• Попуст!
    img-book

    Стара семејна тајна носи голема опасност, дури и по неколку декади…

    Пред стотици години, трговецот Вилфрид Војнич открил ракопис кој до ден денес се смета за најтаинствениот и најмистериозниот ракопис на светот. Напишан е на чудно и непознато писмо во комбинација со необични илустрации и дијаграми. Многу светски научници и стручњаци за шифри се обиделе да го дешифрираат, но досега ниту еден нивни труд не вродил со плод.

    Хана Дејвис пишува статии за весник во Њујорк. Иако нејзиниот живот не бил лесен, ниту просечен, сепак таа се изборила да заврши факултет и да си најде работа во еден од најголемите градови во Америка. Текот на нејзиниот живот наеднаш се менува кога добива повик од полицијата во Кејп Меј. Единствениот човек со кого е во крвно сродство и единствен нејзин близок роднина – нејзиниот дедо – е убиен во неговиот стан. Таа стои пред една од најважните одлуки кои мора да ги донесе – дали да продолжи со животот во Њујорк или да се врати во нејзиното родно место и да ја продолжи работата на дедо ѝ во семејната антикварница.

    Така одлучува да се врати во Кејп Меј. Кога се сретнува со адвокатот за тестаментот, сфаќа дека дедо ѝ ѝ оставил скриена порака. Ни самата не знае што значи пораката, ниту како ќе ја дешифрира. Сепак, со малку помош од старите пријатели и малку среќни околности, успева во тоа. Но една порака ја носи кон друга па кон трета. Откривајќи ги сите три, таа се става во огромна опасност. Пораките ја водат до тајно откритие, поради кое и дедо ѝ го загубил животот.

     


  • Попуст!
    img-book

    Интимен портрет на растењето во опасно време и епска приказна за една поделена нација.

    И жените можат да бидат херои. Овие зборови се откровение за дваесетгодишната Френки, која учи за медицинска сестра. Израсната во сончевиот и идиличен свет на Јужна Калифорнија и секогаш штитена од своите конзервативни родители, таа се гордее со фактот дека секогаш ги правела правилните нешта, она што се барало и очекувало од неа. Но во 1965, светот се менува и таа одеднаш се осмелува да замисли поинаква иднина за себе. Кога нејзиниот брат заминува да служи во Виетнам, Френки се приклучува кон воениот корпус како медицинска сестра и го следи неговиот пример.

    Незрела и неискусна исто колку и мажите пратени во Виетнам да се борат, Френки психички ја совладува хаосот и деструкцијата од војната. Секој ден е коцкање со животот и смртта, надежта и предавството, а пријателствата имаат длабоки корења, но воедно можат да се распрснат за миг. Во војната, таа ги запознава – но и станува една од – среќните, храбрите, скршените и изгубените. Но војната е само почеток за Френки и нејзините пријатели ветерани. Вистинската битка почнува со враќањето дома, во променетата и поделената Америка, кај лутите протестанти, во државата која сака да го заборави Виетнам.

     


    Жените од: Кристин Хана 590 ден472 ден
  • Попуст!
    img-book
     
    „Ние сме една круна. Неговата тежина е моја, а мојата е и негова…“
     
    Во 1761, еден сончев септемвриски ден, еден крал и една кралица се сретнуваат за првпат. И се венчаваат во рок од неколку часа.
     
    Родена како германска принцеза, Шарлота е прекрасна, тврдоглава и крајно интелигентна… а тоа не се баш особините кои Палатата ги посакува за сопругата на младиот крал Џорџ III. Но нејзиниот оган и независност се токму она што е потребно, бидејќи Џорџ има тајни… тајни со потенцијал да ги разнишаат темелите на монархијата.
     

    Втурната во новата улога на кралица, Шарлота мора да се запознае со правилата и политиките додека истовремено си го штити срцето, бидејќи се вљубува во кралот, дури и покрај тоа што тој ја оттурнува од себе. А пред сѐ мора да научи да владее и да разбере дека ѝ е дадена моќ да направи огромни промени во општеството. Таа мора да се бори – за себе, за својот сопруг и за сите кои бараат помош и водство од неа. Затоа што таа никогаш повеќе нема да биде само Шарлота. Мора да ја следи својата судбина… како кралицата Шарлота.

    Незаборавна романса од моќното дуо, напишана ексклузивно за Нетфликс.


  • Попуст!
    img-book

    Музиката е нејзиниот живот, а петнаесетте песни одлучуваат колку ќе биде долг.
     
