенцијали. Низ уникатен и структуиран процес помага во кристализирање на посакуваните цели и во дефинирање на детална мапа за нивна реализација. Дејствува како личен тренер кој го стимулира вашиот континуиран професионален развој. Поттикнува систематизираност и организација, иницира одговорност и акција и ја зголемува продуктивностa.

    ПланУМ Про е индивидуално решение за сите кои имаат амбиција да ги претворат своите соништа во лесно остварливи цели. Содржи месечни и неделни прегледи, зона за состаноци, матрица на приоритети, 180 совети за продуктивност и 60 мисли кои ќе ве мотивираат секојдневно да го постигнете својот максимум!

    Наменет е за:

    – ентузијастични претприемачи кои се докажуваат на пазарот
    – амбициозни корпоративци кои сигурно се искачуваат во кариерата
    – храбри иноватори со големи идеи на кои им е потребна структура за реализација
    – професионалци со потреба од зголемена продуктивност.


    ЈАС ИМАМ ПЛАНУМ од: 499 ден
  • img-book

    Инспирацијата за твојот личен развој во твои раце

    ПланУМ е креативен и интерактивен планер кој го стимулира вашиот континуиран личен развој. ПланУм е револуционарна платформа базирана врз техники од коучинг методологијата со фокус кон решенија, која ќе ви помогне да ги кристализирате посакуваните цели и да дефинирате детална мапа и план за нивна реализација. Ќе биде ваш верен асистент во динамичното секојдневје помагајќи ви да стигнете од точка А до точка Б.

    Во ова ново издание збогатено со инспиративни приказни и мудри мисли од светот, ПланУМ ќе го рзбуди вашиот креативен УМ, ќе ги канализира вашите идеи и ќе ве охрабри да сонувате, непрастајно да работите на себе и да остварувате.

    Приказната за личниот успех никогаш не била повозбудлива!


    ПЛАНУМ од: 499 ден
  • img-book

    ПланУМ приказна е креативен интерактивен планер за ученици од основно и средно училиште, збогатен со внимателно избрани и дизајнирани вежби и техники кои се базираат врз методологијата за личен развој и техники од позитивната детска психологија. Низ конципиран процес на планирање и освестување на личните афинитети и квалитети, младиот ПланУМец се развива во одговорна, свесна и отворена личност.

    ПланУМ приказна обработува различни теми од интерес за најмладите и ги поттикнува и родителите и децата да зборуваат отворено за детските желби, потреби, планови, стравови и дилеми. Преку забавни игри, задачи и предизвици, ПланУМ приказна овозможува децата да си ги развиваат интелигенцијата и талентите, да ги продлабочат своите размислувања, да работат на остварување на своите интереси, желби и соништа, како и да усвојат многу нови теми и прашања со кои ќе се среќаваат во текот на својот развој.

    Крајната цел на ПланУМ приказна е:

    – откривање на нови таленти и вештини кај децата
    – развој на креативноста низ забава
    – организирање на обврските
    – поставување цели за идни врвни достигнувања
    – создавање здрави навики
    – градење на цврсти односи со врсниците и со родителите
    – откривање и активна работа на силните и слабите страни на детето.

    Бидејќи секој корисник создава свој уникатен план и одговор на зададените предизвици, варира и комплексноста на резултатите. Вклученоста на родител или старател е неопходна при пополнување на ПланУМ приказна кај помладите, додека кај повозрасните деца асистенцијата би била делумна или во зависност од барањата на самата вежба.


    ПЛАНУМ ПРИКАЗНА од: 499 ден
  • img-book

    Човек лесно се вљубува. Но да се одржи љубовта – тоа е вистинскиот предизвик. Која е формулата за среќна врска откако ќе помине љубовниот занес?

    Во Петте јазици на љубовта, бестселер број 1 според Њујорк тајмс, брачниот советник д-р Чепмен ви ја открива тајната за заемно разбирање што преобрази милиони двојки во светот. Во својот практичен и прониклив водич за долговечна љубов, тој нè тера да се прашаме што бараме еден од друг, ни покажува како да го научиме јазикот на љубовта на партнерот и ни ја открива моќта на вистинските зборови и дела.

    Без оглед на тоа дали врската ни цути или ни се распаѓа, проверениот пристап на д-р Чепмен ќе ни помогне да доживееме подлабока и побогата интимност со партнерот. А за тоа треба само да го научиме јазикот на љубовта.


  • img-book

    Овие приказни се обични приказни. Вистински, човечки и возможни. Иако во животов сè е одамна невозможно.

    Што добивате кога Игор Џамбазов ќе реши да раскажува за својот живот?
    250 страници фасцинантно, забавно четиво полно со хумор, куп комични пресврти и неверојатни ситуации, пикантерии, интриги и најмногу од сè – искреност. И сето тоа зачинето со неповторливиот, за Игор толку препознатлив, стил на раскажување.

