• img-book

    Сè започна со една мистериозна сина белешка зашиена во еден невестински фустан. Нешто сино…

    Отидов да го продадам мојот неносен невестински фустан во еден бутик за облека од втора рака. И така го пронајдов фустанот со пораката на некоја друга невеста. Фантастичен скап дизајн со пердуви и најубавата порака што некогаш сум ја прочитала: „Ти благодарам што ги исполни сите мои соништа“.

    На сината скапа хартија беше втиснато името Рид Иствуд, очигледно најромантичниот маж кој некогаш постоел. Наскоро дознав дека е и најпрекрасниот. Камо среќа тука да запрев со фантазиите за вистинска љубов. Така немаше да дознаам дека воедно е и најнеподносливиот, најарогантниот и најтешкиот човек на светот. Благодарение на иронијата на судбината, тој ми е новиот шеф. Но тоа нема да ме спречи да ја откријам приказната што се крие зад неговото последно љубовно писмо. Љубовно писмо кое не било проследено со среќен крај. Како и да е, таа драма не може ни да се спореди со драмата што почнува меѓу нас. Само еден Бог знае како ли ќе заврши таа…


  • img-book

    „Имаш среќа што не го запали светлото…“

    Една млада негувателка е доживотно трауматизирана кога го наоѓа својот пациент, јавниот обвинител Николсон, брутално убиен во неговиот кревет. Самиот чин делува апсурдно – Николсон имал рак во терминална фаза и му останувале само уште неколку недели живот. Но она што најмногу го шокира детективот Роберт Хантер е „уметничкото дело“ што убиецот го има оставено зад себе на местото на злосторството.

    Хантер не се сомнева дека убиецот се обидува да комуницира со полицијата, но методот што го има одбрано е крајно необичен – нешто што Хантер го нема сретнато никогаш во својата кариера. И никако не може да разбере која би можела да биде скриената порака.

    Токму кога Хантер и неговиот партнер Гарсија сметаат дека пронаоѓаат добра трага, се појавува и ново тело – и ново „уметничко дело“. Но не можат да пронајдат поврзаност помеѓу првата и втората жртва, па упорно тапкаат во место.

    Хантер е во трка со времето и со Скулпторот на смртта, кој пак се подготвува за последните финеси на своето ремек дело.


  • img-book

    Одбројувањето е започнато…

    Ел Кастиљо води подкаст кој обработува теми за вистински злосторства и со декади е опседната со Убиецот Одбројувач. Пред дваесет години, тој има киднапирано и убиено три девојчиња во рок од по седум дена, секоја од нив помлада од претходната. Никој не знае зошто тој ја следи оваа грозоморна шема, ниту пак зошто киднапирањата и убиствата нагло престанале по единаесетта жртва. Повеќето сметаат дека тој е мртов. Но Ел знае дека не е така и цврсто е решена да се избори за историска правда.

    Кога киднапирањата одеднаш повторно почнуваат, Ел мора да се соочи со нејзината одговорност: нејзина е заслугата што убиецот практично се враќа од мртвите на нејзина провокација. Таа мора да го прекине смртоносното одбројување пред Убиецот Одбројувач да ја однесе следната жртва.


    Девојчето, 11 од: 490 ден
  • img-book

    Постои смртоносно оружје што може да ја помине секоја гранична контрола. Ниеден контролор на светот не може да го види.

    Искусниот и успешен психијатар Мат Кругер е на ноќниот лет за Берлин. Тој мора да го надмине својот паничен страв од летање затоа што едвај чека да ја види својата трудна ќерка, која ја нема видено многу долго време. Посетува дури и семинар за надминување на стравот од летање, но брзо по качувањето во авионот сфаќа дека се подготвувал за погрешни стравови. Немирот овој пат не доаѓа од стравот од опасна турбуленција или паѓање на авионот или терористички напад, туку од телефонскиот повик преку кој дознава дека еден од патниците е ментално нестабилен пациент – негов поранешен пациент. Лице кое Кругер го има ослободено од насилни убиствени фантазии. А сега треба да го натера истиот тој нестабилен пациент да го урне авионот, затоа што во спротивно, ќе умре единствената личност на светот која тој вистински ја сака.

    Извонреден психолошки трилер кој си поигрува со основните човечки стравови, како клаустрофобијата и беспомошноста.


