• img-book

    Приказна за историска вистина, за изгубените животи на ќерките на царот Николаj и Александра.

    17 јули 1918 година. Четирите девојки се симнале по дваесет и трите скалила во подрумот на една куќа во Екатеринбург. Најстарата имала дваесет и две години, најмладата седумнаесет. Заедно со родителите и со тринаесетгодишниот брат, сите четири се бездушно убиени. Виновни се за тоа што биле ќерки на последниот цар и царица на сите Руси.
    Во книгата „Сестрите Романови“ познатата авторка на биографии, Хелен Рапапорт, им нуди на читателите досега најавтентична приказна за големите кнегињи Олга, Татјана,
    Марија и Анастасија. Црпејќи материјал од нивните необјавени писма, дневници, документи од приватни архиви, насликала впечатлив портрет на нивниот живот во последните денови од династијата Романови. За првпат нивните животи се прикажани од детството, па сè до младешките вљубувања, прикажани се нивните сништа, надежи и напорниот
    соживот со нивната болна мајка и братот хемофиличар, потоа и траумите што им ги носи Револуцијата.

    „Хелен Рапапорт насликала привлечен портрет на проколнатите големи кнегињи.“ – Пипл магазин
    „Едноставно неверојатно… Вака треба да се пишуваат историските книги.“ – Алисон Вир


  • img-book

  • img-book

    Гламурозно, но и предаторски, Борџија ја обележуваат ренесансна Италија.
    Расцепкана на многу кралства, војводства и град-држави, папата Александар VI користејќи ја својата вонбрачна ќерка, Лукреција, како инструмент на владеење, успева во своите политички интриги.
    Животот на Лукреција Борџија е сечиj само не и нејзин. Искористена за целите на својот татко и браќата, таа преживува како физички така и душевен пекол.
    Желбата за искрена љубов, безгрижен живот и соништа на една млада девојка, се заменети со бескрупулозни игри и инцестни односи.
    Дали историјата била неправедна кон ликот на Лукреција?
    Желбата за преживување и одмазда, можеби, е посилна и од највозвишената љубов.


  • img-book

    Книга за која постојано се зборува …
    Ева Бенедикт е последна од филмските диви, симпатичен секс-симбол со освоени два Оскара, четири поранешни сопрузи и легија љубовници.
    Нема тајна, ниту скандал што таа не го знае. Сега Ева одлучи да ги напише своите мемоари – без цензура и каква било забрана. Цел Холивуд ја моли да не го стори тоа. Но, Ева има свои причини…
    Посинокот на Ева, Пол Винтроп, кој патем е вистинска секс-бомба, ќе ја разниша решителноста на Ева да ја раскаже својата приказна. И додека Џулија дознава колку непријателите на Ева спречуваат книгата да биде објавена, таа, исто така, открива дека Ева има една последна, темна тајна за споделување.


    Генијални лаги од: 440 ден
  • img-book

    Кога една мајка е мета на опасна група луѓе, таа мора да стори злосторство за да ја спаси својата киднапирана ќерка – или да ризикува да ја изгуби засекогаш. Тоа е приказната на овој „интензивен и оригинален“ трилер (Стивен Кинг), кој ги освои наградите „Бери“ и „Макавити“ и беше прогласен за најдобар роман на годината според ITWA.

    Тоа е нешто што родителите го прават секое утро: Рејчел Клајн ја остава својата ќерка на автобуската станица и се упатува кон своите обврски. Но, еден повик од непознат број менува сè: тоа е повик од жена што ја информира дека Кајли е киднапирана и единствениот начин Рејчел повторно да ја види е да ги следи точно нејзините упатства, да плати откуп и да најде друго дете за киднапирање. Ова не е обично киднапирање: јавувачот е мајка, чиј син е однесен, и ако Рејчел не стори како што ѝ е речено, момчето ќе умре.

    „Вие не сте први. И сигурно нема да бидете последни.“ Рејчел сега е дел од Синџирот, бесконечна и генијална шема што ги претвора жртвите во криминалци. Правилата се едноставни, моралните предизвици невозможни. Најдете ги парите брзо, пронајдете ја својата жртва и потоа извршете ужасен чин за кој сте мислеле дека не сте способни пред само дваесет и четири часа.

    Но, она што го знаат умовите што стојат зад Синџирот е дека родителите ќе направат сè за своите деца. Kиднапирањето е само почеток.


