• img-book

    Роман на Лиса Џул, бестселер автор на „Њујорк тајмс“, приказна за минатото на едно семејство, чии закопани тајни се закануваат да излезат на виделина.

    Бидете внимателни кого ќе пуштите во својот живот.

    Откако ќе го прослави својот дваесет и петти роденден, Либи Џонс го пронаоѓа долгоочекуваното писмо. Конечно го дознава не само идентитетот на нејзините родители, туку и дека е единствениот наследник на нивната напуштена палата на бреговите на Темза, вредна милиони. Но, она што таа не го знае е дека и други го чекаат тој ден. Пред 25 години, полицијата била повикана на адресата „16 Чејн Вок“. Полицискиот извештај вели дека биле повикани поради плачење на бебе. Кога пристигнале, нашле здраво десетмесечно дете како си лежи во своето креветче во спалната соба. Во кујната се откриени три мртви тела, сите облечени во црно. Другите четири деца, пријавени дека живеат на истата адреса, ги нема.

    Романот „Семејството на горниот кат“ ни ја расплетува приказната за две меѓусебно поврзани семејства што живеат во куќа што ги крие најтемните тајни.

    „Богат, темен и превртлив роман, неверојатна мешавина на една семејна сага со мрачен расплет, за на крајот да се чувствувате како да сте биле под ладен туш.“ – Рут Вер, бестселер автор на „Њујорк тајмс“

    „Роман што ќе ве остави без сон и ќе ве прогонува длабоко во ноќта.“ – Меган Миранда, бестселер автор на „Њујорк тајмс“


  • img-book

    „Семејството сепак останува“ е роман
    за извртени бракови, распаднати
    семејства и смртоносни опсесии.

    Едно рано утро на брегот на Темза, јавниот обвинител Семјуел е повикан на место каде што полицијата открила монструозни докази за извршено злосторство. Кога Семјуел ги испраќа доказите на испитување, дознава дека коските се поврзани со случајот на трите мртви лица во Челзи пред триесет години.
    Рејчел Ример, добива шокантна вест дека нејзиниот сопруг, Мајкл, е пронајден мртов во подрумот на неговата куќа во Франција. Полиција треба итно да добие одговори поврзани со Мајкл на кои Рејчел не сака да одговори.
    Откако побегна од Лондон, Луси Ламб конечно се враќа дома во Челзи, вселувајќи се со своите деца во штотуку купената куќа.

    Додека сите тие се тркаат да ги откријат
    одговорите на овие мистерии, ќе
    дознаат дека се поврзани на начин
    на кој не би можеле ни да замислат.


  • img-book

    Кога новиот дечко Џек ја остава на аеродромот, Руби Милер ги брише солзите и си купува карта за Париз. Во Париз посетува еден стар пријател, сакајќи да направи пауза. Но, градот на љубовта има сосема други идеи.

    Во еден стан каде што и времето застанало, Руби ќе пронајде пакет со изгубени љубовни писма кои ќе ја заробат во една мистерија која трае повеќе од седумдесет години. Кој е авторот на писмата? Зошто сопственикот на станот ги затворил ролетните и избегал од Париз пред војната и никогаш не се вратил? Каква тајна се крие?

    Додека мистеријата се продлабочува, животот на Руби се враќа во нормала, а духовите од минатото и љубовната афера нема да можат да ја загрозат.

    Од најпродаваниот автор на МОЈОТ ГОСПОДИН СОВРШЕН, овoj магичен роман е за секоја девојка која некогаш ја сонувала блескавата светлина на Париз и љубовта која трае цел живот…


  • img-book

    Поради љубовта што ги воодушеви читателите и ѝ даде можност на книгата ДО СИТЕ МОМЦИ ШТО ГИ САКАВ да стане бестселер на Њујорк тајмс, Лара Џин продолжи и понатаму да пишува писма.

    Лара Џин не очекуваше лудо да се заљуби во Петар. Таа и Петар само се преправаа. Но, наеднаш престанаа. Сега Лара Џин е збунета повеќе од кога било.