    Десет раскази, десет приказни кои мора да се раскажат. И уште десет пати по толку причини да се (пре)прочитаат. Толку добро Џамбазов нè води низ случките од детството и младоста што ќе сакате уште. Ликови чии вистински имиња ќе сакате да ги дознаете, случки кои ќе ве заскокоткаат, урнебесни ситуации на кои од срце ќе се смеете – секоја страница е мини ремек-дело!

    Зошто ја читате сè уште оваа корица? Завртете ја книгата и почнете! Верувајте, многу брзо пак ќе стигнете до овие редови. И потоа, ќе почнете од почеток…Книгата која се распродаде во над 5.000 примероци, добива свое продолжение!


    ОБЛЕЧЕН ЧОВЕК од: 400 ден
  • img-book

    Не е тајна дека зад успехот стои добрата организација на времето ‒ таа е и решение за стресот во ова брзо секојдневје.

    Меѓутоа ова е еден малку поинаков дневник. Ќе ви биде верен бележник и потсетник за секојдневните активности и размисли. Но ќе ви биде и непресушен извор на мотивација и инспирација со своите мисли и пораки за боење, веќе добро позната медитативна техника за релаксација и смиреност. Совршен спој на практичното и инспиративното, неделна доза оптимизам, и бои што ќе му дадат ваш личен печат. Вам ви останува да планирате, пишувате, боите и размислувате ‒  и најдоброто несомнено ќе дојде!


  • img-book

    ТАЈНИТЕ НА УСПЕХОТ НА ДРЕВНИТЕ НАРОДИ – СИГУРЕН ПАТ КОН СРЕЌА И ПРОСПЕРИТЕТ

    Безвременото дело Најбогатиот човек на Вавилон го содржи клучот на сите ваши желби и на сè што сакате да постигнете. Оваа книга досега им ја откри својата тајна за збогатување на безброј читатели.

    „Вавилонските параболи“ запишани на глинени плочки се еден од аманетите што ни ги оставил древниот народ. Овие инспиративни и поучни приказни за економичноста, планирањето на финансиите и личното богатство ве упатуваат кон вистинскиот пат на успехот и радостите што го следат. Потврден како класика на модерното време, овој славен бестселер ви нуди длабоко разбирање и едноставно решение на личните финансиски проблеми.

    Најбогатиот човек на Вавилон е книга што ги содржи тајните за тоа како да стекнете пари и како да ги натерате парите да работат за вас и да ви донесат уште поголемо богатство – и материјално, но и духовно. Прочитајте ја и препорачајте им ја на оние што ги сакате, ширејќи ја оваа древна мудрост.


  • img-book

    Моќта на мислите е огромна. Секоја ваша мисла за вас има определeна вредност. Силата на вашето тело, силата на вашиот ум, вашиот успех во животот и задоволствата што со вашето присуство им ги давате на другите – сето тоа зависи од природата и од квалитетот на вашите мисли. Морате да ја познавате културата на мислите и да ја развиете мисловната моќ. Оваа мала, но вредна книга, ве образoва, го просветлува вашиот ум и ја зацврстува вашата волја за правење добро и за постигнување исклучителност. Студенти, возрасни, доктори, адвокати, бизнисмени, трагачи по вистината – на овие страници секој ќе најде изобилство од насоки за културата и моќта на мислите. Од оваа вечна и неисцрпна тема ќе извлечете повеќекратна корист за самоспознавање, стекнување моќни мисли и за живеење на еден позитивен, динамичен, богат, успешен и радосен живот.


    МОЌТА НА МИСЛИТЕ од: 250 ден
  • img-book

    Една од најважни обврски што ги имате како менаџер е да ги мотивирате вработените да го дадат најдоброто од себе. Менаџерите кои создаваат работна средина со висока енергија и даваат чувство дека се работи нешто што има вредност, го намалуваат одливот на вработени и истовремено ги зголемуваат продуктивноста и квалитетот.

    Потпирајќи се на своето повеќедецениското искуство, експертот за успех Брајан Трејси во Мотивација нуди 21 брза и моќна метода за зголемување на делотворноста на секој поединец или група. Тој ви открива како:

     

    • да обезбедите вработените да чувствуваат страст за тоа што го работат
    • да ги предизвикате со задачи што од нив бараат да направат исчекор
    • да ја задоволите нивната потреба истовремено да се чувствуваат и независни и дел од тимот
    • да го намалите стравот од неуспех и да ја зголемите желбата за успех
    • да ги отстраните пречките што не им даваат да напредуваат
    • да им дадете повратна информација што им е неопходна за да успеат

     

    Во оваа книга ќе ја научите една од најважните функции на менаџментот – способноста да ги мотивирате другите за врвни достигнувања.

     


    МОТИВАЦИЈА од: 250 ден
  • img-book

    Моќна и длабока приказна за доживотното женско пријателство и ривалство.

    Приказната ja раскажува шеесетгодишната Елена која, соочена со мистериозното исчезнување на својата другарка Лила, решава да го овековечи секој детаљ од нивното заедничко минато. Растејќи во сиромашното неаполско маало во 50-тите, на суровите улици и во школските клупи, двете девојчиња учат да се потпираат една на друга пред сите детски стравови и предизвици. Иако патиштата непрестајно им се вкрстуваат и раскрстуваат, овие две дијаметрално спротивни жени сепак остануваат најверни другарки чии судбини се огледуваат една во друга и се прекршуваат.

