• img-book

    Во врнежливиот Сиетл, на езерото Јунион, постои нешто што се нарекува Улицата на бродовите. Тоа е заедница на пловни куќи, каде што се живее уникатен, мирен и романтичен живот на вода. На самиот крај на доковите, има една пловна куќа со изветвени шиндри од кедар и ползавец грамофонче, но убавината на белите цветови може да лаже. Во педесеттите години, Пени, млада невеста на познатиот сликар Декстер Вентворт, се вселува во куќата и мечтае за исполнет живот како муза на успешниот локален уметник кого го очекува светска слава.

    Во сегашноста, Ада Санторини по игра на случајноста завршува на истата пловна куќа, со надеж дека нејзиното нежно лулање на езерото ќе ја затапи болката од личната трагедија поради која бега од Њујорк. Кога се сместува во куќата, Ада наоѓа стар ковчег полн со спомени од една жестока љубовна афера. Соседите на доковите од некоја причина не сакаат да откриваат многу за минатото, но јасно е дека сите ја сакале убавата и мистериозна Пени. Како новинар, Ада насетува интересна приказна и почнува да истражува.

    Се чини дека на Улицата на бродовите е судено да се испреплетат мистериозното минато на Пени и неизвесната иднина на Ада.


  • img-book

    Овој практичен и инспиративен водич нè учи како да ги прекинеме деструктивните навики и заробувачки мисли за да пронајдеме слобода и да уживаме во животот.

    Моќната прва книга на Едит Егер, „Изборот“, ја раскажува приказната за нејзиното преживување во концентрациони логори, нејзиното бегство, исцелувањето и патешествието кон слободата. Опра Винфри вели, „Засекогаш ќе бидам променета од приказната на доктор Егер“. Илјадници луѓе од целиот свет ѝ пишувале на Егер за да ѝ кажат колку нејзината книга ги трогнала и ги инспирирала да се соочат со сопственото минато со цел да се обидат да најдат лек за својата болка, истовремено молејќи ја да напише уште една книга со повеќе практични и детални совети како нејзе ѝ успеало во тоа. Па така сега, во „Подарокот“, Егер се осврнува на исцелувањето и ни дава многу корисен прирачник кој нежно нѐ охрабрува да ги промениме своите мисли и однесувањето кое нѐ прави затвореници на минатото.

    Егер објаснува дека најлошиот затвор за неа не бил затворот во кој ја сместиле нацистите, туку оној што таа самата го создала за себе – затворот на нејзиниот ум. Потоа ги опишува дванаесетте најзаробувачки проблеми со кои се соочила – како, страв, тага, лутина, тајни, стрес, вина, срам и одбегнување – и алатките кои ги открила за справување со овие универзални предизвици.

    Со многу емпатија, стручност и хумор, Подарокот ќе ви даде охрабрување и совети за да се ослободите од сопствените затвори и да уживате во животот.