• img-book

    Едвард Бернејс: првиот спин-доктор, американскиот Гебелс, таткото на односите со јавноста, внук на Зигмунд Фројд, па дури и инспирација за име на музички бенд.

    „Пропаганда“: како да се манипулира со јавното мислење во политиката, судството, маркетингот, медиумите, односите со јавноста, бизнисот, уметноста, образованието?

    Оваа книга не премолчува ниту еден аспект на манипулација со јавното мислење, уште повеќе, тоа го смета за сосем легитимна појава што секогаш ќе постои.

    Интелигентното малцинство има право да го предводи помалку интелигентното мнозинство кон целите што се во интерес на малцинството, тврди Бернејс. Книгата е пишувана не толку од гледна точка на теоретичар, колку од практичар и професионалец што секојдневно се занимавал со проблеми и со решенија.

    Бернејс низ единаесет поглавја опфаќа различни области и опишува вистински ситуации во кои пропагандата се користи како алатка што ќе обезбеди успех и напредок за секого од неговите клиенти.

    Ќе ги уочите културата на консумеризам, групната психологија и семејната поврзаност со Фројд, која му помогнала на Бернејс да ги разбере емотивните и потсвесните потреби на просечниот потрошувач.

    Капитално дело на основачот на односите со јавноста како професија и на изумителот на спинувањето. Покрај тоа што е задолжителна литература на сите катедри за односи со јавноста, комуникологија, новинарство и политички науки, како еден од најважните учебници од областа на односите со јавноста, од своето прво објавување во 1928 година до денес таа не престанува да ја бранува јавноста и да предизвикува контроверзии и расправи.


    Пропаганда од: 320 ден
  • img-book

    Во „Пепелник во еден хотел во Скопје“ Жижек посегнува по утврдените мислења на современата наука, ги сопоставува со најактуелните настани и примери денес, а како резултат на тоа се кристализира едно специфично, остроумно и контроверзно множество ставови. Книгава е збирка во која тој подведува пет свои есеи под парадоксот што го доживеал при еден престој во Скопје, а како таква таа истовремено претставува и неизбежна обиколка околу прашањата за љубовта, сексот, психоанализата, идеологијата, филмот, книжевноста, како и политичкото минато, сегашност и иднина. Како сублимат на неговата мисла, „Пепелник во еден хотел во Скопје“ е неопходно четиво за критичкиот ум, крајпатен знак што води кон „пробивање“ на појавата и стигнување до срцевината на стварното.


  • img-book

    НАЈПОЗНАТИОТ ДЕТЕКТИВ НА СИТЕ ВРЕМИЊА

    Еден и единствен, Шерлок Холмс сензационално се враќа од мртвите и повторно го посветува животот на испитување на криминалните сплетки во главниот град. Со повторно насобран ентузијазам, тој се нафрла на случаите што опфаќаат мистериозни шифрирани кодови, милионери што се прогонувани, демначи, киднапирања и средба со „најлошиот човек во Лондон“. Но старите „пријатели“ на Холмс внимателно го следат секој негов чекор. Го набљудуваат, чекаат, заговараат…

    Меѓу тринаесетте брилијантни приказни што вклучуваат мистерија, детекција и дедукција, Шерлок Холмс го истражува проблемот со „Градежникот од Норвуд“, ја дешифрира пораката на „Разиграните фигури“ и го решава случајот со „Шесте Наполеони“.


  • img-book

    Приказна што инспирира и охрабри милиони луѓе низ светот да го пронајдат најдоброто во себе!

    Ова е една од највлијателните книги на сите времиња – подеднакво прекрасна, мудра и лична, богата со духовна проникливост, вистинска потрага по смислата на животот. По болниот развод Елизабет Гилберт презема радикален чекор. Сакајќи да си даде време и простор за себепронаоѓање, го остава вообичаениот западен начин на живот и тргнува да истражи три различни аспекти на својата природа во опкружување на три различни култури.