    Кога едно друго момче кое го познаваше во минато ќе се врати во нејзиниот живот, чувствата на Лара Џин за него повторно ќе оживеат. Може ли една девојка да биде вљубена во две момчиња одеднаш? Љубовта никогаш не е лесна, но можеби тоа е она што ја прави неверојатна.


  • img-book

    Теа Стилтон
    Таа е многу интересна девојка!
    Сигурна и сериозна, работи како специјален репортер за „Глувчеви вести“.
    Секогаш е во потрага по интересни вести и е подготвена да оди на авантуристички патувања од кои се враќа
    со сензационални статии и фотографии. Таа е брилијантна и секогаш подготвена да им помогне на другите. Теа е одличен пријател на другите глувчиња, но нејзината најистакната особина е женската солидарност!

    Сестринството Теа брои пет членови, студенти од колеџот Глушфорд на Островот на китовите. Тие се палави, забавни и сакаат да станат вистинити репортери! Меѓу лекциите и пријателствата, љубовта и слатката завидливост, животот на колеџ е навистина возбудлив!


  • img-book

    Што ќе се случи ако новоизбраните, претседателот и заменик-претседателот починат пред преземањето на функцијата? Одговорот е извесен, всушност, она што следува ќе биде ништо помалку од вкупен политички хаос.
    Соборен над Сибир, поранешниот агент во Одделот за правда, Котон Малоун, е принуден да се бори за опстанок со Александар Зорин, човек чија лојалност кон пора-
    нешниот Советски Сојуз резултирала со невидена омраза кон САД.
    Пред да избега, Малоун дознава дека Зорин и уште еден поранешен службеник на КГБ, се упатиле во Вашингтон на 20-ти јануари, ден пред Инаугурацијата на новиот претседател. Поради недостаток во Уставот, а уште повеќе поради недостатоците во претседателските активности, Зорин ќе ја искористи ситуацијата да ја открие во целост нивната слабост.
    Вооружени со остатоци од оружје од времето на Студената војна, Зорин кова план како да нападне. Тој успева да открие една шокантна тајна скриена во архивите на Америка – планот на Друштвото Синсинати, најстарата братска организација, за три инвазии на 14-та колонија на Америка – Канада.
    Во трката против времето, која започна во ледената Русија, а за жал заврши во Белата куќа, Малоун не само што мора да се бори против Зорин, исто така тој мора да се соочи со еден негов одамна скриен страв, кој сега загрозува сè.
    Мешавина од историја и шпекулации – заштитниот знак на Стив Бери, а сето тоа го има во овој провокативен нов трилер.


  • img-book

    Авантура исполнета со напнатост, страст и измама, а потоа следат една голема кражба на уметнички дела, едно убиство и едно прогонство.

    Пет меѓународни туристи, што не се познаваат меѓусебно се среќаваат во малиот Хотел од соништата сместен на крајбрежјето на Сен Тропе. Хотелот од соништата им изгледаше како совршено место за одмор на приватниот детектив од Малибу, Мек Рејли и неговата девојка Сани Алварез. Од самиот почеток Мек и Сани ќе се вклучат во решавање на проблемите на останатите членови од групата на измамените туристи, откривањето на мистеријата околу украдените уметнички дела и убиството наспроти убавините и гламурозноста на сончевиот Сен Тропе.


  • img-book

    Дали искреноста е секогаш најдобра опција?
    Сè уште мислам на тебе е роман полн со приказни за стари пријателства, нова љубов,страста која ја носи со себе и сомнеж дали искреноста е секогаш најдобра опција.
    Таш и Рич се луди еден по друг. Заплеткани во нивната љубовна бајка и возбудени за иднината, тие ја планираат нивната венчавка на француските алпи.
    Рич се среќава со своите стари прија тели од факултет, а таш е возбудена бидејќи ќе ги запознае луѓето со кои се дружел и со кои созревал.
    Но, таш ќе добие повеќе информации отколку што очекуваше, ќе дознае тајни од минатото на Рич…
    Дали таа сè уште може да ја планира својата убава иднина со Рич штом ќе го дознае неговото валкано минато?


