• img-book

    (Серијал TWISTED #2)

    Сериозниот, арогантен и секогаш намуртен елитен телохранител Рис Ларсен има две правила: прво, да ги заштити своите клиенти по секоја цена и второ, да не се вплеткува емотивно, никогаш. И никогаш претходно не бил во искушение да ги прекрши тие правила… сѐ додека не ја запознае неа.

    Бриџет фон Ашеберг. Принцеза тврдоглава подеднакво како него, со скриен оган кој ги претвора неговите правила во пепел. Ден по ден, чекор по чекор, ги руши неговите одбранбени ѕидови и го соочува со вистината што повеќе не може да се одрекува: има дадено заклетва дека ќе ја штити, но сака само да ја уништи. Да ја земе. Бидејќи таа е негова. Негова принцеза. Неговото забрането овошје. Секоја негова фантазија.
    Принцезата сонува за слобода да живее и да љуби човек по свој избор. Но наеднаш е соочена со политички брак и трон кој никогаш не го ни посакувала. Затоа не смее да копнее по човекот кој не може да го има. Нејзиниот телохранител. Нејзиниот заштитник. Оној кој ќе ја уништи. Нивната љубов, неочекувана и забранета, може да уништи кралство… и да ги осуди на пропаст двајцата.

  • img-book

    (Серијал TWISTED #1)

    Алекс Волков е ѓавол со ангелско лице и минато од кое не може да побегне. Трагедијата во детството му го одредила животот и му го поплочила патот кон одмаздата. Воден од безмилосната потрага по успех, тој во своето срце нема место за љубов.

    Кога е принуден да се грижи за помладата сестра на неговиот најдобар пријател, почнува да чувствува дека нешто се топи во неговите гради. По извесно време му го распламтува срцето. Во него почнува да беснее таков оган што ќе му го изгори сиот свет.

    Ава Чен е самостојна и силна девојка, со чии соништа господарат кошмарите од детството на кое не може да се сети. Но и покрај тешкото минато, постојано наоѓа убавина во светот што ја опкружува – вклучително и во срцето скриено зад ледениот ѕид што го кренал мажот кој не смее да го посакува. Најдобриот пријател на нејзиниот брат. Нивниот сосед. Нејзиниот спасител и нејзината пропаст.

    Алекс и Ава не смеат да се засакаат. Нивната забранета љубов ќе разоткрие тајни кои би можеле да ги уништат – нив двајцата и сè што им значи.


  • img-book

    „Се надеваме дека Вашиот син ќе може да ни одговори на неколку прашања во врска со едно девојче кое исчезнало синоќа…“

    Ерика Кас има совршено семејство и совршен живот. Сѐ до вечерта кога двајца детективи се појавуваат на нејзината врата.

    Една средношколка исчезнува од тивката предградска населба на Ерика. Полицијата се сомнева во најлошото – убиство. А синот на Ерика, тинејџерот Лиам, е последниот кој го видел девојчето живо.

    Ерика отсекогаш насетувала нешто мрачно и вознемирувачко во нејзиното навидум совршено постаро дете. Таа сака да верува дека тој е невин, но како што доказите се трупаат, така ѝ станува сѐ потешко да се бори против вистината – можно е Лиам да го направил незамисливото.

    И сега таа мора да се запраша себеси: колку далеку е подготвена да оди за да го заштити сопствениот син?