    Синџирот од: 500 ден
  • img-book

    Олив Торес е навикната да биде баксузната близначка. Од необјасниви несреќи до неодамнешно отпуштање, нејзиниот живот се чини дека е речиси трагикомичен. Спротивно на тоа, сестра ѝ Ами е вечна шампионка… дури успеа да ја финансира целата своја венчавка, победувајќи на многу наградни игри. За Олив, единственото нешто што е полошо од постојаната лоша среќа е денот на венчавката да го поминете со кумот (својот најголем непријател), Итан Томас. Олив се подготвува за свадбен пекол, решена да го помине со монтирана лажна насмевка на лицето. Но, се случува токму спротивното, свадбената забава тргнува на лошо за сите, освен за Олив и Итан. За да не пропадне добиениот меден месец на Мауи како награда, Олив ќе мора да се одлучи на привремено примирје со Итан за да ужива во рајот. На крајот на краиштата, вреди десет дена да се преправа дека е на меден месец, нели? Но, чудно е тоа што… Олив нема ништо против да се преправа. Всушност, колку повеќе се преправа дека е најсреќната жена на светот, толку повеќе се чувствува како да е. „МЕДЕН МЕСЕЦ“ е роман за секој оној што некогаш се почувствувал несреќен во љубовта.


    Меден месец од: 490 ден
  • img-book

    Катерин и Зои се сестри, но карактерно многу различни. Кетрин е смирена и одговорна, а Зои страсна и бунтовна. Никој нема да се изненади кога Зои ќе остане бремена, ќе го напушти училиштето и ќе стане зависник од дрога.

    Една ноќ Катерин добива повика од ќерката на Зои, Вилоу, која е преплашена и` соопштува на својата тетка дека мајка и` ја оставила на автобуската станица и исчезнала. Катерин, која не може да има деца, со задоволство прифаќа да ја подигне Вилоу како своја ќерка.

    Пет години подоцна…
    Една серија на неочекувани настани ќе го шокираат семејството и трите генерации на жени.


  • img-book

    Романот „Неопходни лаги” ќе Ви го украде срцето.

    Книгата, која е напишана за храброста која е потребна да бидеш оној кој што треба, дури и тогаш кога општеството ти налага поинаку, е полн со откритија – како и за читачот, така и за двете храбри протагонисти. Да Ве предупредам – романот ќе Ви го украде времето потребно за други обврски – кога ќе започнете да го читате, ништо друго нема да Ви биде поважно од тоа да стигнете до крајот, од кој срцето ќе Ви затрепери.


    Неопходни лаги од: 390 ден
  • img-book

    „Преправај се и танцувај“ е приказна за вистината на едно семејството, нивните лаги и неверојатна комбинација на двете.
    Моли Арнет е многу добра во чување тајни, но…Таа и нејзиниот сопруг се надеваат дека наскоро ќе посвојат бебе. Но, постапката ја застрашува. Моли е загрижена дека вистината што таа ја чувала скриена за нејзиното детство ќе се открие и ќе ја уништи не само нејзината шанса за посвојување туку и нејзиниот брак.

    Додека се обидува да најде начин да се смири со своето минато и да ја прифати иднината исполнета со ветувања, открива дека таа дури и не ја знае вистината за тоа што всушност се случило во нејиното семејство.


  • img-book

    Една грешка, една судбоносна вечер, и животот на Тес де Мело ќе се смени засекогаш…

    1944 година – бремена, сама и преполна со вина, дваесет и тригодишната Тес де Мело не можејќи да живее во лага, одеднаш ќе се откаже од нејзината идна кариера како медицинска сестра и ќе стави крај на свршувачката со љубовта на нејзиниот живот. Таа ќе отиде да побара помош од таткото на нејзиното дете и ќе се согласи да се омажи со него, преселувајќи се во еден мал и рурален град, Хикори, во Северна Каролина. Новиот сопруг на Тес, Хенри Крафт, е човек со многу тајни. Тој често не спие дома, крие пари од неговата сопруга, и не покажува никакви чувства кон неа. Тес брзо ќе сфати дека е во замка и во брак без љубов од кој нема излез.
    Кога во Хикори, одеднаш, ќе се појави вирусот полио,граѓаните ќе изградат болница. Тес знае дека е потребна, и покрај желбите на Хенри таа ќе работи таму. Таа ќе се пронајде во работата и ќе чувствува дека прави нешто значајно. А, сепак, однесувањето на Хенри ќе стане алармантно. Тес се бори да ги спаси животите на своите пациенти и се обидува да ја дознае вистината за нејзиниот сопруг и што се крие зад неговото однесување.
    Таа се обидува да ја најде љубовта на нејзиниот живот и дали ѝ е судено да биде со него?


    Украдениот брак од: 450 ден
  • img-book

    Во април 1942 година, Лале Соколов како словачки Евреин, е депортиран во комплексот на концентрациони логори Аушвиц-Биркенау. Откако неговите заробувачи ќе откријат дека Лале зборува неколку јазици, тој ќе биде ангажиран да работи како Тетовирач, а со тоа ќе остави доживотен белег во судбините на луѓето.

    По две и пол години поминати во Аушвиц, Лале е сведок на ужасни злосторства, но исто така и на неверојатните акти на храброст и сочувство. Ризикувајќи го својот живот, тој ќе ја искористи својата привилегирана позиција за размена на накит и пари од убиените Евреи за да купи храна и да им помогне на затворениците да преживеат. Еден ден во јули 1942 година, затвореничката со број 32407 му ја менува судбината на Лале. Тој е цврсто решен дека некако ќе го преживее логорот и дека еден ден ќе се ожени со неа.