    Првата дестинација е магичната Италија – идеална за истражување на гастрономските и друг вид задоволства. Потоа Индија, каде што ја преиспитува својата духовна приврзаност. На крајот, заминува на индонезискиот остров Бали, каде што доаѓа до балансот меѓу телесното уживање и посветеноста на божественото.

    Сензуална и авантуристичка духовна одисеја што колку што е интересна, толку е и просветлувачка.


  • img-book

    Гнев, сладострастие, алчност, гордост, мрзливост, завист и ненаситност се седумте смртни гревови – страшните искушенија на човековата душа.

    Збирката „Не правете им сенка на гробовите“ од Дијана Петрова е обид да се натераат читателите да го забележат она што вообичаено им се искраднува од погледот. Преку отелотворувањето на седумте смртни гревови во тела и во дела, овие раскази длабоко допираат до нашите сетила и свест. Преку ликовите што се доведуваат на работ на лудилото се прикажува апсурдноста на постапките во животот и се поставува прашањето: дали тоа што смртта е неизбежна прави таа да биде нелогична?


  • img-book

    Оваа книга ја раскажува возбудливата и по малку опасна авантура на Уципуци, бувчето играчка што Крис го заборава на одморот во Италија. За да се врати кај својот мал сопственик, бувчето мора да помине долга и опасна патека низ целата куќа за да дојде до терасата и да се сретне со Големиот Комарец, единствениот што знае каде е Крис. На Уципуци ѝ помагаат пајакот и штурецот и двајцата стануваат нејзини незаменливи помошници и добри пријатели.

    Ова е интерактивна книга – на крајот ве очекува изненадување! Хммм дали е можно во книгата да има и куклен театар?


  • img-book

    „Нека играат децата“ е прва објавена книга на Денис Бојаров и претставува збирка раскази наменета за различни возрасни категории, која обработува социолошки, психолошки и филозофски теми поврзани со децата, со семејството, но и со човекот, воопшто.

    Во голема мера книгата изобилува со автобиографски приказни, збогатени со имагинативната нарација, преку кои авторот воспоставува комуникација и блискост со читателот и му испраќа емотивни и моќни пораки.

    Нараторот преку гласот на децата, преку родителите, животните и растенијата комуницира со читателот и му дава еден готов производ од ликови и настани од нашето поднебје, со кои сите ние се идентификуваме. Педесет и еден расказ на број, тематски слични, сепак со поинакво сиже и поуки. Ова се раскази што ќе ја поттикнат емпатијата во вас.


  • img-book

    Книга целосно посветена на природата и на грижата за неа, со која авторот Александар Кујунџиски е комплетно поврзан. Овој голем вљубеник во пишуваниот збор – како негова професија, и во природата – како негова опсесија, донесе и внесе во македонската литература за деца раскошно издание.

    Четиво со кое треба „да се дружи“ секое дете при своето градење како личност.

    Лектирно издание за IV одделение.


  • img-book

    „Драги свесни креатори!

    Во вашите раце се наоѓа Водич за креирање на реалноста во 7 најважни сегменти во животот:

    Љубов

    Здравје

    Пари

    Успех

    Работа

    Семејни односи

    Пријателство

    Мојата намера беше да го креирам овој Водич со конкретни методи за креирање во горенаведените животни сегменти затоа што сум свесна дека сите можеме да бидеме брилијантни во сите овие сегменти од животот.

    Уверувањето дека не можеме да имаме сè и да бидеме успешни во сите животни сегменти не е ништо друго освен – само уверување.

    Сме дошле на овој свет за да се присетиме кои сме и да ја играме оваа прекрасна игра наречена живот.“

    Ана Бучевиќ


  • img-book

    За љубовта не треба дефиниција, љубовта е дефиниција.

    Ана Бучевиќ

     

    Кога се обидуваме да ја дефинираме љубовта, вибрациски се оддалечуваме од неа. Љубовта не се опишува, љубовта се чувствува. И љубовта се живее.