  • img-book

    Едно лето. Двајца соперници. И заплет каков што ниеден од нив не очекува…

    Сиот живот на Нора Стивенс се врти околу книгите. Како книжевна агентка, може да се пофали дека занесено чита ракописи и склучува одлични договори за нејзините автори, но тешко дека отелотворува модерна книжевна хероина од мало гратче која ужива во зајдисонцето со човекот од нејзините соништа. Таа живее во Големото Јаболко и не е жената која го освојува згодниот фармер, туку онаа која мажот ја напушта заради една шармантна, скромна девојка.
    Како хероина ја доживуваат само нејзините клиенти, на кои им е достапна во секое време, и нејзината сакана сестра Либи. Токму по барање на Либи, Нора ќе помине еден август во гратчето Саншајн Фолс во Северна Каролина. Бремената Либи очајно се надева дека малото место ќе ја преобрази нејзината сестра опседната со кариера. Но наместо романтични излети и состаноци со привлечниот лекар или развиениот бармен, Нора постојано налетува на Чарли Ластра, намуртениот книжевен уредник од Њујорк. Тоа би звучело мошне симпатично да не е фактот дека во минатото веќе се среќавале и средбите, најблаго кажано, никогаш не поминувале најдобро…
    И двајцата знаат дека не се совршени херои од книгите, но кога непрестајно се принудени на низа случајни средби – кои ниеден добар уредник не би ги одобрил! – тие ќе откријат нешто што ќе им овозможи да ги расветлат приказните кои внимателно ги испишале за себе.


  • img-book

    „Блескав манифест за отстранување на пречките што стојат меѓу вас и богатството од вашите соништа.“ – Њујорк магазин

    Водич кој ќе ви го промени животот и ќе ви помогне да ги заработите парите за кои само сте сонувале, од најпродаваната авторка на Њујорк тајмс, која се вивна до врвот со Ти си ѕвер.

    Ти си ѕвер за правење пари ќе ви помогне да ги надминете стравовите и пречките поради кои досега не сте постигнале финансиски успех. Повикувајќи се на преобразбата на својот живот за само неколку години, кога од личност која живеела во реновирана гаража со празна банкарска сметка станала жена која со стил патува низ светот, Џен Синсеро одново нè соочува со својата неповторлива дрскост и практичност поради кои Ти си ѕвер стана апсолутен бестселер. Комбинацијата од урнебесни лични приказни и куси блескави поенти успева да го разоткрие вашиот скриен потенцијал за заработување пари и да ви обезбеди вистински резултати.

    Научете како:

    • да откриете што е тоа што не ви дозволува да заработувате пари
    • да ги растерате сите сомнежи, стравови и изговори
    • да се поврзете со парите на нов, профитабилен начин
    • да го подготвите коктелот на создавањето
    • да ја откриете својата вродена способност за збогатување
    • да си ја обликувате реалноста и да престанете да бидете жртва на околностите
    • да станете толку богати колку што сакате да бидете.

  • img-book

    Лили и нејзиниот поранешен сопруг Рајл најпосле успеваат да фатат ред со заедничкото одгледување на нивната ќерка, кога таа ненадејно го среќава Атлас, нејзината прва љубов. Пресреќна е што најпосле времето е на нивна страна и веднаш ја прифаќа неговата покана да излезат.

    Но возбудата ѝ е засенета од сознанието дека, иако повеќе не се во брак, Рајл е голем дел од нејзиниот живот и дека нема да му се допаѓа што Атлас е дел од животот на Лили и нивната ќерка.

    Раскажана од перспективите на Лили и Атлас, Ова започнува со нас продолжува токму онаму каде што завршува епилогот од неверојатно возбудливата Ова завршува со нас. Откривајќи ни повеќе детали од минатото на Атлас и следејќи ја Лили додека ја зграпчува втората шанса што ѝ ја дава љубовта, додека и двајцата се справуваат со љубоморниот поранешен сопруг, Колин Хувер ни докажува дека никој не умее подобро од неа да допре до нашите срца.


  • img-book

    Мал град. Страшна суша. Неподнослив очај. Големи тајни.

    Во најлошата суша што ја видела Австралија во изминатиот век, еден фармер ја крева својата пушка на своето семејство, а потоа и на себе. Руралната заедница на Киевара секојдневно се соочува со очајни избори и одлуки. Ако еден од нив пукнал од стресот, очајот и притисокот, на останатите им останува само да Му се молат на Бога за сила и издржливост. Да се надеваат на Божја милост за дожд.

