• img-book
    Таа ќе склучи договор со најлошото момче на факултетот…
    Хана Велс конечно наоѓа некој кој ја возбудува. Но и покрај тоа што е многу самоуверена на секое друго поле во нејзиниот живот, носи огромен товар кога станува збор за сексот и заведувањето. Ако сака да му го привлече вниманието на типот кој ѝ се допаѓа, ќе мора да излезе малку од својата комфор зона и да го натера да ја забележи. Па дури и по цена да мора да му помага во учењето на иритантниот, арогантен капитен на хокеарскиот тим во замена за фиктивно рандеву.
    …и ќе биде страаашно добро.
    Животната желба на Гарет Грахам е професионално да игра хокеј по дипломирањето, но расипаниот просек на неговите оценки претставува закана за сѐ за што напорно се трудел цел живот. Па затоа не му е проблем да прифати да ѝ помогне на една саркастична бринета да предизвика љубомора кај друг тип – подготвен е на сѐ за да си ја осигура позицијата во тимот. Но кога еден неочекуван бакнеж води до најлудиот секс во нивните животи, Гарет брзо сфаќа дека нема да се задоволи со преправање и глумење. Едноставно мора да ја убеди Хана дека човекот што го бара е тој.

  • img-book

    Тој е осуден убиец во затвор… но таа не се плаши од него.

    Новинарката Софи Алтон го истражува исчезнувањето на млада мајка, Меган, која неодамна е пуштена на условно и сега бега од властите со нејзината ќеркичка. Потрагата ја води Софи до братот на Меган, Марк, осуден убиец – и воедно човекот со кого таа има поминато една незаборавна ноќ пред дванесет години.

    Осуден на живот во затвор, Марк ја користи Софи да побегне за да може да ја најде сестра си и да ја заштити од монструмот кој ја гони. Софи знае дека треба да се плаши од Марк. Но сѐ уште премногу добро се сеќава на жестината и страста во неговите допири, дури и по толку време.
    Заедно следат опасна трага додека многу луѓе од двете страни на законот прават сѐ што е во нивна моќ да ги спречат Софи и Марк во пронаоѓањето на Меган… и откривањето на вистината за минатото.

  • img-book

    АКО ТОЈ МИСЛИ НА ВАС… МРТВИ СТЕ.

    Една чудна несреќа во рурален Вајоминг води до апсење на човек за потенцијално двојно убиство, но понатамошната истрага упатува на многу пострашно откритие – сериски убиец кој киднапирал, измачувал и масакрирал жртви низ цела Америка најмалку дваесет и пет години. Осомничениот тврди дека тој е само пион во огромен лавиринт од лаги и измами – но дали може да му се верува?

    Случајот веднаш го предаваат на ФБИ, но овој пат тие се принудени да побараат надворешна помош. Го бараат Роберт Хантер, кој е поранешен психолог за криминално однесување и главен детектив во одделот за Ултра насилни злосторства, да направи низа интервјуа со уапсениот човек. Овие интервјуа почнуваат да откриваат ужасни тајни кои никој не би можел да ги предвиди или очекува, вклучувајќи го и вистинскиот идентитет на убиецот, кој е толку внимателен што никој, па дури ни ФБИ, немал поим дека постои… сѐ досега.

     


    5 out of 5
    Злотвор од: Крис Картер 490 ден
  • img-book
    Тој ја бара совршената жена, а тоа дефинитивно не е таа.

    Зои е навикната да се грижи самата за себе и одамна има прифатено дека кога се случува нешто лошо, сигурно ќе ѝ се случи нејзе. Па кога ја губи работата поради глупост и сѐ тргнува во надолна линија после тоа, таа не очекува никакво подобрување на ниедно поле. И дефинитивно не очекува да добие помош од нејзиниот бучен безобразен сосед, но секако нема што да изгуби па ја става довербата во негови раце и решава да се надева на најдоброто. Но она што не го очекува е уникатната можност која ѝ ја нуди тој со договор од кој двајцата би имале корист, а никој не би требало да биде повреден… иако таа веќе има доволно искуство со проблемите и би требало да знае дека никогаш немала таква среќа во животот.
    Како и сите други мажи во семејството Бредфорд, Тревор има една слаба точка: храната – и ништо друго. Тој води прилично стандарден живот и сака едноставни работи, а тоа значи дека сака и едноставни, лесни врски. Истовремено, посакува совршена жена и точно знае каква би требало да биде таа. Па кога сфаќа дека почнува премногу да мисли на сосетката, која не исполнува речиси ниеден од неговите критериуми, ужасено заклучува дека има само еден начин да му пројде меракот и да ја батали, а тоа е да легне со неа. Па решава да си го пополни времето со неа додека го бара своето совршенство.