  • img-book

    Психолошка, напната приказна за една случајна средба што води до убиство и тоа низ низа неочекувани пресврти.

    На еден вечерен лет од Лондон до Бостон, Тед Северсон ја запознава мистериозната и привлечна Лили Кинтнер. По неколку пијалаци, можеби малку повеќе отколку што треба, двајцата практично непознати почнуваат да играат игра на кажување вистини, откривајќи интимни детали за себе. Тед зборува за неговиот брак и неговата сопруга Миранда, бидејќи е сигурен дека таа го изневерува. Но нивната игра наскоро станува мрачна кога Тед на шега нафрла дека би можел да ја убие Миранда за тоа што му го направила. Лили пак, без размислување му вели, „Би сакала да ти помогнам“.

    button-new


    4.82 out of 5
    Некој што вреди да умре од: Питер Свансон 420 ден

    Сè уште нема. Проверете повторно за некое време.

  • img-book

    Шеснаесетгодишната Аза нема желба и намера да изигрува детектив и да разоткрива мистерија за милијардер во бегство, но сепак има награда од сто илјади долари во игра и нејзината најдобра и најбестрашна пријателка, Дејзи, е желна за истражување. Па така заедно решаваат да пробаат да му се доближат на синот на исчезнатиот милијардер Расел Пикет, Дејвид, кого Аза го знае од мала бидејќи заедно посетувале летен камп. И во кого патем била малку зацапана на времето… а можеби и уште е.

    Аза се труди. Таа се труди да биде добра ќерка, добра пријателка, добра ученичка, а можеби и добра детективка, но сето тоа ѝ го отежнува спиралата на нејзините хипохондрични мисли која сè повеќе се затега околу неа. Сака да може да мисли на љубов и забава како и секоја друга нормална тинејџерка, но таа знае дека не е сосема нормална.

    Ова е приказна за пријателството, семејството, љубовта и тежината на нашите сопствени мисли – и ова дефинитивно е најдлабоката книга на Грин досега.

    „Скршено му е срцето“, реков.

    „Да, па, зарем не ни е на сите?“

    button-new


    4 out of 5
    Желки до бесконечност од: Џон Грин 390 ден

    Проверете подоцна.

  • img-book

    Мал град. Страшна суша. Неподнослив очај. Големи тајни.

    Во најлошата суша што ја видела Австралија во изминатиот век, еден фармер ја крева својата пушка на своето семејство, а потоа и на себе. Руралната заедница на Киевара секојдневно се соочува со очајни избори и одлуки. Ако еден од нив пукнал од стресот, очајот и притисокот, на останатите им останува само да Му се молат на Бога за сила и издржливост. Да се надеваат на Божја милост за дожд.

    Но кога почнуваат да отскокнуваат прашања и да се фрлаат сенки на сомнеж врз целиот опустошен град, специјалниот агент Арон Фалк е принуден да се соочи со заедницата што го отфрлила пред дваесет години. Затоа што Фалк и неговиот пријател од детството, починатиот Лук Хадлер, имале тајна – тајна што смртта на Лук се заканува да ја разоткрие.

    И кога Фалк навлегува подлабоко во приказната за убиствата, од старите рани почнуваат да се отвораат нови.

    button-new


    4.4 out of 5
    Сушата од: Џејн Харпер 420 ден

    Сè уште нема. Проверете повторно за некое време.

  • img-book

    Како се задржува љубовта која полека ви се лизга низ прсти?
    Може ли човек да го заборави минатото кога знае што носи иднината? И каде се наоѓаат сили кога знаеш дека секој бакнеж е одбројување до збогување?