    Но кога почнуваат да отскокнуваат прашања и да се фрлаат сенки на сомнеж врз целиот опустошен град, специјалниот агент Арон Фалк е принуден да се соочи со заедницата што го отфрлила пред дваесет години. Затоа што Фалк и неговиот пријател од детството, починатиот Лук Хадлер, имале тајна – тајна што смртта на Лук се заканува да ја разоткрие.

    И кога Фалк навлегува подлабоко во приказната за убиствата, од старите рани почнуваат да се отвораат нови.

    button-new


    4.4 out of 5
    Сушата од: Џејн Харпер 420 ден

    Сè уште нема. Проверете повторно за некое време.

  • img-book

    Кетрин и Рејчел се пријателки од деца, сродни души, неразделни, не можат една без друга. Сè додека еден момент невнимание од страна на Рејчел не ја остави Кетрин без нејзините сакани синови. Таа веќе не е мајка, таа веќе не е нормална личност; таа е сенка од човек. И нема да се смири сè додека не ја натера Рејчел да плати за сè.

    Фолкландските Острови се мирно место каде сите меѓусебно се познаваат и убаво си живеат, па кога одеднаш почнуваат да исчезнуваат деца кои сомнително многу личат на починатите синови на Кетрин, населението го фаќа хистерија. Можно ли е меѓу нив да постои монструм кој повредува деца или станува збор за несреќни трагедии?

    Рејчел веќе е црна овца поради случајот со двете загинати деца. За Кетрин одамна се шпекулира дека го изгубила умот откако ги изгубила синовите. Но која од двете поранешни најдобри пријателки е поопасна? Или можеби станува збор за некој сосема друг… Нема да погодите сè до последната страница.

    Болтон е нов мајстор за трилери!

    button-new


    4.71 out of 5
    Мали црни лаги од: Шерон Болтон 420 ден

    Многу одамна немав седнато да напишам рецензија за книга затоа што воопшто немам време и многу ми е жал – искрено ми недостига пишувањето рецензии – но следејќи ја индиректно продажбата на одредени наслови, забележав едно големо несогласување и се замислив. Имено, забележав дека еден од моите омилени трилери во изминатите неколку години, се продава океј, но не се продава ТОЛКУ колку што очекував, а повеќе се продаваат други книги кои мене лично не ми се ни на приближно исто ниво. И не се работи воопшто за продажбата, книгите вака или онака ќе се продадат, туку се работи за тоа дека во денешно време страшно тешко се наоѓа ОДЛИЧНА книга, особено кога си толку пребирлив читател како јас, па кога ќе пронајдам нешто олку добро, јас сакам да го споделам со сите и сакам приказната да ја прочитаат сите, па на крајот да можеме и меѓусебно да си коментираме и да дискутираме и да анализираме.

    Па тоа ме натера да одвојам малку време и да ви кажам нешто повеќе за книгава…

    Кетрин и Рејчел се пријателки од деца, сродни души, неразделни, не можат една без друга. Но книгата почнува со раскажување од гледна точка на Кетрин и одеднаш сфаќаме дека таа го планира убиството на нејзината најдобра пријателка. Зошто? Затоа што Рејчел, во еден краток момент на невнимание, има направено фатална грешка што резултирала со смрт на двете синчиња на Кетрин и таа веќе не е мајка, таа веќе не е нормална личност; таа е сенка од човек. И нема да се смири сè додека не ја натера Рејчел да плати за сè. Рејчел патем си живее убав живот со нејзиниот сопруг и нејзините две деца. Но не знаеме како ѝ е нејзе сè додека не стигнеме до третиот дел од приказната кој го раскажува токму таа.