    Со првиот дел од тетралогијата Неаполски романи, Феранте се докажува како еден од најголемите италијански раскажувачи на сите времиња. Оригиналната и бескомпромисно искрена проза совршено ги портретира овие два женски лика обликувани во контекстот на повоена Италија. Мајсторски скроен и трепетно возбудлив наратив што го одзема здивот со секоја нова авантура на двете хероињи.

    Елена Феранте е италијанска писателка што пишува под псевдоним и чиј вистински идентитет не е познат во јавноста. Живее во Неапол. Се смета за највлијателна на својата генерација. Авторка е на десетина романи, од кои се издвојуваат Вознемирувачка љубов (1992), Денови на заборав (2002), Загубената ќерка (2008), а со светска слава се стекнува токму со првиот од четирите Неаполски романи, Мојата генијална другарка (2011), серијал што ја донесе во најтесна конкуренција за неколку престижни книжевни награди.


  • img-book

    ▪ Која е разликата меѓу љубов и заљубеност?
    ▪ Постојат ли безусловна љубов и сродни души?
    ▪ Дали љубовта е прашање на одлука и дали е вистина дека спротивностите фатално се привлекуваат?
    ▪ Зошто доаѓа до неверство и може ли да се преболи?

    Ова се само некои од прашањата што ги поставува најпознатиот хрватски автор на духовна литература Бруно Шимлеша во својот бестселер Љубовологија и на едноставен но луциден начин нè учи како да изградиме здрави и среќни односи со другите.

    Дали станува збор за партнерска или семејна љубов, за пријателски или деловни односи, авторот ни ги разоткрива вообичаените заблуди и погрешни очекувања што си ги наметнуваме едни на други, но исто така предлага и решенија кои ќе ги вратат довербата и задоволството во најважната сфера на животот. За градење на вистинска љубовна врска клучни се три фактори – рамнотежа на давање и примање убавина, висок степен на компатибилност и искреност. Бруно Шимлеша нуди и еден уникатен тест, кој ќе им помогне на партнерите да откријат колку нивните љубовни желби и надежи се совпаѓаат и имаат ли темел за вистинска врска каква што секогаш посакувале.

    Кога би постоела наука за љубовта, оваа книга би била учебник!


    ЉУБОВОЛОГИЈА од: 400 ден
  • img-book

    Луѓе без минато е роман за универзалната апсурдност на историските епизоди во кои е вклештен малиот, обичен човек. Зад лажната слика на редот се крие поинаква суштина. Таа отвора низа прашања за трагичната судбина на беспомошните единки затечени во настаните што водат во ќор-сокак.

    Во безизлезот на пеколот, Роберт Новак и неговата генерација се втурнати во бесмислена војна од чиј хаос во сеќавањето им остануваат болни слики и судбински средби. Во мракот на немоќта и верноста кон идеолошките вредности, кога се распаѓа нивната држава, слепи се за границите на вистината со која немаат храброст да се соочат. Но сепак, на крајот од тунелот проблеснува светла точка која ја буди надежта за подобро утре.

    Луѓе без минато е роман за човечките врски, за фаталните јазли на идеологијата во кои е заробен личниот живот, за ужасните лаги и предавства што го пресоздаваат злото. А единствениот противотров за него е едноставната и чиста човечка суштина.


    ЛУЃЕ БЕЗ МИНАТО од: 250 ден
  • img-book

    Повеќе од петнаесет години најуспешните компании и најбогатите луѓе на светот ја применуваат формулата на Робин Шарма – еден од најбараните гуруа на денешнината. Оваа формула сега ви е достапна и вам, преку вдахновените пораки за тајните на успехот и личната среќа.Книгата Лидер без титула ќе ве научи:
    -Да бидете исклучителни во својата работа, без оглед на функцијата што ја имате
    -Да ја искористите секоја шанса во тешките времиња
    -Да изградите одличен тим и да станете продавач број 1
    -Да ги совладате тактиките за ментална стабилност и физичка снага
    -Да се изборите со стресот, да размислувате позитивно, да ослободите енергија и да постигнете хармоничен живот
    Без оглед на позицијата што ја заземате во компанијата и на моменталните околности во својот приватен живот, не заборавајте дека поседувате моќ да станете лидер. Оваа книга ќе ве научи како да ја стекнете оваа моќ и да го измените не само својот живот туку и светот околу вас.Дајте го својот максимум!

    „Од калуѓерот што го продаде ферарито до лидер без титула, Робин Шарма нè води по вистинскиот пат. Врзете се и уживајте во возењето“.Кевин Робертс, Сачи & Сачи

    „Робин Шарма има ретка дарба да пишува книги што вистински им го менуваат животот на луѓето“.Ричард Карлсон

    „Лидер без титула е книга што ќе ви го


    ЛИДЕР БЕЗ ТИТУЛА од: 380 ден