    Ако веќе сакаме да ја дефинираме, таа дефиниција нека биде опишана со емоции – љубов е чувството кога ќе стигнеш дома…

    За љубовта не треба дефиниција, но за сето она околу неа и за она што се однесува на неа треба. Токму поради недефинирањето на животните сегменти во кои се изразува љубовта, доаѓа до тоа луѓето сешто да нарекуваат љубов. Со оваа книга сакам да ви помогнам да дојдете до сопствените дефиниции поврзани со љубовта. Да се живее животот значи да се живее она што навистина сме. Љубовта…


    ШТО (НЕ) Е ЉУБОВ од: 650 ден
  • img-book

    КНИГА ЗА МУДРОСТА НА ВОСПИТУВАЊЕТО ДЕЦA ОД АНА БУЧЕВИЌ, НАЈЗНАЧАЈНАТА БАЛКАНСКА АВТОРКА НА МОДЕРНА ПСИХОЛОГИЈА И МОТИВАЦИСКИ ГОВОРНИК БРОЈ 1!

     

    Постојат книги што можат да ни го променат животот на подобро; книги од кои црпиме мудри спознанија, кои нè менуваат засекогаш и ја подигнуваат нашата свест на ниво од кое нема враќање во незнаење, а будењето на свеста е најдобар двигател на промените.

    „Сафари на духот“ е токму таква книга – нејзината замисла е, откако ќе ја прочитате, веќе ништо да не биде исто. Оваа книга зборува за мудроста на воспитувањето на сосема поинаков начин.

    Грешките во одгледувањето на децата предизвикани од незнаење ќе станат минато.

    Односот меѓу вас и вашето дете навистина ќе процвета. Можеби првпат ќе го видите своето дете онакво какво што навистина е. „Сафари на духот“ ќе ви даде одговори на многу прашања што си ги поставувате како родител или како некој што ќе стане родител.


    САФАРИ НА ДУХОТ од: 650 ден
  • img-book

    Од авторката на „Јади, моли се, уживај“! Без разлика дали сакате да откриете нови начини за решавање на предизвиците во тоа што го работите, или да напишете нешто, или да испробате да бидете креативни во некоја уметност, или едноставно сакате секојдневно да живеете со поголема СВЕСНОСТ и СТРАСТ, оваа книга ќе ви го отвори светот на чудата и среќата! Читатели од различни возрасти и сфери со години бараат инспирација во книгите на Елизабет Гилберт. Нејзината книга „Јади, моли се, уживај“ 199 недели била на првото место на листата на бестселери на „Њујорк тајмс“. Според неа е снимен истоимениот филм со Џулија Робертс, Хавиер Бардмен и Џејмс Франко. Сега оваа авторка копа длабоко во себе и во минатото искуство за да ги сподели својата МУДРОСТ и единствена перспектива за КРЕАТИВНОСТА! Со длабока емпатија и великодушност, нуди моќен увид во мистериозната природа на ИНСПИРАЦИЈАТА. Со „Големата магија“ Елизабет ги анализира ставовите, пристапите и навиките што ни се потребни за да живееме покреативен живот.


    Големата магија од: 400 ден
  • img-book

    Многумина од нас инсистираат дека главната пречка за целосен, успешен живот е надворешниот свет. Всушност, нашиот најчест непријател се крие токму во нас: нашето его. На почетокот на кариерите, нѐ попречува во учењето и во градењето талент. Во фазата на успехот, може да нѐ направи слепи за сопствените недостатоци и да создаде проблеми во иднина. Во фазата на неуспехот, го зголемува секој нанесен удар и го отежнува закрепнувањето. Егото нѐ кочи во секоја фаза.

    „Егото е непријател“ се повикува на широк дијапазон приказни и примери, од литературата, до философијата и историјата. Запознаваме фасцинантни фигури како Хауард Хјуз, Кетрин Греам, Бил Беличик и Елеонор Рузвелт. Сите тие достигнале највисоко ниво на моќ и успех преку скротување на сопственото его. Нивните стратегии и тактики може да бидат и наши.