    Првиот пат кога Моли го бакнува Рајан, таа уште веднаш знае дека тие ќе бидат заедно засекогаш. Шест години и илјадници бакнежи подоцна, Моли е мажена за човекот кој го сака. Но денес, додека Рајан ја бакнува, Моли сфаќа колку многу бакнежи залудно потрошила и загубила, бидејќи иднината носи нешто што ниеден од нив двајца не можел да го замисли и предвиди…

    Ова е приказната на Рајан и Моли, ова е приказната која ќе ви раскаже како се запознаваат, вљубуваат, изневеруваат, разочаруваат и разделуваат. Ова е приказна за љубовна афера. Ова е приказна која трае цел живот, а истовремено приказна која завршува прерано. Приказна која ќе ве насмее и расплаче. Приказна која ќе ви го скрши срцето со таква нежност што ќе молите за уште.
    Ова е приказна за еден прв бакнеж, но и за еден последен бакнеж…

    button-new


    4.75 out of 5
    Првиот последен бакнеж од: Али Харис 390 ден

    Како се задржува љубовта која полека ви се лизга низ прсти? Може ли човек да го заборави минатото кога знае што носи иднината? И каде се наоѓаат сили кога знаеш дека секој бакнеж е одбројување до збогување?

    Првиот пат кога Моли го бакнува Рајан, таа уште веднаш знае дека тие ќе бидат заедно засекогаш. Шест години и илјадници бакнежи подоцна, Моли е мажена за човекот кој го сака. Но денес, додека Рајан ја бакнува, Моли сфаќа колку многу бакнежи залудно потрошила и загубила, бидејќи иднината носи нешто што ниеден од нив двајца не можел да го замисли и предвиди…

    Ова е приказната на Рајан и Моли, ова е приказната која ќе ви раскаже како се запознаваат, вљубуваат, изневеруваат, разочаруваат и разделуваат. Ова е приказна за љубовна афера. Ова е приказна која трае цел живот, а истовремено приказна која завршува прерано. Приказна која ќе ве насмее и расплаче. Приказна која ќе ви го скрши срцето со таква нежност што ќе молите за уште. Ова е приказна за еден прв бакнеж, но и за еден последен бакнеж…

    Сакам книги ви ја препорачува со чиста совест и цело срце – ова е книгата која не смеете да ја пропуштите во 2013 година!

  • img-book

    Награда за книга на годината во 2014 од страна на GR, најголемата мрежа за љубители на книги во светот.

    Прекрасно, богато и специфично семејство. Приватен остров…

    Брилијантно, повредено девојче; страсно, посиромашно момче.

    Група од четири пријатели – Лажговците – чие пријателство станува деструктивно.

    Револуција. Несреќа. Тајна.
    Лаги врз лаги врз лаги.
    Вистинска љубов. Вистината.

    „Ние сме Лажговците. Ние сме прекрасни, привилегирани и водиме безгрижен, луксузен живот. Ние сме напукнати, оштетени и скршени. А ова е приказна за љубов и семејство. Ова е трагедија. Но што е вистина? А што лага?“

    Каденс, Гет, Мирен и Џони. Лажговците. Деца од исклучително богато семејство кои фамилијарно ги минуваат летата на приватен остров во сопственост на нивниот дедо. Нивните мајки се сестри, наследнички на големо богатство. Бесценетите внуци се високи и витки, со светли кожи и руси коси, образовани деца со дарба за спорт. Но дали работите се навистина тооолку совршени како што изгледаат? Каденс не може да се сети на ништо по несреќата… На ништо…

    button-new


    4.5 out of 5
    Ние бевме лажговци од: Е. Локхарт 380 ден

    Награда за книга на годината во 2014 од страна на GR, најголемата мрежа за љубители на книги во светот.

    Прекрасно, богато и специфично семејство. Приватен остров…

    Брилијантно, повредено девојче; страсно, посиромашно момче.

    Група од четири пријатели – Лажговците – чие пријателство станува деструктивно.

    Револуција. Несреќа. Тајна.
    Лаги врз лаги врз лаги.
    Вистинска љубов. Вистината.

    „Ние сме Лажговците. Ние сме прекрасни, привилегирани и водиме безгрижен, луксузен живот. Ние сме напукнати, оштетени и скршени. А ова е приказна за љубов и семејство. Ова е трагедија. Но што е вистина? А што лага?“

    Каденс, Гет, Мирен и Џони. Лажговците. Деца од исклучително богато семејство кои фамилијарно ги минуваат летата на приватен остров во сопственост на нивниот дедо. Нивните мајки се сестри, наследнички на големо богатство. Бесценетите внуци се високи и витки, со светли кожи и руси коси, образовани деца со дарба за спорт. Но дали работите се навистина тооолку совршени како што изгледаат? Каденс не може да се сети на ништо по несреќата… На ништо…