    Пред еден месец, петнаесетгодишната Фелин Јагов исчезнува без трага одејќи на училиште. Мајка ѝ го најмува приватниот детектив Александер Зорбах, кој открива дека преку онлајн музички сервис Фелин ги слуша омилените песни, иако е во заробеништво. Уште поинтересно е што плејлистата била сменета пред два дена. Дали преку новите песни таа се обидува да прати тајна порака?
     
    Зорбах очајно се обидува да ја одгатне загатката што ќе го одведе до местото каде што се наоѓа Фелин. За жал, не знае дека обидот да ја најде и да ја спаси од киднаперот ќе го вовлече во ужасен кошмар, во безмилосна трка со времето во која шансите да преживеат се речиси еднакви на нула.
     
    Ова е една од најуникатните книги на Фицек бидејќи плејлистата навистина постои. Фицек овој пат се јавува и како креатор на текстови и композиции заедно со низа познати музичари, кои имаат креирано 15 песни специјално за приказната. 

  • Попуст!
    img-book

    Анастасија Ален цел живот дава сѐ од себе за да добие шанса да влезе во Американскиот олимписки тим. Се натпреварува во лизгање уште од петгодишна возраст, има комплетна студентска стипендија благодарение на нејзината позиција во лизгачкиот тим и секојдневен распоред на активности од кои би липала и најамбициозната личност на светот. Стаси не си игра, Стаси секогаш цели на победа. Без исклучоци.

    Нејтан Хокинс никогаш немал проблем што не може да го реши. Како капитен на Тајтанс, добро знае што значи одговорноста да го носиш целиот тим на рамена на мразот. Но благодарение на едно недоразбирање, двата тима мораат да го делат лизгалиштето, а партнерот на Анастасија се повредува. Тогаш Нејт е принуден да го замени хокеарскиот стап за хеланки и стариот страшен тренер за уште пострашен.

    Тие се заглавени заедно на повеќе од еден начин, но во ред е, бидејќи Анастасија мрази хокеари… нели?


    Скрши го мразот од: Хана Грејс 590 ден472 ден
  • Попуст!
    img-book

    Една девојка доживува трагедија…
    Матурската вечер завршува кобно за една млада девојка, која не знае ни како, ни зошто, ниту од кого е силувана. Последното нешто на кое се сеќава е дека професорот ја враќа дома, но нема никакво сеќавање од настаните кои следуваат откако излегува од неговото возило. Иако се обидува да се носи и да живее со таа траума, сфаќа дека не е доволно силна и посегнува по својот живот.

    Еден професор е осомничен и добива тешка казна…
    Професорот има голема грижа на совест и носи тежок грев, па ја прифаќа казната. Но за што поточно е виновен?

    Еден монах решава да оди против себе и да открие голема тајна…
    Речиси секој од ликовите крие нешто, заплеткувајќи ја приказната, а само еден од нив собира храброст да ја открие својата тајна и да фрли барем малку светлина на трагичните настани.


  • Попуст!
    img-book

    Понекогаш, лоши работи им се случуваат на добри луѓе, па добрите луѓе се принудени да прават лоши работи.

    Дваесет години откако едно бебе е украдено од количка, една жена е убиена во дом за нега на стари лица. Двете злосторства се некако поврзани, а една добра/лоша девојка веројатно е клучот за откривање на вистината.

    Едит можеби ја прелажале за да ја пикнат во домот, но сега, на осумдесет години, го планира своето бегство. Пејшнс работи таму, па така и се зближува со Едит, како со сродна душа. Но Пејшнс ја лаже Едит речиси за сѐ. А и Едит не е безгрешна. Токму затоа, нејзината ќерка Клео, воопшто не зборува со неа.
     

    Со низа причини да не си веруваат меѓусебно, овие жени мора да решат една мистерија во која има тројца осомничени, две убиства и една жртва. И ако ја решат, можеби ќе откријат и што се случило со исчезнатото бебе, мајката која го изгубила и поврзаноста помеѓу нив. Ова е трилер во кој никому не може да му се верува…

     


    Добра и лоша од: Алиса Фини 520 ден416 ден
  • Попуст!
    img-book

    Конфликтот помеѓу мене и Вестон Локвуд започна на олтарот. Само што, никој од нас не присуствуваше на свадбата, заветите беа дадени декади пред ние двајцата да се родиме.

    Нашите дедовци биле најдобри пријатели и бизнис партнери, сѐ до свадбата на дедо ми – кога неговата несудена невеста соопштила дека не може да се омажи за него, бидејќи била вљубена и во дедото на Вестон.

