• img-book

    Вистината е дека никој не e невин. Сите ние имаме гревови.

    Исповедите на Катерина Медичи е брилијантна новела за животот на една од најмоќните жени во историјата. За некои таа е Кралицата која ја воведе Франција во ерата на дивјачкото насилство.
    За други таа е посветен спасител на Француската монархија.
    Избегнувајќи ја сигурната смрт во родната Фиренца, Катерина Медичи ја мажат на францускиот двор за Анри, синот на Франсоа I. Откако останува вдовица со 6 деца, советувана од Нострадамус, ја води неуморната битка против француското благородништво, кое ги влече конците на религиските конфликти, користејќи ја борбата меѓу католиците и хугенотите за да ја преземе француската круна.
    К.В.Гортнер ликот на Катерина го претставува преку нејзина лична нарација, внесувајќи го читателот во интимниот свет на една жена која е подготвена на сè за да го заштити престолот за нејзиното
    семејство.
    Од бајковитите замоци, сè до религиските војни и колежите по улиците на Париз, Исповедите на Катерина Медичи претставува извонредно патување низ животот на најозлогласената или погрешно разбраната жена која некогаш била кралица.


  • img-book

    Франција во 1916 година….Софи мора да се грижи за безбедноста на својата фамилија додека нејзиниот љубен сопруг Едуард се бори на фронтот. Нејзе ѝ е наредено да ги служи германските офицери што го посетуваат нејзиниот хотел секоја вечер. Од нивното присуство нејзиниот дом е исполнет со жестока тензија.

    Од моментот кога новодојдениот командант го здогледува портретот на Софи, насликан од Едуард, се раѓа страшна опсесија, која ќе ја натера Софи да донесе мрачна и тешка одлука.
    Речиси еден век подоцна, портретот на Софи е закачен во домот на Лив Халстон, подарок од нејзиниот сопруг пред да почине. Ненадејна случка ги открива вистинската вредност на сликата и нејзината бурна историја. Историјата што ќе биде откриена уште еднаш ќе го преврти наопаку животот на Лив.

    Приказна за две млади жени што живеат во различно време, решени да се борат за она што го сакаат најмногу на светот по секоја цена.
    Храброста и страста на двете главни хероини ќе ви го одземе здивот во оваа несекојдневна љубoвна приказна.

    „Прекрасно, вчудовидувачко, емотивно!“ Паблишерс Викли ќе речат за новата книга на Џоџо Мојес.


  • img-book

    Тарик Али ни ја раскажува приказната за последиците од падот на Гранада, за една потресна семејна сага, за оние кои успеале да го преживеат распадот на нивниот свет. Али е особено вешт во евоцирањето, за тоа каков им бил животот на осудените жители, опколени од сите страни со нетолерантно христијанство.

    „Ова е роман кој има нешто да каже, и тоа на одличен начин.“ – „The Guardian“


  • img-book

    Романот Ноќ на златната пеперутка го исфрла на површина целиот гнилеж на панџаби општеството. Тој ги обработува универзалните проблеми на љубовта и неверството, животот и смртта, религијата и општеството.

    Со присеќавањето на добрите времиња читателот е доведен до кулминација со поврзувањето и откривањето на сите ликови од романот кои се распрснати на сите страни од светот. Али успешно го доловува растот и развивањето на односите меѓу ликовите во романот, кој се менува низ целата приказна, прикажувајќи го само времето кое е важно за нивните животи.

    Првите љубови никогаш не исчезнуваат, првите пријателства остануваат цврсти до крајот на животот.


  • img-book

    Арнау Естањол, макотрпно се пробива кон патот кон слободата и успехот. Од амал кој на грб пренесува тешки камења за изградбата на величествената катедрала Санта Марија, Арнау достигнува непредвидливи висини и станува еден од најмоќните луѓе во Барселона. Но, тоа е тежок пат на кој ќе претрпи стравотни удари на судбината, загуба и предавство на оние кои му се најмили. Кога поради забранетото пријателство со Евреи ќе се најде во канџите на злогласната шпанска инквизиција, Арнау ќе се соочи со Жоан, најдобриот пријател и посвоен брат. Што ќе победи: верската жар или братската љубов? Шпанска инквизиција во XIV век, сплетки, предавство и одмазда, но и љубов, страст и безусловно пријателство, сето ова е испреплетено во оваа неверојатна приказна за човекот кој никогаш не ги заборавил своите корени.