  • img-book

    Татјана е осумнаесетгодишна трудна вдовица кога бега од војната во Ленинград со надеж за нов живот во Америка. Но духовите од нејзиното минато не се откажуваат лесно и неуморно ја прогонуваат. Таа станува целосно опседната од помислата и вербата дека нејзиниот сопруг, офицерот Александар Белов, сѐ уште е жив таму некаде во војната и дека таа му е очајно потребна.
    Во меѓувреме, на океани и континенти од неа, во Советскиот Сојуз, Александар едвај спасува жива глава од погубување и принуден е да води баталјон војници кои се сметаат за „потрошен материјал“ од страна на врвот на Советскиот Сојуз. Сепак, Александар е цврсто решен да ги поведе своите луѓе низ руините во Европа во еден последен очаен обид да побегнат од смртоносната машинерија на Сталин и некако повторно да си го најде патот до Татјана.


  • img-book

    Кога библиотекарката Валентина Бејкер била тинејџерка, нејзината мајка неочекувано побегнала во родниот Лондон, оставајќи ги Вал и татко ѝ сами. Вал сега има триесеттина години и пропаднат брак зад себе, па се чувствува како да не си го сака животот – и знае дека нејзиното срце сѐ уште е скршено благодарение на тоа што била напуштена од сопствената мајка.
    Во еден горко-сладок сплет на судбината, Вал добива абер дека нејзината мајка починала и ѝ го оставила својот стан, како и имотниот лист за една книжарница. Иако веста е поразителна, Вал одеднаш цврсто решава да открие која и каква била нејзината мајка навистина. Го прелетува океанот, го напушта Сиетл и започнува нов живот во преубавиот Лондон.
    Полека, но сигурно, Вал почнува да ја составува сложувалката за животот на Елоиз во Англија, но и да се вљубува во станчето уредено во пастелни бои, пријатното соседство и шармантниот излог на книжарницата. Кога дознава дека постои ризик книжарницата да пропадне, Вал мора да почне да соработува со нејзините ексцентрични вработени за да ја спаси ситуацијата. Во текот на тој процес, дознава многу повеќе за Елоиз отколку што мислела дека е можно. Додека Вал се обидува да ја спаси книжарницата, Елоиз полека ја раскажува својата приказна, а мајката и ќерката откриваат страшни и болни вистини.


  • img-book

    Вечерта кога го запознав Дру, имаше провалено во мојата нова канцеларија. Повикав полиција, а потоа го нападнав со моите новостекнати боречки вештини. Тој лесно ми се спротивстави, а потоа се изнасмеа затоа што очигледно мојот обид за напад му беше комичен. Многу јасно дека натрапникот мораше да биде арогантен. Само што, се покажа дека тој воопшто не бил натрапник.
    Дру всушност беше сопственикот на просторот. Бил на одмор за време на реновирањето на неговите луксузни канцеларии. Па така јас наседнав, закупувајќи зафатен деловен простор од измамник и изгубив десет илјадарки.
    Следниот ден, по неколку часа во полициската станица, Дру ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Ми понуди да останам во канцелариите додека не најдам нов простор, а во замена за тоа да одговарам на неговите телефонски повици додека неговата секретарка е на одмор. Веројатно требаше да бидам благодарна и да си ја држам муцката затворена кога го слушав какви совети им даваше на неговите клиенти. Но не очекував моето тело да реагира така секојпат кога се расправавме. Особено со оглед на тоа дека се расправавме цело време.
    Ние бевме тотално различни. Дру беше огорчен, лут, проклето секси уништувач на врски. А јас им помагав на луѓе да си ги спасат браковите. Единственото заедничко нешто ни беше просторот кој го делевме. И фатална привлечност која беше сѐ потешка за игнорирање со секој изминат ден.


  • img-book

    Најдобрата романса во светот за 𝟐𝟎𝟐𝟏 година според распределбата на гласовите на половина милион гласачи.

    Попи и Алекс. Алекс и Попи. Тие двајца немаат ништо заедничко. Таа отсекогаш била диво дете; тој носи каки панталони и карирани кошули. Таа е ненаситна за лутање и шетање по светот; тој повеќе би сакал да седи дома со добра книга. Сепак, некако, уште од едно судбоносно заедничко патување до дома од факултет пред многу години, тие се нај-најдобри пријатели. Најголемиот дел од годината го поминуваат одвоени – таа живее во Њујорк, а тој во нивниот мал роден град – но секое лето во изминатата декада одат на прекрасен одмор заедно.