    Двајцата мажи со години војувале за Грејс, која пак истовремено била нивната трета бизнис партнерка. Но на крајот, ниеден од нив не успеал да ѝ го украде срцето од другиот. Па така секој од нив си фатил на своја страна. Нашите дедовци се ожениле за други жени, а двајцата мажи станале најголемите бизнис ривали во историјата. Нашите татковци ја продолжиле семејната традиција на војување. Потоа ја продолживме и јас и Вестон.

    Но со смртта на жената со која започнало сѐ, нашите дедовци неочекувано станаа сопственици на еден од највредните хотели во светот и јас заглавив со човекот кој сум родена да го мразам. И не е проблем да го мразам, па нашите семејства си вадат очи цел живот. Има само еден малечок проблем. Секојпат кога јас и Вестон се караме, некако завршуваме во кревет.


    Ривалите од: Вај Киленд 450 ден360 ден
  • Попуст!
    img-book

    Колин дава сѐ од себе за максимално да ја искористи добиената втора шанса. На 28 години, фокусиран е строго на чекорење по вистинскиот пат – учи за да стане наставник, посветено вежба во вежбалница секој ден и ги избегнува сите места и луѓе кои биле крајно деструктивни во неговиот живот претходно. Ако нешто не му треба во оваа фаза, тоа е сериозна врска. Но кога случајно ја сретнува Марија Санчез една врнежлива вечер во Северна Каролина, неговите планови ќе се разнишаат до степен што ќе ги протресе дури и темелите на неговиот внимателно структуриран живот. А пак за Марија, вредна адвокатка и ќерка на имигранти од Мексико, Колин е предизвик за сѐ што сметала дека знае за себе и за иднината, некој кој ќе ја натера да се запраша што навистина ја усреќува.

    Меѓутоа, пред да добијат шанса да замислат како би можел да им изгледа заедничкиот живот, почнуваат да се појавуваат злокобни потсетници на настани од минатото на Марија. И кога опасноста почнува да ја демне на секој чекор, судбината ги тестира двајцата на страшни начини. Дали демоните од минатото ќе го уништат она меѓу нив или љубовта ќе ги штити дури и во најмрачниот час?

    Види ме е приказна за опсесија, нови шанси и љубов која ги покорува сите очекувања, потсетувајќи нѐ дека судбината често лежи токму во нашите раце.


    Види ме од: Николас Спаркс 590 ден472 ден
  • Попуст!
    img-book

    Вистинска животна приказна. Драматична, потресна, вечна.

    Таа има шеснаесет години. Се вика Луна, најубавата Еврејка во градот. Такец има осумнаесет години. Но љубов за цел живот, за навек.
    Двајца млади се засакуваат, лудо, искрено… вечно. Но што со предрасудите, различностите? Исконски нож кој отсекогаш ги сечел ваквите врски, посилен дури и од најсилната љубов. И што кога бесмисленоста на војната алчно ќе ги проголта невините, недолжните? Ќе остане празнина, молк, тага, болка.

    Такец и во својата деведесет и трета година од животот безмерно ќе тагува по љубената Луна. Но ниеден јунак од оваа сага не е повеќе жив.
    Само авторот на романот, единствениот жив сведок за страдањата на својот татко Такец, ќе му го подари на човештвото, татковото претсмртно завештание како аманет со порака дека единствено љубовта останува вечна… исто како уметноста. А Луна и малечката Сара чии животи прерано се стопија во гасните комори на Треблинка и од оној свет порачуваат:
    Лудилото на војната никогаш да не се повтори…


    Капињера од: Гордана Такец 370 ден296 ден
  • Попуст!
    img-book

    Колкава е цената што жените секојдневно ја плаќаат за лагите што ги премолчуваат? Што ќе се случи кога нивните избраници ќе посакаат нов живот, кој ќе биде херојот, а кој жртвата?

    Четири жени, кои само навидум го живеат идеалниот живот, со години ги кријат темните тајни зад фасадите на своите среќни бракови во Њујорк, сѐ до мигот кога бракот на Елен ќе се распадне и со тоа сите вистини ќе излезат на виделина. Во светот на моќта и парите, улогите се менуваат многу брзо. Што се крие зад маските на нејзиниот сопруг и на нејзините пријатели? Што е вистинско, а што е само лага? Ќе успее ли Елен да се избори со сите предизвици и да најде излез од својата темнина?

    Овој роман ќе ве натера да си поставите многу прашања, да го преиспитате својот живот. Секоја страница открива нови пресврти и ве носи уште подлабоко во лавиринтот на неизвесноста. Истражувајќи го она што е скриено меѓу световите на илузиите и реалноста, романот „Зад маските“ ве води на патешествие од безброј емоции.