  • img-book

    Брилијантна четворка со неколку скриени
    трикови во ракавите;
    Жена полицаец со својот прв голем случај;
    Брутално убиство.
    Во едно мирно пензионерско гратче Елизабет, Џојс,
    Ибрахим и Рон се среќаваат еднаш неделно во „Сложувалка“ за да разговараат за неразјаснети злосторства. Заедно
    се нарекуваат „Клубот на убиства во четврток“.
    Кога еден локален бизнисмен е пронајден мртов со
    мистериозна фотографија оставена покрај телото, „Клубот
    на убиства во четврток“ ќе се најде во средина на својот
    прв случај. Како што телата ќе почнат да се натрупуваат,
    може ли нашата несекојдневна, но брилијантна група да го
    фати убиецот пред да биде предоцна?


  • img-book

    Пет девојки сосема случајно ќе се сретнат на пристаништето во Глувчево. Нивната крајна дестинација е колеџот Глушфорд каде овие девојки ќе станат повеќе од пријателки…сестри. Ова е вистинската приказна за Колет, Памела, Ники, Виолет и Паулина и создавањето на сестринството „Теа“.


  • img-book

    Читателите за романот „Заробено срце“

    Љубов на прв поглед! Вистинска магија: желби, очекување, страдање, возбуда, сон или јаве. Сето тоа убаво спакувано во приказна која не може, а да не ги разбранува емоциите кај читателот кој ќе биде дел од секој збор, секоја реченица, секоја страница… Романот го прочитав во еден здив..го препрочитав повеќе пати.Како да сум дел од секој збор, мисла..од секоја реченица, од секоја страница..од почеток до крај.Овој роман е посветен на љубовта..преполн со емоции , солзи, мечти, среќа, тага, радост, нежност, возбуда и повторно љубов…љубовта кон саканиот, љубовта кон семејството и кон пријателите. Овој роман е скапоцен дар за читателите како и сите досегашни. Ви Благодарам за можноста да бидам меѓу првите читатели а уште повеќе што Ве имам за пријател..Вие сте човек со големо срце и сите свои емоции ги претварате во прекрасни романи кои не по-тсетуваат на човечките вредности. Со големо задоволство ги имам прочитано Вашите досегашни книги, а новите ги чекам со нетрпение
    Славица Трајановска Величковиќ, лекар

    Книга од животот во кој во некој сегмент секој ќе се пронајде себе си, тогаш ќе свати дека животот не е сон туку реалност. Лесна и примамлива книга која те „заробува“ да ја прочиташ без одложување.
    Анета Велкоска, одд. наставник

    Книгата нуди еден широк спектар на настани кои се нижат низ времето, на животот кој продолжува по неговиот тек. Некогаш бавно, некогаш побрзо, дури драматично, минува и оди во неповрат, без реприза…Секоја страница е нов предизвик, ново случување, ново исчекување за читатаелот, за на крај да биде како во народната „КРАЈОТ ДЕЛОТО ГО КРАСИ“.
    Билјана Наумоска, фармацевт


    Заробено срце од: 300 ден
  • img-book

    Хуана од Кастилија,
    последната кралица со чиста шпанска крв што го наследи престолот на својата земја,
    со векови е енигматична фигура обвиткана со неверојатна мистериозност.
    Дали таа беше вдовица, како што вели легендата, која беше полудена од нејзината загуба,
    или историјата погрешно ја проценила жената што била пред своето време?

    Како трето дете на Изабела I, кралицата на Кастилија и Фернандо, кралот на Арагон, Хуана ќе се роди во услови на безмилосна борба на нејзините родители за обединување на нивното кралство, сведочејќи за падот на Гранада и откритијата на Колумбо. На возраст од шеснаесет години, таа е испратена да се омажи за Филип, надвојводата на Фландрија, како дел од стратегијата на нејзините родители за зајакнување на Шпанија, исто како што нејзината најмлада сестра, Каталина од Арагон, е испратена во Англија да стане прва сопруга на Хенри VIII.