    Односно, до пред две години, додека не уништиле сѐ. И оттогаш не разговараат.

    Попи има сѐ што би можела да посака, но заглавена е во монотона рутина. И кога нејзината пријателка ја прашува кога последен пат била вистински среќна, таа без ронка сомнеж знае дека тоа било на последното, „фатално“ патување со Алекс. Па така одлучува да го убеди својот најдобар пријател да отидат на уште еден одмор заедно – да ги стават сите карти на маса и да ги поправат работите. И за чудо, тој прифаќа. Сега таа има една недела да поправи сѐ. Само кога би можела да ја игнорира големата вистина која отсекогаш се криела во нивната навидум совршена врска.


  • img-book

    Татјана е осумнаесетгодишна трудна вдовица кога бега од војната во Ленинград со надеж за нов живот во Америка. Но духовите од нејзиното минато не се откажуваат лесно и неуморно ја прогонуваат. Таа станува целосно опседната од помислата и вербата дека нејзиниот сопруг, офицерот Александар Белов, сѐ уште е жив таму некаде во војната и дека таа му е очајно потребна.

    Во меѓувреме, на океани и континенти од неа, во Советскиот Сојуз, Александар едвај спасува жива глава од погубување и принуден е да води баталјон војници кои се сметаат за „потрошен материјал“ од страна на врвот на Советскиот Сојуз. Сепак, Александар е цврсто решен да ги поведе своите луѓе низ руините во Европа во еден последен очаен обид да побегнат од смртоносната машинерија на Сталин и некако повторно да си го најде патот до Татјана.


  • img-book

    Клејтон е почитуван семеен човек; татко, сопруг, професор, тренер и училишен советник, кој пред повеќе од две декади го признал бруталното убиство на ученичка, тинејџерката Лена Раи. Но зошто ја убил? Причината отсекогаш била мистерија.

    Во низа ексклузивни интервјуа од затвор, Клејтон ја споделува вистината за она што се случило таа ноќ под Ѓаволовиот мост. Но вистината е далеку од она што го очекуваат сите во Твин Фолс. Клејтон сега вели дека тој не е убиецот. Дали лажел тогаш, кога го признал убиството? Или лаже сега?

    Но во приказната недостасува еден клучен играч? Рејчел Волзак, пензионираната детективка која ги разоткрила изопачените нагони на Клејтон и го сместила зад решетки. Таа не е заинтересирана да ја игра играта на Клејтон, но случајот се здобива со толку голема популарност што почнуваат да се откриваат нови детали и во Рејчел се будат сомнежи за сѐ што мисли дека знаела во минатото. И со секое ново интригантно откритие на Клејтон, сѐ повеќе станува јасно дека тој не е единствениот во градот со тајна.


  • img-book

    По отслужувањето затворска казна од пет години за трагична грешка од минатото, Кена Роуан се враќа во градот каде што се случила трагедијата, надевајќи се дека ќе добие втора шанса со својата четиригодишна ќерка. Но се покажува дека е невозможно одново да се изградат мостовите кои ги изгорела во минатото. Сите во животот на ќерка ѝ се цврсто решени да не ѝ дозволат на Кена да ѝ се доближи, без разлика колку таа се труди да се докаже.

    Единствената личност која не ѝ ја затвора целосно вратата е Леџер Ворд, сопственик на локален бар и една од малкуте преостанати личности кои ја поврзуваат со ќерка ѝ. Но ако некој дознае дека Леџер полека станува важен дел од животот на Кена, двајцата ризикуваат да ја изгубат довербата на сите кои им се битни.

    Нивната блискост расте и покрај притисоците околу нив, но истовремено расте и ризикот. Кена мора да најде начин да се искупи за грешките од минатото ако сака да изгради иднина во која ќе има надеж, исцелување и простување.


  • img-book

    Што е најважно? Пријателството, лојалноста или љубовта?

    Можеби сега е продолжение на бестселерите „Можеби некогаш“ и „Можеби никогаш“. Колин Хувер ја продолжува приказната на Риџ и Сидни. На Меги. На Ворен и Бриџит.

    Риџ ја прекинува својата долгогодишна врска со Меги кога помеѓу него и Сидни се будат толку силни чувства какви што нема почувствувано никогаш претходно, ниту за Меги, ниту за која било друга девојка. Чувства кои тој и Сидни просто не можат да ги потиснат. Но неговото значајно минато со Меги и нејзината болест значат дека тој не може туку-така да ги прекине сите контакти со неа. Меги нема друго семејство, нема никој друг кој би бил покрај неа, па неговата добрина и лојалност не му дозволуваат да ја остави сама кога знае дека ѝ е потребен.

