Ова е приказна полна со слатка магија, приказна во која две изгубени девојки го наоѓаат своето место под месечината.
Емили Бенедикт доаѓа во Малабај, Северна Каролина, надевајќи се дека ќе реши барем дел од мистериите кои се вртат околу смртта на нејзината мајка. Таа сака да знае зошто нејзината мајка го напуштила своето родно гратче така ненадејно? И зошто се заколнала дека никогаш повеќе нема да се врати таму? Но во моментот кога стапнува во куќата во која пораснала нејзината мајка, каде го запознава нејзиниот дедо – еден вистински чуден и неверојатно нежен џин – таа сфаќа дека мистериите во Малабај не се решаваат, напротив, тие овде се начин на живот. Тука собите се исполнети со тапети кои ги менуваат боите и сликите во зависност од твоето расположение. Овде необјасниви светла прелетуваат низ дворот сред ноќ. И соседите печат надеж во форма на торти.
Сите во Малабај ги обожаваат тортите на Џулија, а таа очигледно не може да престане да ги прави. Ги пече за да ги задоволи апетитите за слатко на градот, но исто така во надеж дека ќе ја врати љубовта за која се плаши дека би можела да биде изгубена засекогаш. Брашно, јајца, млеко и шеќер… Печењето е единствениот јазик со кој гордата, но ранлива Џулија знае да комуницира и да го каже она што го носи во срцето. Но дали овој јазик е доволен за да ги повика оние кои таа ги има повредено во минатото?
Дали една торта навистина може да врати загубена љубов? Одговорите никогаш не се она што го очекувате, но во овој чуден магичен град, неочекуваното е баш она што најдобро се вклопува.
Животот на Џесика тече подобро од сите нејзини очекувања и замисли. Таа си ја добива свадбата од соништата, го има совршениот маж, адвокатот Метју, и заедно купуваат прекрасна, скапа куќа во преубава населба. Најдоброто од сè е тоа што по само неколку месеци, чекаат дете.
Додека ја уредуваат детската соба и купуваат бебешки работи, таа упорно ја чека радоста што треба да ја донесе мајчинството. Но искуството на Џесика е далеку од радосно и убаво. Зошто не ја трансформираат мајчински чувства? Каде е сè што треба да дојде – каде е таа инстантна љубов што треба да ја чувствува за нејзиното дете?
Никој ја нема предупредено дека да бидеш мајка може да биде страшно и извор на нездрава осаменост. Никој ѝ нема кажано дека не сите жени ги сакаат своите бебиња. Можеби е најдобро Џесика сега засега да си ја чува оваа тајна за себе…
Сè уште нема. Проверете повторно за некое време.
Меди, облечена во бело, стои на влезот од црквата. Пред олтарот се наоѓа Роб – човекот со кој ќе се мажи. До Роб стои Бен – кум и најдобар пријател на невестата и младоженецот. И тоа е проблемот.
Затоа што ако пред олтарот не ја чекаше Роб, постои голема веројатност тоа да беше Бен. Лојалниот и чувствителен Бен кој отсекогаш си ги чувал чувствата за себе, но кога би се свртел сега да ? каже на Меди дека прави голема грешка, дали таа би слушала? И дали тој би бил во право?
Тие се најдобри пријатели од детството; Меди, Бен и Роб – неразделни. Но љубовта менува сe. Меди мора да донесе одлука, но дали ќе ја донесе правилната? Нејзиното срце, а дефинитивно и срцата на двајцата најдобри момци што ги познава, зависат од тоа…
Мередит и Нина Витсон се толку различни што не личат на сестри. Едната останува дома, се мажи со својата прва љубов, раѓа деца и го води семејниот бизнис. Другата ги следи своите соништа и патува низ светот како познат фоторепортер. Но кога нивниот сакан татко се разболува, Мередит и Нина повторно се спојуваат со нивната неописливо ладна мајка, Ања, која дури и во овој најтрагичен момент не им нуди утеха на своите ќерки.
Како деца, единственото нешто што ги поврзувало со неа била руската бајка што Ања понекогаш им ја раскажувала на девојчињата ноќе. Сега, татко им на смртна постела, бара трите жени да му дадат едно заедничко ветување – бајката да биде раскажана и ислушана за последен пат, но овој пат од почеток до крај. Па така почнува необичното патување низ вистината за животот на Ања во војна – во Ленинград, пред пет декади. Приказната на мајка им е толку потресна, срцепарателна и страшна што ќе ги протресе основите на нивното семејство и целосно ќе ги промени сите.
Оваа приказна започнува меланхолично и бавно, но до последните страници веќе не останува суво око дури ни кај најсилните читатели.
Нема производи |