    „Тетовирачот од Аушвиц“ е живописно и стравично сведоштво за издржливоста на љубовта и човештвото во најмрачните можни услови.


  • img-book

    Дури и зад престолот може да владее жена.

    Приказна раскажана од мајката на Русија, последната Мајка Царица. Историски автентичен роман за животот на Марија Фјодоровна, еден од најзначајните женски ликови во царска Русија, која е сведок на трагичниот крај на царската лоза на Романови. На, речиси, деветнаесет години, ветриштата на судбината ќе ја однесат Мини во Русија, откако нејзината сестра Аликс станува дел од Англиското кралство, како снаа на Кралицата Викторија. Мини го добива своето православно име Марија Фјодоровна по склучувањето на царскиот брак со еден од Романови. Таа никогаш не заборава која е, но љубовта која ја чувствува кон Русија е, речиси, идентична со мајчинската љубов. По смртта на нејзиниот сопруг, нејзиниот син Николај го започнува своето владеење, под будното око на неговата сопруга Александра, заслепена од влијанието на Распутин.

    Незапирливиот бран на Болшевичката револу ција конечно го става крајот на царското владеење со Русија. Така Марија ќе биде сведок на крајот на царска Русија и ќе се соочи со најопасниот предизвик и со најголе мата болка за една мајка, за Мајката Царица. Приказна за сите предизвици со кои се соочуваат само од Бога избраните да владеат.


  • img-book

    Вистината е дека никој не e невин. Сите ние имаме гревови.

    Исповедите на Катерина Медичи е брилијантна новела за животот на една од најмоќните жени во историјата. За некои таа е Кралицата која ја воведе Франција во ерата на дивјачкото насилство.
    За други таа е посветен спасител на Француската монархија.
    Избегнувајќи ја сигурната смрт во родната Фиренца, Катерина Медичи ја мажат на францускиот двор за Анри, синот на Франсоа I. Откако останува вдовица со 6 деца, советувана од Нострадамус, ја води неуморната битка против француското благородништво, кое ги влече конците на религиските конфликти, користејќи ја борбата меѓу католиците и хугенотите за да ја преземе француската круна.
    К.В.Гортнер ликот на Катерина го претставува преку нејзина лична нарација, внесувајќи го читателот во интимниот свет на една жена која е подготвена на сè за да го заштити престолот за нејзиното
    семејство.
    Од бајковитите замоци, сè до религиските војни и колежите по улиците на Париз, Исповедите на Катерина Медичи претставува извонредно патување низ животот на најозлогласената или погрешно разбраната жена која некогаш била кралица.


  • img-book

    Франција во 1916 година….Софи мора да се грижи за безбедноста на својата фамилија додека нејзиниот љубен сопруг Едуард се бори на фронтот. Нејзе ѝ е наредено да ги служи германските офицери што го посетуваат нејзиниот хотел секоја вечер. Од нивното присуство нејзиниот дом е исполнет со жестока тензија.

    Од моментот кога новодојдениот командант го здогледува портретот на Софи, насликан од Едуард, се раѓа страшна опсесија, која ќе ја натера Софи да донесе мрачна и тешка одлука.
    Речиси еден век подоцна, портретот на Софи е закачен во домот на Лив Халстон, подарок од нејзиниот сопруг пред да почине. Ненадејна случка ги открива вистинската вредност на сликата и нејзината бурна историја. Историјата што ќе биде откриена уште еднаш ќе го преврти наопаку животот на Лив.

    Приказна за две млади жени што живеат во различно време, решени да се борат за она што го сакаат најмногу на светот по секоја цена.
    Храброста и страста на двете главни хероини ќе ви го одземе здивот во оваа несекојдневна љубoвна приказна.

    „Прекрасно, вчудовидувачко, емотивно!“ Паблишерс Викли ќе речат за новата книга на Џоџо Мојес.


  • img-book

    Тарик Али ни ја раскажува приказната за последиците од падот на Гранада, за една потресна семејна сага, за оние кои успеале да го преживеат распадот на нивниот свет. Али е особено вешт во евоцирањето, за тоа каков им бил животот на осудените жители, опколени од сите страни со нетолерантно христијанство.

    „Ова е роман кој има нешто да каже, и тоа на одличен начин.“ – „The Guardian“


    Додадена
  • img-book

    Романот Ноќ на златната пеперутка го исфрла на површина целиот гнилеж на панџаби општеството. Тој ги обработува универзалните проблеми на љубовта и неверството, животот и смртта, религијата и општеството.

    Со присеќавањето на добрите времиња читателот е доведен до кулминација со поврзувањето и откривањето на сите ликови од романот кои се распрснати на сите страни од светот. Али успешно го доловува растот и развивањето на односите меѓу ликовите во романот, кој се менува низ целата приказна, прикажувајќи го само времето кое е важно за нивните животи.

    Првите љубови никогаш не исчезнуваат, првите пријателства остануваат цврсти до крајот на животот.