    Меги пак сака да го живее остатокот од животот како секоја нормална млада девојка, без да биде целосно обземена од грижи за болеста. Но колку и да сака да ја игнорира, болеста е тука и ѝ е пречка за многу нешта во животот… вклучувајќи ја и љубовта.


  • img-book

    По смртта на родителите, Амелија Хатавеј храбро ги презема уздите на животот, заедно со грижата за нејзините три помали сестри и нејзиниот своеглав брат. Нивниот живот е скромен и пристоен, барем до неочекуваното наследство кое го издигнува нејзиното семејство до ранговите на аристократијата. Но новите околности со себе носат и куп нови проблеми, меѓу кои и повторната средба на Амелија со Кам Рохан – мистериозниот, безобразно богат и опасно згоден маж со ромско потекло.

    Кам поседува богатство за какво повеќето мажи можат само да сонуваат и уморен од баналните ограничувања на општеството, копнее да им се наврати на своите „нецивилизирани“ цигански корени. Кога убавата Амелија му бара помош, тој има намера да понуди само пријателство – но намерите не се совпаѓаат со желбата што ги заслепува и двајцата. Иако двајцата се трудат да ја игнорираат меѓусебната привлечност, тоа се чини невозможно. А сакала таа да признае или не, Амелија мора да се помири со фактот дека без неговата помош би била целосно изгубена. Исто како и без неговата страсна прегратка…


  • img-book

    Сериски убиец ги пали своите жртви на познатите праисториски камени кругови во Лејк Дистрикт. Тој не остава никакви траги и полицајците се беспомошни.

    Кога на јагленосаните остатоци од третата жртва го наоѓаат врежано неговото име, му ја прекинуваат суспензијата на посрамотениот детектив Вашингтон По и го вклучуваат во истрагата од која тој дефинитивно не сака да биде дел.

    Како партнерка ја добива генијалната, но социјално неприлагодена аналитичарка Тили Бредшо и заедно пронаоѓаат трага која е оставена за да ја види само тој. Мистериозниот убиец има план и од некоја причина По е дел од него.

    Како што се појавуваат сѐ повеќе нови тела, така По открива дека е многу поинволвиран во случајот отколку што можел да замисли. Со шокантниот крај кој ќе сруши сѐ што некогаш мислел дека знае за себе, По ќе дознае дека постојат и многу полоши работи од тоа некој да те запали жив…


  • img-book

    И најмалото отстапување во звукот и фреквенцијата на гласот е доволно за познатиот форензички фонетичар и вистинска легенда во редовите на полицијата, Матијас Хегел, да ја разликува вистината од лагата. Со негова помош веќе се осудени бројни криминалци.

    Дали тој сега се лаже себеси? Неговото признание дека брутално убил бездомничка во жестока расправија изгледа премногу искрено.

    Амбициозната поткастерка која обработува вистински злосторства, Јула Анзорге, е своевиден експерт за рехабилитација на невини осуденици и очајно сака да ја открие вистината. Но кога ќе почне да се задлабочува во случајот на Хегел, таа свесно се става во голема опасност…

    Почеток на нов крими-трилер серијал на Винсент Клиш и Себастијан Фицек – на фасцинантната тема за форензичка фонетика.


  • img-book

    Кетрин Кол била убедена дека нејзиниот свршеник е совршениот маж сѐ додека не дознала дека всушност е совршениот убиец. Тој ги оставал жртвите прободени низ срцето, со една црвена роза во рацете како негов заштитен знак и го нарекле убиецот Валентин.

    Пред три години, тој исчезнал. А сега е вратен. И ја гони онаа која му побегнала.

    Во Њу Орлеанс, Кетрин за првпат по долго време се осмелува да се надева дека конечно е безбедна, но тој сепак некако ја наоѓа. Па овој пат нема намера тивко да седи и да чека; ќе даде сѐ од себе да го запре монструмот кој порано го сакала, па дури и ќе му верува на еден полицаец кој ѝ ветува дека ќе се погрижи таа да е безбедна. Детективот Дејн Блек никогаш не дозволува емоциите да му се мешаат во работата, дури ни кога убиецот Валентин се појавува во Њу Орлеанс да го демне својот плен. Но кога се согласува да ја штити поранешната свршеница на убиецот, не може да ја игнорира страста помеѓу нив. По една незаборавна ноќ која ги поврзува во душа и тело, Дејн сфаќа дека нема да се смири сѐ додека Кетрин не е безбедна во неговите раце, а убиецот Валентин мртов.


    5 out of 5
    Умри за мене од: Синтија Идн 450 ден