    Во оваа мистериозна и збунувачка приказна за љубовта, семејството, правдата, пријателството и за издржливоста, авторката Ксенија Николова ги обелоденува темните тајни и скриените рани на своите главни хероини, како и трнливиот пат до нивното самооткривање.

     

     


  • Попуст!
    img-book

    За некои борби вреди да се живее…

    Мојата животна приказна: сексуалното и менталното злоупотребување во детството и младоста, борбата со ракот и преживување на траумите.

    „Безсловен“ е автобиографско писание, вклопено во рамка на сирова искреност. Една тегобна реална слика, насликана со скрб, крв и солзи. Со делото авторот се обидува да се исцели себеси, но и да помогне на сите оние кои го преживеале истото и сè уште се борат во сенките на четириѕидовниот затвор на својот ум.

    Испреплетените приказни низ годините делуваат како исткаени моменти, кои како да не припаѓаат тука, на Балканот. Една разнобојна таписерија, која започнува во 2019 година кога авторот дознава дека има канцер. Канцерот е како еден катализатор за да може како од Пандорина кутија да се излеат сите болки, тајни и трауми од минатото. Поточно шест трауми и големи лузни од минатото, сокриени во шест сандаци: менталното и физичкото злоупотребување од страна на негувателките од градинка и од сопствените баба и дедо, кои со жилети му го сечеле јазикот, злоупотребување од страна на таткото алкохоличар, сексуалното злоупотребување од 8 до 10 години од страна на сосед, што впрочем е и најголемата траума во делото и околу кое се прилепуваат сите останати, и врсничкото физичко и ментално насилство (булинг) во основното и средното образование.

    Време е и на овие наши простори да за’рти дело кое ќе изникне и ќе се издигне над сите табуа кои нè чувале под стеги; да се зборува за сите овие нешта (особено за сексуалното злоупотребување), за да може некое дете, некоја возрасна личност, некоја социјална група, да се излечи. Делото е еден вид на водич како да се адресираат траумите кои ги чуваме сите; совети дека е сосем во ред да се разговара за тоа, бидејќи преку зборувањето и откривањето, ние се лечиме.

     


    БЕЗСЛОВЕН од: Кирил Ангелов 390 ден312 ден
  • Попуст!
    img-book

    Еден нов брачен пар е во потрага по куќата од нивните соништа. Но кога го посетуваат големиот и изолиран имот кој некогаш ѝ припаѓал на докторката Адриен Хејл, позната психијатарка која исчезнала без трага пред четири години, опасна снежна бура ги заробува на имотот… и не остава простор за заминување оттаму додека не заврши.

    Барајќи некоја книга за да се занимава додека веењето не стивне, Триша случајно пронаоѓа една тајна соба. Соба каде има аудио записи од секој можен пациент кој доктор Хејл некогаш го интервјуирала. Додека ги слуша касетите, Триша открива ужасна низа настани кои всушност воделе до мистериозното исчезнување на доктор Хејл.

    Триша ги слуша касетите една по друга, до доцна ноќе. И со секоја следна касета, уште по едно делче од шокантната сложувалка си доаѓа на свое место, а пајажината од лаги на психијатарката полека се отплеткува. И тогаш Триша стига до последната касета. А таму лежи целата грозоморна вистина.


  • Попуст!
    img-book

    Романот се базира на вистински случувања кои ги пресретнале германските жени и деца по завршувањето на Втората светска војна.

    Ева е мајка која е подготвена да направи сè за своите деца. Со неа поминуваме низ војната што малите херои ја водат со животот и смртта, храната и гладта, очајот и надежта, човечноста и нечовечноста, алчноста и дарежливоста, стравот и храброста, среќата и несреќата, јавето и сонот, со сеќавањата и сегашноста.

    „Волчите деца“ се деца кои останале без своите семејства после 1945 година. Се смета дека нивниот број изнесувал од 10 000 до 25 000. Тие растеле со еден родител или без родители и биле лишени од нормално детство, оставени на себе во мрачните пруски шуми. Таму прерано се запознале со одговорноста, несправедливоста и со суровоста на животот. Барале засолниште меѓу литванските семејства каде што не биле секогаш топло добредојдени, најчесто поради страв од депортација на Сибир или затоа што ни тие немале што да јадат. Литванците кои се одлучувале да земат кај себе некое од „волчите деца“, се обидувале прво да ги научат литвански јазик, а потоа да им извадат документи со променети имиња со цел да се заштитат од суровиот советски режим.

    СССР за поголемиот број луѓе е доживуван само како ослободител на Европа од фашистичката тиранија, но она што всушност се претставува во романот ни дава слика дека доаѓа до замена на едно зло со друго.


    Се викам Марите од: 350 ден280 ден