    Дејствието се одвива на Фолкландските Острови, кои се мирно место каде сите меѓусебно се познаваат и убаво си живеат, па кога одеднаш почнуваат да исчезнуваат деца кои сомнително многу личат на починатите синови на Кетрин, населението го фаќа хистерија. Можно ли е меѓу нив да постои монструм кој повредува деца или станува збор за несреќни трагедии? Патем, страшно беше интересно да се чита за Фолкландските Острови. Кетрин нурка и работи со морскиот свет, а мене ова ми беше првпат да читам за тие работи во книга и дознав многу интересни информации. Има еден особен трогателен дел со насукување на китови каде што е објаснето зошто и како китовите се насукуваат и умираат во огромни бројки. Но да се навратиме на сериските исчезнувања на децата… Рејчел веќе е црна овца поради случајот со двете загинати деца. За Кетрин одамна се шпекулира дека го изгубила умот откако ги изгубила синовите. Но која од двете поранешни најдобри пријателки е поопасна? Или можеби станува збор за некој сосема друг… Навистина нема да погодите сè до последната страница. Крајот беше спакуван во неколку огромни изненадувања за мене. Дознаваме кој ги киднапира децата, дознаваме како Рејчел ја направила грешката што ја направила за да починат синовите на Кетрин, дознаваме што се случува со последното, најважното, исчезнато дете и дознаваме зошто Кетрин и самата носи вина за смртта на нејзините деца. Значи ова не е еден од оние крвави, хард кор трилери како Девојката Врана или Алекс; ова е целосна приказна каде што има сè: заплет, пресврти, емоции, човечки односи, неизвесност…

    Она што посебно ми се допадна во оваа книга беше тоа што низ целата трилер приказна имаше и некоја љубовна нишка затоа што има и трет машки лик кој има значајно минато со Кетрин и сега повторно е тука во целата истрага. Имам прочитано четири или пет книги од Шерон Болтон, но оваа ми е УБЕДЛИВО најдобра. Болтон за мене е нов мајстор за трилери. Ви ја препорачувам од срце и едвај чекам да си размениме некој коментар за приказната!

  • img-book

    Во случаи со киднапирање, првите неколку часа се клучни. После тоа, малите шанси жртвата да се пронајде жива се претвораат во речиси непостоечки.
    Но оваа девојка не е обична жртва.
    И покрај тоа што прекрасната, силна и паметна Алекс Прево не е обична девојка, нејзиното време истекува. Таа е затворена, заробена во кафез кој виси на два метри од земја, изгладнета, претепана, оставена на милост и немилост на човекот кој сака да ја гледа како умира.
    Детективот Верховен нема ништо важно за да ја води истрагата: нема осомничен, нема трага, а и неговата надеж полека исчезнува. Сè што знаат е дека крупен човек киднапирал девојка на улица во Париз и ја пикнал во бело комбе. Никој не знае кој е киднаперот, никој не знае која е девојката, никој не ја пријавува за исчезната со денови… Енигмата за судбината на Алекс ќе го прогонува Верховен сè до горкиот, ужасен крај.
    А нема да помине долго време пред спасувањето на нејзиниот живот да стане негов најмал проблем.

    button-new


    4.91 out of 5
    Алекс од: Пјер Леметр 400 ден

    Во случаи со киднапирање, првите неколку часа се клучни. После тоа, малите шанси жртвата да се пронајде жива се претвораат во речиси непостоечки.
    Но оваа девојка не е обична жртва.
    И покрај тоа што прекрасната, силна и паметна Алекс Прево не е обична девојка, нејзиното време истекува. Таа е затворена, заробена во кафез кој виси на два метри од земја, изгладнета, претепана, оставена на милост и немилост на човекот кој сака да ја гледа како умира.
    Детективот Верховен нема ништо важно за да ја води истрагата: нема осомничен, нема трага, а и неговата надеж полека исчезнува. Сè што знаат е дека крупен човек киднапирал девојка на улица во Париз и ја пикнал во бело комбе. Никој не знае кој е киднаперот, никој не знае која е девојката, никој не ја пријавува за исчезната со денови… Енигмата за судбината на Алекс ќе го прогонува Верховен сè до горкиот, ужасен крај.
    А нема да помине долго време пред спасувањето на нејзиниот живот да стане негов најмал проблем.
    Со освојувањето на престижната награда Dagger за интернационален трилер, судиите рекоа: „Брилијантен трилер, напната трка помеѓу неколку паралелни приказни кои вџашуваат и шокираат кога најпосле се пресретнуваат. Оригинал и напнат крај кој ги надминува очекувањата.“