    Но зошто би се бореле против егото во ера што глорифицира социјални медиуми, реални ТВ-шоуа и други облици на бесрамна себепромоција? Вооружени со лекциите од оваа книга, ќе научите, како што вели Холидеј, „да се посветите помалку на приказната што ја раскажувате за сопствената посебност и, како резултат, ќе бидете слободни да ги постигнете важните цели што си ги имате зададено“.


  • img-book

    Во слаткарницата на кривогледиот Џим, служат свежо кафе, торти и јајца. Но таму се стекнуваат и книжевни и чи-тателски навики. Откако во градот пристигна библиотекарката Боженка, таа отвори библиотека дури и во затворот и животот го направи поподнослив за најтешките криминалци. Срцата на негативците се насочија кон групните читања и претставувања на литературни дела од Шекспир, Карл Мај, Достоевски, Александар Дима… Дури и нивните вкусови почнаа да се менуваат. Како и да е, оваа хармонија ја наруши Данте Ласицата Шекспир, најголемиот литературен гангстер на сите времиња. Тој им ги украде сите текстови, од класици до распореди. Борбата со дружината книгољупци завршува со победа на згодната чешка библиотекарка. Иако за бунтот против Хабсбурзите таа не успеа да обезбеди поддршка на луѓето од Дивиот Запад, култивираниот дух на нивните литературни средби го облагороди градот.
    Авторот Марек Томан маестрално ги ткае пародиите и фразите, обрнувајќи внимание и на квалитетната и на дру-гата светска литература, бидејќи тие имаат сила кај децата и младите да создадат и реална и фиктивна претстава за светот.


  • img-book

    Приказната започнува во мало татарско село во 1930 година. Микрокосмос во кој жената е објект на постојано понижување. Но ова не е патријархален роман. Ова е женски роман во најубавата смисла на зборот. Бидејќи главен херој е зеленооката Зулејха. Жена што ќе го посведочи убиството на сопругот од страна на комунистите и жена што ќе го преживее прогонството на Сибир. И така засекогаш ќе го напушти родниот микрокосмос.

    Таа е принудена на мачно патување со товарен воз до најоддалеченото место на бреговите на реката Ангара во Сибир. Животните услови во руската тајга носат сосема поинаква тежина. Многумина не ја преживуваат долгата зима. Тоа е средина составена од: селани, интелектуалци, криминалци, чесни луѓе, муслимани, православни, атеисти, Татари, Руси и Германци. Во групата на Зулејха има еден напорен доктор, еден сликар, еден пар, еден криминалец, но и – Игнатов, убиецот на нејзиниот сопруг. Заедно започнуваат да градат нов живот, далеку од своето минато. Заедно мора да создадат – љубов!

    Зошто Зулејха ги отвора очите? Токму за љубовта, за мајчинството, за слободата, за борбата за живот.

    Романот е добитник на двете најважни книжевни награди во Русија –  „Големата книга“ и „Јасна Полјана“.


  • img-book

    Пет црвени свеќички на тортата. Исчекување. Како можеше Зана да знае дека овој ден ќе им го промени животот на толку многу луѓе? А сè што сакаше беше да си ја испее „Среќен роденден“.

    Кога Еверт Гренс ќе влезе во станот во Стокхолм, останува зашеметен од смрдеата на расипана храна, но и на нешто многу пострашно. Тоа што ќе го види ќе му остане длабоко врежано во сеќавањето.

    По речиси две децении, Еверт Гренс повторно ќе се најде во истиот стан. Некој се вратил да ја бара Зана. Гренс знае дека не смее да ја загуби трката со времето и мора да ја најде пред таа да биде убиена.

    Приказна за предавството и одмаздата, а светот трепери за време на трите дена исполнети со шокантни настани.


    Чук, чук од: 500 ден