  • img-book

    Од мирните канали на Бриж, до елегантните простории на „Кралскиот замок Вавел“, и длабоко под земјата во античкиот полски рудник за сол, Малоун е фатен среде смртоносна војна – чиј исход се претвора во тајна позната како „Варшавскиот протокол“. Откако поранешниот агент на Министерството за правда Котон Малоун беше сведок на кражба на една реликвија, тој од својата бивша шефица Стефани Нил дознава дека наскоро ќе се одржи приватна аукција каде што на највисокиот понудувач ќе му бидат дадени информации за претседателот на Полска, уцена што ја сакаат и САД и Русија, но од многу различни причини. Цената за присуство на аукцијата е една од реликвиите, па Малоун е испратен во замок во Полска за да го украде илјада години старото Свето копје, значајно не само за христијаните, туку и за полскиот народ. Но, ништо не оди според планираното и Малоун е втурнат во крвава битка меѓу три нации околу информациите што, доколку бидат откриени, може да го променат балансот на силите во Европа. Во најновиот бестселер на Њујорк тајмс „Варшавскиот протокол“, авторот ве води во една незамислива авантура каде што сте сведоци на исчезнувањето на седумте скапоцени реликвии „Арма Кристи“ од светилиштата низ целиот свет, кои се дел од распнувањето на Исус Христос.


  • img-book

    Љубовна приказна за новата генерација. Романтична приказна од која ќе ви се стопи срцето, но која ќе ви постави едно прашање: Што сè би направиле за љубовта на вашиот живот, знаејќи дека срцето ќе ви биде скршено?
    Тие немаa ништо заедничко додека љубовта не им овозможи да изгубат сè…


    Јас пред тебе од: 450 ден
  • img-book

    Продолжение на бестселерот на Њујорк тајмс ЈАС ПРЕД ТЕБЕ, роман кој е сакан од целиот свет

    Лу Кларк има многу прашања. Како заврши да работи во еден бар на аеродромот, гледајќи како луѓето со авион заминуваат на нови места. Или зошто станот кој е во нејзина сопственост сè уште не го чувствува за свој дом. Дали нејзиното семејство може да ѝ прости за она што таа го направи пред осумнаесет месеци. И дали некогаш ќе ја запознае љубовта на неј зиниот живот.
    Она што Лу знае за сигурно е дека нешто мора да промени.
    „Оваа прекрасна приказна не е совршена. Таа е полна со солзи и смеа во еднаква мерка.“
    L-O-V-E’ Closer


    После тебе од: 450 ден
  • img-book

    Број 1 според Њујорк тајмс, од Џоџо Мојес, авторот на „Јас пред тебе“, „После тебе“ и „Сè уште јас”.

    „Париз за еден и други приказни“ е неодолива романтична колекција на раскази исполнета со хумор и напишана од срце.

    Нел има дваесет и шест години и никогаш не била во Париз. Таа никогаш не била на романтичен викенд некаде далеку. Таа, всушност, и не сака многу да патува. Но, кога момчето на Нел нема да дојде на нивниот мини-одмор, таа ќе има можност да им докаже на сите, дури и на сама себе, дека не се во право.

    Сама во Париз, Нел ќе открие дел од себе за кој никогаш не знаела дека постои – таа е независна и смела.

    Дали ова ќе биде највозбудливиот викенд во нејзиниот живот?

    Смешно, шармантно и неодоливо…


  • img-book

    Да претпоставиме дека вашиот живот не е во ред. И тоа многу. Вашиот сопруг е исчезнат, тинејџерот посинок тврди дека е малтретиран, а вашата ќерка која е фрик за математика ѝ се пружа животна шанса која вие не можете да си ја дозволите. Тоа е судбината на Џес. Но, неочекуваниот витез во сјаен оклоп ќе ѝ понуди спас. Само што витезот на Џес е чудниот Ед, неподнослив милионер, чиј дом таа го чисти. Тој ќе понуди да го одвезе ова дисфункционално семејство на математичката олимпијада. Тоа е првиот, а можеби и последниот, несебичен чин во неговиот живот. ЕДЕН ПЛУС ЕДЕН на авторката Џоџо Мојес е еден од нејзините најдобри романи, тој е феноменален. Ќе се смееш, ќе плачеш, одвај ќе ја дочекаш последната страница.Кога ќе го завршиш ќе посакаш повторно да го прочиташ.


    Еден плус еден од: 450 ден
  • img-book

    Смешна, романтична и емотивна „Сѐ уште јас“ е делот во кој Лу ќе открие која е, која треба да биде, и како да преживее во нејзиниот нов свет.
    Луиза Кларк доаѓа во Њујорк со надеж за нов живот, уверена дека може да ја започне оваа авантура и да ја одржи нејзината врска со болничарот Сем кој живее далеку од неа. Таа ќе влез во светот на супербогатите, ќе работи за Леонард Гопник и неговата многу помлада втора сопруга, Агнес. Лу беше решена да го извлече максимумот од ова искуство и да се посвети целосно на нејзината нова работа, но и на животот во Њујорк.

    Запознавајќи го богатото општество, Лу ќе го запознае Џош Рајан, човек кој во неа ќе разбуди дел од нејзиното минато. По некое време, таа ќе се запраша: Која е Луиза Кларк? И како да најде храброст да го следи срцето каде и да ја води?