    Хуана наоѓа неочекувана љубов и страст со својот убав млад сопруг, единствениот наследник на Хабсбуршката Империја. На почетокот таа била задоволна со своите деца и животот во Фландрија. Но, кога ќе се случи трагедијата и таа ќе го наследи шпанскиот престол, Хуана ќе се најде помеѓу бескрупулозната борба за моќ на нејзиниот сопруг и ветувањето што ѝ го дава на мајка ѝ Изабела I, не изоставувајќи го и мешањето на најголемите европски монарси. Опколена со непријатели од сите страни, нејзината интелигенција и гордост се искористени како оружје против неа, Хуана ветува дека ќе ја обезбеди круната и ќе ја спаси Шпанија од пропаст, дури и по цена тоа да ја чини сè.


  • img-book

    Нели Саливан секогаш била позната како „Госпоѓата со петгодишен план“.

    Но, кога ќе остане без работа и без момче во ист ден, ќе одлучи дека е време за нови промени. Ќе ги потроши сите пари на патување во Сан Франциско, каде ќе запознае многу нови и различни луѓе, вклучувајќи го интригантниот и прекрасен Макс Роси. Многу брзо градот ќе почне да го чувствува како свој втор дом.
    Но, кога ќе дојде време да се врати дома, во Лондон, дали ќе ја остави „новата Нел“ зад себе?

    Дали магијата на Сан Франциско ќе светка илјадници километри во далечина?


  • img-book

    Никаде без ќерка ми е автентична
    приказна за љубовта, за личната драма,
    за траумите и за понижувањата на една
    современа Американка.

    По неуспешниот брак, Бети се вљубува во штотуку
    дипломиран лекар – Иранец. Љубовната идила по две-три
    години завршува со брак, а по извесно време брачниот
    пар одлучува да го посети Иран, заедно со својата тригодишна ќерка. Иако Бети се плаши дека нема да се врати
    оттаму, сепак одлучува да го придружува својот сопруг. Патувањето се совпаѓа со периодот кога во Иран се
    случуваат крупни политички промени, односно, кога на власт доаѓа имамот Хомеини и кога Иран станува Исламска Република.

    Нејзините стравувања многу брзо стануваат реалност. Бети со својата ќерка станува заложник на мрачното семејство на нејзиниот сопруг.

    По низа драматични случувања, таа успева да избега од Техеран со својата ќерка и да дојде во САД.

     

    Никаде без ќерка ми е книга за бескрајната
    мајчинска љубов и за издржливоста, но и за
    муслиманскиот фанатизам, како и за судирот
    помеѓу западната култура и културата на
    исламските државни уредувања.


  • img-book

    „Број еден – луѓето не се менуваат. Не постои магичен куршум…. Она што го гледате е она што го добивате. Секако, одредени навики може да се дотераат. Да се зауздаат. Како мојата склоност кон избрзаното осудување“, вели Дру во една прилика.

    Ема Чејс си поигрува со чувствата на ликовите за да ги му открие посакуваните одговори на читателот. Кога ќе направите споредба од двете перспективи сфаќате колку е лесно да се нарушат односите во љубовната врска, семејството или меѓу пријателите. Но, и колку е тешко да се врати довербата особено ако некому е направена неправда. Стилот на Чејс е лесен, заводлив, забавен и прави книгата да не ја испуштите од раце.

    Крајот го открива почетокот на книгата „Скротени“, односно како најдобрите пријатели на Кејт и Дру се справуваат со заљубувањето. Но, тоа е веќе сосема друга приказна.


    Скротени од: 350 ден
  • img-book

    Постојат два вида на луѓе во светот. Оние кои бараат и оние кои се подготвени да скокнат.

    Јас отсекогаш сум била повеќе за барање. Претпазлива. Секогаш со однапред подготвен план. Тоа се промени откако го сретнав Дру Еванс. Тој беше толку упорен, толку сигурен во себе, дури и за мене.

    Но, не сите љубовни приказни завршуваат среќно засекогаш.

    Дали мислите дека Дру и јас отидовме да го гледаме зајдисонцето?

    Приклучи се во клубот.

    Она што го сфатив е дека старите навики тешко умираат, а понекогаш треба да се вратиш назад од каде што си почнал за да можеш да продолжиш напред.


    Испревртени од: 350 ден