    Сè уште јас од: 450 ден
  • img-book

    Одењето подалеку би било полесно. Но, како и секогаш, Џек Ричер има едно правило – Ако сакаш да застанам…, натерај ме.

    Експлозивниот најнов трилер во серијалот романи за Џек Ричер.

    Зошто овој град е наречен Мајчина почивка? Тоа Ричер сака да го дознае но никој не сака да му каже. По кратко време Ричер се вплеткува во една нерешена истрага која започнала тивко а потоа завршила смртоносно. Наскоро, Ричер се наоѓа себеси во очајна трка низ Лос Анџелес, Чикаго и Сан Франциско, за на крај да се врати на тоа мало место, за да се соочи со најголемиот кошмар кој може да го замисли.


    Натерај ме од: 420 ден
  • img-book

    Број 1 бестселер на „Њујорк Тајмс“ на една од најдобрите американски авторки, Сандра Браун. 

    Уште од првата страница го изненадува читателот на оваа приказна со корупција, предавство и непрекината измама… каде што ништо не е онака како што се чини и секоја вистина изнесена на виделина покажува темна лага.

    Кога Џорди Бенет и Шо Кинард ќе се погледнат очи во очи во еден чуден бар, нешто дефинитивно ќе заискри помеѓу нив. Шо заклучува дека опасната атмосфера ги прави мажите претпазливи, а ги инспирира жените да забележуваат.

    Никој не може да претпостави дека животот на бизнисменката е во опасност.

    Но, Џорди е тука…а Шо Конард е пратен да ја убие.


    Стапица од: 500 ден
  • img-book

    Д-р Емори Шарбоно, педијатар и жена која трча маратони, ќе исчезне на една планинска патека во Северна Каролина.
    Откако магла и мраз ќе ја покријат планината и сиот див свет во неа, ја снемува нејзината трага.
    Потрагата станува невозможна.
    Додека полицијата се сомнева во Џеф, поради нивниот „инстант развод“, Емори, која има необјаснива повреда на главата, ќе се освести и ќе се најде заробена со човек чие насилно минато е многу мрачно. Таа е одлучна да му избега и сака да направи сè што е потребно за да преживее.
    Сандра Браун е една од најбараните авторки во светот, токму заради тензичната неизвесност и возбудливиот начин на кој ги раскажува своите приказни.

    ГЛАВЕН УДАР е книга полна со љубов, измама и одлуки што мораме да ги донесеме за да преживееме!


    Главен удар од: 500 ден
  • img-book

    Историјата на Законот за данок на доход стои во 16-тиот амандман во Уставот на САД. Но, една тајна го доведува во прашање овој закон. Сега е ред на Котон Малоун да ја дознае вистината. . .
    Малоун, поранешен член на Елитниот разузнавачки оддел, своите пензионерски денови ги поминува како сопственик на книжарница во Данска. Но, се појавува Стефани Нел, која од него бара да ги следи непријателски настроените Севернокорејци, кои имаат тајни досиеја од Министерството за финансии – досиеја што САД можат да ги фрлат на колена.

    Мелоун е вовлечен во 24-часовна потера која започнува во каналите на Венеција и завршува во далечните висорамнини на Хрватска.

    Со појавата на Френклин Рузвелт, Ендру Мелон, сликата која сѐ уште виси во Националната галерија на уметност и некои сознанија за доларот, истрагата на Малоун, на крајот, ќе го постави прашањето:
    Што ако федералниот данок на доход е нелегален?

    Сега тој треба да го најде одговорот по секоја цена!


  • img-book

    Соединетите Американски Држави и поредокот каков што го познаваме се на пат да бидат срушени. Јунакот Котон Малоун е повторно тој што ќе го спаси денот. Бирајќи меѓу личната среќа и сигурноста и безбедноста на светскиот поредок тој се одлучува за второто. По цена да изгуби сѐ што има, по цена на љубовта и единственото вредно за кое живее тој одлучува да ги спаси САД.

    Дали митот е мит или вистина? Каков договор има направено Линколн со Мрмоните, а никој не знае? Граѓанска војна, Тајна заедница, Милијарди во злато, тајни карти и договори. Некој ги собира делчињата за да направи бомба која ќе ја уништи Америка како што ја знаеме во мо- ментов. Една тајна криена со векови ќе излезе како закана да сруши сѐ што знаеме како трајно спознание.

    Магионичарот – писателот Стив Бери и во овој роман ја задржува динамичноста и неизвесноста од почеток до крај. Овој роман сам ги врти страниците. Исполнет е со брканица од емоции на страст и страв, на љубов и срам, на чест и обесчестување. Ликовите се исправени пред невозможни одлуки, одлуки кои значат живот или смрт.


    5 out of 5
    Митот за Линколн од: 550 ден